Што мислите за одмор во камп ? Бил ли некој на одмор во камп во Грција во скоро време ? Ме интересира како се движат цените по камповите таму ?
Јас лично не сум била, ама спиев во приватен смештај во близина на камп бидејќи моите имаат пријатели што секое лето кампуваат во Грција. Не би коментирала за предностите и недостатоците на овој тип на одмор, затоа се зависи од човекот. Има луѓе утепај ги, нема да земат соба. Има луѓе што по цело лето кампуваат ( кој има време ), а има и луѓе што се гадат од кампови. Еве јас ќе кажам за Камповите под Олимп, цените се движат од 1200 до 1500 евра од камп место на годишно ниво ( зависи колкав е плацот и во кој ред се наоѓа). Ти треба приколка, многу слободно време и едни купаќи и едно дуксерче - доволни се за цел одмор. Исплатливо е ако имаш блиски пријатели или роднини, па да си ги поделите трошоците. Пример, ќе ги пуштиш старите со децата ( свекорот, свекрвата, мајка, татко, брат, сестра, внуци...), цело лето да се брчкаат во вода и да дишат чист воздух, блиску е , може секогаш да се отиде. А ако сакаш да изнајмиш приколка на 10-15 дена, не знам, сепак треба да си најдеш од овде, затоа што 95% од камповите се македонски, т.е. само македонци има по камповите, јас грк не видов. Имаше странци со огромни приколки, ти мислиш приколка е тоа, а внатре како во спејс-шатл да си влегол. Телевизори, кревети, кујна, тоалет... се отвара од сите страни, гледаш приколката како се трансформира во куќа
Сум летувала во приколка, 3 пати до сега, но морам да признаам дека многу поубаво ми било на викенд во шатор...Инаку ако си во добро друштво мислам дека и не е толку битно дали е приколка, шатор или било што друго. Она едино што кочи е хигиената....Не можеш кога сакаш да се избањаш...А јас сум навикнатаодам на плажа се враќам се туширам ручам и пак на плажа, па пак туширање...
Јас лично искрено уживам во кампувањето ....до сега имам одено преку 15 пати на кампување на одмор во Грција и слободно можам да кажам дека таму е прекрасно тоа за мене е стварно вистински одмор ... ...плус тоалетите не се како кај нас има кај да се избањаш имаш топла вода во секое едно време ... затоа оваа година сакам да одам пак само незнам како се движат цените сега таму пошто немам појдено неколку години веќе....а кај нас сум била еднаш на кампување само и тоа во Градиште убаво беше али топла вода некако беше онакаааа неостварена желба или па хигиена во тоалетите грозно беше некако тоа ...
Не ми се допаѓа, преферирам апартмани. Сум била во камп во Св. Наум и убаво беше само тоа што приколката беше на самата плажа на 3метри од езерото Внатре е неиздржливо за спиење, пеколно, спарно и тесно, во било кој камп.
Не би кампувала, ама никогаш. Сум била два пати, со друштво и со моите како помала. Прво, која е поентата на одмор кога доаѓаш од плажа и се фаќаш за правење ручек? Малтене ко дома, само што тука има езеро/море во близина и чешма за миење садови на оддалеченост од 15 и кусур метри. Јас сум тип што сака хотел, сака соба, сопствено вц и се' сервирано. Затоа се вика одмор. Камп приколката може да биде најубава и најмодерна на свет, на крајот од денот - пак си е камп приколка и пак ти ќе мора да си ја зачистиш. Целиот концепт на камп ме нервира, тоа готвење, па собирање на садови и миењето кај заедничката чешма со твој сјај и сунѓерче мезење пред кампот, ајде комши на кафе .... За нашите, еве поточно за во Љубаниште не би коментирала за нивото на хигиена или менталитетот на нашиот народ за таков тип на одмор. За илустрација, одам да се туширам, и влегуваат две типки заедно пред мене. Ок, културно си чекам ред.... чекам.... чекам.... чекам.... Поминаа повеќе од 15 минути, викам овие две дали почнаа да се сексаат внатре? Културно тропкам... и ми излегува едната - лута и со цел памет ми вика - аман девојко, самошто ставив регенератор за коса, ќе си почекаш уште 15 минути. камп? Ни мртва.
Јас многу сакам да кампувам. Пораснав во Љубаниште. Галичица над тебе, езерото на 3 метра пред тебе. Сон! И не ми пречи ништо, освен понекогаш нечистотијата, во август знае да е прилично нечисто. Не ми пречи тоа што се сам треба да си направиш. Не ми пречи ни тоа што се допрено до шаторот треба да преместуваш ако врне. Уживам во тоа да бидам дел од природата. Јас и не сум навикната да седам на одмор и да не правам ништо. Всушност, одморите ми се или по кампови, или во викендица. Во хотел никогаш не сум била на летување. После долгогодишни натегања, сопругот ме убеди да одиме на зимување во хотел, и умрев од досада. Особено што денот е мал во зима, а и детето ми беше болно, па главно бев во соба. Кутриот тој, сака да оди на одмор во хотели, а се изнапати со мене по викендици и кампови На викенди кога е ладно одиме в хотели сега откако имаме деца, само поради тоа што посигурна сум дека ќе биде топло, а децата ми се нежни.
И штом прочитав кампување веднаш се сетив на камповите ,,Партизан,, во Дојран и на еден неверојатно лош 1ви мај во тие гнасни кампови! Не, не сум за кампување , ама воопшто не ме фаќа мерак да одам на кампување некаде, па макар да биде тоа камп 100 пати подобар од бедните кампови во Дојран (оти само таму сум била и затоа со нив споредувам) Заедничко wc со други луѓе, па да чекам ред за да ги измијам садовите, да немам приватност и сопствена соба во која ќе си ги извршувам сите утрински, вечерни и не знам какви други ритуали????? Од тие причини не ме привлеку одмор во камп, бидејќи не би бил онаков релаксиран и спокоен одмор каков што јас сакам! Можеби за некого е предизвик и е многу интересно, за мене не е...јас сакам апартманче со моја соба и wc, кујна со опходните апарти и мирна атмосфера
Некои луѓе се згрозуваат кога ќе се спомене кампување, и морам да признаам дека и јас бев една од тие до пред 4-5 години. Маж ми запна, купивме убава приколка комотна, со горе - долу сите удобности. И од тогаш сме секое лето 20 дена под Олимп, во најубавиот(и најскапиот) камп во тој дел (кој оди таму знае за што зборувам). Чисто е и средено, има ред. И за првпат почуствував вистински одмор. Цел ден си надвор во твое, си готвам што си сакам и што јадеме, плажа на дваесетина метри, нон-стоп слободен интернет, до мене книги куп (ти реков -ми рече со комшии избегнувам). Кога ќе ми се здосади, малку гледам сеир наоколу, абе масовен егзибиционизам и војаеризам. Детето ми е задоволно, нон стоп надвор со деца, а не затворено во некој апартман, за кој ти велат дека е на 50м од плажа а гледаш дека е на 150. Е, првиот и последниот ден кога се местиш или собираш е напорен. Тогаш се дерам како ненормална и му викам на сопругот дека ова ми е последно кампување. И секое лето така...
Кампувањето е права ствар за одмор во права смисла на зборот. Сестра ми има камп приколка во кампот Посејдон во Грција. Приколката е голема надвор има нешто како тенда но се затвара со патент и е огромно и имат од се до се. Душек на дување на кој комотно можат да спијат двајца, фрижидер, кујничка, вентилатор, и секакви други чуда. Надвор од тендата има едно 10-12 квадрата место каде што има маса и столови и телевизор. Плажата им е на 50 метри. Децата и пораснаа таму. Преубаво е немам зборови. Пусто многу е скапо околу 2000 евра е за да стои таму приколката цела година. Не се замара за ништо. Децата си играат на широко, приколката е поставена на сенка, навечер е преубаво за спиење, Не им фали ништо. Алал да им е, немам зборови многу убаво.
Никако не би можела да кампувам, барем не кај нас. Кога одам на одмор, сакам да имам простор каде ќе уживам и ќе се испружам, не да се теснам, сакам да имам нормални ѕидови и да не го стегам гласот за некого да не разбудам , сакам нормален туш без да се плашам каква била таа пред мене. Кога би одела на кампување би била крајно стегната, на штрек и тогаш слободно ќе можам тие денови да ги наречам замор.
Не сум пробала ама многу би сакала. Не знам колку ке издрѓам не сум учена на мали простори. Сакам да имам кај убаво да се истргнам и да си имам фино веце. Не дај боже да ми се примоча на сред вечер па да неможам да се снајдам по тоа вецињата па да свршам работа кај што не треба. Да, параноична сум. Во секој случај интересно би било да се проба.
Досега немаме кампувано. Оваа година за првпат сакаме да одиме до Грција на кампување. Дали некој знае кои се цените за кампување под Олимп и дали мозе да се најде некоја камп приколка таму или да одиме со шатор?
Бев во камп летото 2007-мо Господово,во Младост ,заедно со другарките. Си поминав 1 000 пати поубаво отколку во хотел или во куќа.Камповите се незаменливи,го будат авантуристичкиот дух и даваат чувство на слобода,барем за мене. Ех да се врати тоа лето...
Не сум била никогаш во камп, а ако евентуално одам некогаш нема да биде кај нас! Не сум ги видела другите освен Градиште и ми се згади животот. Корне покрај wc-то кога ќе поминеш, а не па да треба да влезеш таму. Топла вода претпоставувам нема баш, како и во другиве наши кампови. Во Грција би отишла, пријатели на мајка ми одат секоја година си имаат нивна приколка таму си стои, мислам дека во апартман никогаш не би стапнале Топла вода има секогаш, жена покрај wc-то што чисти цело време, е сега кој точно камп е не знам. Сигурна сум дека дружбата е 100 пати поголема. Може нема да ми се допадне ама би сакала некогаш да видам како е
Убаво е искуството. Јас одев во кампот Љубаништа со моите кога бев мала, во шатор. Го поставувавме на десет метри од езерото и заспивавме и се будевме со звукот на езерските бранови. Е сега точно е дека хигиената во вецеата е на никакво ниво, ама една недела ќе се жртвуваш некако. Дружбата е преубава, се играше одбојка на плажа по цел ден... прав одмор. Би одела пак, па макар со мајка ми и со татко ми
Kамп е најдоброто нешто што може да ти се случи во лето.. нуди спомени што НИКОГАШ не се забораваат, јас и ден денес си се смеам кога ќе ми текне на нешто што било пред неколку години. И оваа година планирам да одам барем на неколку дена во Градиште, без разлика дали приколка дали шаторче..