1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карактеристики на Лабрадорот

Дискусија во 'Дом' започната од Pixyy, 18 јули 2012.

  1. Pixyy

    Pixyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    Имам лабрадор има 4 месеци и сакам се да знам што е поврзано со него што треба/нетреба да јаде дали сака/не сака да шета, дали сака/несака вода и.т.н и би сакала да знам по кои карактеристики би можела да знам дека е лабрадор дали по неговиот изглед или нешто друго.. :D :rofl:
    Важно ви благодарам ;)
     
  2. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Извини што каснам сега ја видов темава :(
    Сепак, еве видеа кои мене многу ми помагаат за да ги распознаам расите(т.е од таму ги научив скоро сите)

    http://www.youtube.com/watch?v=0cj81wHmfXc -Dogs 101
    http://www.youtube.com/watch?v=10Icl2OQyPk -Doglopedia
     
  3. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    Од мое досегашно знаење.
    Раса која потекнува од Канада, куче кое било создадено за да ги вади рибарските мрежи од морето, каде температурата достигнува до -20/-30 степени. Има 3 бои, црна од која има најголем број примероци, по неа следи жолтата и на крајот чоколадната. Силно куче, со развиено сетило за мирис. Во светот се користат како кучиња за лов, кучиња за откривање дрога и експлозив, водичи за слепи или хендикепирани лица, или како домашни миленици. Од 1990-тите го симнаа германскиот овчар од листите за светски најпознати раси, и сеуште важат за светски најпопуларна и најчувана раса. Во Dogs 101 има добри информации за лабрадорот, иако примероците во видеото не се баш најдобри. Лабрадорите би ги опишала како дружељубиви, одлични со деца, стабилни, без никаков знак на агресија, храбри, вечни деца. Прекрасни кучиња.
     
  4. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    и јас добив лабрадор поклон,сеуште незнам што и како ќе биде ,но незнам како да го научам кога му се мочка да знам некој сигнал да го изнесам надвор да не ми мочка на тепих :D душиче е ама ме нервира двапати ми се измочка :D
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Стави му весници некаде, ќе ги најде кога му притребаат. Ако имате плочки на под директно стави весници, или крпа па весници ако е тепих. Поместувај ги весниците кон излезна врата постепено, низ која би го пуштала надвор. Дај му малце време, ако е мало кутре рано му е и ќе мочка некојпат по грешка дека не треба, ама трпение само. После некој ден, до недела, сама ќе го гледаш, ако потрча накај весниците ете ти знак дека му се врши нужда и само викни го по име, не на висок тон, туку само да му обрнеш внимание, и трчај отварај вратата. Кутрето ќе си изврши работа надвор, погали го, кажи му колку е добро куче па дај му и бисквитче. Ќе се научи така полека дека надвор е за нужда. Само ќе почне да доаѓа до вратата, да квичи или лае кога сака да излезе.
    Изнесувај го надвор по секое јадење и чекај да си заврши работа пред да го внесеш дома. Секогаш кога направи нешто добро давај му многу галење и нежно зборење. Лабрадорите се многу интелегентни кутриња и брзо учат. А за јадење ќе се продадат :!: Веќе почни да го учиш да седи и да дава шепа за здраво, да не зема бисквит додека не му одобриш да го земе макар на една педа до него на под ставено. Мали парченца кашкавал се добри за тренирање, ама не му давај повеќе од пет шест коцки на сантим сечени на ден, да не му се поремети стомачето. Секој ден повтарај нов трик додека не се научи да го прави без награда поголема од галење по глава и браво кути.

    За крај, изморен лабрадор е среќен лабрадор. Недоволно шетан и изморен ќе размисли што белја да направи низ дома, и ќе ја направи за внимание макар добил кавга.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.