Дали одредени навики или однесувања на вашиот сегашен или бивш партнер би биле различни ако е со друга личност? Дали е ако посесивен, љубоморен, неодговорен, ако не излегувал со вас во јавност, лажел или изневерувал додека е со вас во врска, е сигурно дека ќе биде таков и со друга или сето тоа произлегува од вашиот заемен однос и како вие сте се поставиле на почетокот? Познато ни е она како жената ќе си ја нареди на почеток, така и ќе биде. Дали е тоа универзално непишано правило што важи секогаш? Дали жената со мали женски трикови може да го смени било кој маж?
се е до тоа како ти ќе се поставиш спрема него.. еве личен пример..на бившиот се му беше дозволено..да искача без да каже каде е..да викне на мене..да си отиде сам на концерт..едноставно му давав слобода..и неславно завршив..додека пак сеа..се поставув малце поинаку..дадов до знаење дека има ограничености..и сеа контролирам се. значи има вистина во тоа "како жената ќе си ја нареди на почеток, така и ќе биде"
Во предходните врски бев јас онаа која се приагодува. Во оваа врска, се изјаснив на почеток, нема забрани, нема љубомора...но и дека не сакам сето тоа да се злоупотреби....Тој пред мене шеташе многу, но не е тип кој менува девојки. Не забранив, излагаше сам..но тоа стануваше се по ретко и поретко..Сега никаде не сака да оди без мене..освен на некое дневно кафе..И буквално е се како што сакам.
уффф и те како жената може да го смени. па ние сме јас се нервирав долго време за неговото „ненамерно“ се правеше ненамерно а јас си плачев и се нервирав само ама кога тој си легна на брашното јас му се качив на глава и плус се скаравме т.е јас му се скарав и верувајте уште нозете што не почна да ми ги бакнува праќаше букети со цвеќина, чоколада, мечина, звонеше по 100 на ден абе лудница ама нека види како е секогаш што на ум то на друм па во почетокот се лутеше али после едноставно свати дека сум таква дозволи да ме изгуби ради неговата мајка ама сега кога се смиривме ќе види тој
Мислам дека тоа како ќе се поставите во врската - така ќе ви биде има влијание врз партнерот но не толку големо за да го промени од корен. Долколку дечкото изневерувал и сака во исто време да оди со повеќе девојки речиси е невозможно да го смените. Ако е болно љубоморен и сака да ве контролира каде излегувате и што правите освен да ја прекинете врската не гледам друго решение. Јас мислам дека од вас зависи само до каде ќе толерирате и колку ќе му попуштате на партнерот. Кога вистински ни се допаѓа некоја личност обично правиме некои отстапки но секој треба да знае до каде му е границата а не да дозволува да го прават будала.
Убаво кажано да. Точно е тоа како ке си наредиш сега така ке ти биде и во брачниот живот. Не сум во брак но јас си го научив каков да биде со мене.Секогаш кога ке ме налути јас ке се разнежнам и ке го погледнам како повредено мало маче и он веднаш знае што ми е,не ми дава ни момент да бидам тажна,бидејки никад не се караме доволно е само да го погледнам и веднаш ке добијам се. Тоа ке го кажам срце од 4овек многу го сакам и животот не можам да си го замислам без него.Ливче од дрво да ми подари јас пак ке бидам срекна и ке го сакам највеке
Секако дека како ке го научиш така ке си кара понатаму... Јас на почетокот не предавав никакви лекции ни пак тој, едноставно не си забранувавме, не љубоморевме и до ден денес си е така
Не постои некој кој се однесува исто кон двајца различни луѓе. Секој човек со секого има различен однос. Многу фактори влијаат. Исто така, не значи дека како ќе ви тргне на почеток исто со такво темпо ќе биде и понатака. И времето менува многу нешта.
Имало карактери секакви, ама вакво нешто не сум сретнала до сега, а нема ни во иднина да сретнам! Никогаш нерасположен за кавга, а предизвикувач за истата. Знаеше да го извади најлошото од мене, да ме преизнервира со тоа што немаше да се јави или ќе речеше нешто, а немаше да го исполни, а си знаеше дека јас очекувам да го направи тоа, зошто јас сум човек од збор и имам такви очекувања. Затворен, површен, мистериозен, секогаш сакаше јас да зборувам, тој не сакаше ништо да знам за него. Во неговиот живот не постоеја проблеми, маки или нервози. Единствените беа само кога му губеше омилениот фудбалски клуб. Глумење заинтересираснот со поставување глупави прашања,... тип на човек во кој секогаш ќе сомневаш заради тоа што не ти кажувал се како што треба и смислувал глупави лаги. Да ти е*** понашањето твое и карактерот глупав !
Односот кон луѓето не е во зависност само од мојот карактер, зависи каква е ралцјата, службена или приватна и тука има голема разлика во однесувањето. А односот кон партнерите бил тотално разлчен затоа што секој добивал онака како што се поставил, некој умеел најлошото да го извлече од мене, сама да не се препознавам себе си, некој најдоброто. Ангел и ѓавол во еден човек, зависи со кој ќе сакаш да си имаш работа.
Јас често кажувам дека спрема секој кој е во нашиот живот се однесуваме на поинаков начин. Тоа е една релација меѓу двата карактери, и нашиот и нивниот. Сигурно дека ако некој е подетинест а друг посериозен нема да имаме ист однос или ако некој се шегува и прифаќа шега а друг не или ако некој ги сака истите нешта како ние а другиот сака спротивни нешта итн. Не е се до нашиот карактер, какви и да сме нема шанса низ исто нешто да поминеме со различни личности, во случајов партнери.