Зборот карма е индиски термин (карман - "дело", "акција") со кој се означува дејствувањето (духовно или физичко) и неговите последици како и збирот од сите последици од делата на некој човек. Станува збор за синцир од причини и последици во моралниот свет. Се му се враќа на човекот онака како што правел, мислел, зборувал. Значи за се што прави или добива - одговорен е самиот човек. Дали верувате во карма и зошто? Јас верувам дека се што правиш ти се враќа - доброто со добро, лошото со лошо, многупати во животов тоа ми се докажало. Karma is a bitch!
И јас верувам во КАРМА..и секогаш кога некој нешто ке ми згреши или нешто презборе за мене прејаде некоја слатка се си викам „не му ја секирај ке му се врне дупло„ Никогаш не се одмаздувам те поради тоа што верувам дека круго се врте, дека ако правеш лошо -лошо ке ти се врне. Затоа прави на човек добро, со добро ке ти се врне. Па макар и на тај со си направил добро а он ти врне со лошо, знај ти пак ке бидеш добра личност а тој/таа лоша. П.С супер ти е темата
se soglasuvam so tvoeto mislenje i jas veruvam vo karma,i mene mi se imat vrakano raboti sto gi imam praveno vo zivotot bezrazlika dali se raboti za dobro ili loso.Pa zatoa vnimavajte na kogo mu nanesuvate zlo ili dobro.pzdrav
Karma is a bitch only if you are! Верувам во карма. Она познатото, What goes around, comes around! Верувам затоа што доста пати ми се има е мене случено и со добро и со лошо да ми се врати. Па фала Богу животот е едно тркало од чувства, лошо правиш, така ти се враќа.. или пак обратно.
Yep, Karma is a bitch, I often say it's My Bitch xD Многу пати кармата се докажала себеси, иии... без да барам одмазда, самата таа карма оди кај тој човек, и секогаш јас сум сведок на неговата/нејзината лоша карма која доаѓа од лошите работи кој тој/таа ми ги направила. Како јас да ја контролирам... . Па затоа велам- Karma is my Bitch xD
Ваљда дека нашата психа ги одредува нашите постапки за кои после кармата ќе ни врати Ах, јас верувам во карма- се надевам дека во иднина ќе ми врати со убаво за маките што сега ги доживувам
Па и не е баш дека си немам осетено пецкање на кожава, по некое загорено влакно, ако не и мирис на мевце, од нештото што ме лупнало по чело како бумеранг, по моето секако не злонамерно злодело.. но тоа и ме распламтува бре и тоа страшно, иако не било намерно ми се вратило дупло, ма трудупло или барем на мене ми изгледало, така, бидејќи јас сум била на маса за сецирање . ОК. умеам да забрљам работи, или бар умеев, се уште умеам , поима немам. Не дека сега сум подобар човек одошто бев, се уште сум си вејка над вејките и се водам од тоа како ќе ме дувне денеска ветерот, особено кога се други луѓе во прашање, пак од два или три избори, за кои сум зборела со некого, јас секако ќе изберам нешто сосема четврто, пето, кое и не било спомнато, нити пак јас до тој момент сум го мислела во главава. Така што од тој аспект, имам да речеме изненадено неугодно луѓе, по што и мене животецов ме изненадил уште понеугодно со некое жешко костенче на јазичево, пак сум си осетила ссссс жуборка плунка, гори јазиче ако, нека боли нека боли, me like that мхм, мхм... Не баш но, се движам, не застанувам, немам многу време за депресирање и самосожалување, пак не до толку осеќам се што ме снаоѓа, пак и да се жалам посебно ако кога ме пернало по носево ми дошло ко дежа ву со лик и потпис од личноста, испраќач, ех кого да плукнам кога ветрот дува, секако врз мене ќе ми се залепи. Затоа и мотово ми е дефинитивно, не прави им го на другите она што не сакаш да ти го направат на тебе . Но, искушение бре, ко и секое друго, како да му одолееш. Се трудам, давам се од себе but I'm just a soul whose intentions are good. oh lord pls don't let me be misunderstood . И видиш, на испити на фах не паднав, ама овде во реалниов живот охооо the sky is my limit. Пак и стојам јас и на едно друго мнение ти кармо змијо проклетнице слушај добро, love the sinner and hate the sin , така што, ако ми простат оние што сум им згрешила, во ред е, што знам, секако не било намерно, не сум изиграла некого, не сум навредила или повредила некого, се турдам да бидам праведна колку ми мозоков мој дозволува, НЕ БИЛО СО УМИСЛА ЕЈ! Ако вистински се покаеш можда и да куртулиш а?!? ццц Но е си згрешавам I'm a sinner Lord I can do better, or at least I can try (смајли што се моли). И за сите вас, ловци на грешки бујрум песната што ми се мота во глава штом чујам Карма. Don't arrest me yet , I have good in me too you know http://www.youtube.com/watch?v=lZHoci2Wjs0
верувам во карма како што имам кажено и во некое мое предходно мслење. Инаку многу убав пример за карма на комичен начин има претставено во серијата My name is Earl многу интересна серија ви препорачувам да ја гледате.
Верувам во карма, а си ја имам осетено и на своја кожа , знам дека све што прави човек му се враќа, кога порано, кога подоцна ама се враќа
Без разлика дали веруваме или не веруваме Кармата си го прави своето. Сите оние реченици *Што ќе си посееш тоа ќе си жнееш *Се врти тркалото и сл, па не ги кажал народот за џабе. Порано или подоцна се се враќа, се се плаќа, ако не на овој на другиот свет. Тоа што си го правел, како бумеранг ќе ти се врати. Да тоа е карма !!!
Верувам во карма, и тоа како. И добро и лошо, се се враќа кога-тогаш. Ниедно добро дело што сме го направиле не останува ненаградено, и ниедно лошо не останува неказнето.
Верувам во карма и секогаш кога ќе ми се случи нешто лошо, прво дур сум лута сакам јас лично да се одмаздам, но потоа кога ќе се потсмирам ми текнува дека постои Госпоѓа Карма и ја оставам неа да се погрижи за истото И за доброто важи истото, кога тогаш верувам дека ќе ни се врати.
НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ Верувам во карма од проста причиба се што ни се дешава ни се дешава ради самите себеси не поради нешто што ни го контролира животот и што прави да ни се случувааѕ одредени работи.
Почнав да верувам, иако и претходно верувам дека се се враќа, или сум си викала „Господ гледа“ нема што јас да враќам (по природа не сум одмаздољубива) Иако последниве 3 месеци сум во хаос период, дознав дека дечко ми-одевме година дена (да не спонувам дека беше прекрасно се и сето тоа) си имал двојна врска со една никаква 12 год постара од него , и од коа му раскинав-по сето тоа негово плачење дека ме сакал, дека сум совршена он остана со неа така де сега се официјално, и по месец дена од кога раскинавме и почнаа и во јавност да се појавуваат. Е сега пред 20тина дена типот беше претепан од Албанци, ама оноа јако, пукната аркада и потрес на мозок и нормално тука јас сфатив дека тоа е карма, он мене ми е*а мамата и го јадев стапот, после тоа он и го јадеше, и не само тоа се на рати ќе му иде Кратко и јасно, сварно се се враќа.