1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каролина Гочева

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Barbica, 9 октомври 2010.

  1. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Биографија:
    Каролина Гочева е родена на 28ми април 1980 година во Битола. Со музика почнува да се бави уште од детските години, а на македонската музичка сцена е позната од својата 11та година, кога за прв пат настапува на најпознатиот музички фестивал вомакедонија, Мак Фест. Во 1992 година го издава својот прв носач на звук, тинејџерскиот албум, "Мамо пушти ме". Продолжува со настапи на фестивали надвор од Македонија и речиси од секој фестивал на кој настапува се враќа со награда. Најдраги и’ се наградите за интерпретација.

    Почетоци на кариерата:
    Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје-Фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". Во наредните години успешно настапуваше на Скопје-Фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови.

    Прв албум и потпишување договор за Авалон продукција:
    Во 2000 година го потпишува својот прв професионален договор со музичко-продуцентската куќа Авалон Продукција и оттогаш нејзината кариера започнува да оди по нагорна линија.
    Истата, 2000 година го издава својот прв албум, "Јас имам песна" кој наидува на одличен прием кај публиката и критичарите, што резултира со одличен тираж. Јас имам песна е еден од трите најпродавани албуми во 2000 година во Македонија. Поради забележителниот успех на овој албум во Македонија, издавачката куќа BK Sound од Србија и Црна Гора лиценцно го објавува "Јас имам песна" за тамошниот пазар. Во текот на летото 2000, Каролина неколку пати ја обиколува Македонија, настапувајќи во речиси сите градови.Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје-фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 поени. Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други.
    На 14 годишна возраст од страна на 12 Величенствени (македонски пандан на Grammy Awards) е прогласена за најдобар женски артист во Македонија.

    Втор албум
    Веќе есента 2001 година го издава својот втор албум, "Зошто сонот има крај" и уште еднаш се потврдува нејзината голема популарност и статус на мега-ѕвезда. Во 2003 година го издава албумот „Зошто сонот има крај“. На тој албум се јавуваат повеќе композиции од кои најпознати се „Ти можеш“, „Јамајка“ како и „Кажи ми“ со која настапува на Будва Фест 2003. На овој алубм горенаведените три песни се испеани и на англиски.
    Набрзо по објавувањето на овој албум, Каролина повторно започнува со турнеја низ Македонија и наидува на одличен прием од страна на публиката секаде каде што настапува. Како круна на сето ова се нејзините концерти во Скопје. Во април 2002 година, Каролина три пати по ред ја полни Универзална Сала во Скопје, нешто што дотогаш не му успеало на ниту еден женски музички артист.

    Евровизија 2002
    Следува две годишна пауза, период кој Каролина го користи за сериозна подготовка на својот следен албум. Во овој период Каролина, како убедлив победник според изборот на гледачите, публиката и жирито на националниот избор за песна на Евровизија, со песната "Од нас зависи" ја претставува Македонија на Евровизискиот фестивал во Талин, Естонија.
    Во 2002 година на Македонскиот национален избор Каролина настапува со песната Од нас зависи и победува. Меѓутоа набргу се јавува контраверзија меѓу МТВ и Каролина. Имено Каролина има желба да ја пее песната на англиски јазик, бидејќи според нејзиното мислење на претходните учества на Евровизија Македонија пееше на македонски и немаше некој добар пласман. За разлика од неа МТВ е убедена дека треба да се пее да на македонски и спремна е ако Каролина не сака да ја изведе песната на македонски на Евровизија 2002 ќе настапи второ пласираната Андријана Јаневска. На крајот,Каролина сепак прифаќа да пее на македонски.Во Талин Каролина се пласира на 19 место недоволно за Македонија да оди во учество наредната година. Таа година Каролина е избрана за мис Евровизија.

    Трет албум и договор со Сити рекордс
    "Знаеш колку вредам", како трет студиски албум на Каролина, се појавува на пазарот пролетта, 2003 година. Концепциски поинаков повторно наидува на одобрување кај публиката и критиката. Истовремено со македонското издание на територијата на поранешна Југославија под етикетата на City Records се појавува "Кад звезде нам се склопе... као некада", албум на кој се наоѓаат сите песни од "Знаеш колку вредам", испеани на српски јазик. Со овој албум Каролина и дефинитивно се вбројува меѓу најголемите музички ѕвезди на просторот на поранешна Југославија. Овојпат промотивната турнеја ја започнува со два концерти во Универзална сала во ноември 2003 година, а завршува во август 2004 година со големите концерти во Прилеп, Гостивар, Охрид и спектакуларниот концерт во Хераклеа – Битола. Во овој период, поради нејзината голема популарност, Каролина станува заштитно лице на Head and Shoulders, а во почетокот на 2005 година и на колекцијата Кара.

    Четврти албум и соработка со најпознатите балкански имиња
    Фактот што Каролина е веќе голема музичка ѕвезда на територијата на поранешна Југославија ги привлекува најголемите музичари од овие простори да креираат песни за неа. Така, во подготовката на нејзиниот четврти студиски албум учествуваат: Дино Мерлин, Влатко Стефановски, Момчило Бајагиќ – Бајага, Ивица Бричиоски, Џибони, Калиопи, Златко Ориѓански, Младен Марковиќ, Мирко Вукомановиќ и Весна Малинова. Албумот со наслов, "Во заборав" на пазарот во Македонија се појавува во декември 2005 година. Истовремено City Records ќе го објави овој албум со наслов "У забораву" за територијата на поранешна Југославија. Од овој фантастичен албум како пилот синглови пропратени со видео спотови се пуштаат "Се лажам себе" и "Ова срце знае".
    "Во заборав" е еден од најпродаваните албуми во Македонија на сите времиња. Со фантастичните дваесет и повеќе илјади примероци, Каролина и дефинитивно го потврдува својот статус на една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.

    Евровизија 2007
    Во февруари 2007 година, со песната "Мојот свет", Каролина зема учество на националниот избор за песна на Евровизија и супериорно и уверливо го освојува првото место, со што уште еднаш ќе ја претставува Македонија на изборот за Евровизија во Хелсинки, Финска.

    Македонско девојче
    Во јуни 2008, Каролина го издаде својот петти албум, „Македонско девојче“.
    Ова ЦД, соработка со познатиот македонски композитор Златко Ориѓански (поранешен член на групата Анастасија), е сосема поинаков албум од се' што таа работеше претходно.
    Сите песни поместени на овој албум се инспирирани од македонската традиционална музика, а првиот сингл од изданиево, „Птицо малечка“ стана огромен хит во Македонија.
    Покрај Златко Ориѓански, на албумот свират неколку врвни македонски инструменталисти: Иван Бејков, Александар Секуловски, Дино Милосавлевиќ, Благојче Трајковски, Петар Христов, како и Мандолинскиот оркестар при МКЦ под диригентска палка на маестро Сашо Татарчев.
    Албумот е комплетно снимен во музичкото студио „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски.
    „Македонско девојче“ е најпродаваниот албум во Македонија за 2008.
    ЛИСТА НА ПЕСНИ
    1. За кого?
    2. Македонска партизанска
    3. Птицо малечка
    4. Пролет лето, есен зима
    5. Ти, златно Сонце
    6. Скопска магла
    7. Јас сум несреќница
    8. Ружа, ружица
    9. Дојде време, дојде
    10. Ај беше мај


    Албуми:
    Мамо, пушти ме - 1992
    Јас имам песна - 2000
    Зошто сонот има крај - 2002
    Знаеш колку вредам - 2003
    Кад звезде нам се склопе... као некада - 2003 (на српски)
    Во заборав - 2005
    У забораву - 2006 (на српски)
    Македонско девојче - 2008
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Каролина Гочева можеби има убав глас, но нема харизма и шарм за на сцена.
    А тоа, за разлика од гласовната интерпретација е нешто кое не се учи.
    Се раѓаш со него, или го имаш, или го немаш.

    Каролина го нема.

    Сум била на два нејзини концерти, здрвена е, нема контакт со публика, дури делува вештачко и жално. Кога пее е одлична, но не го поседува тој X фактор и тоа е тоа.

    Порано ми беше поубава, можеби најубава кога ја испеа Кажи ми на Сунчане скале, со кратка црна коса.
    Сега ми е премногу слаба, нагло остарена, таа боја на коса не и стои ни најмалку, стилот на Цаци Паковска ја дотепа максимално. Грда е.

    Меѓу омилените песни - Без оглед на се'.
    http://www.youtube.com/watch?v=-cJmpUIX ... 1&index=14
     
    На professoressa, irenna, 2468 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Каролина Гочева е големо музичко име кога ќе се спомне кај нас. Порано повеќе ми се допаѓаше сега некако ми е онака... ништо посебно. Како што кажа Трендафилка нема харизма. Таква е-ладна, па и многу дигната ми изгледа, па и Цаци Паковска премногу ја форсира.
    Инаку има убави песни, прекрасен глас.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Ич не ја сакам Каролина.Никогаш не сум ја сакала, има по некоја убава песна, убаво пее, но за жал никаков карактер. Воопшто не е топла, харизматична, и интересна за гледање. Ми изгледа како многу ладна и арогантна, и се согласувам со мислењата погоре дека сегашниот имиџ и е никаков, навистина многу стара изгледа. А и природна убавина има, и глас, да го имаше тоа што требаше растур ке направеше..
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Odiseja

    Odiseja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    32
    да не ја повторувам Трендафилка , се слагам

    само ќе додадам - пафтање со рацете долги 3 метри и неумеењето да се снајде на сцена , без речник , пред секоја изјава 500 пати аааа аааа аааа мммм ммммм м се карактеристики кои ужасно ме иритираат кај жени ( во случајов Керолајн )

    на песнава некако се навлеков ( само да ја слушам , без да ја гледам :) )


    http://www.youtube.com/watch?v=14nw_R2jenw
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    И го обожавам албумот со преработките. Уживам да ги слушам. Гласот и е прекрасен.


    Меѓутоа да, ладна е, вкочанета, без контакт со публиката. Ја нема таа поврзаност и харизма за да направи спектакуларен концерт.
    А изгледот не и го спомнувам. Не знам зошто никој долго време немаше забележано дека е премногу слаба, дури одвратно делува. И некако пропадната ми е.


    еве некои од песните кои ми се допаѓаат од албумот што го наведов погоре, вреди да ги слушнете

    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/cO1sTi5Uysg?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0x402061&amp;color2=0x9461ca"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/cO1sTi5Uysg?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0x402061&amp;color2=0x9461ca" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>



    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/XjeHN4_XfRQ?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0x234900&amp;color2=0x4e9e00"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/XjeHN4_XfRQ?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0x234900&amp;color2=0x4e9e00" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>


    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/WNt80ARGggs?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xe1600f&amp;color2=0xfebd01"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/WNt80ARGggs?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xe1600f&amp;color2=0xfebd01" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со сите коментари во врска со нејзиниот дистанциран и студен контакт со публиката,недостигот на шарм и непосредност,и фали некоја живост,некоја природност...Не знам колку тоа може да го поправи,најверојатно ‘‘нема таква ѕвезда‘‘ и тоа е.

    За убавината можам да кажам дека никогаш не ми била убава.Уште кога се појави велев дека ми личи на јапонка со големи заби и не можев да пронајдам нешто убаво на нејзиниот надворешен изглед.Се` што правеше со текот на времето за да го измени/поправи имиџот...па не и донесе некоја среќа,барем јас така како што ја гледам.Понекогаш ми е фино средена,но кога ќе помислам дека сето тоа е дело на Цаци Паковска ми делува уште повештачки,безлична без трошка индивидуалност...Не сум сигурна која е Каролина и каде е нејзиниот личен печат во стилот што сака да го гради,ако оваа е дело на Цаци тогаш Каролина е девојчето со црна коса со патец насредина(!?! :^) ) и темниот кармин?

    Во однос на песните,па и не можам да кажам дека ептен имам некои омилени,а и мене најубава ми е Без оглед на се.Има и некои други добри,ама не се нешто посебни.
    Е што се однесува на гласот,тука немам никаква замерка.Едноставно,девојчето си знае да пее и сите овие Елени Мелени можат вода да и носат.
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Каролина поубава од било кога
    ПОЧНА ОДБРОЈУВАЊЕТО
    „Капка под небото“ - најнов, најдобар и најхитовски албум... Наскоро...


    Наскоро, македонската публика ќе има можност да го види и слушне последниот албум на Каролина, чија промоција ќе се случи на 22 ри Ноември во издание на Авалон Продукција.
    Најновото остварување на Каролина ќе содржи 10 композиции, на кои како автори се појавуваат неколку композитори од целиот Балкан па и од Русија. Покрај овие десет основни композиции, албумот ќе содржи и две бонус траки, една акустична и една ремикс верзија на две од постоечките песни.

    Прва и ударна композиција, која го најавува квалитетот, оригиналноста и единственоста на оваа „Капка под небото“ на Каролина е песната „Не се враќаш“ на македонските композитори Бертан Аслани и Даниел Кајмаковски. Во самата песна, гостин на гитара е маестро Влатко Стефановски.



    Истиот овој албум, за српскохрватското јазично подрачје со наслов „Кап испод неба“ ќе биде во издание на City Records, Emotion и Авалон Продукција. До 22 ри Ноември, и промоцијата на албумот, уживајте во фотографиите на Каролина, специјално направени за омотот на албумот.
     
  9. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Жената има глас, има стас, ама нема некој посебни песни кои останале како т.н.евергрини и + не знае да воспостави контакт со публиката, ниту како да привлечи пажња
     
  10. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Од понеделник во продажба излегува
    најновиот поп албум на Каролина кој го чекавме 5 години
    Мегахитот Крај и баладата За година две се дел од песните на албумот.
    КАПКА ПОД НЕБОТО - од понеделник во продажба
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Мене нивата песна Не се враќаш ми влезе во уво. Претпоставувам дека сите патетични жени ќе ја сакаат песнава( е де, не се вреѓајте и јас тука се ставам :lol: ), од причина што сите имаме некој кој не се вратил.
     
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Каролина е големо име на нашава сцена и заслужува почит. Според мене најдобри женски изведувачи кај нас се Калиопи и Каролина. Тие две се на врвот. Никој друг не може ни да се споредува со нив, колку и да се труди да го достигне нивниот успех.

    Каролина има прекрасен глас, големи вокални способности и јас уживам во нејзините песни.
    Немам само една омилена, туку ги има многу. Кога човек има таков јак глас, секоја песна ја прави да звучи убаво.

    За тоа дека изгледа како ладна личност, се согласувам и јас, барем на нас од страна ни изгледа така, а приватно дали е стварно таква, си знаат само тие што имаат контакти со неа.

    Ние како публика сме компетенти да ја коментираме нејзината музика, а не нејзината личност, па така за нејзината музика имам само пофални зборови.
     
    На andzelikaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Каролина ја сместувам во групата НАЈДОБРИ пејачки од Македонија, далеку далеку ПРЕД Елена Ристеска...
    Каролина со години е на македонската музчка сцена, има глас, знае да пее и прекрасно изгледа. Сите коментари дека е премногу слаба, ги сфаќам како љубомора, бидејки буквално што и да облече Каролина, мене ми изгледа прекрасно, и тоа што е слаба одлино и стои. И го обожавам стилот, секоја чест на тимот кој се грижи за нејзиниот изглед.
    Ми се допаѓаат сите нејзини песни.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Новиот албум на Каролина „Капка под Небото“ од денеска во продажба

    Од денес официјално во продажба е пуштен долго очекуваниот нов, шести по ред, албум на Каролина Гочева, „Капка под небото“
    Албумот со тираж од 20.000 примероци, по цена од 200 денари, може да се купи на 2.000 продажни места низ цела Македонија. Во пресрет на новогодишните празници, во продажба ќе биде пуштено и ексклузивно „дигипак“ издание на овој албум, изјавуваат од Авалон Продукција/
     
  15. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Вчера го купив албумот и можам да кажам
    ОВА Е НЕШТО НАЈИЗВОНРЕДНО
    Нема да кажам само браво за Каролина, туку за целиот тим кој работел на албумот, од музичари до продуценти до Авалон.
    Албумот звучи светски и е надвор од тие стереотипи во македонската поп музика на кои навикнавме. Фала Боже авторите не се оние стандардните македонски автори кои прават иста музика.

    Нема да ги коментирам Крај, За година две и Не се враќаш зашто ни се добро познати, мегахитови на Каролина и преквалитетни песни. За мене Крај и За година две ми се поомилени од Не се враќаш.
    Сите останати песни се на исто ниво како претходниве три. Мислам дека и музиката и текстовите и аранжманите се толку внимателно бирани што се приметува уште при првото слушање.
    Дефинитивно најомилени од останатите песни ми се Да можев да те погледнам, Бои и Сите тие дни.
    Да можев да те погледнам, најтешка балада досега која ја имам чуено од Каролина и песна со најголема емоција, не знам дали ќе има девојка која ќе остане рамнодушна на песнава. БРАВО!
    Бои дефинитивно мислам дека ќе биде најголемиот поп хит од албумов. Текстот е интересен и по музиката може да кажам дека е нешто како Ноќ од третиот албум, песна за пеење и играње.
    Сите тие дни, можам да кажам продолжение на Ајде да летаме но со некој помек звук. Посебно оваа песна ќе ја привлече публиката која ја сакаше Ајде да летаме. Најголемо изненадување од Каролина на албумот ми е оваа песна.
    Ме љубиш ли и ти, во некој добар релаксирачки ритам и стилски ми одговара на Сите тие дни па затоа и се една до друга.
    Не чувствувам страв и Сама предобри поп песни кои се печени за радиски хитови.
    Капка под небото од прво слушање не ја ставив во листата на најомилени од албумот, но со неколку слушања ми станува уште поубава. Очигледно на Каролина и оставила најголем впечаток штом и албумот го крстила по песната. Ако правам споредба, малку потсетува на Во заборав од претходниот поп албум. Дури и по двете се насловени албумите


    Браво,уште еден од ретките вистински добри албуми во македонската музика
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Мене САМА и БОИ ми се допаѓаат. Другите многу бавни ми се видоа, и не ми се допаднаа од прво слушање.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Каролинчето... еден од ретките квалитетни изведувачи на нашава сцена. Нема промашај со ниедна песна. Нејзина омилена, сепак ми е една од најстарите.
    http://www.youtube.com/watch?v=OHOmZ8_rUhI
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    И да можев да те погледнам ми се свиѓа. Капка под небото некако не ме бендисува, ама ретко која песна од одма ми се свиѓа. Обично по неколку слушања ја откривам магијата во песната(ако ја има нели).
     
  19. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    го слушнав албумот,фасцинирана сум,прекрасни песни..Можам да кажам моментално на естрадата нема подобра пејачка од неа..браво!
    Еве ја најубавата песна(според мене)на албумот
    http://www.youtube.com/watch?v=XWy22QZ8 ... iv-1r-8-HM
     
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    http://www.youtube.com/watch?v=X8x2lWD4Lg0

    Значи два дена по ред неможам да престанам да ја слушам :inlove: Ме потсеќа не еден период кој го поминував во скоро време..ма ко ја да сум ја напишала..Прекрасна :)
    Текстот:

    Тука си,заедно сме јас и ти,
    но не е исто
    За тебе можеби со месеци,
    јас немам љубов
    Не ме забележуваш,
    и полека ме губиш знај
    Пред очите ти снемувам
    но ти не гледаш...

    Очиве не ми се насмеани,
    долго време...
    Гледаш со очите затворени,
    и од ден на ден полека се навикнав,
    но не сфаќаш,ме губиш знај,
    пред очите ти снемувам,
    но ти не гледаш...

    Види ја косава моја,
    менува боја,се помалку јас сум твоја
    Ако се реши жена да бега,
    косата знај ја издава неа
    Во сите бои,лето темна,мажите кои,
    не знаат како да ги љубат жените свои
    На ред си сега ти...

    Оваа љубов веќе нема сјај,
    и нема време
    Јас и ти дојдовме до својот крај,
    се знам јас себе
    Ти не забележуваш,
    и полека ме губиш знај
    Пред очите ти снемувам,
    но ти не гледаш...

    Молчам јас,зборува тишината
    ти збори тебе,
    затишје пред да почне бурата,
    и да ме земе
    Полека се навикнав,но не сфаќаш
    ме губиш знај
    Пред очите ти снемувам,
    но ти не гледаш...

    Види ја косава моја,
    менува боја,се помалку јас сум твоја
    Ако се реши жена да бега,
    косата знај ја издава неа
    Во сите бои,лето темна,мажите кои,
    не знаат како да ги љубат жените свои
    На ред си сега ти...
     
    На mims-89 и mar17 им се допаѓа ова.