Здраво, знам дека има тема која беше за храна без глутен, но, овде сакам да ги споделуваме производите без глутен и нивна цена и продавница од каде сме ги купиле. Реално тешко е да се најде храна без глутен освен во ДМ, но ДМ нема секој град. 1. Шпагети и макарони од КАМ, цена околу 120 ден 2. Галети без глутен од КАМ - 25-30 ден. 3. Кечап од КАМ, цена не знам, максимум 100. 4. Чипс КАМ цена отприлика 40 ден 5. Житарки КАМ 190 ден 6. Мајонез Тинекс 7. Житарки КАМ 30 ден / 70-80 ден Избегнувам: пченично брашно, бели пецива, пици, тестенини, чипс, смоки, житарки, алкохол отприлика. Дома готвам со пченкарно брашно но не ми е нешто уау, али врши работа. Ме нервира што треба се да читам и губам по 2 часа во продавница. Воошто не се одбележани производите без глутен или рафтовите каде се наоѓаат. Мижеби ваќа повеќе ќе имаме прегледност во кој маркет што има.
Има повеќе работи без глутен на страната на Белина, ама искрено претерале со цените. Купив неколку работи кога почнаа со храна и баталив, бидејќи покрај високата цена не ми беа вкусни.
Да точно, одредена храна е скапа. Но, доколку се работи за здравствена состојба мора да се избегнува глутен. Сепак верувам дека постојат производи со нормални цени. Овие што ги ставив ем ми се вкусни + со нормални цени...
Крем бананиве на Европа се без глутен, ги има во сите продавници и маркети. *Ако ти е дијагностицирана целијакија тогаш некои работи за исхрана ти следуваат бесплатно преку Фонд, да си зборнеш со матичната или да провериш низ темиве.
Просо и киноа од стокомак имам земано , не беа скапи, има и тестенини Оризко од ориз и од пченка околу 80-90 ден во поголемите маркети.И овесни снегулки на натура околу 100 денари.