Катастрофа на приемен тест во Орце Николов - Колку петките на учениците се навистина заслужени?

Дискусија во 'Образование' започната од Waverly Raven, 22 јуни 2022.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.162
    Пол:
    Машки
    Пропаст. :| 5AECFA42-B7D1-4D04-8046-D1860355C650.jpeg
     
  2. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Ужас. Ама не ме чуди. Се понеписмени и понеписмени генерации. Комплексите за “скроз одличен” искачаат на виделина.
    Браво за тие 11 ученици, треба да се наградат.
    Овие со двојки и единици, да се дознае од кои основни доаѓаат, и фино лепо да си се истестира кадарот, и тие што им ставиле 5ки да се казнат соодветно. Дете со сите 5ки, да добие единица на материјал што го учел е недопустливо. Ај 4ка, па и 3ка нека биде, ама ЕДИНИЦА???!!!
    Ме интересира како ќе постапи гимназијата, ваљда нема да ги прими сите…
     
    На _beautyy_, Victorian, sj *O* и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.375
    Пол:
    Женски
    Иако да, намален е стандардот за 5ки, треба да се има предвид дека како што знам, го тестираат знаењето од сите 4 години и жал ми е да кажам, не е лесно да се сетиш. Ова не е матура, па да очекуваш да се спремаш. Учениците и самите имале впечаток дека тестот по математика бил тежок и логично е да го направат таков, а логично е и да не решиле добро.

    Мене во основно, 5ки ми донесе редовно учење и верувам дека многу од тие деца исто се имаат утепано од учење сите 4ри години, ама апсурдно е наеднаш да ми биде тестирано цело тоа знаење, ни јас не би се снашла.
     
    На sj *O*, Munchmallow20 и jabolceikruvce им се допаѓа ова.
  4. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Како што сфатив, тестот бил само од 8мо и 9то, само по македонски и математика.
    Како и да било, дете со сите 5ки- единица да добие не може и не смее. Па дури и за 5 години да го тестираат, основни познавања треба да се останати.

    Не викам дека тестот бил лесен. Знам дека сте оштетени. Ама ако можеле 50 ученици да останат доследни на оценките и извадиле 4 и 5ки значи дека можело.
    Толку и треба да изнесува вистинска процентуалност на 5.00 просек, 3,7%. Тоа е реалноста. Сосема доволно.
    Не ве окривувам вас како ученици, туку образовниот систем и родителите. Не смее и не треба сите да сте 5.00.
     
    Последна измена од модератор: 22 јуни 2022
    На _beautyy_, Victorian, Cka и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.162
    Пол:
    Машки
    Всушност затоа е и елиминаторен тест, ваљда целта им е да влезат најдобрите од најдобрите.
     
    На Victorian и Ygritte им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    A кој гарантира па дека тие 11 го немале тестот :?:?? Со оглед на тоа како функционираат работите во државава :D.
     
    На staycalm, Cosmic Girl, floppy77 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Не верувам, да беше поголема бројката ќе имаше простор за сомнеж, само 11 души е жива катастрофа
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Не би била толку сигурна во тоа, искрено.
     
    На floppy77, tessie, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Која е онда поентата да учиш само за оцена и да ти избледи ништо да не запамтиш?
     
    На baby-star, Victorian, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Е сега не претерувајте, па има деца кои се капацитет и навистина учат и тие се тие 11 сигурно.

    Баш катастрофа. Ама криви се наставниците, па неможе бе сите да се скроз одлични (ако не сите, 80% се)... ама и родителите, борба, закани, преполагања за поправање оцена (со врски нормално полага тест) и оп од 3,4ка, 5ка на крај. И после ваква катастрофа...

    Се согласувам со @Directioner005 Треба сега да се види од каде доаѓаат овие со најслаб резултат и да се превземат соодветни мерки.
     
    На Victorian, floppy77, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Не знам што се овде криви учениците. Криви се само што не учеле. Двапати повеќе криви се учителите што им дале 5-ки. И сум за да се казнат таквите учители.
    Нема образование веќе. Образованието во оваа држава што не може ни држава да се нарече го прогласувам за умрено. А пак, кога студентите немаат учебници, онлајн полагаат, знајте дека нема фајде ни од факултетите во Македонија.
     
    На _beautyy_, IRBBB, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.703
    Пол:
    Женски
    Децата не се воопшто криви.
    1.Кадарот.
    2.Системот на оценување
    3.Програмата.
     
    На _beautyy_, Estranged, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Се навраќам горе и неможам да најдам , никој не кажа дека се тие криви...
     
  14. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Ете тоа сакав да го кажам.
    Не може да очекуваат многу од ученици кои што им фалат учебници, учат од кембрич програма и на наставниците им се врзани рацете да ги понављаат учениците кои што си немаат поим од животот, а камоли од тоа што се учи. Вината барајте ја во денешниот МОН, а не во "денешните генерации“.
     
    На _beautyy_, Guns N` Roses и Cosmi им се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Бараа покачување на плати. :|
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dafii2

    Dafii2 Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Резултат на родителите што си ги прават денеска децата снегулки. Фаќаат врски да им се со 5ки, на факултет да им се со 10ки, па еве ни го резултатот. Професори и наставници имаат притисок и ургенции од "високи места" за да се ставаат вакви оценки.

    Најнеписмена држава, полна со магистри. Не ги кривам децата туку родителите што си ги лечат комплексите да им се децата најдобри, да учеле во елитни школи, не смеат 4ка да имаат.
    Пропаст држава. Пакувајте куферите другари, нека си останат овие со врски. Секако со ваков кадар во иднина далеку нема да стигнеме. На факултети е и полошо, кој се е со 9 и 10 поради врските на мајка, татко, чичко. Пропаст.
    4ките и 6ките на децата без врски вредат повеќе од на овие со напумпани просеци. Е, тие ќе си одат од оваа држава, Германија ги чека.
     
    На Alex29, baby-star, Victorian и 11 други им се допаѓа ова.
  17. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Катастрофа. Излегоа на виделина напумпаните оценки на мамини и татини галеничиња. Кривицата е кај сите, и кај децата кои не учат бидејќи знаат дека нивните родители на крај ќе им ги поправат оценките, и кај наставниците кои пишуваат гратис оценки, а за програмата пак да не стане збор. Ужас.
     
    На Victorian, Ygritte, floppy77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Тешко тие ученици што се стварно капацитет и што стварно научиле нешто во тие 8 години.
    Во свидетелство сите 5ки имаат иста тежина и оние заслужените и оние незаслужените, а ич не е фер спрема децата што навистина учат и се трудат.

    Доста голема демотивација е ова, а за жал го има и во средно и на факултет.
    Ама јас секогаш се тешев дека знаењето си останува за мене и дека моето знаење еден ден ќе се исплати.
     
    На Victorian, Ahoy, floppy77 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    А може некои од овие послабите се одлични за природни науки на пример или англиски ама ајде само математика е битна.
    Целиот систем кој е показател за "успех" е проблем.
    И историја сум имала 5ка а немам појма сега. Ама затоа одлично си ја владеам струката за која завршив факултет и никој не ме праша за Втора Светска уз студирање.
     
    На Cosmic Girl, floppy77, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Точно дека може, но како може да имале петки, а на приемен единици?
     
    На Victorian и Cka им се допаѓа ова.