Мене отсекогаш ми биле фасцинантни, она што жуга од нив, нивната величина, градба, нивната таинственост. Кои ви се омилени, било да се посетени или ако сте фото ентузијаст како мене. Мене ми е омилена Нотр Дам де Парис, еве неколку фотографии од неа како и од нејзиниот познат “роза прозорец“. Мислам дека мојата фасцинација со нив покрај мојата верба, е поради книгата на Иго, “Ѕвонарот на Богородичната Црква“ - толку убаво ја доловува нејзината суштина. Посебно ми се допаѓаат ѕвонарските кули. Дали знаете нешто за нивната историја?
Катедралите инаку се градени секогаш во готски стил. Затоа и се толку големи и огромни за разлика од православните цркви кои имаат куполи. Готскиот стил всушност има за цел да му го даде на обичниот човек чувството дека тој е мал спрема Господ. Еве ти еден внатрешен поглед во катедралата во Келн, прогласена за светско културно наследство во УНЕСКО и се смета за втората најголема црква во Европа а за трета најголема во целиот свет: Архитектурата во православниот свет има повеќе поврзаност со градбите од времето на Римската Империја и главно влијание за црквите кај нас имала исто така и градбата на црквата Св. Софија во Истанбул, денеска позната по тоа што е музеј.
Убава +++. Ми се допаѓа нивната енормност и тоа значење. Не сум знаела дека секогаш се во готски стил, мислев само одредени се? Интересно што некои се граделе со години (па и векови), како онаа што ја постирав јас.
Да, одредени се. Овие катедрали припаѓаат на католичката црква. Протестантските цркви се нешто помали, дури и од православните ама не сум баш запознаен со тоа, можеби @EvAngelos би можел да каже нешто повеќе.
Сликата која ти ја постираше од тебе е сликана? Чисто ме интересира, баш супер ако си успеал да ја посетиш. И мене Богородичната Црква во Париз ми е на список.
Искрено јас кога влегов ми се сврте од големината, мислев ќе паднам на земја. На слика ова ништо не е, кога ќе ја видиш во реалност, е тоа е нешто што одзема здив. Ремек дело.
Катедралата претставува христијанска црква која служи како централна црква на епархија, конференција или епископија и го содржи седиштето на епископ. Еквивалентниот термин за таква црква на германски јазик мислам дека беше Dom ама изведено од латинскиот збор domus ecclesiae или domus episcopalis; Во поглед на архитектурата, морам да се согласам дека катедралите се прекрасни, вистинска умтеност. Јас лично сум ја посетила катедалата во Милано, Италија, ама на мојот bucket list се наоѓа и Notre-Dame de Paris
Да, таа е катедралата што сум ја посетила во Милано и морам да признаам дека е прекрасна и огромна е! А надворешните детали се ремек дело. Сепак, мислам дека сум посетила и други катедрали кога бев во Италија, ама сега не можам да се сетам.
@blonde_supergirl Ти посакувам да видиш повеќе катедрали од мене. Кога ќе имаш можност немој да се двоумиш, јас иако не верувам во Господ сепак секогаш делата на човекот ме фасцинирале. Да се разбереме, не негативните.
Прекрасна тема @blonde_supergirl. Готиката како форма на архитектура ја обожувам најмногу, и католичкиве катедрали отсекогаш ме оставале без здив со маестралното изведување на градбата, големината и духот кој го поседуваат. Точно е дека повеќето се граделе стотици години, поради многу фактори како војни и природни катастрофи, но и поради тешката достапност на материјалот, сложениот дизајн и бројот на ѕидари. Денес откако ја видов темава се отепав барајќи како беше насловот на емисија која пред извесен период ја гледав, мислам на National Geographic, каде што вакви огромни, стари градби ги „расклопуваа“ со помош на компјутерска технологија, притоа дознавајќи како биле градени и како сега најдобро да се одржуваат. Не сум сигурна, но најверојатно се работеше за емисијата Ancient Megastructures - ако те интересира, провери Инаку, интересен податок, кој не знам дали ти е познат, е тоа што готиката е почната да се применува во ваквиот вид градби не поради тоа како изгледа, туку поради тоа што е многу цврста конструкција. Имено, градбиве сами по себе се многу високи и широки, така што не било возможно да се изградат во било кој друг стил бидејќи столбовите се раширувале, попуштале под тежината на огромните кровови и паѓале, па затоа бил пронајден готскиот правец кој ги инкорпорира оние сложени, а прекрасни надворешни лаци, кои со тоа што ги поврзуваат носечките столбови, истовремено ја носат и тежината на кровот Инаку, супер идеја е, секако доколку сакате, да споделуваме и свои слики од посетени места. Од мене, неколку слики од катедралата St. Vitus во Прага, едно од најубавите места кои ги имам посетено. Изградена во 1344г.; долга 125м., висока 97м. Спојлер: слики
Катедралата во Улм е лутеранска и е највисока во светот, се додека не заврши изградбата на Саграда Фамилија на Гауди Слика:
Мило ми е што ти се допаѓа темата и многу од тоа што кажа навистина не ми беше познато, ти благодарам! Сакам да слушам вакви работи, катедралите се навистина фасцинантни. За емисијата, најдов поврќе сега на јутјуб, за повеќе катедрали, ќе си гледам во слободно време. Инаку, преубави слики, среќничка си и ти и +++. Се надевам еден ден и јас.
@MagsDestiny Голема улога во стабилноста на овие градби играат исто така и сводовите во внатрешноста. Без сводови таква една градба би се распаднала како кула од карти. Иако ова мислам дека повеќе се однесува на покривот ама без разлика, без сводови нема ваква убавина, тоа е сигурно. Со другото се согласувам исто така што го напиша, само да те надополнам. Инаку еве слика од катедралата во Виена позната и како Stephansdom исто така во готски стил градена:
Точно, тие сводови кои се гледаат внатре се продолженија на надворешните лаци кои ги поврзуваат носечките столбови и со тоа ја крепат тежината на кровот распределувајќи ја меѓу нив, притоа не дозволувајќи столбовите да се рашират или евентуално да испукаат. Стварно не можам да ја најдам епизодата која ја гледав, ама еве едно интересно видео на кое сега налетав, баш на оваа тема Катедралата Св. Стефан, и тука сум била ми остави впечаток баш интересниот дизајн на кровот однадвор, буквално е реден како етно дизајн само јас кога бев реновираа дел па не се гледа убаво. Спојлер: слики