Катица Јанева поднесе оставка, уапсен Боки 13 (Ново: Уапсена и Катица Јанева)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Asdasovski, 15 јули 2019.

  1. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    845
    Катица Јанева поднесе оставка, уапсен Боки 13
    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Оставката ќе важи откако партиите ќе договорат нов закон за СЈО и ќе изберат наследник.

    Катица Јанева се повлекува од челното место во Специјалното јавно обвинителство. Обвинителката која неполни четири години беше на чело на СЈО во изјава до јавноста наведува дека не сака да дозволи нејзиното име да биде користено за меѓупартиски пресметки.

    „Денеска ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и европските интеграции на мојата земја.“

    „Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник“, пишува Јанева во оставката.

    Името на Јанева се најде на тапет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот закон за Јавното обвинителство. Опозициската партија бараше смена на Јанева и сопирање на сите истраги отворени по 1 јуни 2017 година. Претходно, Јанева најавуваше дека ќе конкурира за реизбор на функцијата. Нејасно е што ѝ го промени мислењето токму во овој момент?

    „Додека можам да бидам специјален јавен обвинител, ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција“, изјави Јанева во мај годинава.

    Премиерот Зоран Заев денеска од прес-конференција, која заврши неколку минути пред објавата на оставката на Јанева, ги покани политичките партии на лидерска средба на која, меѓу другото, треба да се разговара и за Законот за јавно обвинителство.

    Паралелно со веста за повлекувањето на Јанева, во јавноста одекна и информацијата за апсењето на менаџерот на 1Тв Бојан Јовановски познат како Боки 13. Според неофицијални сознанија, Јовановски е уапсен поради случај кој против него го води Обвинителството за организиран криминал.

    Името на Јовановски веќе извесно време се вртеше во јавноста во врска со наводите за рекетирање на бизнисмени и политичари, а стигна и до Собранието откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, побара од премиерот Заев да го коментира случајот. Заев одговори дека слушнал за случајот и дека од институциите добил одговор оти се води истрага.

    Самиот Јовановски во интервју на својата телевизија пред нешто повеќе од две недели демантираше дека рекетирал и дека заедно со Катица Јанева вршеле притисок врз бизнисмени.
    https://www.dw.com/mk/катица-јанева-поднесе-оставка-уапсен-боки-13/a-49596955-0

    Гo уaпсиле Бoки :rofl::rofl::rofl:
    Кoлку пaри и дa фрлaaт зa Гебелс нoвинaрствo пaк ќе си мучкaaт пa и сaми се aпсaт :rofl: дa не мислaт кoгa ќе пaднaт oвa дa биде oлеснителнa oкoлнoст :rofl:
     
    На Rama, EvAngelos, sjdgo и 3 други им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    3.363
    И Катица си поднела оставка. А синот нејзин „случајно“ бил вработен кај Бокица во тв. :?:
    Леле, леле, осеќам дека партали ќе летаат од сите.
    https://republika.mk/vesti/makedonija/katica-janeva-podnese-neotpovikliva-ostavka-vo-sjo/
     
    На beret, Rama, EvAngelos и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Lancier

    Lancier Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Машки
    Kako pa da ne.Ova e samo mackanje oci i otrgnuvanje na vnimanieto na javnosta od skandalite na Zaev.Sega pukna bombata so Martin Neskovski pa im treba defokusiranje na javnosta.Dogovoreno scenario.
     
    На Rama и fana им се допаѓа ова.
  4. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    845
    Oвa се е oчекувaнo... Нo нaј смешни ми се дпмне дa не oчекувaaт глaсoви ?
    И oвa се изгледa дoгoвoренo зa прoменa нa влaст кao ќе зaбoрaвиме се штo нaпрaвијa дo сегa.
     
  5. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    845
    Бaш ме интересирa дaли Бoки ќе oди вo мaшки или женски зaтвoр дa се рaзoткрие мистеријaтa веќе.

    Милиoн и пoл еврa мaлце, aјде Чoм гaси светлo :rofl:
     
    Последна измена: 15 јули 2019
    На Cka, sjdgo, najjacha и 2 други им се допаѓа ова.
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    3.363
    Секако дека е мачкање очи. Гледај од друга перспектива: кога ти тоне бродот, почнуваш да го фрлаш товарот со надеж дека колку - толку ќе се спасиш. Ама бродот секако ќе потоне порано или подоцна, а капетанот само купува малку време. А знае дека спасувачки бродови (странски фактор) нема и нема ни да има. Ќе го остават да се удави како штакор.
     
    На Rama, ocicka2014, темјанушка и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    845
    Где су пaре лудa кoмуњaрa
    267943-galerija-jas-i-boki-13.jpg
     
    На Ivan4e04, Rama, sorbet и 10 други им се допаѓа ова.
  8. tamche995

    tamche995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    841
    Пол:
    Женски
    Тешко нашава држава што оваа сподоба Боки ни е топ тема- ударна информација за вести.

    Па уште дошол до ниво да управува и да влијае на одлуки на судии. Ај и тоа што си дојде во позиција да искраде толку пари од државата ( народот).
    Путуј Европо, не не чекај нас..
     
    На daylight, Rama, EvAngelos и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    3.816
    Луѓе верувате дека Јанева е обвинителот кај кого се барало ургенции? Сега кај СЈО се најтешките криминали, можно е, но ако и таа земала пари, јаааооо, кое разочарување ќе биде тоа.
     
    На Rama и antonelala им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    231.188
    Мене ова не ми е јасно-Ката поднела оставка ама ќе почнела да важи во моментот кога ќе донеле Закон за СЈО.

    Дали тоа значи НИКОГАШ?!
     
    На Rama, kukla21, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.716
    Допаѓања:
    22.202
    Пол:
    Женски
    На Rama и WildMk им се допаѓа ова.
  12. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    5.807
    Пол:
    Женски
  13. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    5.807
    Пол:
    Женски
  14. LejlaD

    LejlaD Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    40.419
    Пол:
    Женски
    Како специјален јавен обвинител,државата ја плаќаше асолно колку што знам.Зошто баш синот го вработи во телевизијата на Боки.Зошто и беа потребни толку блиски дружби со него.И да не е замешана подруго светло фрла врз неа.Државата и обезбеди доволно средства за биде не зависна,од никого,не мораше пак на синот би се навратила баш таму да го вработи.Но многу работи во нашава мила ни земја не се како што треба,не пак ова.Зоран Заев до сега требаше да застани на здрави нозе,за апсење има и од прошла некогашна власт,а богами се повеќе и околу него,тргнувајќи од прв ешалон па на долу.И да не наоѓа оправдувања како и до сега-овој бил незаменлив,онај бил исто,и смена само во круг по министерства и директорски места.Небаре ринѓишпил,а се повеќе тонеме,ли тонеме....
     
    На Peperutce1115, Rama, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    5.807
    Пол:
    Женски
    и кј неа претрес вршат вечерва
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tamche995

    tamche995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    841
    Пол:
    Женски
    На Rama, EvAngelos, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.044
    Допаѓања:
    12.610
    Пол:
    Женски
    Сега нема плачки како за Велија.

    А зошто да не верувате? Јас со години сум убедена дека со рекет се бават специјалните, па еден адвокат ме разубедуваше као „немало такво нешто“. :D Да, да, гледам.
     
    На slobodka, Rama, EvAngelos и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lancier

    Lancier Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Машки
    Ova e samo teatar javnosta da se zanimava so gluposti a dodeka od druga strana mnogu pogolemi aferi se stavaat pod tepih.Celta e da se pokaze eve kako drzavata funkcionira a kriminalite da si prodolzat bez vlakno da im fali.
     
    На Rama, Troi, Amelia и 2 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    231.188
    Е ај нека не апсат никого тогаш.

    Јасно е напишано дека ова се дела на поединци рекетари и дека нема политичка позадинска поврзаност.


    Сашо Ордановски бил цело време во тек,има напишано колумна.Повикува да се јави рекетираниот за да сведочи, во спротивно тој ќе го каже со име и презиме иќе раскаже детали.

    Нели во кривичниот закон има и еден член кој вели (парафразирам) ,,знаел ама не пријавил,, ??
    Ордановски нема да одговара ако знаел за целава ситуација?


    П.С....дека му е на Бокита круната??:lol:
     
    На Rama, WildMk, LiliBoz и 5 други им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    3.481
    Допаѓања:
    15.546
    Пол:
    Женски
    На Канал 5 тече лента дека се врши претрес во домот на Катица Јанева.
    Баш ме интересира што ќе кажат на вести :wasntme:
     
    На Rama и LejlaD им се допаѓа ова.