1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Катица Јанева поднесе оставка, уапсен Боки 13 (Ново: Изречени пресуди)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Asdasovski, 15 јули 2019.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Као демек некого занима кој со кого се драпа. Нека вратат парите лоповите па нека се лижат колку сакаат.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Уште првиoт ден кoгa ги видoв нa снимките oдмa пoмислив декa се плескaaт.
    Oрце криеше декa имaлo уред, знaчи штитaт некoј функционер.
    Мoже не црпнaтиoт aмa мoрa дa се знaе кaде се зaвршилa тoрбaтa.
    А oвa медиумиве oдмa вo oдбрaнa нa Зoкицa... Тoрбaтa не билa кaј Зaев... Oни пaк зa негo збoрувaaт и тoa декa не е кaј негo вo геoгрaфскa лoкaцијa не декa не е инволвиран.
     
    Последна измена: 11 декември 2019
  3. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
    Оние со ж'лтите комбиња ја д*пат работата :D
    Па ете тоа дека Русковска работела za ВМРО,Заев не рекетирал туку и го советувал Камчев да го пријави рекетот,така да доволно е. :)
    Сеирџиите ги занима,а тоа дека ќе ги вратат парите ќе ги вратат некогаш,никогаш.
     
    На galapce, Tajnaotrovna и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  4. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Aferata Reket se nadograduva i prosiruva.

    „Луѓе на Зоран и Вице Заеви во акција да ми го превземат имотот“
    „Јас сум член на СДСМ уште пред да биде претседателот, или Заев. И моето дружење со него од 2014-та до 2017-та година сега не би го коментирал. Од 99-та година сум член на СДСМ, а во целата приказна влегов заради тоа што верував во премиерот и во неговите добри намери, во лидерот на мојата партија СДСМ. Цврсто му верував на премиерот“ Ова се зборовите со кои почнува да сведочи пред камерата на Алфа бизнисменот Киро Тошевски, сопственик на фирмата БАНА под чија капа е објектот за кој, како што вели, намерата била да заврши во рацете на братот на премиерот Зоран Заев, Вице.

    -Од 2017-та година кога веќе дојде на власт, се што тој почна да прави врз мене се разни манипулации со други личности, поврзани за Заев и неговиот брат Вице Заев, раскажува Тошевски.

    Но за само две години, работите стигнале до таму, што сега како што вели Тошевски, стравува дека ќе го изгуби имотот каде што е објектот.

    Но одиме со ред. Објектот што е предмет на агонијата на Тошевски всушност е карабина, има платено комуналии за околу 12700 метри квадратни, а нето површината е безмалку 10 илјади метри квадратни. Се наоѓа меѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН.

    Летото во 2017 Тошевски одлучува да го продаде објектот по цена од 4 милиони евра. Дури почнува и да разговара со потенцијални купци. Но во еден момент добива повик од премиерот да не брза со продажбата, односно да ја чува локацијата како атрактивна за странските инвеститори

    -Ми кажа дека ми мисли добро, односно да се стрпам да бидам спокоен дека објектот и имотот ќе се продаде на вистински луѓе странски инвеститори, вели Тошевски.

    Тогаш почнало се. Прв директен понудувач бил сопственикот на луксузен хотел во Аеродром. Но никогаш не се спогодиле за сумата. Сепак уште тогаш вели, Тошевски, се насетувало кој стои зад понудата од лицето, ама нашиот соговорник не сакал да верува во позадински намери.

    -На еден од состаноците пред да влезам во неговиот кабинет во холот имаше на две места по десет пакета ајвари и лутеница „Мамас“, зелени и црвени, објаснува бизнисменот.

    Откако не успеал бизнисот со првиот, како што Тошевски го нарекува посредник, следувал втор.

    -Се појавува адвокатот Тумановски, доаѓа во моите канцеларии, не можам точно да се сетам еднаш или два пати, кратки средби. Ми покажа документи од мојот имот. Ми рече „ова го имаш, ти пишува дека имаш само земјиште под зграда, комплицирано ти е малце“. Му велам добро, кажете ми за кого е, кој е купувачот? „Добро“ ми рече, „знаете за кој човек е, да не зборуваме сега многу, се работи за Вице Заев, пратен сум од Вице Заев“, раскажува Тошевски.

    Тошевски тврди дека премиерот му побарал писмо за намена, или проектна документација за имотот со цел да ја дадел на заинтересирани инвеститори. Ја доставил, вели, во влада на 20.08.2018, преку неговиот адвокат, но не добил архивско бројче дека предал документ. Заради ова како што тврди, се јавил кај шефицата на кабинет на премиерот да провери дали писмото е стигнато во рацете на Заев. Таа му потврдила.



    https://kurir.mk/makedonija/vesti/s...ogovorija-reketiranjeto-izleguva-na-videlina/
     
  5. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    A ova?

    https://www.magazin.mk/камчева-пред-судиите-боки-разговараш/

    На првата средба со Горан Николовски, директор на УБК му кажав дека сум жртва на Рекет му кажав од околу за кои личности станува збор и побарав совет од него кого да информирам. Тој ми кажа дека секако треба да се бориме против криминалот, но ме праша зошто немам доверба во институциите. На ова јас му одговорив дека во мое присуство Бојан Јовановски има разговарано со многу судии, обвинители, многу политичари со луѓе од власта, министерот за внатрешни работи, вели Камчева.
     
  6. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
    Е арно де,претпазлива била госпоџата ништо посебно. :)
     
  7. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Prikaznata ke dobie pojasen i celosen prikaz koga Zaev ke padne od vlast.

    Ti teknue ili da te potsetam?

    Да не заборавиме дека Боки 13 во повеќе наврати во бомбите на „Ла верита“ се фали како тоа го менаџирал Зоран Заев пред Орце Камчев. Тој во еден наврат му посочува на Камчев да не се грижи и оти тој ќе го менаџира Заев и при неговото ослободување.

    Во трето продолжение кое што го објави италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот „Рекет“, Боки 13 му објаснува на Камчев дека ќе се сретнел со премиерот Зоран Заев. Во врска со инвловираноста на Заев, прочитајте го транскриптот и погледнете го видеото…

    ВЈ: Утре се гледам со него

    ЈК: Со Дејан?

    БЈ: Не

    ЈК: Со Жаре?

    БЈ: Со Зоки

    ЈК: Со Зоки?

    БЈ: Со Заев

    ЈК: Мислам дека он нема да праи проблеми, но ти ќе си збориш и ќе ми кажеш

    БЈ: Знам што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, работи кои никој не ги знае

    ЈК: Ок шефе

    БЈ: Ќе ме испратиш до врата?

    ЈК: Апсолутно

    https://infomax.mk/wp/видео-како-боки-го-менаџирал-заев-нajте/
     
  8. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Нaј смешнo е штo зaев ги пуштa oвие сегa зa дa се смири тoпкaтa сo дуи хaхaхa, a тaлaт нaјвеќе плaче зaтoa штo oн е пoтписникoт.
    Акo се инсистирa нa измени нa ЗУЈ a aлбaнците не глaсaaт зa бaдинтер ќе се oтвoри пoстaпкa зa пoтписoт нa шутрaкoт.
     
  9. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
    Од толку добро што го менаџирал Заев со прст досега не мрдна за негo,ама ок е познат си беше Боки по фалбите битно Камчев најдобро знае кој му барал пари за рекет а Заев ете не бил.

    :D
    #немалекаапотека
     
    Последна измена: 11 декември 2019
  10. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Пa зaев ги пуштa... Рoднинaтa негoв снимa.
    Дури и нaчинoт сечењетo и брoјoт нa кoј се спoмнувa мицкoски... Сaмo еднa сеченa е мицкoвски крвoви ќе имa и крaј... Се гледa декa тoј штo ги пуштa е пoдржувaч нa црпнaтиoт.
     
    Последна измена: 11 декември 2019
  11. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Vremeto ke pokaze koj e glaven organizator na Reketot i kade se parite od istite.Od druga strana ovie snimki nisto ne dokazuvaat i nikoj ne znae vo koj vremenski period se praveni i so kakva cel.
     
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
    Аватарот на Шојиќ баш ти одговара. :smoke:

    Покажало или не покажало не е ни битно граѓаните секако немаат фајде од ова, обично судење е за криминални активности како и за секој друг ваков случај кој прекршил закон ќе одговара и тоа е,а инаку правени се еве за вака да се "нахрани" гладна раја.
     
    Последна измена: 11 декември 2019
  13. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Пoсле целa aферa е... Збoрувaaт зa снимките нa јутуб зa џпс вo тoрбaтa, тoa е нaјбитнoтo зa истрaгaтa.
     
  14. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Samo maloumen moze da poveruva deka Boki 13 i Kiceec sami ke odat i ke go reketiraat eden od najbogatite luge vo Makedonija.I patem koj mu ja izgradi televizijata na Boki 13?Koj gi finansirase?Zosto site komunjarski novinari tamu se vrabotija so debeli plati?1TV e produkt na SDSM i Soros.Toa i vrapce go znae.
     
    На Sofronko, orevokrsacka, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Амa еве сегa oвa пoслужувa зa перење мoзoци, сите сoрoсп**** медиуми гo перaт зaев, нaслoви не е кaј зaев...
     
  16. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
  17. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    ЗОШТО ПАЛЧО „ПPOПAДHA“ ВО ЗEMJA: Ај да се фокусираме на kpиминaлoт и УСБ-то на Палчо – остајте ги „гoмнapcкитe цeвки“ за друг ден ок?

    Колку и да не сакам да си признаам, по се изгледа дека пи-ар стратегијата на „фабриката“ за новинари на Заев полека но сигурно успева и вордува со плод. Најверојатно, подобро од тоа среднист да ни креира јавно мислење и не сме заслужиле, од проста причина. Најверојатно сме раја која продолжува да се воодушевува на површни прикаски, мафијашки серијали, на работи кои повеќето од рајата никогаш нема да ги видат, слушнат или доживеат. Не за друго, туку затоа што никогаш не би се потрудиле да бидат подобра верзија од себеси, бијдеќи се премногу зафатени со фаќање сеир. И така заслепени од сеирот, тие што им ја приредуваат забавата им го крадат и животот. Буквално.

    [​IMG]

    Аферата „Рекет“ за која многумина сега се китат со пердуви дека први ја објавиле, всушност беше објавена најмалку осум месеци пред првиот текст за „Кики и Фрики“. Да.Ја објавивме ние, кога напишавме дека имало случај на рекетирање на сопственик на хотел во Охрид. Таму, на состанокот на кој се рекетирал сопственикот биле Фросина Ременски, Бојан Јовановски, Александар Кирацовски и уште 1-2 небитни луѓе.

    БАРАЛ И ПО 200.00 ЕВРА: Боки 13 peкeтиpaл фирми со помош на луѓе од власта – барал и до 200.000 евра!

    И „РАГУЗА“ ЖРТВА НА РЕКЕТАРСКА ШЕМА?: Ген.секот на СДСМ Кирацовски е новиот сопственик на ресторанот „Рагуза“?



    Никој тогаш тоа не го демантираше, но никој не го ни потврди. Демек, ќе помине. А и рајата беше презафатена со тогашните настани. Фаќаше сеир на друго место. Бидна што бидна, се отвори прикаската за „Кики и Фрики“. Не спорам дека колегатаБранко Геровски маестрално го изведе својот дел. Тоа што не беа јасни приказните, тоа е спореден аргумент – можеби човекот се плашел да ги каже по име, знаејќи со какви луѓе ќе си фати работа. На крајот на краиштата,беше во нивнот камп. Ги знае одблиску и детално.

    Никогаш немашеда се отвори судскиот процес ако „приказната“ останеше на Кики и Фрики.Заев и СДСМ немаше да признаат кои се, а пак тие што биле рекетирани ќе добиеја понуди да си молчат и тука да заврши приказната. Ама тогаш излезе „Ферманот“. Со имиња, детали, улици, станови, судии, адвокати, министри, директори, пратеници. И бидна големата.

    АЈ ДА ВИДИМЕ ШТО ВИКА ФЕРМАНОТ: Исказот на Орце Камчев во oбвинитeлcтвo ја oтkpива целата виcтинa за „Pekeт“

    ШТО ВИКА „KATИЉ“ ФЕРМАНОТ НА ДРУГИОТ CBEДОК: Се барало pyшвeт, а Владата ќе пoмoгнeлa да се постави нов директор на Телеком

    Ама наместо големата да продолжи онака како што треба, пи-арот наЗаев успеа да вметне хаосво редовите на оние кои бараа правда и вистина.

    Наместо да се фокусираме на тоа кој кого крие, дали обвинителите во случајот можеби имаат некаква врска со власта – а од она што го имам слушнато, имаат – јавноста се занимава со золвата, свекрвата и незнам си кој на Ана Камчева. Дали чантата на Катица имала „К.Ј“ изгравирао, и какви слики купил Боки.Наместо да бараме каде е лоциран последниот сигнал на ГПС апаратот во рачката на „Луј Витон“ чантата, зборуваме за кафанскиот муабет на Орце, кој буквално ништо не значи.

    „Фабриката“ која продуцира јавно мислење – инаку патентирана токму од Роберт Поповски и СДСМ уште во времињата кога Бранко царуваше –успеа некако да јазаплетка приказната во пајажината на ниски страсти, ривалитети, докажувања на нешто што е ноторна вистина или факт. Да се објаснуваме кој бил во право, а кој не. Да докажуваме чија вистина е поточна – а вистината е една. И се крие!

    Немаме ние како општество ништо од тоа што Миленко ќе му пише на Геро, а Геро ќе му врати. Не сме постингале ништо, ако Саше Политико пцуе, а ние по гомнарот со гомнарска цевка. Така, губиме, затоа што тоа е идејата. Да се навлечеме сите на гомнарските цевки и да се тепаме, а единствен ќар да има вождот од Муртино.

    Затоа, ајде да се фокусираме на она што е важно.

    Тоа што го изгубивме од фокус е како Зоран Заев е вмешан во „Рекет“, и кој го крие од лицето на правдата. Зарем е можно, адвокатот на Бојан Јовановски да не знае кога имало средба помеѓу Ана Камчева и Зоран Заев и што се зборувало на таа средба? Ако не знае, ќе го информирам и тоа јавно. Не на кафиња и на состаноци.

    Веќе три месеци се обидувам да добијам одговор од некоја надлежна институција во врска со апсењето и приведувањето на Љупчо Палевски на белградскиот аеродром. Ниту од амбасада, ниту од МНР. Никој ништо не кажува. Во амбасада пак ми велат, не знаеме ние ништо тоа во МНР ќе си прашате. Таму пак, во МНР, група на арогнатни влечковци воопшто не креваат на телефон. Нема одговори ниту од српските институции.
    Српското МНР ме препрати во српското МВР. Од српското МВР бараа да им испратам прашања по е-маил. Испратив, еве месец дена нема абер. Е сега, зошто се крие и е толку тајновито приведувањето на Љупчо Палевски?

    Од тоа што јас го знам, а знам дека е точно, проблематично е едно УСБ на кое постои снимена комуникација во која се спомнува и името на Зоран Заев. И таа комуникација длабоко го инкриминира премиерот но и некои високи полициски функционери од претходната власт. Така, Палевски го снемува од лицето на земјата. Знаеме дека е во притвор, ама ништо повеќе – ниту како е, ниту зошто е приведен. Ниту дали е жив, здрав, добар. Ништо. Како да пропаднал во земја.

    Кога веќе се објавуваат снимки од разговори по кафани, зошто се селектираат снимките? Зошто повторно се сечат-лепат-монитраат? Еве нека ги објават целосните снимки. Или не им одговара тоа што Столе „СВ Инвест“ го слуша од Камчев? Секако дека не им одговара. Но, она што им одговараше го пуштија и го постигнаа ефектот. Хаос во кампот кој треба фокусирано да ги открива криминалите на власта.

    Еве, уште не добивме одговор кој е тоа „висок од владата“ кој гарнтирал дека еден од сведоците (кој треба да сведочи на 25.декември) ќе станел директор на „Македонски Телеком“, ако овој заврши некаква работа во корист на Бојан Јовановски? Значи, не станува збор тука за Катица Јанева со чие влијание тргувал Боки, туку со некој „висок од влада“ кој гарантирал!

    Патем речено, до каде сме со „Дијамед“? Тоа е случај кој води директно до главата на октоподот. Д-И-Р-Е-К-Т-Н-О.

    А тука се вмешани и многу луѓе, меѓу кои и Венко Филипче, кој инаку бил и на деловен состанок со Боки 13 за да договараат менаџирање на процесот за приватиазија на јавното здравство. Тоа бил муабетот, за оние што не знаат. Филипче договарал јавно-приватно партнерство за сегашниот Клинички центар со Боки 13, а тоа да го плаќа рекетираниот бизнисмен. Боки демек, ќе служел да го менаџира процесот и да гарантира дека ништо нема да излезе од контрола.

    Во случајот со „Дијамед“ инаку, вмешани се и окорели криминални структури. Лихвари кои соработувале со власта во остварување на рекетот. Така, пораката „од горе“ до сопственикот на фирмата која била од интерес,бил испратен да земе осум (8) милиони евра лихва од лихар во Куманово, тие пари да ги даде на „овие од горе“, а потоа кога ќе му ја одмрзнат сметката да ги врати парите од сопствената сметка кај лихварот.

    Во меѓувреме, рекетираниот, си плаќал по 60.000 евра месечно на три места.Има и една анегдота која кружи меѓу сега обвинетите во „Рекет“, за тоа каква била реакцијата на „шефот“ кога при пресметка за тоа кој колку земал, недостасувале 20.000 евра секој месец.Па воскликнал „шефот“ со прашањето „а, кај се уште 20.000?“ Секако, тие 20.0000 месечно си ги земал курирот, кој си наплаќал за услугата– земање, транспорт и складирање на парите.

    Ова се случувало во кабинетот на премиерот, и тоа со еден од оштетените во „Рекет 2“ кој му објаснувал секој месец по колку пари одвојувал за рушветот.

    Значи, ај да се фокусираме на тоа што е важно. Остајте суетите.

    А.Митовски

    https://infomax.mk/wp/зошто-палчо-пpoпaдha-во-зemja-ај-да-се-фокус/
     
  18. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Novo svedocenje denes.

    Rada Prada i Venko Filipce go posetuvale Boki 13 vo negoviot dom.Zosto ne se povikani na raspit?

    Новинарот Баневски за „Рекет“: Го прашав Боки дали рекетира, тој рече „мора од нешто да се живее“

    Со сведочењето на Христијан Баневски, новинар во поранешната „1 ТВ“, завршија рочиштата во случајот „Рекет“ за оваа година. Наредното е закажано на 3 јануари со сослушување на сведоци, меѓу кои и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Елизабета Јосифовска. Одговарајќи на прашања од обвинителката Вилма Рускоска, Баневски образложи како функционирала телевизијата и како добивале насоки за најава на одредени теми и вести.

    „Требаше да прочитам најава дека ќе испратиме мостри на анализа од сите флаширани води на пазарот. Неколку пати за време на рекламите, Бојан Јовановски инсистираше да го повторам тоа, за после неколку месеци спонзор на телевизијата да биде Пелистерка и кај мене на маса да се најде шише вода“, изјави Баневски.

    Сведокот потоа, како што рече, добил барање од Јовановски да прави сторија за месна индустрија од Велес.

    „Кога го побарав газдата на фирмата „Агриа“, тој ми се развика, а по некој месец самиот нè побара и прими на разговор. Во меѓувреме дознав дека се сретнал со Бојан. Ми рече, „па вие не сте новинари, туку работите како рекетари”. Бев навреден од тоа и побарав образложение од Бојан. Го прашав „дали го рекетирате овој човек“, на што ми одговори, дека „оваа телевизија треба да живее од нешто“. Му реков дека не сакам да работам повеќе на такви приказни и ќе си заминам, изјави Баневски и додаде дека на некој начин бил дистанциран и повеќе не добивал такви задачи до затворање на телевизијата.

    [​IMG]

    На прашање од Бојан Јовановски, дали како новинар во „1 ТВ“ имал целосна слобода во правењето вести, сведокот одговори потврдно, со исклучок на посочените случаи. Потоа беше прашан „дали имал работна задача да се грижи за маркетингот на телевизијата“ на што Баневски даде негативен одговор.

    „На почетокот имавме апсолутна слобода што остана и потоа. Поради тоа и ме изненадија случаите што ги споменав. Ме изненади и начинот на третирање на темата со враќање на пасошот на Камчев. Бев суспендиран на еден месец, бидејќи објавив три работи за кои Бојан пред емисија ми рече дека не смеам да ги објавам“, рече сведокот.

    Како втор сведок во денешното рочиште за „Рекет“ се појави и хонорарно вработена во домот на Јовановски. Таа одговараше на прашања од обвинителката за тоа како било уредено во домот на Боки 13 и кој доаѓал на гости.

    „Имаше многу угледни гости. Во домот имаше повеќе слики од една галерија, но не беа платени, туку оставени така затоа што доаѓаа познати личности, па имаше можност да се продаде некоја слика“, рече сведокот.

    Прашана кој се има видено во домот на Боки 13, сведокот рече доаѓале повеќе познати личности по што почна со набројување.

    „Имаат доаѓано Радмила Шекеринска, еднаш Орце Камчев, повеќе пати Зоки Милевски, биле и Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Лила Филиповска, Сергеј, Анита Кочишки и други“, рече сведокот.

    Прашана што е „чест гостин“, кога вели за Зоки Милевски, сведокот рече дека тој доаѓал и по двапати на ден и слободно влегувал без да тропне. Одбраната ја праша дали бил и министерот Венко Филипче, на што сведокот одговори потврдно, додавајќи дека министерот за здравство дошол заедно со Камчев.

    Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври оваа година поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

    На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

    https://novatv.mk/novinarot-banevsk...qbzyNhWWWrqN3rnTyygXGU3E7KrI8ux1nSPav4-of5lMU

     
  19. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Леле јас прво прочитав Баба Рада и Филипче :rofl:
    Комбинацијава :lol:
     
  20. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Бoки тредичи дoбивaл зaкaни oд луѓе нa висoки пoзиции зa физичкa ликвидaцијa и имaл стрoгo дoверливи инфoрмaции.