Country, western, cowboy style итн. се називи се овој стил, јес да е повеќе западњачки да не речам американски стил, но и кај нас се носат додатоци каубојски. Каубојки, кожни црни/кафени јакни, големи кожни каиши, шешири, карирани кошули, тексас, ресите ... Значи колку сакате чизми каубојки, ги носите ли? Тие се најраспространети Шешири? Чанти со реси? Комплетни каубојски комбинации не ни има кај нас, со ретки исклучоци видов одамна една девојка права каубојка и неверојатно секси изгледаше со краток шорц, ремен, бела кошула, елече и шапка, дури и сите пријатно ја загледуваа Но има избор и често гледам каубојски акцесорис од чевли, чанти, шешири, елечиња... Ги сакате или не?
Уууу, да! Љубам каубојски чизми, ама кратки и не со шпиц ала Аладин. Има огромни разлики од еден до друг каубојски стил, јас го преферирам оној на Дејзи Дјук (кратки жешки тексас шорцеви, каубојки, кошулка), но има некој што го сака стилот на Доли Партон. Инаку реси не би, тоа веќе влече индијански корени, а јас не сум Покахонтас.
Каубојскиот стил и тоа како може да биде секси. Поготово во летно време со тексас шорц и шешир. Јас сум фан на шорцевите, имам десетина пара, повеќето тексас, и цело лето скапувам во нив. Шешири носам само сламени. Летово купив еден темно кафен со црно и го утепав од носење. И на овие две парчиња што ти душа сака може да се комбинира. Мене ми е интресно со карирана кошула и многу плетени и кожни алки. Барем летно време има опции и варијации на кошули, маички и акцесорис. А да, ќе заборавев, и едно елече имам, ама никогаш не сум го комбинирала во каубојски стил. Чизми немам, а и некако не ми се пријатни за око. И на ресите не сум фан. Едино што не разбирам е кога ќе видам некое фустанче, така летно, и каубојки на нозете. Тејлор Свифт на пример, тотално ми е без врска. Толку убави фустанчиња ги упропастува со чизми. Ова белово на пример, плаче за убава чевла во крем нијанса. Многу се груби чизмиве, затоа не ги сакам. Еве како ги комбинирале некои од познатите:
премногу сакам и дури некад се облекувам така Само немам чизми видов еднаш ама не ми се свиѓаа. И мајка ми носи такви и еднаш ми земала и на мене ама лаковани се , црвени и затоа не ги носам Нешто вака...
Па да, ми се допаѓа...ама без шеширот каубојски на глава,дефинитивно! Не сум до толку смела! Шешир каубојски, каиш со реси,пиштол на коланот и каубојски чизми имам носено само еднаш,на карневалите кога бев маскирена во каубојка Иначе си имам кафејава кожна јакна баш некаков каубојски стил и убаво се осеќам во неа, искомбинирана со штосни чизмички и некоја таква ташна! Често знам да искомбинирам и карирена кошула со тексес сукна па и тоа му доаѓа некако ко каубојски стил и изгледа доста секси! Ми се допаѓаат и големите кожни каиши но немам ниту еден таков,планирам да си земам некој Преку зима доста си носев едно кожно кафејаво елече со карирана кошула, и ептен си ја сакав таа каубојска комбинација! Тоа ми беше најчесто носена комбинација преку цела зима! Во галавном ми се допаѓа тој стил и се облекувам понекогаш така!
Каишите ок. Али чизмиве ми се грди. И шеширот. Единствено ако не сакам да му се придружам на Таличниот Том, па заедно да јаваме коњи, вака облечени. У Тексас можда.
Ресите и карираните кошули не поминуваат кај мене, но чизмите и шеширите да! Не сум сретнала некој тука да го негува овој стил, но во Северна Америка и те како е раширен... афтер ол од таму и потекнува.
Ми се свиѓа ептен! Особено карираните кошулки,шеширот па добри чизми со ресички и добра фармерка! сега во Зара во Белград видов и прексрасни ташнички баш у тој стил онака кафеави со реси! ептен е шик,ама човек треба да знае како сето тоа да го искомбинира да не делува онака натрупано!
kaubojskite alista cizmi i dodatoci mi se navistina ubavi i primamlivi ja obozavam onaa kafena kaubojska boja no sekako se sto ke oblecis da bidi skladno i ne prenatrupano pa da ne se znae koe kae ...definitivno sum ZA
само чизмите и карираните кошули ми се допагаат а останатото не можам да го поднесам тоа е моето мислење
Не сакам да биде нападно. Нешто вака Се’ зберано на купиште и облечено не ми се допаѓа, ајде, замислете си ташна во реси, со каубојски чизми, каубојски топ... Безвезе ми е.
Кајшевите, белегзиите, кошулите и да тие пантолоните за на коњ што се над фармерки што се носат (врска немам како правилно се викаат) нешто вака како оваја седнатава што има
Уф, ко обожавааааааааааам овој стил. Го обожавам!! Посебно некоја мешавина на индијанско-каубојски. Траки на чело, реси, каубојски шеширим врзани кошули за половина. Тоа е мој стил дефинитивно.
Многу го сакам каубојскиот стил, и сакам кога носам нешто такво... Најмногу ми се допаѓаат чизмите со ресички , па кошулите, шеширите и каишите. Само не сакам сето тоа да е пренападно, инаку ми се допаѓа стилов.
Па,не ми е нешто нај нај овај стилов али јас од сево ова ги носела само чизмите и каишите,белегзиите..
Каубојките ми се најсекси.И знам дека темата е сериозна но морав да турам некоја ваква слика Фалеше ...
Од овој стил ми се допаѓаат ремените и чизмите ама чизмите не би ги носела никогаш. Зашто во моево маало луѓево незнаат што е мода !!! Кога ги носев чизмите над коленици ме гледаа како мечка да игра -.-