1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Качување на карпа

Дискусија во 'Фитнес' започната од XMaN, 4 септември 2011.

  1. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Ја отварам темава (прва на било кој форум во МК, нека ми е со среќа :) ) затоа што пред некој ден бев на вештачката карпа за алпинизам на кеј и бев одушевен од начинот како е направена и како си поминав :).

    Со години чекав ваква прилика да пробам на вештачка карпа и само ќе кажам дека ќеифот е огромен ама е многу тешко, 10 пати потешко е него што изгледа.

    Има две карпи една за вежбање мала со душеци и јас таму пробував и 3 високи каде само со јаже те пуштаат.

    На малата се мачев едно добар пола саат нешто да искачам и освен неколку метра на полесното секогаш паѓав од умор. Треба да имаш челични прсти и да можеш да се дигнеш на мускул на една рака а јас мислев супер, трениран сум, детска играчка ќе биде, ама не беше :( .

    Една женска што супер се качуваше ми вика, полесно изгледа од страна нели и се насмеа :D. Е да викам, изгледа :D.

    Како и да е се заразив и сеа барем еднаш неделно ќе одам. После тој пола саат не ги осеќав ни рацете а ни прстите ама беше феноменален тренинг и задоволство а и за друштво не е лошо :).

    Почнав и дома да правам посебен тренинг за прстите пошо си реков ќе пукнам ама има да ја искачам :D.
     
    На Elena69221, EleMental и KremBanan4e им се допаѓа ова.
  2. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Интересно...јас никогаш не сум пробала,ама секогаш кога поминувам од таму (најчесто кога ролам) си викам ова е многу лесно,ќе го качам за 2мин. Ама сега ти богами ме подзамисли. :^) Ај некогаш кога ќе имам време,ќе одам и јас,баш да видам до кај ќе издржам(после муабетов не планирам да ја поминам цела) па ќе пишам резултати :D
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Јас случајно на трчање ја видов и си реков следен пат пробувам, лесно е ова :D .

    Прво си седнав на трибините и пола саат само гледав како другиве се качуваат и си викав, ова е боза сеа јас ќе им покажам како се качува :D.

    Среќа не бев со друштво инаку ќе се обрукав :D. Повеќе бев на душекот во лежечка положба него на карпата а најсмешно беше една типка така околу 25 години растур што правеше од качување (таа шо ми рече не е така лесно како што изгледа) кога ми рече, дечко ај помести се да се качам а јас испружен на душекот пред карпата едвај дишам од умор :lol: .

    Шала на страна, ако се оди со друштво е многу забавно и супер тренинг е за цело тело, после тоа и раменици, бицепси, прсти, грб, не знам што не ми беше затегнато :).

    Заразно е многу ама уште ме болат некои мускули од што се инатев минатиот пат :D.
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hiena.epa.sto

    hiena.epa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Јас тренирав качување по карпа до пред една година (пред да си ја повредам кичмата - повредата нема везе со тренинзите) во клубот Extirme . според мене најбољи спорт шо постои ем адреналин ти дига не нормално многу ем цело тело го затегнуваш и многу е заразен коа еднаш ке се качиш после нема да сакаш да се симнеш и ке се качуваш додека те дрзат раце и нозе :rofl: . за почетници полено е прво да ја качуваат карпата нагоре па потоа таа на страна зошто за таму треба многу јаки раце да имаш и да знаеш секое фаталиште како да го фатиш :) од неделава почнувам пак со тренинзи и се надевам ке се вратам у форма брзо време :D има и ѕидови за качуванје во даре џамбаз и во салата кај машински факултет ама добро е шо им текна да направат и на кеј ем на отворено ем се поголеми :rofl: сите што сакаат екстремни спортови им препорачувам да пробаат
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Јас па се заинатив таа страничната да ја качувам и цел месец ги вежбам рацете и прстите да ги зајакнам па вечер ќе видиме колку сум успеал ама со оглед дека цела ноќ у диско поминав тешко дека ќе бидам у некоја јака форма така да пак не ми гине лежење на душекот :D .

    Ама стварно е заразно, еднаш коа ќе почнеш нема престанување :) .
     
  6. KremBanan4e

    KremBanan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Дали ќе може да ми дадеш број од клубот Extirme бидејки сакам да се запишам па д апрашам за информации. :D
     
  7. hiena.epa.sto

    hiena.epa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Број немам ама секој ден од 7 навечер до кај 10 можеш да отидеш до ск8 парк и да го побараш Владо или Кире (мислам дека беше кире :$ ) и они ке ти кажат се :)
     
  8. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Од колку години може да се тренира и колку плаќаше?
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    100-че е за две качувања на високата или колку сакаш на малата ама малата душа ќе ти извади а месечна членарина и јас не знам дали има и колку е :).
     
  10. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    ^ ама јас не зборам за качување , туку за зачленување во клуб, ако на мене ми одговараше :)
     
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Па кога ќе се зачлениш пак ќе се качуваш а месечната членарина веќе напишав дека не знам колку е :).
     
  12. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    абе добро многу нормално дека пак ќе се качуваш :D
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Муабетов ни е лудница :lol: ама се разбравме некако :D.

    Ајде ако ти дознаеш прва пиши тука а ако јас дознаам јас ќе пишам :)
     
  14. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    E не е така лесно како сто изгледа,јас тренирав пред многу години бев и по натпревари е таму притисокот е голем но со редовен тренинг станува полесно и позабавно сепак јас повеке сакав природна карпа некако повеке ме исполнувасе , оваа ја користев повеке за тренинг во зима. Sовет ако сакас да ги зацврстис рацете и прстите само на вратило или на касата на врата везбај со нозете свиткани на назад ;)
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Им удрив специјален тренинг на прстите и на рацете од последниот пат така да сеа ќе бидам многу подобар ама застуде и сеа не ми се оди дека е надвор :worried:. Од 7 вечер отвараат и ќе ми се заледат рацете а со ракавици не ми е ќеиф.

    Инаку имам дома цела вежбална, со вратило, рипстол, карики, јаже, добро сум опремен :).

    Да не знаеш некоја покриена карпа и во зима да можам да вежбам :) ?

    Тоа со касата на врата не те разбрав, да не мислиш на испакнатото од вратата горе од 1 цм, и тоа го правам ама не сфаќам зашто да ми се нозете свиткани наназад?

    Зашто се откажа, ти се смачи или престана скроз со спорт да се бавиш :)?
     
  16. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    последните информации кои ги имав во затворен простор имасе во даре џамбаз,масински факултет и палома бјанка во ск има и во неготино.во врска со нозете наназад така не тренираа нас тоа помага кога си во превис , обичо си во таа позиција.инаку целосно никогас не сум се отказала иако повеке години е во мирување :) љубовта сеусте постои понекогас одам на планина мозеби и ке се активирам повторно којзнае :D
     
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Фала, баш ќе се распрашам за местава што ми ги кажа а ти да се активираш повторно да иам со кого да правам муабет :D . Вака зјапи темава празна што е греота :).
     
  18. hiena.epa.sto

    hiena.epa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    овааа качувањето од страна изгледа лесно ама не е ....
    јас в турција се имам качувано по вештачка карпа али што се вика душата низ нос ми излезе додека се качив а некои на пола се откажаа али зато си поминав супер и кога одев секогаш се качувам...
     
  20. vale.96

    vale.96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    10
    како да направам вратило дома..или можи да се купи некаде? :)