Ти што имаат земено голема сума на пари, истите ги добиваат на рати. На сајтот на Сител пишува дека парите може да се добијат за најмногу 6 месеци. Натпреварувачите потпишуваат договор пред да играат во квизот.
Водителкава Лила е очајна и премногу вештачка, досадна е се едно исто со исти прашања дај нешто ново интересно, нека земи пример од италијанското, и уште на жените што се во публика им се обраќа со "девојки".... Очај
Сериозно, ова гејм шоу стана досадно. Пет години, веќе шеста ќе ја почне, сè едно те исто се врти и збори. Не е веќе толку интересно.
Се согласувам со тебе. На мене ми се допаѓаа првите две сезони. После тоа почна да ми здосадува. Во првите две сезони имаше поголеми суми и беше повозбудливо за гледање. Лила ми стана досадна. Се едно исто зборува.
Јас сакав да ве прашам дали ги даваат парите како на страната на сител што пишува?Дали има некој информација? Зашто на другарка тетка и се имала пријавено и прво неќеле да ја викнат ни на разговор и она фатила врски и по извесно време ја повикале.Кога играла освоила околу 50.000ден.и парите сеуште не и ги дале.Ако гледаме реално од кај они имаат толку пари да дадат на пола Македонија?
Јас знам двајца натпреварувачи и за тие двајца знам со сигурност дека си ги земаа парите. Парите не ги дава државата, емисијата си има продукција, директор и некои си спонзори. Они зимаат пет пати повеќе од тоа што даваат.
имам слуснато дека при пријавувањето се плака 5000 ден за да влезат а играт е сега не секој добие добра сума на пари некој си иде со 1 ден и ретко кој добие добра сума и од тоа имат пари а се согласувам и со @Ketchup парите не се од државата....
Ако немаа пари немаше толку години да го емитуваат... земаат тие главните големи пари затоаа и се држат