Има ли некој информација кој денови се снимаат емисиите? Би сакала да се пријавам ама ова ми е битен фактор. Дали се снима викенд (петок - сабота) или само во другите денови преку неделата?
можеше ли денешнава епизода да биде поглупава, толку глупави прашања му постави Лила на турчинчево, таа прашува едно исто по сто пати, никој со никого не се разбира, а ова па срамежливо се топи, дури и мене незгодно
Македонски менталитет: Пред да почне со игра натпреварувачот и дава поклон на Лила мислејќи дека поубаво ќе помине Научени сме во земјава се да е со поткуп и врски, па си ја пробуваат среќата и во квизот носејќи чоколади и бомбоњери за мало внимание. На ментори, на доктори, на сестри, на професори, па шлаг и на водителки почнаа поклончиња. Дупка држава. И пак на крај тие што не и даваат ништо, поубаво си поминуваат.
Денешниов натпреварувач имаше страшна харизма опуштен, природно понашање, нека му дадат емисија ќе ги засени нашиве досадни водители
Испраќаш мејл. Кратка биографија и мотив за учество. Мејл адресата ја имаш на страната на Сител и тука низ страните. Испраќаш 2-3 пати. Ќе ти вратат повратен мејл по некое време.
Здраво сакам да се пријавам на квизот па ме интересира ако некоја од вас учествувала за мотив за учество што имате пишано не ми паѓа на памет некоја интересна мотивација, па да видам примери
Луѓенца ајде кажувајте што сте учествувале во емисијата како да се пријавам. 3 пати се имам пријавувано и не ме викнале до сеа.
Женско е. Пред некое време зборуваа со натпреварувач за прекари. И оваа Лила зема слушалката и вика "колешке".