1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Квиз „Сè или нешто“ (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ana-banana, 25 декември 2011.

  1. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски
    Ti da ne si onaa Maja so crna kosaa?

    HAHAHAH izvini vaka za gluposti sho prashuvam i malcee licni informacii
     
    На maichka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Лила како настинала бе.
    Гласот и е фатен и немојт да се дерит ко таа шо сакат :D
    Сигурно многу Гуте фрухте пиела на одморот :D
     
    На gjoker4e, Ketchup, realGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Квизов е светла точка на Сител телевизија. Интересен ми е и го пратам редовно. Лила одлично го води квизот и е најдобра во тоа, е сега што поставува исти прашања, на пример зашто тој број, зашто овој, таков е концептот на квизот.

    За местенки не знам дали има, за пари дали даваат и тоа не знам, мада не верувам дека даваат. И Лила секако дека знае која сума во која кутија се наоѓа, барем трите највисоки суми, а тоа што секој пат збори дека ниту таа, ниту банкарот не знаат која сума во која кутија се наоѓа, тоа нејзе така ѝ е кажано.
    Многу пати има помогнато на натпреварувачите да земат барем 5.000 или 10.000 денари, им ги остава на крај тие кутии и таа некој пат ќе отвори некоја кутија со мала сума. :!:

    Сè на сè добар е квизов и мислам дека редно е оваа сезона да го земат тој 1.000.000. :)
     
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maichka

    maichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    neznam za koja zborish... dodeka bev jas imash 3 devojki koi se vikaa Maja ;)
     
  5. AngelaMK

    AngelaMK Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Мемоарите на еден принуден македонски ТВ гледач,
    Chapter
    : Се или нешто.

    Народот е таков какви што емисии гледа на телевизија, реков јас додека ја слушав тетка ми како го повторува она што го слушнав претходно во нашите моторни средства за јавен транспорт, а тоа беше тажно искажаната реченица: Ех цела недела го отвараат милионот прерано.
    Феноменот Се или нешто се емитува на нашиве тв приемници веќе неколку години, со статус-кво ситуација во поглед на интересот на рајата за него, но и со растечка тенденција на мојата нервоза дури го гледам.

    Но реков, емисијава одлично ја отсликува и реалноста на македонскиот народ, како, ќе прикажам во три точки.

    1. Погрешното именување на споменатата емисија.
    Квизот со Лила, квизот на Сител, квизот... Кој квиз бе? Квиз е игра на знаење, ова проклетово е игра на среќа! Кое знаење ти треба да отвораш кутии? Единствени кутии за кои ти треба знаење како да ги отвориш се оние за риба во козерва, паштета или нарезок, затоа што ако ги отвориш со незнаење ќе останеш со затворена кутија и со „таквото“ во рака.

    Не е ова квиз, дури и она со Снеже Велков што иде на истата телевизија е квиз затоа што одговараат на какви такви прашања. Квиз е Среќни Коцки со Драган Вучиќ, да, и таму одговараат на прашања! Квиз беше тоа на прва што го скинаа по една сезона. Квизови беа Милионер и Енигма... ех, какви квизови беа тоа. :(

    Тука има само некакво филмање на учесниците дека со „знаење“ отвараат. Па водителката ги прашува за шеми, за среќни броеви, за датуми. И тука доаѓаме до уште еден парадокс на просечниот такмичар во квизот. Пример:

    Време е за првата кутија.
    Отвара кутија бр. 15
    Во неа е милионот.
    Зошто ја отвори?
    Па тоа ми е среќен број.

    Па ако ти е среќен број, логично е да го чуваш за крај. не прв да го отвориш. :Pos:

    2. Лажното воспримање од просечната публика
    „Квизот“ успеа водителката да ја претстави како идеална жена, домаќинка, припадник на понежниот пол каков што треба да биде во патријархат. А таа е целосна спротивност. Ова врз доста релевантните муабети од „чаршиските“ кулоари кои ја знаат и точната цена за едновечерна дружба со госпоѓат... овај госпоѓицата!

    Освен водителката, квизот во добро светло успева да претстави и луѓе кои просечната раја во секојдневните муабети во автобус, пред кооперација и во фризерски салон ги критикува, па често радодајки и мафијаши имаат можност да го продадат својот морал на Банкарот, а тој преку тв приемникот да го шитне на народот.

    А да бидеме брутално искрени, во „квизот“ се пријавуваат не баш тип на луѓе кои се пријавуваа во Милионер да речеме, туку тотално спротивни.

    3. Приоритетите и менталитетот на Македонецот
    Е, ова е најважното, ваљда. Прво, она што го „краси“ Македонецот, а тоа е познатото „Ќути си, може и полошо.“ Тоа во квизов се манифестира просто, преку следниот пример:

    Учесник, го отвара милионот.
    - Добро е.
    Отвара и 250.000 денари.
    - Ништо страшно, добро е.
    Отвара 100.000, 50.000, 10.000
    - Добро е, ајде, тоа е тоа, здравје.

    Како е добро бе човече? Па зошто си се пријавил ондак? Добро е што ќе земе на крај 750 денари, а за пријава дал 50 евра и уште толку потрошил за патни трошоци. Па барем кажи не е добро ебате, изнервирај се. Но не, доминира македонскиот поразителен менталитет дека можело и полошо.

    И другата работа, за крај, е тоа колку „квизов“ ментално навлезе во модернава македонштина се реакциите на публикумот. Кои споредено со други покруцијални настани кои ни се дешаваат низ годиниве изгледаат неспоредливо поемотивни.
     
    На tockaAa., realGirl, karmenka и 8 други им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.106
    Пол:
    Женски
    Не го гледам често квизов. Не е тоа што беше. Секако дека банкарот знае која сума каде се наоѓа.
     
  7. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Нема шмек квизот нешто да те привлечи за да го гледаш.Јас досега не сум видела ни еден играч да се нервира дека нема да земе пари или обратно да скока од среќа како на италијанскиот чинам беше.Како навиени кукли ми се.Зел,не зел пари се исто.Емоција нула
     
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Не знaев кaде дa пишaм, пa aј тукa, и oнaкa некaкo пoврзaнo е.
    Кoгa се емитувaше Брзa кујнa, нaјглупaвaтa емисијa, вo публикa ги зaбележaв нaтпревaрувaчите oд Сè или нештo. Зaр немaaт другa публикa?
    А, тaa пa вoдителкaтa ич не знaе дa вoди емисијa, кo изгубенa е.(facepalm)
     
    На Queen^^, Avery и LUCERKA им се допаѓа ова.
  9. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Јас не го гледам квизов .. Многу ми е досаден,глуп тапа. Губење време.
     
  10. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    23
    колку време се чека да те повикаат во емисија откако ќе се пријавиш?
     
  11. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Ќе сакаш да ми кажеш како оди пријавувањето?
     
  12. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Kaj se prijavuva
     
  13. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    На фејсбук страната на Сител има e-mail за пријавување. Во меилот треба да се внесат лични податоци, за понатаму не знам.
     
  14. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
  15. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    го гледам ама никогаш не ми паднало на ум да се пријавам
     
  16. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Не знам за вас али овој Марио ми е многу симпатичен :inlove:
    Иначе квизот понекогаш гледам понекогаш не како кога :D Лила редовно не можам да ја поднесам :wasntme:
     
  17. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Значи само да се мрчело....Ако ти се свиѓа - гледај, ако не - не мораш. Мене ми е баш релаксација оваа „Игра на среќа“ (зашто ако речам квиз ќе навредам некои од горе), баш е во термин кај шо најмногу ме фаќа дремка, па зашто не сакам да спијам ме релаксира и ми го задржува вниманието со кафенце и цигарче....лезет. Не знам дали им ги исплаќаат парите на играчите, појма немам ни како се пријавува, врска немам ни кој знае и дали знае која сума во која кутија се наоѓа, едноставно гледам зашто ми е забавно. Крај - краева оваа игра на среќа ја има скоро во сите држави, убаво е што ја има и кај нас и трае неколку години што е позитивно и попозитивно од турска серија. Како и да е, не мрчете за се, се е ствар на избор кој - што ќе гледа.

    Чао.
     
    На anichka94 и Mr. Right им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.106
    Пол:
    Женски
    Пред Нова Година разговарав со една позната за квизов. Она учествуваше, ама не ја гледав. Не земала голема сум, а парите и ги исплатиле. И одбиле за данокот што треба да се плати од добивки на игри на среќа. Натпреварувачите ги бирале еден месец откако ќе се пријават. По ред ги бирале. Лила и банкарот знаат во која кутија која сума се наоѓа, а на Лила и е наредено да не кажува. За учество претежно ги викале оние што не се многу богати.
     
    На kikin и Mr. Right им се допаѓа ова.
  19. #Пепи

    #Пепи Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Луѓе а знае ли некој како се пријавува за игра во квизот?
     
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    На меил се пријавуваш - zabava@sitel.com.mk