1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кембриџ наставни програми во основните училишта

Дискусија во 'Образование' започната од AnaKarenina, 11 ноември 2015.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека имаме многу мајки на форумов, па и постари сестри, братучетки, се надевам дека ќе направиме една дискусија околу новата Кембриџ програма што почнаа да ја воведуваат во најмалите одделениа.
    Не знам точно по кои предмети е тргната старата програма, но конкретно математика по Кембриџ е воведена од лани. Имав прилика да го разгледам учебникот по овој предмет за петто одделение и останав непријатно изненадена од тоа како децата учат да сметаат некои основни операции како множење и делење.

    Штета што го нема учебникот на интернет во електронска верзија (барем јас не го најдов, ако го најде некој нека го сподели), па затоа најдов наставничка која ми го позајми за да го сликам. Ова е лудост!

    Пример број 1
    [​IMG]
    Ај множењето со 20 ќе помине некако, ама што е со операцииве за множење со 19 и 21? Значи задачата е 19 по 6, а децата учат дека прво треба 20 да го помножат по 6, а потоа од добиениот резултат да го одземат 6 што е вишок. Исто и за 21 - множат прво со 20, па после додаваат 6.


    Следно
    [​IMG]
    Задачата е 12 по 25, а децата учат дека прво 25 треба да го помножат со 100, а потоа добиениот резултат да го поделат со 4. Да напоменам дека за скоро секој број учат со кој треба да го помножат, при било која задача, а потоа колку и што треба да одземат/соберат.


    Ова е уште побетер
    [​IMG]
    Задачата е 81 по 3. Децата прво треба да видат кој број со кој најлесно ќе го поделат 3 е најблиску до 81. Откако ќе „пресметаат“ дека тоа е 90, го делат со 3 и добиваат 30. Па потоа од првичната задача, од 81 одземаат 30 по 30, додека не дојдат до остаток. Бројат колку 30ки одземале од 81, па потоа го додаваат остатокот. Глупости!


    А тек во задачи кај што стварно има остаток и резултатот не е цел број, еве како треба да сметаат
    [​IMG]


    Додека пак множењето на поголеми броеви, мораат да го прават со разложување. Ако треба да го множат 438 како што е даден во примерот, они множат посебно 400, посебно 30, посебно 8, па после на крај да соберат.
    [​IMG]

    Има еден куп други нелогичности, ама ова ми беше нај! Работава е, зошто да биде просто кога може да биде сложено. Се знае како се множи и дели, начинот на кој сум учела јас, го учел и татко ми и дедо ми. Најстрашно е за децата што ги фатиле двете програми, па до лани учеле операции на нормалниот начин, а сега го учат ова. Во одделение со 20 и кусур деца, само 5 го сфатиле. Луѓе, ова се цели формули за пресметување обични операции како множење и делење. Ова треба да го сметаат и на памет да го учат деца на возраст од 10 години. И замислете сега оди дете во продавница, треба да купи 12 чоколатца по 10 денари и смета: Ахам, наместо 12 со 10, треба прво да го помножам 10 со 10. Тоа е 100. Па после ми остануваат уште две десетки, тоа е 20. А 100 + 20 е еднакво на 120 :shake:

    Јас искрено нема да знам ова како да им го предадам на децата, особено на одделение кое до лани учело едно, а сега друго.

    Темава можеме да ја користиме и за други предмети, не само за математика. Знам дека по фејсбук имаше многу критики за новите учебници по македонски, конкретно за очајните текстови во нив (го памтам оној со пубертетот и бубулиците :D ). Ама математикава мене ми беше врв и морав да отворам една тема каде ќе коментираме што учат денешните деца.
     
    На ines.h, Idealista, MilaP и 13 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Од ова што го видов е катастрофа!!!
    Сум слушнала дека странците се многу ограничени, но и тие кои го воведоа ова во нашето образование се неписмени и уште повеќе ограничени од нив, па што можеме да очекуваме.
    Ние македонците, па и другите балкански народи можам да кажам сме познати како интелегентен народ, ама со ова само сакаат да го упропастат образованието и да ги уништат новиве млади генерации. До каде ли стигнавме? Што ли му фалеше на досегашниов начин на множење, делење и сл.?
     
    На Ethrnity, jacqueline.s и Ketchup им се допаѓа ова.
  3. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    auuu pa ova e strasno,koj kembric koi gluposti.
    vaka poveke ke gi zbunat decata otkolku da gi naucat.

    do kaj ke tera nasava kutra drzavicka i jas neznam ama nekako se na poloso odat rabotite,pocnuajki od zdrastvoto,pa obrazovanie pa se po red.
     
    На jacqueline.s, Ketchup и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Не сум многу упатена во програмава, слушнав некои работи онака површно и она што мислам досега е да се тешки глупости и ми е жал што моето дете ќе оди низ таква програма.
    Дај Боже чудо да се случи и да се вратиме на оној "понормален" начин, ама реално слабо надеж имам.

    Знам дека родителите се жалат колку се децата преоптеретени со програмата и дека материјалот им е преобимен, а преобимен е, бидејќи ко што кажа Ана, зошто не едноставно кога може компликовано.
    Искрено, страв ме фаќа дали и како јас прво ќе се снајдам во ова каша попара, а на детето треба да му помогнам? :worried:
     
    На jacqueline.s, Ketchup и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Oд еднa стрaнa, дoбрo е и штo се учaт други нaчини дa се реши мaтемaтички прoблем кaкo делење и мнoжење. Требa дa се мисли и нaдвoр oд кутијaтa.
    Oвa е интереснo, нo нa oвoј нaчин дa се учaт децaтa? Oвa сaмo ќе ги испoбуни. Требa дa им се oбјaсни нa нaј прoст нaчин, a пoтoa мoже учителкaтa нa пример дa ги прaшa имaте ли некoи други идеи кaкo дa пoмнoжиме 12 пo десет. Oвa мoже дa се стaви вo делче aкo сaкaш дa знaеш пoвеќе, или дa се рaбoти нa дoдaтнa.
    Oд oбрaзoвниoт систем требa децaтa дa се нaучaт и дa рaзмислувaaт сaми и пoширoкo, нo првен требa дa сфaтaт кaкo се дели и мнoжи, зa дa рaзмислувaaт зa други нaчини.
    Амa мaтемaтикaтa и oнaкa е тешкa, a сегa и јa искoмплицирaa..
     
    На Orthophill, the.one, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    5.845
    учебниците биле сиромашни со текст со цел наставникот да бара информации од повеќе стручни литертури..цц

    Тој наставник дали има време,за секој час наставно ливче,портфолио, електронски дневник,оној класичен дневник,па да учи и бара информации за да се подготви за час.. како постигаат кој знае..
     
    На jacqueline.s и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    @Joi се согласувам со твоето мислење во целост. Убаво е децата да се поттикнат да размислуваат, ама многу се мали за толку комплицирани работи да учат, уште го немаат совладано основниот начин на множење и делење. Овој Кембриџ начинот можеби треба да се стави како опција. Знам дека многу наставнички им дозволуваат на децата да решаваат како им е полесно, ама се чудат како ќе поминат на екстерно.
    Дете кое го знае стариот начин на множење и делење, ќе знае да пресмета и 3458 по 321, и 4927 по 5126, ќе знае да подели и 458 со 22, и 9076 со 63. А дете кое го знае само овој начин, ќе се чуди која бројка попрво да ја подели на единици, десетки и стотки и кое со кое да го множи или дели :|
     
    На OmniaVanitas, Bender Rodriguez, jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.
  8. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Не знам што имаат во главата задолжените за ваквите измени. Следиме се како што се прави на запад, па ајде така и кај нас. Само колку да се каже дека се подобрува нешто. Ова е само за шоу. Најсериозно. Па мислам сулудо е вака математика да се учи. Посебно за дечиња кои имаат по 8-9 години. Ајде ние на факултет па и да разберам да не замараат со вакви ствари, или во средно, за да развиваме логика, да размислуваме надвор од кутијата, ама на деца кои само што се сретнуваат со множење и делење ова е катастрофа.
    Баш како што кажа Ана, ај да помножи 768 со 56, и чек уствари да разложи детево прво на единици, десетки, стотки прво, едно десет минути да размисли како, што па после да помножи. Како бе вака на тест да се решава? Па цел ден ќе ти треба да решиш нешто покомплицирано без дигитрон. (facepalm) Или работава е да научиме што поголеми цифри да сметаме на памет.

    Ги гледав јас и новиве учебници по други предмети. Жално е. Многу е жално. Мојата генерација 2001/2009 имавме толку прекрасни учебници по историја, биологија, географија, абе милина да ти биде да учиш. Убаво објаснето, сликовито прикажано. Гледам ги замениле со некои дупло понесфатливи. Историја искрено јас не можев да го сфатам учевникот за шесто одделение. Толку нелогичности, смешни реченици, ужас.
     
    На mirandaa, Bender Rodriguez, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Btw, многу ме интересира како се вади квадратен корен според КембриЧ?
     
    На eliesaab, teddi, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez тоа допрва ќе видиме 8-| Највисоко одделение што работи по оваа програма е шесто (деветолетка, петто по старо) па уште не се стигнати до тоа. Многу ме интересира што ќе биде кога ќе дојде делот со алгебра, може сосема други формули ќе има. А може и на друг начин ќе пресметуваат плоштини и периметри на геометриски фигури. Питагорова теорема? Пфф, батали тоа, ќе си најдеме друга формула за правоаголен триаголник :D
     
    На LittlePinky, kjukli, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  11. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Simplicity

    ,,The definition of genius is taking the complex and making it simple''

    ,,If you cannot explain it simple it means you don't understand it well enough''

    ,,Everything should be made as simple as possible but not simpler''

    - Einstein.

    Да не бидам оф топик, иако цитативе се у реалација со темата.
    Зашто да не биде едноставно кога ист е резултатот и попродуктивно е и децата можат да се насочат и кон другите предмети а не само математика да разглабаат зошто ова стварно е комплицирано. Јoi убаво кажа тоа да биде посебен дел за позаинтерисираните за тој предмет инаку да си учат по стара програма. Ова е веќе психолошки садизам у образованието.
    Душички децава, жал ми е ептен,
    дефинитивно треба да се превземе иницијатива од страна на родителите да се смени програмава.
     
    Последна измена: 12 ноември 2015
    На eliesaab, kjukli, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.422
    Пол:
    Женски
    Брат ми е сега 5то по ново, до сега имаат земено, делење, множење, не само со обични броеви туку со двоцифрени, троцифрени, дропки и ред други работи. Абе жал ми е. Барем ние постепено и поедноставно ги учевме работите, далеку поедноставно. Сега има деца уште од сега шо добиваат слаби математика за работи кои нам ни беа поедноставно сервирани и ние ги знајме, а тие дури стигнат колку нас нема да имаат поим за нив.
    Не знам дали да ги прокоментирам и другите предмети, ете конкретно македонски го видовте текстот за Пубертетот и пипкањето на мозолчиња. Кога му го прочитав текстот онака ме гледаше зачудено и ми го тргна учебникот зошто мислеше дека измислувам.
    Општество учат работи кои јас во 6-7мо ги учев по Историја, а тој е далеку од тоа, тоа него му е 7-8мо нели? Океј е да се учи историја, постепено, ама вака само ги преоптеретуваат. Вистина е дека детскиот мозок најмногу памти и најчесто за јазици ако учат сега повеќе би ги памтеле во иднина, ама ова е претеризам. Учат англиски од прво, половина клас германски од второ, другата половина влашки. На другарка ми сестра му е 1во по ново, па човеко тортура е. Тортура. Нели кога бевме мали ние велеа родителите: Леле готово детството му се зеде со училиштето :lol: Абе кое детство она нашето ништо не беше, со ова животот му го земат. (facepalm) Исто така сфаќам дека сакаат да воведат понапредна програма, да програмираат деца кои ќе бидат нешто во животот, кои ќе можат да се насочат, да мислат надвор од кутијата, ама тоа не се деца кои до вчера во прво учеле песнички, во второ учеле што е коцка, а што триаголник, за во два месеци во трето да научи цела математика. Тоа се оди постепено. Навистина, две недели нека учеа множење, на крај неа имаја вежби за нови начини на множење, потоа вежби за тест со старите начини на множење, па тест.
    И последно шо сакам да го прокоментирам, дали према Кембриџ, ете ако учат така во Англија, дали децата вака ги оптеретуваат? Барем јас колку што сум информирана - не. Па брат ми цела вечер и цело утро само домашно пиши: да измисли 5 задачи со сите операции кои ги имаат учено, е да не се едноставни, мора да вклучуваат неколку операции во една задача и да има три различни завршетоци. Лесно е да ја реши, решава вакви задачи, ама ај оди напиши. Дете е, ова се повеќе задачи за постари дечиња. Најтешката задача која јас ја имав во 4то (нели по старо) беше: Штркот со две нозе на вагата тежи 5кг, колку тежи ако ја крени едната нога. Пак ќе речам колку што сум информирана, према Кембриџ програмата, ама не во МКД, децата учат уз приказни, уз разговор и знаат пример историја и математика 10 пати повеќе од нашиве кои учат од учебник и напамет. Барем знам дека учењето уз приказка е многу ефективно во било кој предмет зошто така се сфаќа суштината во глобала. Па тогаш и цел овој материјал да е опфатен, ако децата имаат доволно време на училиште и шанса барем поголем % од материјалот да го научат таму - нека биди. Ама нашиве уз 6 часа на училиште каде учат 6 различни предмети - не оди. И концентрација опаѓа и се. Едно е во тие 6 часа три часа да учат, барем еден за одмор да му е, па ете пак да учат, ама интересено да му е.
    Уф колку се нервирам со промените, тоа чудо некое. :shake:
     
    На eliesaab, LivingGlam, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  13. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    20.820
    Внука ми е второ одделение и пред три - четири недели учеа за електрично коло.
    И не е само тоа, целата оваа програма не им соодветствува на годините,им го скратуваат детството и децата се само збунети.Се трча од тема на тема,математика учат доста комплицирани работи уште од прво одделение.Сметам дека е тотално промашена програма.
     
    На eliesaab, slobodka, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  14. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    Можам да кажам дека Кембриџ наставната програма е чиста глупост.
    Единствено може да ги оглупави децата, да ги прави поинтелигентни сигурно нема.Друго не се мотивирани да учат, да си ја листаат книгата, бидејки програмата е многу досадна, сложена, многу мал процент на деца ја свакаат.Многу се и оптоварени, натрупани со материјал и непотребни информации за нив.Незнам во кое одделение се учеше за струјно коло мислам дека 3то, за математиката и да не зборувам.

    Со старата програма многу поубаво и полесно идеше.Материјалот го совладувавме на час, нешто минимално дома требаше да ни помогнат нашите, ке напишеме домашно и ајт на играње цел ден.Е не децата сега цел ден учат и имаат еден куп задачи.
    Плус и родителите се преоптеретени, бидејки верувам дека секоја мајка/татко сега поминува многу време со детето после училиште за да им го објаснат материјалот, бидејки нели на час нема шанса да го сватат.

    Се надевам дека ке ја сменат програмат за некоја година, кога ке видат дека реузлатите не се очекувани, дури и полоши се од оние кои ги имаа децата преку старата програма.
     
    На kjukli, cresa-jagoda и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не само што е промашена програма туку и др. глупост направија кога го воведоа Кемриџ. Еве на пр. моето лани беше 2 одд каде што веднаш се судри со сите операции до 100 а прво беше по стара програма каде што цела год. си пишуваа цртки, ниту да научат да пишуваат бројки барем до 10 и основни операции до 10. А да не зборам за оние кои беа 3одд и им дојде као да рипаат цели 2 одд значи од операции до 10 отидоа веднаш на 1 000. Нормално стана хаос и кој преживи причаќе.
    За грешки кои ги има по книгите е исто така посебна приказна. Не можам да го најдам нивниот гаф за таблица множење каде што пишување во учебник дека 8*7= 54 али го најдов ова чудо од Придорни науки 12187814_10208037475997441_8065007924580116846_n.jpg и навистина става во мисла кој попрво треба да ,,избега,,. Струјно коло се учи во 2 одд, покрај што НИЕ родители треба да го направиме нели нормално детето треба да ја научи шемата на цртање. И навистина ја научи лани само за тест и толку, као те тапшаат по рамо дека он пак ќе си учи по физика во 7 одд. ок е ама во 2 одд?!?!
    Еве сега на пр. во 3 одд имаат 2 часа неделно Работа со компјутер каде што нема компјутери воопшто за цело одд. и успат на тоа треба да учат програмирање. Ако ви текнува ние што порани имавме информатика во 8 одд и учевме е сега тоа го учи дете од 3 одд т.е не го учи. Кога реагиравме до Инсп. во МОН ни беше даден дециден одговор да се снајдеме како што умееме и знаеме а пази може да се случи на некое дете да му се падне тој предмет по екстерно.
    Македонски е исто така посебна приказна за себе но пред се би истакнала некои лектири. Чита мој мали некој си расказ од една лектира каде што жената мажот не го викала по име и не му персирала и затоа тој станал и ја убил- црна хроника, дали да се смееш или плачеш т.е објаснуваш на дете дека некој тресел глупости, незнам.
    Математика искрено и учителката кога предава прави некоја си комбинација од стар и ,,нов,, систем па така и јас го вежбам дома. По Кембриџ ми треба саат време да му објаснам некои раб. ако не му се јасни а по стар т.е мој систем :) 2 мин. Ако сега не му се всади да он ја влада добро математиката што за потоа останува. Нека ја научи основата па после нека тупи мозок со Кембриџ. За тоа бар ја имаме слободата со учителката и важно да се совлада материјал на било кој начин.
    Можеби стварно Кембриџот ја развива логиката кај децата доколку си ептен креативен и посветен 100% но дали имаме услови за таква програма е едно прашање, дали имаме доволно обучен кадар како и платен нормално (да не се лажеме секој оди за плата на раб.). Време ќе покаже.
     
    На OmniaVanitas, Oneo, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Кембриџ е убава и моќна програма, но таа програма е правена врз база на интелектуален, генетски и културно-социјален капацитет на друг народ, а не врз база на нашиот. Тоа се драстично различни услови.

    Ние имаме едвај две читави полуписмени генерации, а спроведуваме образовни програми на држави коишто имаат универзитетска култура од 1.000 години. Тоа е апсурд. Најубаво е да учиш од најдобриот и најпаметниот, во тоа комплетно се сложувам, но да се најде некој модул тоа нивно образование да се имплементира според условите и менталитетот на ова поднебје.

    Образованието и семејството се темел на секое општество. Без квалитетно образование и без квалитетна младина нема никаков просперитет. Кај нас многу слабо се работи на психолошкиот профил на луѓето, а треба многу. Дали кај нас во МОН направиле некој психолошки профил на тоа како изгледа просечен Македонец? Каков е образовниот профил на родителите чиишто деца учат според тие Кембриџ програми? Затоа што детето најголем дел од своето осознавање и утврдување ќе го помине со својот родител кој треба да му пренесува знаење. Како родител ќе спроведува Кембриџ програма кога истите тој/таа се едвај полуписмени? Наставниците се само еден дел од мозаикот, а другите коцки се многу фактори коишто кај нас многу слабо се анализираат.


    Ние имаме тотално погрешна перцепција на тоа што значи образован човек.
     
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Децата во Кембриџ НЕ УЧАТ по оваа програма. Колку за информација, Кембриџ изработува различни видови на учебници и програми, некои во ред, некои не, се разбира... но самото тоа што пишува Кембриџ не значи дека е нешто со Британски стандард. Кој работи со учебници и набавка на истите ќе знае. Ова е чиста глупост и е сосема погрешно и не соодветствува со возраста на децата, а да не правиме муабет дека имаат еден куп грешки.
    Тоа не значи дека ние во Македонија сме полуписмени и не знаеме да читаме или да множиме, туку НЕ САКАМЕ грешни и непотрбно комплицирани работи. Значи ако нештото е грешно.... мора да е точно оти е по Кембриџ, а ние неписмени не го сфаќаме, нели.. македонска неписмена работа. Можеби, и пак ќе речам МОЖЕБИ, програмата и нема толку грешки колку преводиве што се загревови. Она за водената пареа кога го читам, ми доаѓа глава да си удрам од ѕид. Сакам кажам - незнам речам.
    Тој што прошетал по светот знае дека македонците имаат способност набрзина по најлесен метод на памет да пресметаат прости операции, а други нации... имам конкретен пример - САД (се случило пред мене, девојка од САД пресметуваше колку коштаат 3 нескафиња во кафич), земаат телефон и на калкулатор пресметуваат 3*80. Епа, јас не би си ја ругала нацијата само затоа што е наречена МАКЕДОНЧЕ, ама јас незнам човек кај нас да земем калкулатор за тоа.
    Јас би рекла во образованието воопшто, треба да се сменат други работи, како на пример во средно и факултет повеќе практична настава, оценки без врски, и сл. А некој да ми каже дека е во ред по Кембриџ да се учи дека 8*7=54, и ние како македонци не го сфаќаме тоа оти сме полуписмени (facepalm).
     
    На Oneo, An-na, Elena69221 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    @Dorian Gray проблемот е што ова нема врска со Кембриџ :D Нема ништо моќно тука, освен тоа како звучи името :lol: Сме сакале нешто да направиме, ама испаднало каша попара. Го знаеш она, ако правиш план за една година - сади жито. Ако правиш план за 10 години - сади дрво. Ако правиш план за 50 години - образувај народ.
    Не би рекла дека македонските родители се полуписмени. Понеписмени генерации ќе излезат од овие „Кембриџ клупи“. Јас се сеќавам дека во основно, па и во средно, секој родител дома можеше да му објасни на детето што не му е јасно. Мајката на другарка ми беше со средно школо, продаваше сирење во продавница, па знаеше и математика и македонски и историја. Прашај како се учело порано. Џабе сега сите имаме факултети, испаѓаме понеписмени од нашите родители.

    Туку, успеав да го најдам текстот со бубулиците :rofl:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Расцутени цветчиња :f: Си ги пипкаа со прстите... леле мори мајко!


    И еден текст бонус, ве молам крајот да го прочитате
    [​IMG]
    Ме интересира за кое одделение е учебников кај што детето збори за мажачки :drunk:
     
    На V.odolija, Nausicaa, Mishela и 10 други им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Гледам, текстовиве исполнети со интелектуален, генетски и културно-социјален капацитет... само ние сме неписмени и неможеме да ги сфатиме. Текстовите како 'Бате, облаците одат' и спасувањето на малото гулапче (ако се сеќавам добро, ама не се сеќавам на името на текстот) и ред други беа за неписмени... овие за бубулици и немажачки се за повисок капацитет на луѓе и култури :D :D :D
     
    На Nausicaa, MilaP, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Мудри зборови од Сара :D
     
    На simoncelicius, LivingGlam, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.