1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кератоконус

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Worriedmama, 1 мај 2020.

  1. Worriedmama

    Worriedmama Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво Сакам да прашам дали некој има искуство со лекување на кератоконус на очите. Конкретно, на мојата ќерка вчера и дијагностицираа кератоконус и веднаш не закажаа во Систина во среда кај д-р Фанка Гилевска на дополнително испитување и лекување. Ни на крај памет не ни беше, отидовме за едноставно одредување диоптрија и излезе дека има кератоконус. Па би ве замолила за ваше искуство со оваа болест, докторката?, клиниката Систина?... Благодарам
     
  2. blabla1994

    blabla1994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ја имам дијагноза Кератоконус, ми ја открија кога имав 19 години. Тоа е пред 6 години едното око ми е по зафатено од другото. Носам наочари, во мојов случај се доволни.

    Едното око ми е диоптер -1.70 другото -0.25.

    Кератоконус во најголем дел од случаевите не прогресира агресивно.

    И според мое знаење успорува со прогрес после 5,6 години.

    Во најлош случај се трансплантира рожница. Но во ретки случаеви.

    Ако сакате некои по детални информации да споделам со вас слободно пишете ми порака.
     
    На Worriedmama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Worriedmama

    Worriedmama Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Дали правевте некој третман во меѓувреме? Нам ни рекоа дека ако се потврди на дополнителното снимање, ќе треба да се изведе интервенција крослинкинг со цел да се сопре напредувањето на болеста. И уште ова сакам да прашам: дали имате цилиндар на некое од очите ...
     
  4. blabla1994

    blabla1994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Немам правено никакви третмани, ми рекоа на почеток доколку прогресира се прави крослинкинг но диоптерот ми остана ист мене од пред 6 години.

    Имам цилиндар на едното око.

    Дали бевте на преглед вие што ве советуваа да правите следно?
     
  5. Worriedmama

    Worriedmama Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Во средата бевме на снимање и се потврди сомнежот дека станува збор за кератоконус :(. Оперативниот зафат беше во четвртокот и засега е добра, си заздравува, утре сме пак на контрола, па ќе видиме. Мислам дека ќе биде се во ред. Иначе исто има цилиндар на левото око кој за краток периот се зголеми од 0.5 на 3.5. Сега според прогнозата на докторката би требало во најмала рака да остане ист или да се намали малку, па ќе видиме.
     
  6. blabla1994

    blabla1994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Прогресот е критичен кај млади луѓе, посебно деца во пубертет. Јас исто бев на преглед петокот во систина, диоптерот испадна дека на левото око ми е цилиндер -1.50, за десното докторката ми рече дека нема воопшто диоптер.

    Иначе со зафатот што сте го направиле ќе го сопре прогресот комплетно. Да ве прашам дали другото око ви е со кератоконус?
     
  7. Worriedmama

    Worriedmama Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Да, ама во многу почетна фаза. Болеста била симетрична, така што ако се појави на едното обавезно се појавува и на другото - само степенот на развој може да е различен. Е сега за одреден период ќе треба и на другото око да се прави крослинкинг. Иначе, заздравувањето на окото сега што е третирано
    оди одлично.

    Вие правевте пентакам снимање во петокот?