Здраво...Би сакала да прашам во врска со оваа тема ако некој имал искуство со работење онлајн за американска фирма,која не врши трансфер преку банка туку врши исплата со чекови на домашна адреца, како би можеле тие чекови да се уновчат бидејќи банките во Македонија не поддржуваат , односно не разменуваат чекови.Дали да се отвори сметка во банка во некоја од соседниве држави, но ако не си државјанин дали ќе можеш да отвориш сметка...Би сакала да ми споделите мислења доколку имал некој вакво искуство.Поздрав и имајте убава вечер
Чековите од америка додека ги пратат по пошта кај нас ќе чекаш 2-3 месеци, а големи се шансите и да не ти стигнат. Кога враќавме данок од америка после work and travel познаници што го вратија со чек де изначекаа некој не ги ни добија парите. Не е во никој случај сигурна варијанта. Друга работа кај нас банките не ќешираат, порано можеше да си ќеширав во Бугарија, сега најблиску ти е во Врање, али и тамо се чека околку 30-40 дена за да ги добиеш парите како што знам. Е сега има луѓе што имаат амерички сметки и може да ти го ќешираат чекот за 24h легнуваат парите и ти ги даваат. Јас така ќеширав ма другара ама има дечки што го прават тоа за пари околку 50$ ќе си платиш на секој чек. Не може никако на сметка да добиваш пари, или paypal?
Ако не вршат исплата на наша банка, препорачувам USD акаунт на wise, payoneer или нешто слично, ќе им дојде како на америчка сметка да ти префрлаат пари, ти после можеш да си ги префрлиш на мк банка. Инаку, по пошта многу ќе чекаш, мене пратки од Америка ми стигале за 2ипол месеци. Плус ако е чек, некако не ми е сигурно преку пошта. За сметка во соседна држава, ако имаш бугарски пасош без проблем може во Бугарија да отвориш. Ако немаш друго државјанство освен македонско, малку покомплицирано е за сметка во друга држава, ќе ти бараат виза, адреса на привремен престој и слично.
Здраво, добив чек од данок, сега ми треба насока како да го искеширам. Немам америчка сметка, ниту некој што би можел да ми го искешира Во Врање може да се заврши работа? Како иде, што е што е потребно