Киксови & Абсурдни совети

Дискусија во 'Бебе' започната од merriel0, 19 декември 2024 во 09:32.

  1. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Не најдов ваква тема, а мислам е потребна, па малце и да се насмееме!
    Како што гласи насловот, какви совети што немаат смисла сте добиле вие? Или имало некоја сочна дискусија за смеење?

    Еве мои примери:

    1. Бебла не прифаќа лажливка - па да сум ставела мед :clap:


    2. Откако јадев сендвич, ,,Мораш да јадеш течна храна ќе снемаш млеко" мојот одговор беше ,, Сакаш ли да те прснам со млекце?''. :lol:


    3. Не доела никогаш, а ме советува да сум се ограничела со калории за да ослабнам - 5м постпартум. :tmi:
     
    На Victorian и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  2. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    556
    Пол:
    Женски
    Не директно мене ама го прочитав како совет во една ФБ група и се изнасмеав:rofl::

    - стај му дршка од сардела во газето за да се искака

    - на бебе не му се дава да јаде риба додека не прозбори убаво
     
    На Fenix05, theunforgiven, WhiteCat33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    5.385
    Пол:
    Женски
    За ова со риба, ќерка скоро 2 години е. Баба ми вчера на слава ме караше оти јадела риба, не зборувала доволно чисто, за да и давам. :D
     
    На WhiteCat33, Трагедијаупмм, troublemaker94 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.432
    Пол:
    Женски
    "Не примај гости до 40 дена после зајдисонце"
     
    На WhiteCat33, Victorian, baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    11.582
    Пол:
    Женски
    Риба дадов прв пат околу 10 месеци кога имаше бебе. Па бирав во тоа рибарницата пастрмки, па им дремев над глава да ми ги исчистат убаво...
    Спремам дома, запалени сијалици на сите страни, до прозор, да не случајно остане некоја коска па да се задави, а свекрва ми баш тогаш помина и мислам само што не ми ја фрли пастрмката. Зошто? Детето ќе останело немо како риба.
    Нормално дека дете се изнајаде. Фала богу само риба до ден денес јаде без проблем, се друго е на гурање. А збори како некое бабе, не затвора уста ни минута од отворање очи насабајле.

    И лето, сонце пука, надвор 40 степени, бебе неколку месеци, само на доење. Се дрзнаа да ми кажат дека ќе го отрујам детето, млекото можело да ми е веќе расипано, многу е топло, а стои внатре во градите.

    А врвот беше патронажната неписмена. Бебе нецела недела, доаѓа таа, бебе икаше, па кога напна да и капнам неколку капки лимон, ќе ме истепаше кога реков дека нема шанси. Не ја примив после тоа.
     
    На Mumoftwo30, Fenix05, theunforgiven и 13 други им се допаѓа ова.
  6. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    171
    Да ги пружам алиштата на лице, не наопаку, оти немало да расти детето. :D
     
    На Трагедијаупмм и merriel0 им се допаѓа ова.
  7. Unread

    Unread Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Уф еден куп бисери:
    Кога се породив со првото:
    - Царски си породена, не е тоа право мајчинство, затоа немаш млеко
    - Не пружај алишта навечер, детето модро ќе биде
    - Не му ги бацувај нозете, лошо ќе му мирисаат
    Морав на лекар да одам и ми вика оди ама да се вратиш додека да зајде сонцето, детето нема да напредува...
    и врвот е се разболи бебе, и доаѓаме од болница и ми вика ... ти оди на кафе кај другарка ти, ама бебето не може да го носиш, така се разболе....
    Имам книга да пишувам, тогаш помлада многу се нервирав, од денешна гледна точка ми се живи глупости на кои сум требала само да климам со глава и да викам да да важи....
     
    На Mumoftwo30, theunforgiven, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  8. dejanadejana777

    dejanadejana777 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
  9. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Епа јебига сум свртела на англиски малце. Ако може нека поправат (fingers)
     
  10. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Posle poragaj ako ne me bolel mene stomak, bebeto ke go bolelo.
    Da ne go bacuvam bebeto vo gazot, nemalo na gaz da me stava koga ke porasnelo.
    Koga ke mi dojdat gosti da ne gi isprakam I da ne im vikam cao sami da si otidat.
    Koga ke mu isperam alista na bebe da ne mu gi stiskam da se iscedat ke imalo problemi so crevata.
    Nikogas ne sum bila sueverna mada mislam deka sepak ovie raboti nekogas se vistina .
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.206
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Мене мајка ми ми рече да си ја ставам цицката под чешма, да му се разладело млекото, да се освежело бебе, надвор било многу топло.
     
    На Mumoftwo30, Bella.alleB, _budaletinka* и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl:
    Таман и ти ќе си се разладела :rofl:
     
    На Fenix05, theunforgiven, LadyR и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Јас во свекрви пишував ама ајде да повторам пак неколку.

    -Стави му ги рачињата во бело брашно да му бидат бели ноктите.
    -тегли го за носето да има убав голем нос
    - бебе треба кожа на кожа со баба да има близина
    -не треба да јаде риба ќе биде немо
    - не му давај цуцла може да се удави
    - бањај го секој ден по два пати побрзо ќе порасне
    -

    Уште што не!

    Од овакви коментари и многу други сама си ги чувам децата. Не сум во заедница, бегам ако видам постари и на улица.
     
    На Mumoftwo30, theunforgiven, Valeryy_088 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Леле врв :rofl::rofl::rofl:
     
    На Mumoftwo30, merriel0 и Tea SK им се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Ако не го крстиш детето, ќе мириса на куче. Муабетов ми го направи таксист. Кога не му одговорив ништо на тоа, продолжи со муабетот дека затоа муслимани мирисале лошо, дека не се крстени. Само уште една причина зошто автоматски имам полошо мислење за некој ако се изјасни како религиозна личност, полни се со глупи муабети.
     
    На anngelique, theunforgiven, Madi и 6 други им се допаѓа ова.
  16. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.381
    Допаѓања:
    16.621
    Пол:
    Женски
    Кои се вистина?

    Јас им се дивам на жениве што во праисториско време, биле вака креативни со изрекиве.


    1. Не кажувај чао на гости , ќе ти зајдува бебе ( уште во болница беше таква).
    2. Мајката да незнае кога ќе се пораѓаш, тежок пораѓај ќе имаш ( мајка ми знаеше, за 5 минути се породив)
    3. Покривај и го лицето со марамче кога идеш на лекар , ќе ја урочат од страна жени, некоја може има добиено.
    А ич не ми текна да ја прашам докторката дали има добиено.
    4. Нека не се смее многу преку ден, нема да спие навечер ( спие по 12/13 саати, со едно будење, цел ден си се смееме).
    5. Не бацувај по стапалца, тешко ќе прооди.
    6. Риба не се дава, додека не каже Р.
    7. Плаче дека не е однесено на бајачка ( не жено, само од тебе плаче вака).
    8. Кога е топло, млекото во гради е скиселено, не е убаво. Треба да молзеш и фрлаш, па од новото да цица бебе.
    9. Ако цицало бебе, па после несакало, па е вратено на цицање пак после некое време, не било убаво, ќе урочувала кога ќе порасне.
     
    На theunforgiven, Трагедијаупмм, Tea SK и 3 други им се допаѓа ова.
  17. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    @BellaBibi Замисли у праисториско па што совети имале... Овие нашиве можеби и веќе се расипан телефон :lol:

    Ова со разладување цицка е врв :rofl:
     
    На Mumoftwo30 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.381
    Допаѓања:
    16.621
    Пол:
    Женски
    Ама озбилно. Ги замислувам седнати купче жени и ајде сега да кажеме нешто. И ајде таа некоја несакала гости и си измислила дека 40 дена , жена која има добиено или имала односи , да не доаѓа, зошто бебе или ќе се исфрла или бели дамки по тело ќе има. И ајдеее се прифаќа можеее :rofl::rofl::rofl:
     
    На Mumoftwo30, Ena05, baguf4e и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    1.575
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеа хахах, она со сарделата знаеш како функционира па одма за 3 мин. Дури педијатар од плодност ни има кажано за внуката. Присутна бев слушнав сама а и пробано кај внуката.
     
    На Трагедијаупмм и Selena01 им се допаѓа ова.
  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    3.589
    Пол:
    Женски

    Како бе педијатар ваков совет дал?!

    Онн:
    Влечи му ги прстињата да му пораснат нозете.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.