Дали партнерот некогаш ви пререкол ако сте качиле некое кило? Да се случи такво нешто каква ќе биде вашата реакција? Јас на пример имав еден дечко што ми рече дека тоа што сум качила некое кило го мавало на психа. Во тој период останав без работа едно два месеци и поради недостаток на физичка активност качив некое кило, а морам да кажам дека не беше нешто претерано. И да ви кажам право му раскинав. Прво, со ова ми даде до знаење дека не ме сакал поради тоа што сум, туку поради физичкиот изглед, што е многу површно, а таквата љубов не е ни љубов, само физичка привлечност која избледува, како во случајов со некој качен килограм. После тој коментар јас не можев да се опуштам, ако јадевме заедно ми се чинеше дека ми го брои секој залак. Е тоа не го можам и толку беше. А во обратен случај? Би му замериле ли ако он малку си го пушти стомачето? Би му го кажале ли тоа директно или на суптилен начин?
Како може во една врска да се битни килограмите?!! На крај краева секогаш се вели дека оние кои пуштаат стомаче се среќни во љубовта. И дорбо си направила што си му раскинала, бидејќи физичкиот изглед можеби е битен за да започнеш нешто со некого, но не игра никаква улога во понатамошната врска. Жалосно е кога сета љубов би се базирала само на физичкиот изглед.
НАЈПРАВИЛНО СИ ПОСТАПИЛА !!! Ако некој те сака треба да те сака поради тоа што си ти,а не заради физичкиот изглед,тоа е нашата надворешност која многу малку кажува за нашата внатрешност и всушност какви сме ние.Јас имам килограми вишок,па што мојот дечко не ми пререкол ништо и он има стомаче се труди да го снема ( Тешко му оди ) па што јас не го сакам помалку заради стомачето.За мене тоа се глупави работи килограмите НЕМААТ НИКАКВА ВРСКА СО ЉУБОВТА АМА БАШ НИКАКВА!!!Тоа е мое мислење и мислам дека љубовта и врската НЕСМЕАТ ДА СЕ БАЗИРААТ НА ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД!!! Јас така си мислам и мислам дека тоа е правилно
Мене искрено не ми смета ако мојот партнер качи некое кило плус па и помаженствен ми е не сакам маж ми да биде коски и кожа. Исто не му пречи на мојот маж ако се поправам некое кило само ме закачка малку ми вели си додала се приметува по градите ми ја полнат раката, а јас му велам кога одиш во месарница коски ли купуваш или месо, така да ние тоа го сваќаме како шала и не се лутиме еден на друг.
Мене дечко ми ме кара кога слабеам, а сака кога ќе качам 2-3 килца и одма имам спојлерчиња и меше, а воедно и се познава веднаш на градите И стално се караме кога нема да јадам или одбивам да идеме на вечера. Не верувам дека ќе ми преречи ако се здебелам. Сега ни јас не би си дозволила да се удрам на храна и да станам прасенце, ама што има моите килограми нему да му маваат на психа? И Виножитке супер си постапила што си му раскинала. Ти си ги контролираш килограмите, не партнерот. Љубовта па секогаш иде со килограмите Тие што во врска често и се здебелуваат, вечери, ручеци ова она и двајцата со мешиња. А дечкоми пред година ипол ги остави на неколку месеци цигарите и нормално се здебели и накачи 10тина килограми, па ослабна некое килце, а еве периодов со нова работа среќна сум што уште некое килце симнал. Му велам дека беше посекси без мешето, ама никако не го навредувам, ни да му велам да не јаде, тоа си е негово но почитувам кога вежба и кога се храни поздраво
Ако ме сака ќе ме сака каква што сум.. слаба, дебела, грда, досадна итн... Несакам никој да ми кажува да ослабнам, да се здебелам, да не се дотерувам... мој живот, мое тело ќе правам со него што ќе сакам.. Го немам овој проблем со дечко ми. Никогаш не ми пререкол дека сум била здебелена, да држам диета и слично.. дури и кога сум на диета ми вели да не се изгладнувам, дека тој ме сакал каква што сум, дека за него сум била секако убава.. искрено ми годи така што ми вели, но сепак кога сум многу одлучна да ослабам се обидува и тој да ми помогне А да имам партнер кој ќе ме вика дебела и ќе ми наредува да ослабнам, без размислување би му раскинала бидејќи со тоа ми докажува дека не ме сакал искрено и дека не ја гледал мојата внатрешност туку само мојата надворешност.. И обратно да е, дечко ми да се здебели не би ми сметало, .. (секако умерено, не екстремно дебел.. и нема да ми смета за изглeдот туку само за неговото здравје).. сепак надворешноста не ми е премногу битна колку што ми е битен неговиот карактер и неговата душа..
Во една врска килограмите навидум не изгледаат како битна ствар, но реалноста е сосем поинаква. Се случуваат многу ситуации во животот каде што девојката може да качи неколку килограми повеќе или да ослабне. Замерката на партнерот не значи секогаш дека е негативна. Ако јас не приметам, а мојот партнер примети дека нешто не е во ред со моето тело би била благодарна ако тоа ми го каже на фин и културен начин. Се е до начинот на кажување. Истото важи и за мене ако сметам дека треба да му укажам да внимава малку повеќе на исхраната и да се храни здраво тоа не значи дека помалку го сакам, баш напротив. Она што мене ме чуди кај девојките е нивното успевање во накачувањето на 20 кг плус во текот на една подолга врска и очекуваат да бидат сакани кога гзот не можат да го сместат на стол?
Уф каква тема. Искрено, јас не сакам слаби машки. И дечко ми си е буцкаст па никому ништо. Уште поискрено, заедно се здебеливме, мекдоналдс, лесковачка, сок, благо, ова ни беше буквално секојдневие. Добро јас и од плус причини . Е сега ќе шетам наоколу со 20 килограми плус. Јас мислам дека се што е претерано смета. Чим мене ми сметаат моите килограми сигурна сум дека и него. Иако еднаш му реков во сред кавга со дерење ... се цитирам: Ај бе мрш говедо едно ти не ме сакаш затоа што сум дебела па вака се понашаш ... И он на тоа како да не што ти е на тебе. Имаме и зборено на таа тема, он сака малку да симне а јас многу сакам да симнам. И неговите зборови се не се секирај ќе ослабеш, ќе биде се. Додуша за него се ќе биде, за било што и да е а тој да го посакува ќе биде. И стварно да не му сметаат, јас сакам да ги симнам, не сакам да бидам коски и кожа, туку со убави облини а не тродимензионална. И кога пример имаме односи, јас секогаш сакам изгасено светло, а тој секогаш ме победува и телевизорот барем седи запален. Чим сум дозволила да се осеќам неубаво додека ме гледа, не е на арно работата а тој ужива да ме штипе и гњави до милост и немилост. Не дека јас сум нешто поарна. Ама мене психава турбо ми работи и си мислам дека тој си мисли кој знае што. А тој е ветрушка па сигурно не мисли ништо. И баш пред некое време му плачев на темава, а тој ме гледаше и гледаше и ми се изнасмеа од после. И ме гушна ми рече има време ќе биде се. Мислам дека не му смета кој знае колку. Сепак ме знае и слаба, а ме знае и дебела, ме знае и нашминкана, ме знае и во најлошо можно издание ... исто и јас него а нашата љубов е појака од се тоа Се осеќам многу евентуално после реченицава
Мене бившиот знаеше да ми пререче дека сум качила некое килце, ама кога ќе ми го кажеше тоа веднаш му пререкував дека и тој не е баш нај нај со неговата килажа и дека наместо мене да ме мери да си се погледне самиот.Тоа беше таква реакција од моја страна бидекји мотивите му беа не да ми укаже на мојата килажа туку да се обидуваше со тоа да ми набие комплекс.
Ко за белја постојано налетувам на слаби дечковци. Оф леле, постојано си мислам - да си имав некој покрупен, сигурно покрај него ќе бев позгодна, вака... Шала, никакво оправдување не е. Сите биле онака баш слабички, ама еден бивш беше на границата да речеме, се држеше фит, ама со многу труд и вежбање и му се поткаснуваше, ама не сакаше да признае. Но, секогаш се дрзнуваше мене да ми соли памет... Срце, ќе бидеме на диета? Ќе трчкаме на кеј? Ама јас тоа за твое добро злато, ќе ослабиш сега она ептен, ќе симнеш 15-тина кг, за кога ќе затрудниш да не се мачиш да ги симнуваш и овие, плус оние кои ќе ги накачиш во текот на бременоста. Види ти Љубов што ти се вика, м? Со сегашниов постојано ми пререкува како тоа јас немам навика да вежбам редовно. Тоа пред се' , не е само за да го убрза процесот на слабеење (значи се обидува да ми помогне со советиве според него, не ми пререкува, барем така тврди), туку било здраво и убаво за срцето, за кондицијата.... да, да, абе бате се' ми е јасно, теоретски знам најубаво од сите, праксата ми врти стрелка наопаку. Свесна сум, самокритична, се трудам, дефинитивно жива попрво ќе се изедам отколку да дозволам дечко ми да ме опоменува за килограмите. Се сеќавам еднаш јадевме, јас јадам доста побрзо и завршив пред него и само направи една застрашувачка фаца и еден тон ми мавна - Изеде се'??? Од тој момент, не јадев 3 месеци со него, за памет. Се извини 100 пати , не го мислел така, јас си знам како се чувствував во тој момент. За мене лично, не е целосно клише дека човекот треба да го љубиш онаков каков што си е. Ако попатно го зголеми бројот на кг, нема да го отсакам. Ќе се обидам да му помогнам, би држела заедно диета со него, би вежбала, ви го мотивирала - НО НИКОГАШ НЕМА ДА МУ ПРЕРЕЧАМ, НИТУ ДА ГО ПРЕЗИРАМ, НАВРЕДУВАМ ИЛИ ОМАЛОВАЖУВАМ. А во случајот со оној кој упорно ме тераше мене да држам диетичка па... раскинувањето е доволен збор за епиологот на таа приказна.
Болдот: Токму на ова и се однесуваше мојот пост над тебе. Ти не се осеќаш убаво во твоја кожа. Дечко ти те сака и затоа нема да си дозволи да ти каже слушај јас сакам да симнеш од твојата тежина затоа што веројатно така ќе може да те сексам на светло. Утешувањето и штипкањето се убава работа, особено од човек кој што очигледно те сака и не сака да се нервираш, но ТИ ВЕЛИ И ДЕКА ќе ослабнеш-значи се надева дека ти како самосвесна индивидуа ќе превземеш нешто во врска со тоа
Боже Господе. Можеби килограмите не ги накачила од премногу јадење, можеби недај Боже има некое хормонално пореметување или некаква болест? И тогаш - што? Сите муабети и романтики за тоа како се цени умот и душата и човекот првенствено е убав одвнатре ви пропаѓаат во вода. Не можат сите да бидат слаби грисинки и покрај сите усилби и труд, да бројат калории и да се хранат со трева... Не ги осудувајте луѓето дрско и така безобразно, зашто не знаеш утре што може да се случи...
Ако дечкото се фати со девојката додека има вишок килограми воопшто нема право да и пререкува. Значи му се допаднала каква што е, зашто тогаш да ја тера да држи диети? Ако му сметале килограмите воопшто нема ни да ја погледне. Затоа после нема никакво право да прекорува, преречува, презира. Овој тип на мажи што мисли дека ќе ја мотивира девојката да ослабе, што не ја гледа каква што е, туку каква што он ќе ја направи да биде, ми се еквивалент на жените кои се заедно со мажи што не им одговараат, но живеат со надеж дека ќе ги променат. Јеа рајт.
Затоа луѓето измислиле диети и вежбање Не осудувам, но дебелината за мене онаа прекумерна а не неколку килограми вишок е одраз на некултура. Освен што е нездраво, дава слика за човек кој не знае да се грижи за самиот себе, не води сметка за тоа како изгледа и каков впечаток остава. Внатрешната убавина е она што следува после првиот контакт а тоа е физичката привлечност. Да не се лажеме, не се дига никому на ничија интелигенција ниту пак на еден тон сало во кревет. Се може да се случи, болести, хормонално пореметување па дури и повеќе гнетење од вообичаено, но истото може и да се регулира нели? Не да се потпира на тоа, па добро ме сака, каква и да сум ќе ме сака.
Јас не се осеќам убаво затоа што знам дека сум била и во подобро издание. Нигде не реков дека не се трудам да ослабам. И нигде не спомнав дека изгледам како слон и не можам газот да го поместам побогу. Имате малку испревртена слика за полни/дебели и за предебели/болни луѓе. Не реков ниту дека тој не ме сака. Не ме тера апсолутно на ништо, тој си ме прифатил таква. и знаеш ли ти што значи еден тон сало
Извини вака Сексили, ама ти си ужасно многу со предрасуди. Сигурна сум дека немаш ни една пријателка со вишок килограми и ги презираш таквите Многу си во грешка. Не секој човек може да се справи со диети и вежбање, има проблеми со здравјето и сл. И друга работа. Диети, вежбање, јадење, се тоа се контролира со волјата. Ако сите така добро се контролиравме немаше да постојат пороци. Луѓето немаше да пушат, да пијат, ќе одолееја на се и сите ќе водеа здрав живот. Муабетов твој мене ми е безвезе. И да, има мажи што сакаат крупни девојки, знам многу такви случаи.
Метафора за дебела, мноогу дебела, која што била прилично згодна кога се упознала со дечко и, за подоцна да стане толку дебела и да не може навистина да го смести гзот на стол. И не алудирам на тебе, но не можам и да не генерализирам кога во 90 % во случаевите се покажало како така. Зошто?
Девојките во една подолга врска очекуваат да бидат сакани, бидејќи се во подолга врска, бидејќи се со личност со која се ПОДОЛГО и со таа личност имаат милиони работи, поради кои се сакани, кои главно и немаат врска со физичкиот изглед. Привлечноста многу често дури и нема никаква врска со физичкиот изглед. Дури и мене ми се случува да ме привлекува дечко, кој што не е „највечи фраер у маало“, нема „сикс пак“ на стомакот, нити пак мишичи за да му се обесам на рака. Но, да, проблемот е генерално во долгите врски, генерално во животот на луѓето и притисоците, кои што ги доведуваат до тие плус 20 кг. Не е бидејќи се претерано гладни, не е бидејќи сакаат да шетаат заоблени наоколу и да очекуваат дури и да се тркалаат по улица дека партнерот покрај кого и тие биле долго, ќе биде со нив и додека поминуваат низ тој период. А, дали тие тоа самите ќе си го увидат и ќе решат нешто да превземат е нивно лично право. Доколку нивниот партнер не го разбере тоа, тогаш тој губи. Слободно може да си најде секси згодна девојка, да ја остави „кацата“ и после на крајот пак ќе трча по истава што ја оставил, згодната нема да му е доволна е зашто, па нели не е се до физичкиот изглед. Килограмите доаѓаат и си одат. Секој сам треба да реши дека е време за промени, доколку навистина сака. Самиот заради себе си треба да го направи, доколку онаков каков што е не се чувствува удобно во своја кожа, не заради другите, не заради партнерот или заради било кој друг.
Извини, ама јас таков случај не познавам ни еден. До толку од згодна да не може газот да го мрдне ... Сепак секој со своите размислувања. И јас имам многу такви другарки како тебе, кои зборат страшни работи за дебелината, и за полни луѓе, а на мене и на една другарка што сме полни ни викаат срциња колку сте слатки. А ние да нафта пиеме. Дебел човек секогаш може да ослабе, а човек без душа никогаш не може да се смени на подобро.
Мене лично опасно ми шетаат по живци таквите слаби цури кои се опседнати со броење калории, пијат исклучиво минерална вода, порачуваат зелена салата, без сол, без масло и деноноќно, макотрпно работат на случајот да не се здебелат 200 гр. живеејќи во константен страв дека дечкото ќе им пререче дека се дебели и ќе ги остави. Уште повеќе, смешни и патетични ми се, кога да речеме гледаат убаво заоблена девојка, со некои 5 па еве и 10 кг плус, а до неа си води убав дечко и зеленеат од љубомора, па почнуваат муабетите - како може ваков тип да шета со ваква крава, слоница, итн, итн... сите можни епитети од животинското царство. Овој синдром ми е толку распространет, а ваквите стереотипи толку слушнати и видени, што ми е мака што воопшто се расправам на темава. Што е проблемот? Се бара твоето мислење и став. Си го кажуваш и не си го пикај носето во туѓа приказна. Ти си кажуваш дека си слаба и твојот став е дека дечкото би требало да ја отсака девојката ако накачи 20 кг. Некои не мислат така. Крај на приказната. Ама немој жити се' да вадиш цитати, да болдираш и да не просветуваш тука што и како мислел дечкото на девојката која си ја цитирала. Ниту сме се виделе, ниту се знаеме, од каде ископа такви психијатриски наоди, не сфаќам...