Пред некој ден во каталог од еден маркет го видов овој чај, е сега сакам да прашам дали некој што го користел овој чај имал добри резултати? -Напоредно сум јас со диетата на Иренна но еве ова како помош да ми биде
Да, има резултати, доколку внимаваш на исхраната бидејќи читам дека веќе си на диета, значи ќе имаш резултати дококу го пиеш. Јас го пиев и не внимавав многу на храната, и пак даде резултат, симнав некое килце тогаш кога го пиев. И да знаеш дека многу многу тера во веце, ќе се истуриш од пролив...внимавај...таму пишува 3-5 пати на ден да се пие, ама јас не можев толку па го пиев 2-3 пати на ден.
Го имам користено како лаксативно средство ,помага бидејќи нема да имаш надуен стомак ама со тек на време не помага како лаксатив ...
јас го купив и го пиев некои си 3-5 дена ама го прекинав од причина што многу често одев во вц исто како да имам пролив и цревата ми правеа револуцја се претотував додека да одам во вц можеби е ефикасен ама мене дусата ми ја извади хаххах
Јас зимава го пиев оној за слабеење и навистина делува како лаксатив. Бидејќи имам мн спор метаболизам, ми помагаше да се изпразнам, но сето тоа проследено со мн болка во стомакот . Сега го пијам оној против целулит (но пијам и една до две дневно лажички сусамово масло, па не знам од што точно е) и ми се нормализира метаболизмот. На УН диета сум, што подразбира здрава исхрана и нели и од тоа треба да ми е ок, но пред две недели стомакот ми беше како темпирана бомба...е сега, откако почнав да го пијам овој против целулит, мешето ми е топ така да, ја сум ЗА Кирколина
Супер ми е овој чај, но мислам дека секој треба да си одреди сопствена мера на дозирање. За мојот организам, она што е наведено како препорака на пакувањето е навистина премногу. Ај што не можеш да излезеш од тоалет, ама навистина многу непријатна болка се јавува во стомакот. Сега си пијам два пати неделно по еднаш и ми се среди целиот метаболизам.
Јас го пијам веќе подолго време и навистина има резултати бидејќи имав бавен метаболизам, а другарка ми немаше никакви резултати, но таа и така си имаше брз метаболизам. направив пауза ( не го пиев одреден период) и пак си одев во wc значи не се станува зависен. јас сум многу задоволна
http://www.kirkapharma.com/eng/series/?conid=259 Ова е нивната веб-адреса, може да ги прашате што сакате и има корисни информации. Инаку јас го пијам веќе 3 ден и вц шољата ми стана најдобар пријател Викаат дека бил ефикасен, но после 2 недели пиење требало да се направи пауза за да не дојде до т.н.мрзливо црево Со среќа на сите што го пиеме и пишувајте какви резултати имате. Позз
И јас си имам проблем со метаболизмот, и сум истотака на УН диетава, ама џабе, ист ми е метаболизмот, бавен, се случува и 10 дена да не идам во WC (по голема нужда). Е сега да го купам да го пијам ама што одкога ќе престанам, да не ствара зависност и пак да се вратам на старо...со бавен метаболизам или полошо...?
ја разгледав страната и видов покрај чајот, има и кирколина капсули и капки.... дали некој има искуство со капсулите и капките?
малце офф-топик! јас го имав истиот проблем,сега веке не..мора да смениш начин на исхрана,сабајле јади мусли со мелко или пробиотски јогурт,па после тоа кафе,и користи храна што содржи цели зрна(не се разградуваат и брзо се исфрлаат од организмот)што значи дека ке губиш и тежина,незнам вода колку пиеш-ама мораш колку и да звучи клише-тоа е основата,и не јади јаглехидрати и протеини заедно(месо и компири,месо и ориз),и чајов пиј го треба да ти помогне!гуд лак
Фала dunika. Претходно напишав дека сум на УН диетата, значи секој ден појадувам овошје и токму таа диета е да не се мешаат протеини со скроб или со јх, значи еден ден внесувам само протеини, другиот ден само скроб, третиот само јх и четвртиот ми е овошен, што значи тој ден цел ден јадам овошје. Вода пијам како ненормална нон стоп шишето ми е во рака, дневно пијам 3л некогаш дури и четири, покрај водата пијам дневно и по една чаша зелен чај и пак исто.