Киропрактика

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од rajna-vojvoda, 17 август 2011.

  1. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    феминки помагајте!!!!
    дали некоја знае каде во Скопје има некој кој мести изместени зглобови лигаменти....
    си имам изместено зглоб , ортопед не може да помогне дури самите си го кажуваат тоа, и затоа сакам да најдам некој што мести зглобови, дури сега дознав дека тие се викаат хиропрактичари. во светот дури си постои и школо за тоа. умирам од болки ;( ако може некој да помогне би била преблагодарна
     
    На zaregj му/ѝ се допаѓа ова.
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.417
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    Јас ќе се приклучам на темава ама не со одговор, туку со дополнително прашање, ако има некој информација и за вкрстени лигаменти, некој начин, некако да се средат без операција?
    п.с. Војвотке :) се надевам немаш против што вака се приклучив, ама мислам кој има информација за твојов проблем можеби би имал и за ова...
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    58.841
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    Има во Велес еден, јас кај него отидов ногата да ми ја намести, имав некој нерв превртено. Значи тоа се огромни болки додека местат - ама те охрабрив :D - сепак на крај краева вреди да ја истрпиш болката. Јас според докторите, чекав еден месец, и тоа во мај, имав матурска на 19ти мај а на 17ти не можев да одам. Кога отидов, веднаш ми ја намести, ем на штикли 12цм се качив за два дена...

    Добро сега, имав болки отпосле, па пак носев еластичен завој, па масажи едно друго, битно ми помогна многу повеќе отколку сите доктори заедно. :)

    Едит - уствари типов е кај поранешен Лозар, на локалниот пат од Велес за Езеро Младост. Ако те интересира, можам да најдам бројче и да ти објаснам како точно да стасаш до кај него. :hai:
     
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.417
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    ^^^
    Дози а има шанса да ,,среди,, вкрстени лигаменти? :worried:
    Ако имаш бројче те молам пиши ми и мене по лп, па ќе се јавам ќе прашам...
     
  5. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    716
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    Точни локации стварно не знам, ама ќе ти кажам отприлика. Во Ново Лисиче има еден Али, во Шутка ако не се лажам, Цакан ама искрено не знам дали е уште жив, слушнав некои муабети дека не е. Железничарот исто таму негде кај Цакан, иако овој не е баш добар. Од искуство на близок домашен, најдобро помина со Цакан и тоа местење на нерви ли што и да беа во пределот на кичмата, три секунди и си одиш исправен, едноставно чудо. Другиве ми се чини не се толку добри, ама може па и ќе ти помогнат. Значи само распрашај се за точните локации, стварно тука не можам да помогнам :worried:
     
  6. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    ако можеш те молам пиши ми во лп порака со бројот
    за 2 дена идам на одмор а едвај се движам :(
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.781
    Пол:
    Женски
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    Јас имав проблем го повредив коленото и после незаинтересираноста на докторите во градска болница отидов кај Рибарски Ванчо во Велес, човеков не знам што му направи на коленото кое ми беше тупан отечено, дури не ме ни здоболе потфатот, ама ми го намести коленото и немав никаков проблем потоа. Дури истиот почна да ми го мести и стапалото кое го имав изместено уште во средно немам врска дали е со лигаментот, не ми смета ама не газам правилно мислам и ми рече ако не се намести да дојдам пак. Јас смотана не отидов и после некое време слушнав дека човекот умрел, не знам колку е вистина, порано имав визит карта од него ама ми беше непријатно да се јавувам да прашувам. Сигурно ми стои уште дома. А денес дознав дека имало некој човек во Бутел кој многу помагал. Не знам ниту име ниту презиме ама можам да дознаам број. Ако си заинтересирана ќе се распрашам па ќе ти пратам број по лп.

    едит-опс еве го дознав името и бројот ти ги праќам по лп, инаку бил одличен дури и дома доаѓал ако сакаш.
     
  8. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.341
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    Со кој ум може така да одите кај некој неспремен, поголема белја може да ви направи. ортопедот не сакал, па сега по тријачи ке одите, како тие да разбираат што прават. Мој совет ти е да не се зафркаваш, за цел живот можеш да си направиш проблеми, во Макдонија нема такви устручени. Слушај што ти кажува докторот, поспремен од него за таа област не верувам дека е некој дедо што го научила прабабаму да мести ке ти помогне.
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    58.841
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    ^ Па кога ти е последна опција, што ќе правиш ??

    Јас бев многу против овие самоуки тријачи, прилично бев со истиот став како тебе. Докторите ми викаа да мирувам, дека само од себе ќе се наместело... Ама кога не можеш да стапнеш, еден месец си со лонгета дома, имаш матурска за два дена... Што би направила на мое место ? :D

    Отпосле човеков ми кажа дека тоа НЕ може само од себе да се намести, дека уствари требало да ми го наместат пред да ми ја стават лонгетата.

    Инаку знам за тој Рибарски, мислам дека сега син му мести. Знам за уште еден човек, кој со НОГА местел вакви работи. :o А можно е овие двајца да се ист човек, стварно не знам.

    И пишав на другарка ми да ми го каже бројчето, и рајна и енца ќе го добијат во лп. :) Па пробајте, нема што да се изгуби.
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.781
    Пол:
    Женски
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    Хехех немој да ми кажуваш за докторската стручност и спремност, доволно знам за тоа, јас кога го убив коленото не ми ни помогнаа да се качам и симнам од креветот за снимање, докторката не го ни допре коленото само го гледаше како теле и ми дава маст :o а коленото беше тупан не можев да ја движам ногата. Човеков од Велес кој беше стар и болен едвај му фукнкционираа рацете, ми помогна како ниеден доктор.
    Еве сега ми кажуваат дека човеков од Бутел кој се вика Марио и кај дискус хернија помагал.
    Затоа не слушај гаталци, слушај паталци.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    мене пола фамилија ми е доктори фармацевти и стоматолози и самите тие кажуваат дека лекарите за такви работи не можат да помогнат ништо ама апсолутно ништо и жално е како ги мачат лугето и не земат да отидат на некој курс да го усовршат тоа па да не мораме по гатачи и тегначи да идеме
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    716
    хиропрактика (местење изместени зглобови, лигаменти..)

    Немој вака да размислуваш, затоа што верувај од каде знаат, што знаат поима немам, ама ако е нешто што може да го среди доктор нема да те чепнат, имаат фат, некоја дарба, исто ко што некој знае убаво да црта, друг не, глупава споредба ама така е. Е сега не сите, има многу нови што мислат на тој начин да се опарат. Откако јас видов што и направи тој Цакан, погоре што го спомнав, на една баба од 80 и кусур години почнав во чуда да верувам. Дојде целата укочена во количка после се симна сама по скали. Ете погоре спомнав дека мој близок имаше проблеми, заедно со него одев по ортопеди, каде што како единствена опција нудеа операција, еј ало операција на кичма како ништо да не е, колку се „стручни“ докториве во таа област па да не збориме. На крај како последна шанса пред операција отидовме кај овој „местачов“ за 3 секунди крц крц и веднаш опуштање и олеснување, без операции и глупости. И не ни бараше пари, нормално дека треба да оставиш, ама и да не оставиш нема да те застане и да ти рече плати ми. За другите не знам, ама човеков стварно знае да помогне. Ако сте во можност и од Скопје прашајте некој сигурно знае каде точно беше, или јас ќе прашам попладне па ќе пишам пак, само реков не сум сигурна дали уште е жив и дали уште работи. Како и да е сепак ќе пишам попладне барем во која населба беше
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.238
    Допаѓања:
    136.402
    Пол:
    Женски
    Fearless, немој со толку скепса да пристапуваш кон тоа, навистина лекарите не можат секогаш да помогнат. Школо си е школо, ама не помага секогаш. Кога јас го шинав глуждот на десната нога пред едно десетина години, отидов одма на хирургија во болницата и знаеш што ми рекоа? Оди кај тој и тој, веднаш ќе ти ја намести, а ние да ти ставаме лонгети или гипсови нема потреба, човекот ќе си заврши работа. И бидна така, фала му на Бога, веднаш ми ја среди - навистина болеше многу, ама брзо ми помина.

    Само да разјасниме, темава не е за „самоуки“ местачи и тријачи, киропрактичари се вид физиотерапевти (барем така мислам) кои професионално се занимаваат со местење, триење и масажа на изместени зглобови и лигаменти. Тие се обучени за тоа. А отсекогаш сум се прашувала - како „самоуките киропрактичари“ знаат како треба да се мести? :?:
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.417
    Женски а има некој некаква информација за вкрстени лигаменти?
    некој надри лекар може да помогне при ова или тропам глупости...а и да тропам од пуста надеж е верувајте...
    Ако некој има познавање, знаење, искуство со ова ве молам пишете ми очајна сум...
    Инаку е спортска повреда...мажот ми е фудбалер, па бараме начин да не дојде до операција (што е малку веројатно :worried: ), во спротивно треба да биде надвор од терен околу 7 месеци, а ептен ама ептен тешко го поднесува тоа, а богами ни јас...тешко се носам со ситуацијава...
    Ако не е за тука, отворете нова тема...
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155

    А што кажува спортска медицина? Може нешто да се среди со масажи? Има таму некои масажи за фудбалери при такви проблеми што имам онака општо познавање ама незнам колку стручњаци има кај нас
     
  16. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    96
    Denes bev kaj eden turcin vo Kapistec i posle toa sto go vidov smetam deka nema podobar vo Makedonija.Ali od Novo Lisice,Tair od Gorce i ostanatite mislam deka voda mozat da mu nosat.Covekot e na vozrast okolu 60 godini ima uceno vo Kina 8 godini i so taa diploma ima ortvoreno ordinacija koja raboti turbo.Se naoga na okolu 100 metri od crkvata sveti Jovan levo na ulicata sto odi sprema Vodnjanska prvite dve spoeni novi zgradi od levata strana na taa ulica i na ednata od niv ima ogromna reklama Sava Tabak osiguruvanje.Bilo kogo da prasate od dukanite ke vi kaze kade e tocno ordinacijata.Inaku covekot e golem zafrkant i dodeka ste tamu ima smeenje do solzi. :)
     
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.417
    Спортска медицина е 90% за операција и пауза од терен околу 7 месеци, што маж ми тешко ама баш тешко ќе го поднесе, е сега не се скинати лигаментите, само влакната раслоени, само работата е што и при овој случај се препорачува истата операција која не е воопшто наивна, иако повредите се различни, скинато и само раслоено...па бидејќи е поблага верзија прашувам да не некој имал искуство ова да се среди надвор од медицински установи, со некој незнам надри лекар или било како...бидејќи очајни сме во буквална смисла на зборот :worried:
     
  18. zaregj

    zaregj Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Може да ми пратиш број на маил адреса zare_gurcil@hotmail.com Ви благодарам однапред
     
  19. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки
    Знае ли некој каде во Скопје прават Киропрактика?
     
  20. Kikiccc

    Kikiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Кај доктор Туран во Скопје, населба Тафталиџе улица Букурешка (бр незнам, заборавив)