Дали на местата каде сте работеле колегите се групирале во некои да ги речам кланови?Дали тоа пречи и зошто го прават луѓето?На две работни места имаше такви некои групи, каде колеги се здружуваа, а сега некогаш беа моќни, а некогаш не, и се обидуваа некого, да наместат, да оцрнат, да опструираат. Но, тоа се победува со квалитетна работа, игнорирање и претпазливост. Јас мислам дека тоа работниците го прават од интерес, и тоа најчесто оние кои се помалку способни и се чувствуваат загрозени. Ваше искуство?
Skoro na sekoe rabotno mesto ima "klanovi"! Toa se ludje za zalenje. Nemaat nikakva sposobnost,osven da pravat spletki na sposobni,obrazovani i posteni ludje.
Од мое досегашно работно искуство можам да заклучам дека многу луѓе си мислат дека сите ние на работа треба да си бидеме другари, семејство и што ти не. Не се согласувам. На работа треба сите да се сложуваме до одреден степен затоа што поминуваме пола ден заедно и да имаме коректен однос за работните обврски да се извршуваат во најдобар можен ред. На работа имам луѓе со кои можам да се заебавам, да се смеме на различни теми, да збориме за сериозни теми, да си кажеме по некоја приватна работа за нас. Ќеф ми е паузите да одам да ги поминам со нив некаде надвор од канцелариските ѕидови и да правиме било што од обостран интерес. Достапна сум им и после работно време за било што. Тоа од друга страна пак не можам да го правам со сите, ниту сакам некој да ме силува и втурнува во такви вештачки односи. Ако некој тоа го смета за „членување во клан“ - пеки, немам проблем. Никогаш намерно не сум се замарала да оцрнувам некој. Што можам помагам и се договарам, особено со понови колеги на кои им треба повеќе внимание во прво време. Ако се оди на групна забава после работа, никој не е одвоен. Ако се купува заеднички поклон за било кој колега, исто така. Ама дека не ми се сите исто, не ми се. И не ме оптоваруав тоа се додека сум коректна за сите други работи.
Тоа не е клан. Клан е за мене кога се групираат луѓето со намера да наштетат на друг. Не оправдувам кланови, а за да не се смета дека сум дел од некој клан и за да некој не сфати така, се држам на дистанца и си работам само. Јас сум била сведок дека жени кои се карале и навредувале на работа сега прават клан и глумат „пријателки“. Тоа се мизерни луѓе за мене. Затоа главата доле, работа и само работа.
Менталитетот кај нас е таков што луѓето се склони кон групирање и организирање хајки. Индивидуализмот е многу слаб, ги нема ладнокрвноста, прагматизмот и работната етика по кои е познат западниот свет. Луѓето тука во се влегуваат со повеќе емоции, па така и некого ќе замразат, ќе прават планови да го елиминираат , хиените се заедно посилни. И тоа е.
Можеби и беспарицата и фактот што тешко се наоѓа работа си го прават своето. Можеби тоа е една причина плус која ги тера да елиминираат луѓе кои се способни.
Ама со ништо неможе да се оправда постоење на „кланови„! Ни беспарицата ни било што друго. Секој треба да си ја работи својата работа најдобро што може. Да е способен. Е неспособните се тие што се здружуваат во „кланови„ и ги матат работите. Тое се претежно несреќни,неспособни луѓе и најголеми озборувачи. За жал кај нас во МКД таквите и просперираат.
Да. Интересно е дека тие што се мразат по потреба се групираат во клан, за да наштетат на друг. За жал, кај нас многу такви неспособни луѓе се толерирани и земаат работно место на некој кој би работел повеќе и би придонел повеќе. Кај нас има многу вредни луѓе, барем во мојата фела сум сретнала способни луѓе кои се вечно во позадина, а други се експонирани, ама не се ништо посебно, туку се манипулатори.
Кланови има секаде не само на работно место, кланот по дефиниција е збир на луге кои бранат исти интереси. Некогаш се тоа кланови кои гледаат да ги заштитат само сопствените интереси а некогаш лугето се групираат со цел да наштетат на одредена особа или особи кои не се по воља на водачот на тој клан. Постојат и кланови кои се таканаречени улизурковци кои имаат за цел да им се додворуваат на раководните структури за да имаат некаква матрејална корист или да си го зацврстат своето работно место доолку дојде до отпуштање да не се најдат тие на тој список. Кланови најчесто се прават во фирми каде има многу вработени а тоа се фабриките. Секој клан има свој водач а останатите мислејќи дека го штитат сопствениот интерес всушност го штитат интересот на водачот. Сите генерално сме против кланови а всушност на овој или оној начин сме приклонети кон некој од нив, затоа што никој не сака да биде оставен на ветрометина и на удар на сите нив.
Во администрација, особено ги имам заприметено. Без пардон се гази оти, таква атмосфера створиле главните. Директори, функционери - наскоро поранешни, кои, отворено ги подбуцнуваа(т) вработените едни против други. Отворено бараат да им се каже/да издадат некој од вработените. Издвојуваат еден,двајца, неколку вработени кои им се редовен таргет за општ потсмев на секој нареден колегијален состанок (дур им е интересно), а сето се почнува од воџата па продолжува со љубимците. Кога главниот ќе створи таква атмосфера... скроз нормално е да има такви кланови. Оти, сите се тепаат за да бидат со воџата и да на следен состанок заедно со воџата се смеат на некој,место да им се смее воџата и колективот на нив.
Да и многу други работи имаше во администрацијата во последното десетилетие. Иначе, расипан до ср'ж - конкретен лик. Сите го знаат, ама, колку што се овие на власт, толку и тој е на позицијата.
Сепак мислев дека администрација е колку толку подобра од приватен сектор и дека нема мобинг, а не па уште исмевање и деградирање. Не смеат да се однесуваат како жени на чешма, не личи, образовани луѓе. Инаку јас кај што работев претходно, атмосферата беше како на пазар, види го оној, види го овој, погледни на фб што има. И после немало плата, пропаѓа фирмата, епа ќе пропаѓа од такви со факултет, а се однесуваат како на пазар да се.
Сопки имало и ќе има. И јас не сум за многу зближување со колегите од работа до степен да им кажувам каков ми е мажот, како ми изгледа домот. Преферирам да се држам до мојата работа и да не се зближувам со луѓето. Секогаш кога ќе дојде некој нов се прават сплетки.
И не треба. Се прави голема грешка кога колеги за колеги знаат кој каде живее, со кого живее, во какви услови живее, кој и е дечкото, мажот, се оди до таму што се коментира која жена не може да забремени. На работното место каде што сум сега се зборува само за работа, а не за приватни работи.
Моментално сум мета на таков клан, да бидам искрена ич не ми е сеедно. Веќе недела време си го измачувам умот и барам причини, барам мои грешки, барам решение на ситуацијата... Сметам дека ме вовлекоа во оваа ситуација две причини, првата - сум нивна претпоставена на работа (подобра плата, подобри услови), втората - не учествував во нивните озборувачки дискусии па со тоа не бев забавно друштво за нив. Се заборавија сите аванси од плата, се заборавија сите совети за работа, другарскиот однос, сите дадени слободни денови... Десет пати ќе доцни на работа, еднаш да му преречеш да го запази работното време одма навредени се, 5 слободни дена ќе му дадеш и само еднаш ќе го одбиеш веднаш се заборавени тие 5 а се памети тој слободен ден кој не го добил. Спојлер Знам , злобно е од моја страна ама оваа што е до мене најблиску ќе го крка... Додуша и само нејзе можам да ја решам!
Ако си претпоставена ич не се нервирај. Ти можеш да пресечеш. Критично е ако си вработен, па и нов, па те измачуваат луѓе кои се во кланови. Сега кај што работам се строги и сите бонуси мора да бидат дебело заслужени, ама па тоа е здрава работна средина.
Можам да пресечам, ама не е сега моментот... Искрено не ми се може до толку баш сега, треба прво замена за колешката па после опроштална да и организирам. Ако сега пресечам ќе си ја триплирам работава (ок и платата) и ќе морам по цел ден да сум на работа а имам мало дете, имам обврски и дома. Ќе морам да чекам, да бидам трпелива...а после малку злобничка да бидам. Сакам да го слушнам прашањето од колешката ,,ЗОШТО?,, и да и кажам ,,Зашто ми се може!,,
Па тоа ти е царството на клановите. Еве кај што сум јас, се поделиле неколку групи, дали партиски или од завист и сл. Ќе речеш луѓе со ВСО а се оговараат како жени на чешма, а кога ќе видиш секој секого оговара. Најсмешно ми беше порано кога ќе почнеа да се вреѓаат или да си префрлаат на управен одбор Кокошки, не си гледаат во својот кокошарник Ама можат да бидат многу опасни, настрана од нив зашто се како холивудски режисери, ќе исфилмаат нешто за тебе и ќе разнесат по цела институција. Ти нема да знаеш, ама сите други ќе знаат.