Клетници (Виктор Иго)

Дискусија во 'Книги' започната од BeYourself, 26 јули 2011.

  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.594
    Не верувам дека некој може да и’ остане рамнодушен на книгата!
    Се чита во еден здив. Преубава е!
    Но, јас ја читав скратената верзија. Сега, би сакала да ги читам оделно 5те тома. Верувам дека ќе бидам исто емоционална како и првиот пат.
    Главниот лик е Жан Валжан, поранешен затвореник, обвинет за кражба на леб. Тој излегува од затвор и сака да започне од нула и со чесност и морал стане човек со материјална сигурност и достоен за почит. Со него се поврзуваат и животите на други ликови. Неверојатно е како Иго ги поврзува еден со друг ликовите кои имаат тотално различни приказни. Други ликови се Фантина и нејзината ќерка Козета. Девојки кои немале среќа во животот, но тој се менува на подобро благодарение на Жан Валжан. Омилен лик ми е Жавер. Тој е полициски инспректор кој постојано го следи Жан Валжан и затоа предизвикува одбивност или омраза кај читателите кои навиваат за главниот јунак. Но тој всушност е фанатик, кој е верен на својата професија. За него светот е црно-бел, на затвореник не може да му се верува. Според него луѓето не се менуваат и законот е тој којшто никогаш не греши. Својата заблуда ќе ја открие кога во една ситуација сфаќа дека законот понекогаш е неморален и неправеден. Разочарувањето од слепата верба и рушењето на неговата животна филозофија ќе прочитате до каде ќе го однесе. Еден негов цитат: "Лесно е да си добар, тешко е да си праведен." На Вас оставам да си изберете Ваш омилен лик од наведениве или остантите чиишто животни патишта Иго ги преставил одлично, така што едноставно се соживувате со нив.
    [​IMG]
    Топло ја препорачувам книгата, на секој!
    Мене ме остави без зборови, без здив... Верувам и вас!
    Епа, девојки, кое е вашето мислење за оваа прекрасна книга која има добиено и многу критики?

    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0% ... 0%B3%D0%BE - Информации за писателот, од википедија. Погледнете. :)
     
    На poi, DeRose и esperanca им се допаѓа ова.
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Немам зборови...прекрасно дело, колку ноќи само сум ги поминала без сон, колку журки сум ги пропуштила и на колку тренинзи сум закаснала, само за да прочитам 5/6 глави повеќе и да знаам што ќе се случи понатаму...а секогаш кога се спремав да ја оставам, тоа го правев минумум после еден час :)
     
    На poi и BeYourself им се допаѓа ова.
  3. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Ми беше дело за обработка минатата година, ја прочитав но не ми остави многу голем впечаток, но се согласувам дека имаше интересна содржина и се читаше многу брзо.
     
  4. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    78
    Дефинитивно мојата најомилена книга од средно.
    Ја прочитав во еден здив, а се сеќавам дека многу плачев додека го читав крајот.Едноставно ме потресе судбината на Жан Валжан.

    Во личноста на Жан Валжан се кријат два аспекти на еден ист проблем: како се станува злосторник и како се преовладува негативното на човекот, за да се стане човек во вистинска смисла на зборот?
    Одговорот на Иго во првиот дел на ова прашање е категоричен: не е виновен Жан Валжан што украл леб за своите внуци, туку општеството кое не се погрижило да ги нахрани и го натерало да го направи ова зло дело. Жан Валжан е човек од народот, кој би можел да му биде корисен на општеството, но ова, место да му даде можност со работа да го стекне најнужното, го тера да стане злосторник.
    Клетници е роман во кој е насобрано искуството на цел еден живот кој претставува величествена фреска на времето, што ги опфаќа сите општествени слоеви, почнувајќи од оние што стојат на најниското стапало на општествената скала до највисокото.
     
    На poi и BeYourself им се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.489
    Многу ја сакам книгава. Ја прочитав лектирската верзија (скратената). И да, брзо се чита. Секој средношколец обавезно да ја прочита :!:
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.762
    Нешто преубаво, фантастично!

    Во суштина не сум љубител на книги кои говорат за мачниот живот на луѓето... ама ова е нешто посебно и кое (како што кажа Брајт) секој мора го прочита. Не поради тоа што е задолжителна лектира во трета година средно и поради тоа што ќе ви треба за писмена, а богами и за матура. Туку затоа што книгава дава една убава слика на светот. Убава, во смисла реална. Убава, во смисла да те натера да размислиш дали се‘ е онака како што изгледа.
    Уште еднаш ќе кажам, љубител на вакви книги ама ич не сум, и можеби ваква книга повторно не би читала, и можеби ни оваа не би ја прочитала да не ми беше за лектира... ама оваа книга може така фино лепо да те мавне од земја ако си нашол положба таму високо во твоето розево балонче.

    Кој ја прочитал, не останал рамнодушен. А ако има и такви што останале - самите се КЛЕТНИЦИ затоа што не ја разбрале нејзината вредност.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.256
    Jaс одамна ја имам прочитано книгата, пред да ни биде за обработка и можам да кажам дека импресиите сеуште ме држат- ми се десило и во животот да помислам некогаш колку е се` исто, колку деца и денеска ја живеат судбината на Козета, а веруваме дека општеството напреднало.

    Прекрасна книга, која ќе го стопли и најтврдото срце и ќе му предизвика бура од емоции.
    Затоа сакам да читам такви дела, реални, класици - автор како Иго не може да те остави рамнодушен дефинитивно.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Estranged

    Estranged Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    4.840
    Совршено... љубов, интриги, сплетки, криминал, војна, страдања, радости... се во едно. едноставно самата книга не ти дозволува да ја оставиш недочитана. Прекрасна е!
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.618
    Ја обработував минатата година и неможев да се задоволам да ја читам кратката верзија. Затоа си ги прочитав сите тома и ниту еднаш не се покајав.
    Омилен лик ми беше Фантина и ме натера да се расплакам.
    Се на се, многу трогателен роман и насловот е многу достоен за делото.
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Јас не сум ја читала книгава досега, ама со коментариве ме заинтригиравте. Верувам дека може да се најде во библиотеките така? :?: И што ми препорачувате: долга или кратка верзија??
     
  11. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    102
    Ја имам читано со наслов "Козета и Гаврош" најверојатно е истиот роман. Сум била основно кога сум ја читала, и знам дека ми има оставено голем впечаток и долго ја вбројував во мои омилени книги, но искрено не се сеќавам многу на нејзината содржина, кога слушнам за Козета ми иде слика во главата како Козета си игра под маса (најверојатно некоја кафеана) со една голема кукла, живее со туѓо семејство, мислам дека мајка и беше болна и почина...Доаѓа еден маж кој ја носи со него,така нешто беше мислам
     
  12. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.417
    Можеш да ја најдеш во библиотека. Би ти ја препорачала долгата верзија-цело дело во 5 тома, некаде 2000 страници. Инаку кратката е 600 страници, ама некако ми е без везно се така натрупано.
    Оригинал си е оригинал.
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.594
    Ја имам прочитано кратката верзија одамна, ама сега решив да ги читам и 5те тома. Првиот веќе го читам и преубав е. Многу подобро е отколку кратката верзија, дефинитивно.
    Има многу мисли т.е. реченици кои се прескокнати во кратката верзија, а се предобри.
    Тука писателот на оригинален начин опишува, а така се чувствувам како да сум таму. Значи, дефинитивно ќе ги читам и другите 4 тома, а тие што се мислат помеѓу кратката верзија и 5те тома, би ги препорачала 5те тома. :)
     
  14. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Прекрасна книга. :inlove: Ја читав до пред скоро една година и ме остави без зборови.Испреплетени повеќе животни приказни во една прекрасна книга.
     
  15. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    87
    Значи со сигурност можам да кажам дека ова е една од најубавите книги.Ја имам прочитано кратката верзија,но со задоволство би ги зела и 5 те тома да ги прочитам,затоа што навистина книгата е прекрасна.
     
  16. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    118
    Виктор Иго,книгата ја купив пред два дена,од оврски не сум почнала да ја читам,но верувам дека е добра книга
    ;)
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.468
    Ако имам можност да направам листа од топ5 книги, Клетници нема теоретска шанса да ја изоставам од неа.
    Апсолутно прекрасна.
    Немам зборови со кои можам да искажам колку сум воодушевена од тоа кое го прочитав, со која возбуда зборував на часот по македонски додека ја обработувавме.
    Здравје боже, да помине годинава и ќе се обидам да ја прочитам големата верзија.
     
    На esperanca и BeYourself им се допаѓа ова.
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.449
    Ликови за почит, автор за почит, дело за почит. :bow: Совршенство. Една од најдобрите. :inlove:
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Дефинитивно многу добар роман,бев единствена на часот по македонски што го раскажуваше,а богами има страшно да се каат тие што не го прочитале. Здравје,планирам и филмот да го гледам.
     
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    3.431
    Не се согласувам со тебе само затоа што сигурно си ја читала скратената верзија на романот, а не целиот роман од 5тома, во мое време не тераа да ги прочитаме сите 5 верувај пукнав од досада додека го читав , но да содржината е супер , она што сакал да го прикаже писателот е одлично но има премногу описи, по 70 страни е опишуван еден лик само како изгледа а да незборувам за другото...односно за секој лик има книга
    Твоето книгиче е 400страни, а моето вистинското правилното онака како било напишано е 1400-1900 а тоа е една мнооогу голема книга.