Клиничка cмрт

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Bibii18, 22 јануари 2014.

  1. Bibii18

    Bibii18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    19
    Бидејќи не видов дека има ваква тема, би сакала да знам што мислите за моменталната смрт т.е клиничка смрт ??.. Дали на некој од вас ви се има случено или на некој што го познавате, или општо(..доколку сте имале вакво искуство би сакала да дознаам нешто повеќе во врска со тоа).
    П.С доколку има ваква тема слободно избришете ја =)
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  2. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    155
    Клиничка Смрт

    Астрална проекција baby ;) Ми се има случено неколку пати, спонтано без претходен тренинг & после не спиев со денови, страв ми беше да не се повтори.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.970
    Пол:
    Женски
    Клиничка Смрт

    ^ Астрална проекција е друго, не ја мешај со клиничката смрт.
    Клиничка смрт е состојба во која мозокот на пациентот престанува да работи, но срцето се уште функционира.

    Он топик - имам читано за многу случаи во светот кога пациенти доживуваат клиничка смрт, а после им се враќа свеста. Раскажувањата се слични - пациентите најчесто раскажуваат како виделе роднини и пријатели кои веќе се мртви, или како разговарале со Господ.

    Јас лично темава ја имам разгледувано од малку поинаква страна, бидејќи имавме дискусија дали во Законот за донирање органи, освен живите дарители, треба да бидат вклучени и лицата кои имаат клиничка смрт. Затоа што ете, се случува на тие лица да им се врати свеста, а потоа нормално да функционираат (иако тие случаи се кога свеста им се враќа за брзо време откако настапила клиничка смрт).
     
    На Mantub и Amona им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    Клиничка Смрт

    Немам доживеано клиничка смрт.Но, со оглед на тоа што доживеале луѓето за време на клиничка смрт, од кои некои, го виделе Господ, па рајот, приказните им се исти, има и такви луѓе кои не сакаат да зборуваат за тоа што доживеале за време на клиничка смрт, но само потврдуваат дека нешто се случува.Не знам зошто се одбегнува да се зборува за тоа.Некаде прочитав дека се тоа што го доживуваат е заради нивната религиозност, а на трето место дека истата приказна ја кажуваат и атеисти, за последново не сум сигурна, но ако добро памтам, пишуваше дека и такви случаеви има, па и дека уствари и нема ништо од тоа, туку дека е само до умот.Имаше една таква приказна за жена од Индија, чинам беше, била болна од рак, па откако доживеала клиничката смрт, се излечила, така нешто беше, жената убаво објаснила за како би требало човек да го живее животот, да се сака себе си, целта зошто човекот го живее животот, односно таа цел е љубовта, како и тоа секоја болест е излечлива, барем според нејзиното тврдење.Одамна го гледав видеото, не ми текнува во моментот точно каде го гледав на нет.Интересно е што откако тие кои доживеале клиничка смрт, некако појасна им станува перцепцијата за животот, начинот на кои човек би требало да пристапува кон проблемите, не само за здравствени проблеми, не дека тоа тие не го знаеле претходно, но ете после клиничката смрт, да речам се просветлуваат, па и на сосем смирен начин ги прифаќаат проблемите.А секако сето тоа, тие им го предаваат на други луѓе со цел да се освестат, во смисла на тоа не е само нешто да се знае, туку и истото да се практикува.

    Само што, мислам, барем според мене, не секој го прифаќа нивниот начин на размислување, впечатоци..., ваквите теми или на ова гледаат со потсмев, како демек во стилот „ што зборува овој/оваа“, таков впечаток имам добиено од оние со кои сум разговарала за ова или сум се нашла во муабет за ваква тема.А има и такви, кои што не им е чудно доживувањето на тие луѓе за време на клиничката смрт или пак како да се воодушевени, па коментираат „ стварно има Господ“, “ има нешто“ и сл.Не можам да речам дека тие што го споделуваат искуството за клиничката смрт, не знаат што зборат, ниту на друг начин да реагирам, освен да прифатам како такво.Сепак за вакви работи, сметам дека нема место за потсмев и сл.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.455
    Клиничка Смрт

    Значи просто кажано -Клиничка смрт СЕ ПРОГЛАСУВА ОД СТРАНА НА ДОКТОР КОГА СРЦЕТО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ЧУКА.
    Не мешајте баби и жаби. Чим срцето престанува да чука настанува прекин на доток на крв во мозок, а мозокот може да издржи едвај пола минута НЕРАБОТНО.
    Ако успеат да го реанимираат срцето во тие 20тина секунди-ОК. Тогаш се води како Кардиален Арест (срцев удар) .
     
    На angelche16 и coralin-e им се допаѓа ова.
  6. Rawr

    Rawr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    38
    Пријател на пријателка на мајками,неговиот син имал сообраќајка,му беше прогласена клиничка смрт.Го закопаа се и мајката на детето секоја вечер сонувала како тој ја повикува и и вели дека не е мртов и тоа се случувало недела време.Женава плачела цело време незнаеле што да прават со маж и одлучија да го одкопаат.Одкога го одкопале гробод и отвориле сандакот што да видат човеков превртен,ќебетоо тоа парите работите во гробот што му стоеле се испревртено,кутриот сигурно бил жив или ако бил во кома се разбудил се превраќал се превраќал и толку нема воздух,под земја,џабе е нема што да се прави.
    Многу од вас нема да веруваат ама случкава е пред околу 3 години помнав баш мајка ми кога ми кажуваше.И тоа во нашиот град.

    Јас мислам дека докторот си е најкрив во случајов,неискусен,не едуциран незнам што да кажам.И така денес те моткаат од градот во кој живееш до скопје и пак назад пошто нигде незнаат чаре да ти најдат.Мама и тате вработуваат,дипломата се купува,а невини лица страдаат поради тоа.
     
    На buba4e89 и MotheBee им се допаѓа ова.
  7. enamorena

    enamorena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    pred dosta godini preziveav klinicka smrt vo grackata bolnica vo skopje,na den petrovden..letav 40m preku shofershajbna so brzina na vozenje 150km na cas kaj tri biseri vo aerodrom...moze nekoj sto zivee tamu znae za ovaa soobrakajka...jas bev sovozac .ne se sekavam na nisto,samo znam deka niz bela svetlina ja gledav majka mi kako sedi do mene(koja e pocinata) i samo me gledase a jas nemozev ni da mrdnam..znaci vo megu vreme me sobrale so brza pomos,me odnele vo bolnica, tamu srceto mi otkazalo i me reanimirale blagodarenie na upornosta na eden doktor koj pokraj se ne krenal race od mene..majka mi bese do mene tri dena,potoa se izgubi i mnogu sum bila voznemirena taka kazuvaa doktorite i sum se derela u shok soba pa mi butale sedativi non stop...otkako me prefrlija na traumatologija imae mnogu luge sto doagale i dosta od niv cekale tuka da vidat kako sum,a ja neznaev kaj sum i nikogo ne poznavav ni moite ni nikoj..na vizitata doktorot sto me spasi mirno i detalno mi objasni se,jas mu kazav sto vidov i deka neznaev sto navistina mi se slucilo...doagaa mnogu studenti i doktori cudejki se kako jas nemav nitu edna skrsenica a takov sudar preziveav..od togas mi se smeni zivotot...mnogu cudni raboti prezivuvam i neznam kako da gi objasnam,cudak sum vo semejstvoto i petrovden mi e slava...pozz do site i cuda se slucuvaat,jas sum ziv primer za toa
     
    На LadyC, sjdgo, Juicy и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.482
    Допаѓања:
    47.174
    Пол:
    Женски
    Моја блиска личност има доживеано клиничка смрт, два пати. :!:
    Првиот пат се сретнала со мртви луѓе кои и рекле Врати се назад... вториот пат не била свесна за ништо.
     
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.423
    Допаѓања:
    17.601
    Пол:
    Женски
    Неодамна мој школски другар преживеа тешка сообраќајка после која беше еден месец во кома , доби воспаление на мозок од превисока телесна температура , преживеа 7 часовна клиничка смрт .. Не сум го видела после сообраќајката , но мм го видел и вели дека детето не личи на себе повеќе , последиците од сообраќајката биле големи и тоа влијаело и физички и психички врз него . За жал неможам да стапам во контакт бидејчи не сме биле блиски другари .
     
  10. Ence_368

    Ence_368 Нов член

    Се зачлени на:
    2 септември 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ostanav vo shok
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.057
    Допаѓања:
    64.249
    Пол:
    Женски
    Што ти се случи?
     
  12. Ence_368

    Ence_368 Нов член

    Се зачлени на:
    2 септември 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мене ништо,туку од случките што ги раскажавте
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    15.893
    Допаѓања:
    97.445
    Пол:
    Женски
    И јас не знам кој ѓавол ме натера да ја отворам темава.
     
    На ЕденЧлен и Ence_368 им се допаѓа ова.