Клонирање

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pelikuna, 13 август 2011.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Рим, 4 март (МИА) - Италијанскиот лекар Северино Антинори, кои ги полнеше насловните страници минатиот месец, порадитоа што оплоди жена со спермата на нејзиниот сопруг, кој е во кома, сега тврди дека клонирал три бебиња.

    Антинори тврди дека пред девет години „направил“ три бебиња користејќи „човечка техника“ за клонирање.

    - Тоа беа две момчиња и девојчиња, кои денеска имаат девет години. Родени се здрави и денеска се во одлучна здравствена состојба, рече Антинори.

    Според него децата живеат во Источна Европа, но тој не даде никаков дополнителен доказ за своите тврдења.

    Антинори појасни дека земал ќелии од тројца татковци, кои биле стерилни и ги искористил да ги оплоди јајце клетките на три жени, користејќи метод познат како нуклеарен трансфер.

    Нуклеарниот траснфер вклучува земање на ДНК од неоплодените јајце клетки и вбризгување на атомско јадро кое содржи ДНК. На тој начин е клонирана и овцата Доли, но, како што рече Антинори во овој случај имало некои дополнителни подобрувања, заради постигнување подобри резултати.

    Антинори, кој стана познат откако и овозможи на 66 годишна жена да роди бебе во 1994 година, рече дека поради заштита на приватноста на семејствата, нема да открие повеќе детаљи за тие бебиња.

    На забелешката дека таквото клонирање е забрането во католичка Италија, лекарот рече дека за целата таа постапка повеќе сака да зборува како за „иновативна терапија, отколку за клонирање.
    ------------------------
    Ова е само едно од многуте известувања за оваа појава.
    Можеби со ова се сака да се врати изгубеното или да се добие невозможното, но сепак носи многу ризици. Еден од нив е сознанието дека суштеството кое ќе се добие нема никогаш да биде „оригиналот“, односно некаде на светот ќе постои личност со идентичен изглед и карактеристики.
    Не сум против науката да оди напред, но ова е премногу. Сепак треба да се постават граници преку кои нема да се премине.
    Што мислите вие? Дали навистина постои некаде клониран човек?Дали сте против тоа?ако сте зошто?
    Ако не сте пак зошто?
    Мене оваа тема ужасно ме интересира и се што е поврзано со нејзе.

    Ако има ваква тема слободно канта
     
  2. kikus02

    kikus02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    14
    строго сум против клонирањето .. ме ужаснува самата помисла на тоа .. секој има право да биде еден и единствен .. :fubar:
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Точно,исто и јас сум ама ме интересира како би изгледал клониран човек?какви карактеристики би имал,како би се чуствувал кога би знаел дека е клониран и така н атака,дека таму некаде во светот постои оригинал личност а тој е фалш
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Јас сум против клонирањето... човекот живее само еднаш, со неговиот лик, карактеристики, чувства за и таков да биде запаметен... ај замислите што би се случило да го клонираат Хитлер или некоја друга истроиска личност :fubar: :fubar: :fubar:
     
  5. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    302
    пред некој ден гледав филм со клонирање , ужас беше.. Строго против клонирање сум !
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.099
    Општо сум против клонирањето да, но ако јас сакам моја копија зашо да не, ама мислам дека сепак не.
     
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    И како би се чуствувала кога би дознала дека има некој ист на налик на тебе,некаде во светот,дека е направена копија?
     
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.422
    Е многу гледате „Клон“ бре луѓе дај олабавете малце :rofl: :rofl: :rofl:
    Не најозбилно не верувам многу во клонирањево, прво оти освен на филм никаде не сум слушнала за извршено клонирање, а на горе спомнатиот доктор не му верувам пошто беше спомнато дека дотичниот господин само со зборови го тврди тоа што го направил, а нема доказ за тоа. А јас верувам само во цврсти докази. Второ, не верувам дека клонирањето е толку едноставно, сепак влијаат многу фактори за тоа да се оствари.
    И против клонирање сум :!:
    И не сум против науката, туку сум против луѓето што се ќе направат за слава и одат против тоа што го создал Бог, ако тој решил јас да бидам ваква каква што сум една и едиствена и да се разликувам од сите други тогаш не гледам зошто некој умоболен би направил клон од мене.
     
  9. stevocar

    stevocar Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    10
    Јас колку што сум запознаен првите човечки клонови сега имаат негде десет години, едниот знам у Лондон дека живее и посвоен е од хомосексуална двојка за другиот не ми текнува одамна читав а вака научници секој ден ги посматрале така да знам дека извршено е клонирање не е само на филм
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.658
    Не си слушнала за клонираната овца Доли?

    Против клонирање сум. Но, мислам дека со оваа технологија и наука е извршено клонирање до сега.
     
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Не е до филмот,ама интересно е да се знае се околу клонирањето,дали постои некаде некој клониран човек,како изгледа,какви карактеристики поседува.Мене ми е чудна оваа изјава на докторот,којзнае дали е вистина или не,но што ако е вистина?како ке се однесуваат лугето со него?дали ке биде осуден или?
    Инаку ако не знаеше како што кажа постои клонирано суштество а тоа е овцата Доли :)
    Инаку стевоцар,од кај го прочита тоа?имаш некој линк?или да ни кажеш нешто повеке околу тоа?
     
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    А дали ти воопшто знаеш како се одвива клонирањето на организмите т.е. механизмот?
    Велиш - многу фактори влијаат на клонирањето - епа кои се тие фактори, кажи ги!
    Клонирањето е манипулација со гените (генетски инженеринг) и во светот се клонираат организми (овцата Доли е само еден од примерите). Со развитокот на науката не се оди против тоа што го создал Бог како што ти велиш, туку се доаѓа до нови откритија и се разјаснуваат многу хипотези и заблуди...
    Жалосно е што напредокот на науката се злоупотребува понекогаш...

    И само да кажам дека клонови се два идентични организми - потполно идентични со идентични фенотипски карактеристики и генетска конституција, а не два организми кои само наликуваа еден на друг...Зборуваме за клонови, а не за близнаци
     
  13. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.422
    Многу добро знам што се клонови, и јас никаде не реков дека тоа се два организми кои само наликуваат еден на друг, не знам од каде го извади тоа. Организмите ти ги спомна.
    И да знам за клонираната овца Доли, но во тој момент кога го пишував мислењето не ми текна.
     
  14. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Последниот пасос не за џабе ми е одделен од останатиот текст.. :) Тебе те цитирам до тој дел само...
    Јас лично сум за клонирањето да се прави за експериментални цели, за да се доаѓа до нови откритија во науката, а никако да се злоупотребува за некој болни амбиции...
    Генетскиот инженеринг и регенеративната медицина ми се омилена област од науката и ме радува нивниот напредок со текот на времето...
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Исто и мене ми е омилена тема од секогаш а не само од многу претерано гледање на филмови |( сепак јас мислам дека некаде во светот постои клониран човек и дека овие изјави на докторот не се залудни.Можеби ја зборува вистината.
    Сега можеби ке рече некој внесена сум во серијата Клон но го паметам делот кога Али го прашува докторот дали направил клон а тој му кажува вистината.Но Али не му верува.Сега е исто.Некои можеби му веруваат на докторот кој направил клонови некои не.
    Баш би сакала да видам цврсти докази.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Се сложувам со тебе...Ако тргнеме од фактот колку науката во западните отиде далеку, а кај нас на балканските простори одредени научни дисциплини тапкаат во место буквално...
    Колку за информација само - од 12.03.1993 заклучно со 03.01.2011 само во Америка се извршени 159 успешни трансплантации со матични клетки од папочната врвца и се спасени исто толку деца кои боледувале од смртоносни болести како леукемии, Фанкониеви и апластични анемии, потоа повреди на мозочното ткиво итн...Овие деца денес водат нормален начин на живот...Кај сме ние во однос на ваквите статистики? Во Македонија нема ниту јавна, ниту приватна банка за матични клетки и не е извршена ниту една трансплантација до сега...
    Во Минесота направија вештачко срце на човек со комплетна анатомија и функција, во Единбург синтеттизираа човечки бубрези, а во Италија со автологна трансплантација на матични клетки се лекува слепило...Русите направија препарат за лекување на хепатитис...Може до утре да се набројува...
    Кај нас секој гледа да си ја задржи фотељата и личниот профит секако да му оди по нагорна линија, а способните и стручни кадри нек си ебат матер во странство, таму нека го применуваат знаењето |( Затоа тапкаме во место од овој аспект...
    Во однос на клонирањето пази го ова - во Швајцарија е забрането со закон, а во Англија е дозволено клонирање како експериментална студија, али не смее ембрионот да се вгнездува во матката (така би се родил клонот за 9 месеци :D ) ..Во Канада секоја ваква манипулација со гени се казнува со лежење у затвор и парична казна, а во Кина е дозволено - заради добивање на органи, кои би можеле да спасат живот...
    Е сега, гледај - овцата Доли е клонирана во 1996, значи пред 15 години :D ...Клонирањето на цицачи сигурно не запрело со оваа овца...Инвитро оплодувањето зема голем замав, синтезата на органи што пишував претходно исто така, паа земајчи го во предвид механизмот на клонирање мислам дека многу е поедноставен да се изведе за разлика од некои други процеси, кои се во стандардна употреба во светот...


    Е сега се поставува прашањето - колку клоновите ќе можат да живеат имајќи предвид дека шансите за да имаат разни аномалии се големи?
    - Што ако овој процес почне да се злоупотребува?
    Нож со две острици ми е ова некако... :^)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021

    Oпшто на Балканот а да не збориме за Македонијава наша сакана секогаш ке бидеме чекор наназад без разлика дали се работи за медицина или некоја друга наука.Не за џабе рекол некој:Ако сакаш да се спасиш од крајот на светот дојди во Македонија ние сме 100 години наназад |(
    Што се однесува до клонирањето јас мислам дека тоа е општо забрането насекаде во светот.Тоа е правило а правилата се направени да се прекршуваат.Не верувам дека некој се придржувал за тоа па на крај направил клон.

    Луге, денес по светот постојат 590684573489 чуда па зошто да не е клониран чоцек?
    Уште од кога ја клонираа овцата Доли јас се заинтересирав за тоа па дури си правев Бајрам на умот и јас да имам свој клон. :lol:
    Медицината напреднува секој ден.Се откриваат многу нови работи така да не би ме зачудело сево ова да е вистина.Нејсе,не можеме да се споредуваме со другите земји зошто се далеку понапредни од нас ама во право си за тоа што зборуваш за немањето на банка за матични клетки.А тогаш зошто е дозволено за експерименти во Англија а не може да се става во матка?па тоа е губење на време само(според мене).Тоа за слепилото ми одзеде посебно внимание зошто колку што сум запознаена слепилото не се лечи ама не ме чуди знаејки колку е напредна технологијата посебно денешно време.

    Колку би живееле клоновите?хмм доста интересно прашање.Не би им дала повеке од 30 години а можеби и кога ке се роди бебе клон би можело да умре веднаш.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.038
    Не сум против клонирањето.
    Незнам зашто паѓате у несвест од помислата да имате копија од вас, мислам дајј опседнати сте дека сакате да сте уникат? Напротив, баш би сакала да имам, да се гледам каква сум била, а и на клонот не гледам зошто би му пречело кога би бил посебна единка само што ќе има изглед како мојот. Но карактерот ме интересира, дали би имале исти карактерни особини, дали би имале исти интереси и вкусови, ист памет :^) По некоја моја логика клонот би го имал само мојот изглед, гените, крвта... незнам како оди тоа, а карактерот би му се оформил во зависност од тоа каде живее, во какво семејство расте, во каква околина, се тоа би влијаело во оформувањето на неговата личност, дури и да има ист живот како мене пак сметам дека би бил посебна единка, со свои размислувања и цели, со свој карактер и свој живот.
    Некој поупатен во ова, ако може да ми објасни за ова :)
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.177
    Пол:
    Женски
    Разбирам, медицината напредува, но која е целта да се создаваат клонови? Што дека ќе се клонира, каков живот ќе има тоа што е клонирано, па зарем е поважно клонирањето, од самиот живот?Каков е тој успех на медицината? Во животот постојат милион работи кои се поважни, за кои би требало да се обрне внимание, но не за ова.
     
    На Bright, starbucks и milky-candy им се допаѓа ова.
  20. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Мимс

    Технички, клонирањето е возможно и е многу лесно да се изведе...Еве накратко ќе кажам како - се изолира јајце-клетка од жената што ќе биде сурогат (што ќе роди клонот) и од нејзината јајце-клетка се вади јадрото, значи наследниот материјал...И сега ако твој клон се прави, тогаш од тебе се изолира телесна здрава клетка, најчесто од кожата или слузокожата и нејзиното јадро се вметнува во јајце-клетката на сурогатот...Се чека да се спојат твоето јадро со јајце-клетката на која и е извадено јадрото - ова се поттикнува со некои електроди мислам :^) ...Кога ќе започне делба и развој на клетката, што значи се формирал ембрион, тој се става во матката на жената сурогат и таа е бремена со твој клон..После 9 месеци се раѓа клонот,а не ти ... Сите особини што се запишани во гените, значи што се наследни, клонот ќе ги поседува, но нема да биде во потполност идентична копија со тебе...
    Зошто? -
    Затоа што освен во јадрото на клетката, генетски материјал има и во некои органели на истата, а тие твојот клон нема да ги поседува, затоа што само јадрото од твојата клетка е вметнато...
    Друга работа (убаво си кажа ти погоре) - голем дел од својствата на организмите се стекнуваат во текот на животот (навики, карактерни црти, афинитети, вкусови итн...) Тие кај твојот клон ќе бидат различни...Земи го примерот со еднојајчани близнаци, нормално родени, но се разделени да растат и да се развиваат во две сосем различни средини и околности... Тие стекнуват потполно различни својства иако физички се скоро идентични...

    Кога ќе навлезам подлабоко во оваа тема, некако ми е морбидно сето ова..Имам впечаток дека само изопачени умови можат да обавуваат вакви процеси... :^)
    Али 90 % сум сигурна дека во САД и Кина се направени човечки клонови и научниците ги имаат резултатите во потполност од нивниот раст, развиток, особини итн, но се чуваат во тајност...Поготово во Кина - таму е дозволено клонирање...

    Јас лично мислам дека човечкиот клон би имал краток век на живот и би се родил со многу аномалии...