Има книги кои ги читаме само за да ни помине времето, но има и моќни книги кои допираат нешто во нас и после нивното читање поинаку го сфаќаме светот и себеси. За некого тоа можат да бидат светите списи, за некого модерните психолошки "how to" книги, за друг некоја навидум обична приказна во која ја пронашол длабочината. Имате ли вие некоја книга која ќе ја паметите цел живот, и после чие читање сте почувствувале дека во вас се формираат нови ставови? Овде објаснете како влијаела врз вас, само наведување на наслов не се признава :geek: Мислам дека темава не е иста со омилена книга, бидејќи такви може да имаме многу, поради стилот, приказната и слично, но ако администраторите не се сложуваат, слободно нека ја заклучат. _____________________________________________________________________________________________ Книгата која мене ме измести од место е „Браќа Карамазови“ на Достоевски. Ја читав прв пат во втора година средно, а оттогаш ја имам прочитано... не знам колку пати, но секогаш наоѓам нешто ново во неа. Ме натера да барам одговори во себе, најмногу по основ на религиозни прашања и слободната волја, која е и слобода, и казна. Не постои човекова особина која Достоевски не ја обработил, според мене тој е најдобриот психолог и истражувач на човековата душа кој некогаш постоел. Она што најмногу ме потресе и направи да ги преиспитам дотогашните мои уверувања е Легендата на големиот инквизитор и ликот на Иван Карамазов, интелектуалецот атеист. Сепак, Достоевски ја прикажува и другата страна на паричката, и иако не нуди конечни одговори, јас после читањето на Браќата Карамазови сфатив дека ликовите на старецот Зосима и Аљоша Карамазов направија да се трудам да бидам подобра личност, во духот на христијанството. Веднаш после Браќа Карамазови почнав да ја читам Библијата. Достоевски го прикажува човекот во кој се наоѓаат и најдобрите и најлошите особини. Сите негови ликови всушност содржат особини кои тој самиот ги поседувал и со кои се борел. Целиот свој живот се обидувал да ги најде одговорите во себе. Не знам дали некогаш ги пронашол, но мене ми помогна да ги најдам моите.
Книга која ми има оставено голем впечаток е Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајлд.Иако книгата е нереална,фантазија остави длабока трага кај мене.Нема никогаш да ја заборавам. Во книгата е опфатена една специфична тема желбата за бесмртност,желбата да се остане вечно млад.Оваа книга ме натера да размислам и да си поставам многу прашања.Сите барем на момент сме помислиле како би било кога би биле вечно млади и убави.Доријан си ја продава душата на ѓаволот за да остане вечно млад.Се прашав себе си како би било човек да се најде во такво искушение.Има луѓе кои се би направиле да биде така.Луѓето уште од најстари времиња се стремеле да го најдат еликсирот за вечен живот.Колку е ова мит и легенда,толку е желба.Но сепак се си има своја цена. Книгата е дефинитивно ремек дело и вреди да се прочита.
Нема апсолутно ниту една книга која не влијаела на мене,и ме променила макар за зацврстување на одреден став,или за учење на некоја нова работа. Но книга која многу ме промени а бога ми и ми помогна за многу работи е Како да се биде и да се добие тоа што се посакува,од Џозеф Марфи.Книгата ја купив во вистинско време и мило ми е поради тоа.Изобилува со убави мисли,те релаксира и те тера на позитивно размислување. Секоја книга е поучна само треба да знаеш да си извлечеш поука од неа.
Куцкамен, од Хулио Кортасар. Ме научи, дека бесмисленоста е всушност, само симетрија на нашето Бидување, постоење, во некој калеидоскоп на Играта. Играњето за да се Биде, да се постои. Многу чукната книга, но и благодарам.
Можеби не е позната, но книгава длабоко ме потресе и ме натера да го ценам фактот што сум жена. Книга полна со вистински приказни на жени кои се бореле, губеле, добивале, но докажале дека да се биде жена значи да се биде силен. се вика It takes ovaries како иронија на добро позната изрека It takes bаlls која на мажите им дава право да се фалат и за најбални работи.. Баш доказ дека ние жените можемеме повеке
Малиот принц - Антоан де Сент-Егзипери Книга која не` учи да се вратиме на вистинските вредности. Кој и да ја ставил како лектира за четврто одделение, сигурно не ја препознал мудроста во неа.
Малиот принц ми е една од омилените, може е ставена како лектира во 4то али има толку длабока смисла и порака. Убавината да се остане дете, да се чудиме и восхитуваме на работите. Имам еден куп книги што ги обожавам и одвреме на време си ги читам повторно, еве неколку: Странецот-Албер Ками, Процес-Кафка, Митот за Сизиф-Ками, Сто години самотија-Маркез, Алхемичарот-Куељо, Мајсторот и Маргарита-Булгаков, Достоевски, Кастанеда, леле многу ги има. Ги обожавам и секоја од нив ми има помогнато и научено да се справам во овој чуден свет.
КАКО ДА ГО СМЕНИТЕ ОДНОСОТ КОН ЖИВОТОТ (21 ОДГОВОР )- КУРПАТОВ Курпатов е психолог кој во книгата ги обработува 4те најголеми илузии за животот- стравот,среќата,љубовта,страдањето....исто така во книгата има напиано и за некои искуства од неговите пациенти и многу поучни мисли.... Книгата ме натера да ги пробијам моите илузии ЗА СРЕЌА И СТРАДАЊЕ! Човекот убаво кажува дека не треа да се сожалуваме и дека таа илузија ја стекнуваме уште од детството кога учиме дека со плачење се се добива! Па така продолжуваме и понатаму .... Оттогаш искрено престанав да се жалам и на блиските да им се жалам постојано...ова она ме мачи... Во темата ИЛУЗИЈА ЗА СРЕЌА имаше една ваква реченица ...имаме ли раце и нозе?! дишеме ли сега...значи живи сме....имаме ли работа каква таква....дом....па има ли причина да не сме среќни ?! А ако на сето ова ги додадеме и сите мали работи кои секојдневно ни се случуваат....НЕМА ПРИЧИНА ДА НЕ СМЕ СРЕЌНИ!!!
"Најголемото чудо на светот" од Ог Мандино!!! Книга која води кон сопствената среќа и помага да направиме чуда во животот. На сите Ви ја препорачувам и сигурна сум дека ќе ве промени и ќе ви остави длабока трага.
Пред Пауло Коелјо да стане тотално комерцијален и невидено досаден, верувале или не, успеа да напише ремек-дело кое мене ме промени сосем. АЛХЕМИЧАРОТ. За тие што се разбираат од литература, ако го оградиме од сите други негови новонапишани лајненици, Алхемичарот е совршенство. Ве тера да ги отворите очите, умот и срцето за светот околу вас. Вашиот дом и мирот во себе не почнува и завршува во конструкцијата на вашата куќа, тој може да се пронајде на најнеочекуваните места. Исто и Љубовта. Алхемичарот подучува како секогаш треба да се следи интуицијата, длабоко сокриените желби, охрабрува да се проба нешто ново, макар и ризично. Некогаш, кога мислиш дека си на дното, имаш многу повеќе отколку кога сметаш дека си на ѕвездите. Мојата омилена - кога нешто ќе посакате искрено, целиот Универзум ќе скрои заговор да ја исполни вашата желба, многу пати ми се потврдила како вистинска. Алхемичарот е најубава илустрација дека она кое го сокривате од сите други , па макар и од себе, еден ден, порано или подоцна ќе ве стигне и ќе почне живи да ве грицка. Затоа, не занемарувајте ги Вашите желби, колку и да ви изгледаат малечки, ситни и банални. Тоа сте всушност вие. Затоа сум сентиментално врзана за Коелјо и му ја простувам секоја наредна грешка и кикс во книжевноста. Зашто Алхемичарот е врв.
Секоја книга има делче во мојата потсвест.. Затоа и ги читам, за да научам нешто ново. Таман ја видов темата во глава ми се сврти Алхемичарот.. Јас откако ја прочитав книгата мислев дека ке ме промени. Но впрочем не се случи голем пресврт. Многу пати кога ке прочитам нешто добро мислам дека ке ме однесе кон вистинскиот пат или ке ме смени.. Како одминува времето многу од содржината заборавам и пак сум си истата.
Пеколот-Данте Алигиери! Кон особеностите на оваа композиција треба да се изнесе и тоа што секој од трите дела завршува со еден ист збор- ѕвезди кој добива симболична смисла.Првата песна е увод не само на првиот дел на поемата „Пекол“ туку во целата поема. „Во средината на мојот живот земен“ значи кога Данте бил на 35 години, сметајќи дека човечкиот трае околу 70 години. Сите слики во таа песна имаат алегорично значење. Темната и густа гора ги означува заблудите, баспаќието и хаосот, во кој западнал Данте во таа возраст. Врвот, огреан од сонцето, е неговиот идеал за совршенство, воопшто идеалот на човекот. Патот кон идеалот, кон совршенството, му го препречуваат три ѕвера: Пантерот, пргав и шарен е похотливоста, телесната љубов и гревот на младоста; Лавот е симбол на жедноста за власт и човечката гордост како и гревот на позрела возраст; Волчицата – на алчноста за пари и ненаситноста. Тие слабости му пречат на човекот да се издигне до морално совршенство. И кога Данте немал веќе сила и надеж да се ослободи од нив му доаѓа во помош Вергилиј, големиот поет и негов учител. Тој е симбол на мудроста, на разумот и човечкото знаење.Човечкиот разум (Вергилиј) ќе го води низ пеколот, ќе му даде можност да ги види последиците и страдањата што доаѓаат од нашите пороци; после во Чистилиштето, каде пак преку страдања се ослободуваат душите од своите пороци и слабости и живеат со надеж. Но човечкиот разум, симбол на кој е Вергилиј, неможе, според Данте, да го доведе до познавање на највисоките тајни на животот и вселената. Почиста река ќе го води во рајот: Беатриче, симбол на верата и богословската наука. Така,во таа прва песна ни се открива и алегоричната смисла на целата поема. Таа не е само опис на задгробниот живот според религиозните представи од тоа време, туку и историја на неговото внатрешно преродување, патот на неговото морално усовршување: преку грешките и страдањето од нив, преку сознавањето и ослободувањето од пороците, до совршеното знаење, до моралното совршенство и среќа.
Книга која допрела до мене и ме променила е Алхемичарот. Многу пати ја имам читано. Но тренадафилка напишала се што е потребно па да не се повторувам. И мене со оваа книга Коељо ме освои па му ги простувам грешките во наредните книги. Друга книга која допре во моите длабочини е Оган во мене. Книгата е мала. Се чита во еден здив. Не е многу литературно богата но е лесна и поучна. Се работи за една девојка која нема татко,мајка и се занимава со проституција за да можат да се прехранат,брат и оди во странство и станува дрогираш па се враќа дома и ке заврши во затвор. Девојката е парталава исмејувана во школо клоцана навредувана,но не се откажува.Починува и мајка и но таа сепак издржува.Во еден момент пробува да се самоубие но после тоа ужасно се кае. Книгата не учи колку животот може да биде тежок и да ни мава жешки шлаканици но дека никогаш не треба да се откажеме. На крајот секоја коцка доаѓа на свое место. Секое добро дело без разлика колку е мало се исплати. Упорноста секогаш вреди.
http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... 0Y2FEetNhA http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... N79d1PJ8Qw - Незнам колку пати плачев на овие две книги - Неверојатно http://t2.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... 6pve5y-cS3 - Книгава е нешто најневеројатно што сум прочитала ... ''Алхемичарот'' ме научи дека среќата е тука - но понекогаш треба да поминам цел круг за да ја најдам ''Ловав на змајеве'' ме научи н ато аколку вреди едно другарство - како една единствена одлука ти го сменува животот од корен и како знае животот да биде суров ''Хиљаду чудасних сунаца'' ме научи - како некој некаде на оваа наша планета живее тежок живот и ги губи најмилите во еден момент .. И како љубовта не се заборава - А и жртвата принесена за нечиј живот да продолжи ''Посљедно анџео'' ме научи како да ги исправам лошите грешки и како една стрела може да спои - раздели и спаси
Калуѓерот што го продаде своето ферари. Прекрасна книга. Ми ги отвори очите, ме натера да гледам поинаку на светот... Психолошка и разбирлива. Ја препрорачувам на сите
Кодот на Да Винчи. Нема логика знам, ама ме смени. Ме смени како личност, ова не можам да го објаснам навистина. Ми ги смени погледите, направи да размислувам на повисоко ниво, да се интересирам, истражувам. Таа беше и првата книга што ја прочитав покрај лектири или подетскине книги како на пример Исти очи.
Хари Потер Дефинитвно како голем фан 10 години фан сум и ќе останам Можеби да ги мразев книгите немаше да бидам човек како што сум сега а моите најблиски знаат каков сум