1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книга на плажа / одмор

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од tessie, 3 август 2014.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ме интересираат ваши ставови и практики на темава. Кај мене е малку поделено. Кога одам на летен одмор, обавезно земам некоја книга. Одлично ми поминува времето кога сум во соба поради невреме/изгореници/пред спиење и сл, па дури и додека патувам ми одговара. Но, нешто што и покрај милион обиди не успеав е да читам книга на плажа. Ми пречи водата, вревата во непосредна близина, сонцето, песокот, да не почнам со спортистине на плажа кога сум на штрек да не ме погоди некое фризби и сл.

    Ваши искуства? :)
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Обично си купувам од оние ромачињата што се од по 50-60 страни и ги читам во еден ден.
    иначе не ми сметаат гужвите, водата, се внесувам во книгата и читам без проблем, повеќе можам да прочитам така отколку дома седната на тераса.
     
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Книга на плажа, освен ако не е приватна плажа на која си сам, е невозможна мисија за мене и само правење фраерлук, демек види ме, образован сум. Истиот проблем го имам со Теси, премногу нешта кои одвлекуваат внимание, па не практикувам многу многу книга на плажа.

    Иако, многу убаво чувство создава книга покрај вода, под чадор, со кафенце или пивце, зависи од желбата, само да нема разгракани деца. Возможно е надвор од сезоната, се случило, ама реткост е.
    Најубавиот дел е кога ќе се фатиш како околината го засилува чувството од прочитаното, на пример го читаш Хемингвеј и слушаш бранови во позадина, едноставно го појачува доживувањето. Или пиеш пиво и читаш за некоја случка која Буковски ја сместил на пристаниште во Њу Орлеанс, а во позадина од барот оди некој летен лесен алтернатвен блуз и креваш за момент глава и го гледаш пристаништето на 100-200 метри од гратчето кај што си сместен. 8)
     
    На sofijanoka, mims-89, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Јас толку време немам отидено на одмор што заборавив што е плажа :D Нема веза, обично кога одев секогаш носев книга, две, едната за мене, другата ако мојот пратител изрази желба да чита.На плажа не читам, најмногу зошто ми смета светлината на сонцето и вревата, а и сакам онака ептен да си го исклучам мозокот.Си ја земам најчесто за попат, пред две лета со дечко ми на враќање имаве цело задно седиште за нас, испружени цел пат си читкавме и од време на време дискутиравме за книгите, тоа ми е еден од омилените спомени.Јас ја земам претежно за пред спиење или ако станам порано од него, што обично е така, па си седнувам со доручек и си кулирам.Немам нешто строго определено што ќе читам на одмор, туку што имам при рака, само да не е некоја ептен тешка, па да ја мислам цело време, нешто полајт.
    Уф колку се радувам на одморот кој го планираме за летово, ептен ми надојдоа спомени па се застравив.
     
  5. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Јас не можам без книга на одмор.Најмногу читам на плажа, во соба попладне додека другите се одмараат. :D
    Кога читам книга, не ми треба апсолутна тишина, комплетно се внесувам и заборавам на се околу мене. Затоа не ми е проблем да читам на плажа, и така ми е досадно само да лежам без да правам ништо.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мене па воопшто не ми е проблем да се исклучам од околината и да читам, безразлика дали е книга или списание. Јас секогаш практикувам да одам на плажа рано наутро и попладне на зајдисонце, кога времето е многу пријатно за да се излежуваш на песок и да си читкаш :) Никогаш не сум го гледала читањето на плажа како перчење. Мене ми е само една занимација.
    Единствено не читам кога дечко ми нема да понесе книга на плажа, па го дружам него. А кога сум со друштво, не ни помислувам да ставам книга во ташна. Тогаш само карти и коцки носам :D
    Мене интересно ми е да си шетам по плажа и да собирам предлози за книги. Штета што годинава скоро сите читаа киндл, па не можев да видам кој што чита :wasntme:
     
    На Someonespecial, calliope и mimiiiii им се допаѓа ова.
  7. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Секогаш на одмор носам по некоја интересна книга.
    Воопшто не ми пречи сонцето или галамата. Уште помалку ако книгата е интересна. Тогаш веќе сум во влезена длабоко во содржината. :lol:
    Ако сум со друштво на плажа, нормално, не читам, ама ако сум со семејството, немам гајле. :D
     
  8. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Eте,оваа недела најверојатно заминувам на одмор,па не би биле на одмет 2/3 романчиња кои топлите попладниња и вечерите ќе ми ги напраат поинтересни.
    Но,во никој случај не би зела книга на плажа,нема да се сконцентрирам никако.Повеќе би да слушам музика дури си се излежавам на песок. :rofl:
     
  9. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    До сега не сум носела кога одам на одмор. Повеќе сакам да се сончам слушајќи музика отколку читајќи книга. Ама пријатно ќе ми дојде и некое романче на плажа, па наредна година планирам да земам со мене. :)
     
  10. Tina12

    Tina12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    9
    До сега не сум носела со мене книга на плажа, но во последно време почнав да читам повеќе.Речеси секоја недела ќе прочитам по некоја книга или 2, најчесто пред спиење.Па затоа сега ќе си земам со мене една или 2 книги, не толку за на плажа колку за пред спиење :lol: :)
     
  11. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Па си земам и читам, галамата воопшто не ми пречи си земам една поголема книги или во најмала рака списание ама многуу ретко :D
     
  12. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    За книга секогаш има простор во моите куфери,не ми пречи галамата кога тонам во страните,всушност го сакам тој контраст, бучава околу мене и тишинатга на моите страни,дефинитивно умеам да постојам во два света. :)
     
    На Someonespecial и skygirl им се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Јас обавезно носам книга на плажа. Ама не некои тешки литератури, туку од оние за опуштање, оние што брзо се читаат. Дури некогаш и една книга ми е малку :wasntme: :D
    Обично читам на плажа, звуци не ми сметаат, дури и попријатно ми е кога ги слушам брановите и некоја музика во позадина. Едноставно, се внесувам во приказната и она околу мене воопшто не ми пречи. Во соба не можам да читам од проста причина што немам време. Доаѓаме, се тушираме, се спремаме и шетаме цела вечер. За по пат, доколку ми остане некоја страничка ја дочитувам и тоа е тоа :)
    Дечко ми секогаш ми се смее кога ќе ја ставам книгата во ташна, не му се верува дека ќе читам, ама кога си тргнуваме ми вели - кога ја прочита :?: :D
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Јас годинава само една книга прочитав, колку да не сум сува и тоа ја почнав при крајот на одморот. Не можев да му се изнагледам на морето, а колку и да ги сакам книгите можам постојано да ги читам, а на плажа сум еднаш годишно (Или еднаш во неколку години). Сакав целосно да си уживам во мирисите, звуците, да си ги наполнам очите... А во книгата ќе се внесам и ништо од горенаведеново нема да забележам.
     
    На the.vampire.girl и tessie им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.579
    Пошто оваа година ми дојде менструацијата кога бев на одмор си земав една голема книга и убаво се изначитав.Беше прекрасно.И следниот пат кога ќе одам на одмор би си зела книга.
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Со истото се соочувам и јас. Е тоа е вториот фактор поради кој јас не можам да читам на плажа, покрај оној надворешниот што го споменав погоре. Значи секое одење на море сум целата како море да не сум видела со очи во живот. Не можам значи ни да му се изнагледам, ни да се изнапливам во него. Од мала ова. Особено откако научив да пливам. :$
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Со мало дете на плажа не можеш фискална на раат да прочиташ не па книга. Треба да се исклучиш од се' за да уживаш во читањето, а кога одам со семејството на плажа други светови не ми требаат, сакам да уживам во моментите. Дури и само да се излежаваме, сакам да сум тука со нив.
    Книги читав и читам само кога сум сама а тоа во последните неколку години е ретко па затоа на прсти можам да кажам колку книги сум прочитала во последните 7-8 години. Ќе ги оставам за некои подосадни времиња.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Редовен читач сум на плажите. Ако се погодила добра книгата така лесно можам од се да се исклучам па да не ми смета ни вриштење, ни музика, ни ништо. Кога се прави нешто друштвено нормално дека не заглавувам со читање, ама кога сите дремат или се загледани по телефони одлична занимација ми е.
    По една книга читам сигурно секој одмор и тоа само на плажа што читам, а секогаш си носам по две, во случај да е тапа едната.
    За оваа година ги имам „Вкусот на гревот„ - Зорана Шулц и „Тајниот јазик на цвеќињата„ - Ванеса Дифенбо, и двете ми се подарок и чекаа време за на плажа. :)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Секогаш си носам барем една книга на одмор. Кога се пакувам некако неизбежно ми е да си понесам и книги.
    Уживам да читам, и на плажа и во соба, навечер...
     
  20. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Книга за на одмор за мене е нешто задолжително, како костим за капење или млеко за сончање.
    Внимателно ги бирам, гледам да е нешто порелаксирачки, онака да одговара на атмосферата.
    Читам и на плажа, а најсмешни ми се коментарите од типот-Абе што си се расчитала, одмарај!
    За мене читањето и одмарањето одат едно со друго.