Темата е едноставна, и се надевам дека не е дупла. Доколку најдете книга во која е опишан вашиот живот, дали би ја прочитале? Зошто да, и зошто не? Мене лично би ми било малце страв да ја читам, не знам од кои причини. Морбидно е да знаеш што те чека, а посебно ако е лошо. Иако некогаш мислам дека би сакала да знам што би се случило за да избегнам некои ситници и безпотребни замарања, се мислам дали би имала храброст за тоа.
Би ја прочитала. Кога би постоела , би била интересна , гарантирам Би ја прочитала за да знам што ќе се случува со мене и со моите блиски.
Хм. Измешана љубопитност и смелост. Доза на страв,со нетрпеливост. Дали би го чекала приордниот тек на настаните ? Или би читала? Да,би ја земала в раце,на некое осамено место. Би си го држела животот во раце.
Па најверојатно би ја прочитала. Многу си љубопитна и би сакала да знам што ќе се случува понатаму во мојот живот
Од сите мислења напишани ова ми падна во очи: Е исто и јас, незнам дали би сакала да го читам досегашниот живот ,мислам дека не , од досада би ги скокнала тие страници,би го читала она што следи но она што сум го поминала мислам дека не вреди да се чита
Незнам..Можеби некои страни би ги прескокнала во кои е опишано она што ми се случи. А,пак за иднината.. Претпоставувам дека ќе прочитам нешто но,не се.
Би ја прочитала но се плашам што ме очекува, каква е мојата иднина, а сакам да се потсетам на некои доживувања од минатото сакам да прочитам на некои работи на кои воопшто не се сечавам, се на се интересно би било
Не мора додатно да се навраќам на минатото, го знам и самата совршено добро. Всушност кој би можел да напише книга со толку комплициран живот?
Не би ја читала. Се плашам. Не сакам да знам што ме чека. Не би било забавно. Ме интересира, но се плашам.
Не е во ред однапред да знаеш ништо за твојот живот, не е во ред да се оди по гатачи и бајачи и сличните на нив, па така не е во ред ниту да ја прочиташ книгата. Во ред е само ако сам Бог ти каже нешто, како што се случува на некој на сон да му се појави светец и да му раскажува што го чека, но најчесто тие што сонувале такво нешто не се сеќаваат на зборовите на светецот од проста причина што, како што веќе напишав погоре, не е во ред однапред да се знае. Така да, ако најдам таква книга, ќе читам страна по страна, но само она што веќе изминало, во иднината нема да чепкам, да видам дали навистина го пишува тоа што ми се случило и како тоа изгледа напишано на страници.