babylove овошни кашички

Книги и емоции

Дискусија во 'Канта' започната од MaTo, 1 јули 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MaTo

    MaTo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18
    Ги разгледав и останатите теми и ги има многу слични на мојата, но сепак сакав да ми дадете ваши податоци, мислења и одговори. Какви книги читате?Која книга најмногу ви се допаднала?Која пробудила емоции кај вас?Каков тип на емоции пробудила и поради која причина?Јас сум голема обожавателка на книгите и секоја книга има пробудено различно чувство кај мене, па еве ги најдобрите мои впечатоци од некои од моите омилени книги.


    [​IMG]

    Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками, ви предложувам на сите да ја прочитате, ме натера да копнеам да ја читам секоја наредна страница, книгата те вовлекува во својата приказна, приказна со голема опсесија, љубов, недостиг на некои нешта. Оваа книга ме спобудале, прекрасна е.

    [​IMG]

    Бакнеж во ноќта - Шерилин Кенион, оваа книга со уште две други ја купив за дечко ми како подарок за Нова Година, но пред да му ја дадам решив прво јас да ја прочитам хаха. Знам дека тоа е себично од моја страна, но на оваа писателка никогаш не можев да и одолеам, таа ми е една од омилените и барем половина од нејзините книги имам прочитано. Книгата е полна со фантазии, ме натера да си правам слики од сите дејствија додека ја читам.

    [​IMG]

    И секако.. двата дела на познатиот хит-филм, Три метра над небото и Те посакувам. Морам да ви кажам дека книгите и филмовите се многу далеку од исти, можеби се слични, но има многу разлика од едното до другото, додека едното го гледаш пред себе на екран, другото го читаш и си правиш сопствени слики во својата глава, додека во филмот се случува едно дејствие, во книгата се случува сосем трето. Ви препорачувам да ги прочитате, верувајте ништо нема да изгубите.

    Тоа се моите четири омилени книги, а кои се вашите?Очекувам размислувања. :hai:
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.175
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.