Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Книги со лош превод

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 3 март 2015.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.957
    Пол:
    Женски
    Одамна сакам да отворам тема каде ќе може да дискутираме за лошите преводи со кои ние читателите сме се сретнале, ама никако да дојдам до време да седнам и да напишам еден подолг воведен пост :$ Ја прегледав цела категорија и не најдов ваква тема. Па ајде да започнеме една дискусија :)

    Ми се чини дека ништо не може да уништи една книга толку многу како лош превод. И најубавата книга на светот може да заврши неславно, ако доживее лош превод на друг јазик (што всушност се има случено со многу книги). Преведувањето е умешност, а на некој начин и уметност, бидејќи треба внимателно да ги одберете зборовите со кои ќе го доловите она што авторот сакал да го каже.

    Досега сум налетала на повеќе книги кои имале толку лош превод, што сериозно сум помислила дека се преведувани преку Google translate. Лошо составени реченици, несоодветно одбрани зборови, многу правописни грешки кои само ми го уништиле задоволството во читањето.

    Последна книга на македонски кај која забележав лош превод беше Шепнувачот од Донато Каризи, издание на Матица. Толку беше лош, што ја оставив книгата и фатив да ја читам на англиски. И нормално - чувството беше сосема поинакво, бидејќи преводот може целосно да го смени впечатокот за една книга.
    Прво нешто што забележав беше постојаната употреба на зборот момички, што не е којзнае колку страшно, ама мене многу ми бодеше очи. Не можев да разберам зошто не е употребен еден многу едноставен, а многу поприфатлив збор - девојчиња.
    Друго, некако самата конструкција на речениците беше чудна. Ја отворив книгата колку да напишам некој извадок, па прво нешто кое ми дојде беше следново:

    Зборуваше учителот по музика. - Дали само мене ми е чудна реченицава?
    Многумина осамени луѓе им даваат глас на своите сопствени мисли кога безбедни во сопствените домашни ѕидови. - „Многумина“ и „луѓе“ некако не ми одат во иста реченица. Или ќе биде „многу луѓе“ или само „многумина“. Не ми одат во иста комбинација (ако сум грешка, нека ме исправи некој). И целата реченица можела малку поинаку да се конструира.
    Во тоалетот таа повторно ја истретира раната на ногата, затворајќи ја со два слоја фластер. Ја истретира?

    Ова беше само како пример, прво нешто што ми дојде додека ја листав книгава. Сестра ми ја прочита цела на македонски и рече дека преводот бил многу лош. Мислам дека можете да ја најдете книгата на интернет во електронска верзија, а бидејќи веќе ја читавме во клубот, можат во темава да се вклучат феминките што ја читаа на македонски :)


    Памтите ли некоја книга која имала особено лош превод? Имате ли забележано конкретна издавачка куќа од која сте прочитале книги со лош превод? Јас имам слушнато многу лоши критики за Просветно дело, ама колку што се сеќавам немам читано книга од нив, па не можам да потврдам.
    Кога читате книга со лош превод, имате ли навика да видите кој е преведувач/лектор на книгата?
    И што мислите - на што се должат таквите лоши преводи? На лошите преведувачи, на кратките поставени рокови за преведување, на скудноста на македонскиот јазик?

    Во темава сакам да ги спомнам и насловите на книгите. Ви пречи ли кога насловот на некое македонско издание нема врска со оригиналниот? Сметате ли дека преведувачите треба да бидат слободни и во одбирање на насловот, или дека истиот треба буквално да биде преведен (на пример, Маркетинг од А до З од Филип Котлер :wasntme: )
    Прва таква книга со сменет наслов на која во моментов ми текнува е The Fault In Our Stars, или на македонски - Светот не е фабрика за исполнување желби.
    Што мислите за тоа?
     
    На Novecento, kjukli, L-enna и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.169
    Допаѓања:
    73.446
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е една од поболните теми. За жал, ретко кога наидувам на квалитетен превод и добро склопени реченици.
    Неретко сум добила впечаток дека одредени книги биле преведени само колку да се рече. Штом прочиташ неколку страници, знаеш што те очекува - едни те исти фрази, сиромашен речник и многу лошо преведени фрази.
    Баш штета, затоа што сепак имаме многу богат јазик, само треба да бидеш умешен и нормално, добро поткован со знаење.
    Ѓурѓа ми се дно дна, памтам колку бев возбудена кога си ја купив Доријан Греј и бев мала за да бидам запознаена со овие работи, но сепак разликата со останатите книги од други издавачки куќи кои ги имам по дома беше очигледна. И гратис, покрај лошо склопените реченици како да ги преведувал некој аматер, добив и страници кои фалат. :(

    И не знам зошто толку лошо и буквално ги преведуваат насловите, еве за пример ќе ја земам Gone Girl, која кај нас е преведена како „Ејми ја нема“. Мислам, сериозно? Подобро да ја оставеле „Исчезната“, звучи милион пати подобро и недетски.
    Се` поретко и поретко наидувам на добри преводи, тоа и беше главната причина поради која кренав раце и почнав да ги читам оригиналните верзии, на англиски.
    Барем се поштедувам од такви непоимливи спојки како оние кои ги спомнала Ана погоре.

    Баш ме интересира кои наши издавачки куќи се поквалитетни. Одамна размислувам, ама никако да направам некоја споредба. :)
     
    На kjukli, Jordanovska-K, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.957
    Пол:
    Женски
    И јас истото си го помислив за Gone Girl, очекував дека ќе биде преведена како „Исчезната". Некако и поубаво ми звучи. „Ејми ја нема" ме асоцира на киднапирано дете :?:

    А последнава книга што ја читав со оригинален наслов Rush Home Road, преведена е како „Трчај дома". Мене ми е тотално непривлечен наслов, па и несоодветен за книга со таква приказна. Насловите се како кориците - првиот впечаток за една книга го добиваме од нив. Кога ја видов книгава кај другарка ми, по насловот имав сосема поинаква замисла. А всушност оригиналниот наслов се однесува на патот кој води до едно гратче со име Рашхолм. Можеле некоја друга варијанта да изберат, „Трчај дома" мене воопшто не ми звучи убаво.

    А за Ѓурѓа потполно се сложувам. Ги касапат книгите, па ги продаваат по ниски цени. Еднаш жената на штанд ја прашав зошто така ги кратат книгите и добив одговор: Колку пари, толку музика :^)
     
    На Priroden и Mishela им се допаѓа ова.
  4. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    14.293
    Пол:
    Женски
    Мене првата книга која ми паѓа на памет кога ќе се спомне лош превод, е „Мистеријата на седумте бројчаници“ од Агата Кристи. Со голем кеф си ја купив од саем на книга, бидејќи сум голем обожавател на ваквиот жанр одвај чекав да почнам да ја читам и искрено беше едно големо разочарување.
    Буквално одредени реченици немаа никаква смисла! Ги читав по 2-3 пати за да можам да ја сфатам смислата на разговорот. И потоа почнав да ги читам делата на Агата Кристи, Сидни Шелдон на српски секако. И едно илјада пати подобро преведени и составени! Затоа и сум скептик во врска со книги на македонски. Повеќе би сакала на српски или англиски да ги читам од колку на македонски, и тоа е многу жално.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.673
    Допаѓања:
    43.720
    Јас немам асално книга на македонски прочитано веќе четири години. По нешто само, тук и таму. Исто Шепнувачот почнав на мак да ја читам, ама се откажав по некоја страница.
    Матица има доста лош превод, бесмислени реченици, човек три пати да се врати да препрочита за да сфати што сакал да каже преведувачот. И прилично многу печатни грешки.

    За Ејми ја нема се согласувам дека не е соодветен насловот за книгата, ја прави некако подетски да звучи, воопшто не соодветствува на содржината. Може не сакале да ја преведат како Исчезната бидејќи имаат веќе една Исчезната без трага. Ама сепак, насловот не е како што треба.

    Од Просветно дело мислам Сосем едноставно почнав да ја читам, ама ја оставив зашто не можев да се мачам. Мешање на времиња, печатни грешки, дијалекти, од се' се наоѓа во книгата. Штета ја немам копијата да извадам некој бисер.

    Секогаш ми викаа додека читав на македонски, еј, толку читаш, браво, ќе ти се збогати речникот. Хах. Ко божем преведувачите се користат со некои зборови во македонскиот јазик што не се дел од секојдневниот говор. Не ми се случило да најдам збор што не ми било јасно што значи, па да го барам во лексикон. Ни преведувачите немаат некој голем фонд на зборови за жал.
     
    На kjukli, Jordanovska-K, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    5.213
    АнаКаренина, муабетот на тетката од Ѓурѓа „колку пари - толку музика“ е сосема на место, ама не го пишувам тоа за да ја оправдам, туку напротив. Ѓурѓа прави книга за беспари и ја продава истовремено премногу евтино, плус се труди да наштанца, буквално, купишта нови наслови за да може купувачите да трчаат кај нив и да плаќаат. Сè на светот што е евтино, се знае дека не е доволно квалитетно како она кое држи цена.

    Сепак, ни обичниот македонски читетел не е за фалење. Сакаме да дадеме малку пари за одлично сработена работа и тоа не се случува само во книжарниците, туку општо, во секоја сфера од животот. Убедливо најлоши преводи имаат Ѓурѓа, Матица, Три, но и сите останати кои плаќаат многу мали пари на студенти, па и средношколци. Јавна тајна е дека половина од книгите на споменатите издавачи се преведуваат од српски, а многу од нив, како што напиша Каренина, со гугл транслејт, кој потоа се модифицира да личи на нормален превод.

    На крајот, муабетот се сведува пак на истото, нема пари за добри преведувачи, па нема ни добри преводи, но зошто би имало, од друга страна, кога македонската публика не е загрижена за тоа. Мислам дека сепак, оние кои себеси се сметаат за „читачи“ и оние кои сакаат да читаат, треба и повеќе да ја ценат книгата која ја купуваат, а преку неа повеќе да се ценат себе, своето задоволство и време кое ќе го минат со неа. Тоа значи добро да испитаат што купуваат и особено да знаат дека во книжарници кои илјадници пати биле прозвани за лоша работа, да не купуваат. Подобро човек да собере пари и да прескокне еден наслов, па да купи некој што е поскап, но знае дека ќе вреди да се чита, отколку да трча по секоја акција 3 за сто, како чорапи да купува.

    Од некоја трета страна, овие модерни времиња и пристапот до англиските изданија, па потоа и филмови во кои се чувствува сленгот, илјадници емисии на ТВ на англиски јазик, многу лесно ни даваат пристап до јазикот, но и до многу други јазици за оние кои учеле. Од тука, кога ќе начекаме делче со „лош“ превод, веднаш можеме да почувствуваме како тоа најверојатно било напишано во оригинал. Но тоа може да не е лош превод, може да е само лошо решение на преведувачот, со кое ние не се слагаме. Кога не би знаеле странски јазик, не би ни имале поим како е нештото преведено. Секако, тука зборувам за оние преводи кои не се од типот „превод од српски со половина страници кои недостигаат“, туку за релативно океј преводи.

    Сакам да кажам, на некои од нас и очекувањата за добар превод понекогаш се превисоки. Јас имав такво искуство кое не можам да го наречам лошо... повеќе би го нарекол интересно. Ја читав Игра во р`жта пред икс години паралелно на македонски и англиски. Некои делови ми беа многу смешни на македонски, но беа сосема добро доловени од англиски. Плус, тој јазик во шеесетите во САД на кој пишувал Селинџер е толку интересен, што бара малку поинаков превод од стандардниот македонски јазик, но со многу решенија на преведувачот не се сложував. Сепак, тоа не е лош превод, само е... поинаков вкус од мојот.

    Инаку, некој праша каде има добри преводи? Мене до сега Темплум не ме разочарал. Во последно време не го сакам Никола Гелевски заради активизмот во Окно и отворената политичка ориентираност, сметам дека професии под капа на културата нема што да се мешаат во политички теми, особено не во една ваква политичка Македонија, но, нивните книги секогаш биле одлични, особено што речиси редовно одбираат да работат автори кои се вредни за читање.

    Тоа е уште една работа која ми пречи кај македонскиот читател, нема вкус, ни стил. Какви се тие популарни автори ала Николас Спаркс и Софи Кинсела? Модерниот македонски читател купува книга пред одмор и пред Нова Година за да се слика на ФБ со нив и не го интересира што има во тие редови. Сите се „ау јас брзо читам“, зашто само минуваат низ редовите без да обрнат внимание на она што го пишува, а и зошто би обрнувале внимание, кога ем преводот катастрофа, ем и да е океј преводот, содржината е лејм.

    Темплум, колку што се сеќавам, никогаш немал некој ваков тип на автор. Ама затоа и никогаш читателите на Кинсела не бараат изданија на Темплум, па дури и сигурен сум дека не знаат за постоењето на оваа издавачка куќа.

    И за крај, ниту еден читател кој не ги поминал основите, Достоевски, Хемингвеј, Иго, Маркез, Буковски и десетици други, кој не прочитал барем по едно дело од врвните автори на светската литература, никогаш нема да му биде битен авторот, насловот и преводот. Оние другите пак, знаат каде да најдат добар превод.
     
    На AURUA, Novecento, L-enna и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.862
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да се надоврзам.
    Во средно школо,кога се запознавав со убавината на пишаниот збор купував нон стоп,и поскапи и поевтини книги и не обрнував внимание на преводите и насловите.Подоцна,кога почнав да читам на англиски,сфатив колку убавина сум пропуштала.
    Последниве години, купувам книги како што рече Омни,само за на одмор или пак во одреден случај кога ептен сакам да ја имам во домашната библиотека,некоја посебна.Или пак трет случај,книги на англиски.
    Во домашната библиотека имам и бајаги книги на српски јазик и морам да кажам дека се далеку подобри и во однос на превод и за наслов и корица.
    Точно е дека нема ништо поубаво од чувството кога држиш книга во рацете,самиот мирис и допир на хартијата го зголемува задоволството при читањето,но не е само да ја земеш книгата и да препрочитуваш бесмислени реченици,башка да дадеш по 500,600 денари за книга што не вреди ни 200.
    А што ќе го губам времето по книжари да барам некој асален превод,поарно ќе си ги симнувам во лаптоп како што треба,во иднина и Киндл ќе си земам и тоа е тоа.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.957
    Пол:
    Женски
    @Captain-Omni знам дека е на место муабетот за Ѓурѓа, ама јас воопшто не ја сакам нивната политика. Дури мислам дека треба да се забрани такво касапење на книгите, зашто тоа е изопачување на делото. Не се сеќавам точно која книга беше, ама прво го имав прочитано изданието на Ѓурѓа, а потоа и оригиналната верзија на англиски. Многу поинаков впечаток имав откако го прочитав изданието на англиски (кое беше три пати поголемо од она на Ѓурѓа). Се создава погрешна слика за многу книги (па и автори) преку ова што го прави Ѓурѓа. Зашто ете, многу млади читатели не знаат дека книгите што ги купуваат од нивните штандови, се малтене кратка содржина на оригиналните верзии. Јас дури се чудам како успеваат толку да ги кратат книгите за да има некоја логика додека ги читаш :?:
     
  9. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    Штом го видов насловот на темава, веднаш ми текна на "Адвокатот од линколн„ каде преводот можеби и не беше толку лош ама пак затоа имаше премногу правописни грешки. Испуштени букви, грешка напишан збор и сл. Се откажав од книгата уште на 40-50 страна само поради тоа што имаше премногу грешки.
     
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    47.481
    Пол:
    Женски
    Ѓурѓа имаат класици, за кои не плаќаат авторски права, па може малку повеќе внимание да посветат на преводите, и јас сум разочарана.
    Сега во последно време 90 проценти од книгите што ги читам се на англиски, затоа што читам на киндл, па имам заборавено како е да читам ужасен превод.

    Без разлика дали е Џорџ Орвел или Софи Кинсела, лош превод е лош превод. Дали читаш класик или љубовно романче, пречи.
     
    На Novecento, Jordanovska-K, НаталиЛили и 3 други им се допаѓа ова.
  11. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Првпат ја гледам темава и баш е интересно вака од страна да видиш што мислат другите луѓе т.е читателите за твоите преводи :D

    Нема да навлегувам за преводите на самите книги зошто гледам дека не сме спомнати по таа точка, би сакала само да објаснам за насловите на двете книги: Светот не е фабрика и Ејми ја нема.

    Како што пиша @RainBow - да, за Gone girl во игра беше насловот Исчезната ама со оглед на тоа што веќе имаме книга Исчезната без трага, не ни одеше да бидат двете толку слични и тоа беше првата причина поради која тргнавме во тој правец со размислувањата. Втората причина што го одбравме баш тој наслов беше оригиналниот, затоа што не е баш Missing или само Gone, туку според целиот стил и тон на авторката, според тој некој нејзин мангупски-рурален Мисисипи сетинг, барем додека ја преведуваш книгата 500 и кусур страници од англиски, Gone girl го доживеавме како... *пуцкање со прсти* пуф Gone girl, she's a gone girl - не знам дури ни дали можам да објаснам :D И оттаму Ејми ја нема, како: Кај е Ејми? Ејми ја нема. Сега ми станува јасно дека не сите го доживеале тоа на ист начин ама ете, бидна :D И да бидам искрена, мене уште ми се допаѓа насловот, но можеби различно ја доживувам целата книгата затоа што јадев, пиев, дишев со неа месец дена :?:

    Што се однесува до Светот не е фабрика, првичниот наслов ни беше баш како оригиналниот Виновни се нашите ѕвезди или Вината е во нашите ѕвезди ама ова беше книга со која аплициравме на конкурс и за жал, не помина под тој наслов. Дури година дена подоцна, со втора апликација за истата книга, решивме да го промениме насловот за да видиме дали тоа ќе ја направи „попривлечна“ и ја одбравме реченицата што најмногу не’ погоди дур ја работевме книгата. И со тој наслов пројде на конкурс :D Значи и во нашава работа има повеќе отколку што „се гледа со голо око“, така да... Но и овде ќе речам, пак не ми е жал за насловот затоа што секој што ја доживеал книгата како мене, не може да не го погоди тежината на таа реченица кога Августус и’ вели: Светот не е фабрика за исполнување желби, Хејзел Грејс. ;(

    Во секој случај, убаво е да се прочитаат вака други мислења, па ќе го имаме тоа предвид за во иднина и ќе избегнуваме менување на наслови секогаш кога не е неопходно (y) Меѓутоа, тука е во право и @ana karenina па постојат непривлечни наслови што немаат голема моќ за продавање, а издавачот мора да мисли и на тоа кога инвестира во која било книга... И на крајот, многу зависи од вкусот, па она што некому ќе му се допадне и ќе му делува привлечно и примамливо, на друг може да му биде одбивно. Комплициран е овој круг :D
     
    Последна измена: 13 март 2015
    На anel, Lella, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.260
    Ne sum kompetentna da pisuvam za prevodite na knigite, no mozam da kazam nesto sto bi bilo od polza.

    Imam knigi prevedeni od Angliski na Makedonski vo mojata biblioteka i toa me pravi srekna. Kolku e dobar prevodot?, ne navleguvam mnogu. Najvazno mi e da e dobra prikaskata.
    Posledni dve knigi procitani na Makedonski bea "Bez zboguvanje" i " Koj tropa na prozorecot" od Barkli. Dvete se izdania na Matica , voglavnom OK prevedeni.
    Se razbira koga spomnuva 7-Eleven kako i da go prevede, 7- Edinaeset, toa e toa.Slikata vo glava sto ja pravam mi e vazna , taa mi dava druga prespektiva na knigata. Isto spomnuva "kamionce", jas odma imam slika na track koja ne e kamionce, ama nema ni makedonski prevod za toa.Imase i takvi zborovi kako "pleska","lajna" i nekoj drugi pozajmeni od "makedoskion literaturen" koj rasipuvaa raspolozenie.
    Zborot mi e deka kako i da e prevedena knigata taa gubi na kvalitet, pricina, nekoj raboti e nemozno da se prevedat i koga ke se prevedata go gubat vistinskoto znacenje.
    Zavisi i koj gi preveduva. Nemora toa da bide nekoe lice so odlicno poznavanje na jazikot, poveke e vazno za mene da bide licnost koja ziveela vo taa zemja i ja poznava kulturata. Mnogu podobro ja preveduva knigata, custvata vo prevodite se mnogu po avtenticni od prevod na profesionalci koj na nekoj drug nacin preveduvaat.
    Pr: Jas ziveam okolu 15 god vo stranstvo i za nekoj situacii i emocii nemozam da najdam prevod, najubavo bi se izkazala koga bi si kazala zbor pa duri i celi recenici na angliski.
    Knigi prevedeni od Spanski na Angliski, nemozam da citam. Znam mnogu luge od Sredna i Juzna Amerika , znam kakvi expresii pravat koga zborat, govorot na teloto i tocno znam koga citam deka nema vrska od toa sto sum go procitala. Pricina, prevedena od luge koj si preveduvaat vodeni od nivnite kulturni emocii.
    Pr; Srpski knigi od Srpski pisateli, sakam da gi citam isklucivo na Srpski. Ne mi treba prevod. Zamislete si koga edna socna pcovka ke se prevede na Makedonski. Odma cetivoto gubi od kvalitet.
    Jas licno sum zadovolna so ponudata na knigi vo Mk. Ima za sekogo po nesto. Treba da go ima i N. Spark, Kinsela i drug chick lit. Citackata publika e razlicna i ponudata zadovoluva.
    Jas licno citam noveli, trileri, biografii i chick lit. Od toa nema stram.
    Stramota e da se kries i da citas, i koga se zboruva za toa da se pravis deka nikogas ne si slusnal.
    Lugeto citaat sprema raspolozeniteto i obvrskite sto gi imaat. Se razbira nema vo gradski voz da citas Tolstoj ili chick lit navecer pred legnuvanje. Od druga srana citanje poteska literatura koga spremas nekoj tezi i sl.
    Za sekoja prigoda si ima zarn na knigi isto za site vozdrasti i secii level.
    Nemozes da gi cenis lugeto po toa sto si videl sto citaat vo momentov, a ni po nekoj tri zbora koj gi procitale od review od nekoj internet site.

    P.S. Se izvinuvam za greski vo teks koj mozebi mu smetaat na nekoj, no jas sum taa koja sum i ne se stramam od toa.
     
    Последна измена: 15 март 2015
    На kjukli, anel и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.260
    Eve eden pr. za kniga na Sophie Kinsella - The Undomesticated Goddess
    Sofi pisuva chick lit i si ja brka rabotata dobro. Kade da procitas riview knigava e komedija.
    Mene licno me pogodi dlaboko, zosto znam luge koj izgubile dobra rabota zosto nekoj gi nasednal. Ako trebase jas da ja prevedam ke izlezese tragedija.
    Znaci isto taka ima vrska prevodot so emociite i iskustvata na preveduvacot, zalno no vistinito.
     
    На anel и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  14. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    7.085
    getsby 001.jpg

    Сите книги со ваква корица.
     
    Последна измена: 17 април 2015
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AutumnRain

    AutumnRain Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Ова е баш причината поради којашто доколку оригиналот е на англиски ќе го читам на англиски, зашто колку и да е добра книгата (приказна, ликови), ако има лош превод ќе ми стане одбивна и ќе ја оставам, не ја читам.
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.411
    Допаѓања:
    45.708
    Пол:
    Женски
    Освен Една Љубов на Сван. Тој превод е добар според мене.

    Инаку, Триумфална Капија од Ремарк, издание на Три. Срам да им е!

    Еве некои примери кои успеав да ги извадам, го најдов меилот што тогаш го испратив на издавачите:

    Буквално на секоја страна наоѓав погрешна форма на глаголот зема:
    "Го зема клучот и ја отвори вратата."
    ''Зема молив од масата и сметаше"
    "Равик зема еден мал куфер." - овие се примери од само една страница.

    Плус:
    "Помошниците ја бутнаа носилката..."
    "Сега беше уште еден бесмислен леш - и човекот-робот, наречен сестра Евгенија,..., го покри и одбутка." Мислам... буткање?!

    Јас не сум лектор, па од општо образование можам да препознаам неписменост. Не ме интересира колку брзо требало да ја средат книгата и какви рокови имале преведувачот и лекторот. Ова е просто ужасно. Наместо да уживам со Ремарк, јас се нервирав на секоја реченица. Пу!

    Уште една - Богот на Малите Нешта од Арундати Рој. Исто така издание на Три.

    Не можам сега да барам конкретни примери за грешките, ама се сеќавам дека често за Еста се зборува во женски род, иако е машко. A книгата е магична, баш штета.

    Да се надополнам, за Ѓурѓа. Читатели што бараат такви наслови сигурно не сакаат да читаат искасапени изданија. Скратувани и неписмени. Не знам која е поентата на оваа издавачка куќа. Што воопшто сакаат да постигнат? Пу!
     
    На LifeLove и Lella им се допаѓа ова.
  17. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    5.317
    Пол:
    Женски
    Не би сакала да должам, фино сте објасниле погоре, но само сакам да спомнам за книгите на Ѓурѓа.

    Фројдовите дела кои се преведени од страна на оваа издавачка куќа се целосно уништени, искасапени и благо речено, можат да послужат само за потпалка.

    Како може дела како 'Толкување на соништата' или 'Тотем и табу' (да не спомнувам за 'Вовед во Психоанализата') да бидат преведени во само стотина страници?
    Оригиналните изданија имаат над неколку стотици.

    @crimson претходно спомна дека не плаќале авторски права за светските класици, но тоа не значи дека имаат дозвола да ги уништат со невкусни преводи.

    Уште еден факт што не треба да се занемари е дека отворено вршат притисок врз широката маса за купување на сите дела од авторот за да се добие појасна слика за истиот.

    Порано не можев да замислам да читам книги во електронско издание, но сега сум приморана.
     
    На crimson и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.786
    Не сум се сретнала со многу лоши преводи досега, освен кај „Игра во 'ржта“ од Селинџер, но не ми текнува од која издавачка куќа беше. Холденовото 'Anyway' беше преведено како 'Секислучај', често наоѓав едно „сè едно“ и други зборчиња кои не беа соодветни.

    Многу сум задоволна од преводот на Антолог, Темплум и преводите на Лилјана Узуновиќ. Нејзини преводи се често делата од Алесандро Барико (мојот омилен) и успева да ја долови магичноста на неговото раскажување. :inlove:
     
    На Captain-Omni, tessie и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    12.186
    Што е со издавачката куќа Матица. Гледам и вие немате добри коментари, мене ми го уништија впечатокот на "Девојчето на гребенот" Толку и се радував на книгава, си ја купив за да си ја имам во домашната библиотека знаејќи дека е добра приказна и не знам ни сама колку грешки најдов.. Ај што имаше многу печатни грешки, ама наместо и на места беше напишано &, се чудам дали во мене е проблемот нешто, но до нив ќе е. А имаат прилично високи цени, лошо потрошени 500 денари. (n) Толку ми се уништи смислата на книгата и приказната што мислам веќе никогаш нема да купам книга од нив. :devil:
     
    На Captain-Omni и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. Novecento

    Novecento Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    2.179
    Пол:
    Машки
    Да не должам многу, затоа што голем дел што е пишано тука посебно од @Captain-Omni и @crimson се сложувам.
    Ѓурѓа не вреди ни да се спомне во целиот овој муабет, да беше еден вид на фејсбук страна, копчето Report немаше да остане поштедено од моја страна. Такво сквернавење оди рака под рака со инспекции, подземање на дозвола за работа поради неовластено печатење... Колку и да сум либерален, ваквиот начин на сквернавење на класици го сметам сличен на оној во крајот на 30тите кога Хитлер ги палел книгите по германските плоштади.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.