Дали се соочувате со вакви луѓе? Јас изминативе години имав и роднини и пријатели и колеги кои знаат да кажуваат како да си го живеам животот, да ми кажуваат да си фатам некој богат, да ме прашаат зошто не заминам во странство, зошто не купам стан, и слично. Почнав игнорирање, избегнување на вакви луѓе или да им затворам уста со два збора и крај. Многу безобразни луѓе.
Кој може да ти кажува како треба да го живееш животот и што да правиш. Нека си зборуваат, на крај секако ќе живееш онака како ти сакаш и сметаш дека е исправно, а не како друг ти рекол.
Имаше период кога одредени комшики ми се мешаа во приватноста. Ама таквите културно ги откачував. Што им е на нив гајле како ќе живеам јас? Тоа е само мое право. Јас на моите не им објаснувам, а не па на нив. Сум добивала разни безобразни прашања, ама ич не се замарам со такви.
Сум сретнала вакви личности и ги сметам за крајно невоспитани и безобразнипосебно ми пречи и ме нервира да ми мудрува некој кој не го сметам како репер за успешна реализирана личност или уште помалку личност што не ја чувствувам за блиска да ми кажува што треба да работам, кога да се мажам, кога да имам деца, каква сум, што и како со мене. Никој ама баш никој неповикан не смее да се дрзнува да ми поставува прашања од приватен живот ниту да ме советува ако јас сама не сум му се обратила за помош или совет. До последен момент бев учтива спрема вакви пикачи во туѓи гаки ама повеќе одлучна сум да бидам крајно дрска и да ги пресечам со една реченица не е ваша работа затоа што никој не може да знае што е најдобро за мене освен самата јас.
Постојат луѓе кои си го пикаат носот кај што не им е местото. Нека си гледаат во својот двор, наместо да гледаат во туѓ двор. Татко ми е вдовец и комшиките се чудат зошто не е оженет? Ако останал без жена по автоматизам треба да се жени? Да се немало осет. Зошто не живеам со татко ми, зошто секој ден одам кај него и ги носам децата? Нема сигурно кај комшијата да ги носам. А највеќе се нервирав кога ќе ми кажеа дека треба да родам трето дете затоа што ќе сум добивала пари. Јас им одговарав - Нема да има кој да ми го чува. Одма заќутуваа.
Ах, како се пронајдов во темава. Пред не така долг период, имав роднини на гости. Пензионери, фрустрирани и огорчени од животот. Секогаш кога идат на гости сум имала проблем да ги слушам. Немаат никаква тема на разговор, освен мешање во туѓи животи. Луѓенца, успех е да кажите нешто посебно за својот живот, не за останатите. На крајот од средбата, нормално, културно се поздравив со нив, иако главоболки ми зададоа и таа старата ме фаќа за рака, се добижува до мене и со шепот: „Имаш дечко?“, „Ајде, крајно време е!“. Ја погледнав со неверување и не изустив ниту збор. Кутрата, немала релевантна информација за мене, па сакаше да провери на свое. Очигледно сум многу добра во криење на приватноста, штом не дознала ништо. Бич, гет а лајф.
Обично ваквите луѓе ги сметам за неизживеани луѓе! Луѓе кои немаат никаков успех во животот освен тоа што направиле деца. Своите деца не ги воспитуваат како што треба, па уште мене ми кажуваат што да правам и како да го живеам мојот живот. И мене ми кажуваат да си најдам дечко, да се мажам и да имам деца како божем тоа да е најбитното нешто во животот. Никогаш не гледаат пред својот нос туку само за другите како направиле што направиле. Си мислат дека со тоа што имаат деца завршена им е должноста и сега ќе делат совети на другите. Вакви луѓе околу мене имам многу, а најдраги ми се комшиите кои се многу ‘‘‘загрижени‘‘ за мене па ми кажуваат што било правилно да правам, а што не, ова било срамота, онабило за пофалба и не знам уште што .. Бог да чува. Како некој да ги прашал за совет или за мислење. ццц
Во нашата средина таквите луѓе не се малку. На вакви луѓе ако им се објаснуваш, уште толку дават и дават. Некултурни на тони. Имав гостинка која прашуваше кој во која соба спие во куќата, а млада е. Многу лошо и дури не ни сакам со такви веќе муабет да правам. Кога ми доаѓаат на гости сум ладна и толку.
Ги има колку сакаш. Од такви што кажуваат дека на некој му минат годините и треба да се жени, за машко многу биле (а тој нема ни 30), а за женско па да не правиме муабет ако е на тие години. Стварно најголем успех е тоа? Па се обидуваат да дознаат кои се моите планови, што понатаму во кариерата. Обично не слушам малограѓански муабети. Некои работи се ниски. До каде оди човековата глупавост се прашувам.
Од таквите што туѓото ѓубре пред врата го гледаат, а своето не го гледаат ми е дојдено преку глава. Не знам зошто толку им е интересно да се интересираат за туѓите животи? Се обидуваат да доведат во ред туѓ живот додека нивниот е хаос. Долга врска сум имала зошто веќе не сум се мажела? Кога сум мислела деца да чувам? Па зошто и јас не одам да работам во странство кога сите одат? Некни па толку ми дојде преку глава кога ме прашаа каде на одмор? Реков никаде. Еее зошто, па треба да одите некаде, млади сте, ако сега не шетате кога? И ми се прели чашата. Ги прашав дали тие ќе ми го платат одморот? Ми дадоа одговор дека работам, па колку за еден одмор сум имала. Ах луѓе, па тие мене и парите ми ги распоредиле, дошле до заклучок дека можам да си дозволам одмор, а јас тоа не сум го знаела.
Секој ден се среќавам со вакви луѓе дали дома,дали роднини или комшики радознали И прашањето е кога ќе се мажиш?Кога сакам јас им кажувам. Имам една комшика ако треба по цел ден ќе седи во двор али да дознае за сите комшии и само да гледа другите што прават што пијат кои гости им се дојдени.Не си го гледа дома синот толкаво магаре не се оженил други ќе гледа,погоре имаше убав коментар не си го гледа својот двор гледа туѓ Еднаш на мајками и викала ќеркати ништо не работи не ти помага моите ќерки се ми чистеа вака така мајками и рекла ама твоите ќерки дома седеа не работеа мојата ќерка работи од 17 години од утро до мрак и немам намера детето да си го малтретирам.Идиотка и нема срам па кога ќе ме сретне на улица како си што правиш Роднините и мајками еден муабет кога ќе се мажиш,треба да се уозбилиш кај свекрвати вака нема да правиш,зашто не си купиш некоја нова гардероба,неможеш вака да пребираш јадење кога ќе се омажиш вака нема да пребирашЛудило ццц Јас одвај чекам да дојдам од работа да одморам а не да гледам гардероба. Народот наш уште живе во тие застарени времиња 15 ти век!Што ќе кажат комшите ,не се вракај толку касно комшите гледат! Комшиките да гледат и секој ден еј овој се врати во толку и толку сат со една девојка или обратно.За жал сето ова многу време ќе треба да се искорени од нашиов народ и секој да си гледа дома како му е.
Со она "кога ќе се мажиш", ми прелива чашката. Без разлика дали е прашање кога или во контекст како било кога ќе се мажиш и зборуваат како робинка да сум - не можам. Мило ми е што сум ѓубре и знам апсолутно да игнорирам некој кој знај да јади тоа што не треба без да биди поканет на тема "јас и моја приватност". Мајка ми не ми збора како што некои луѓе прават. Кога се на гости кај нас, зошто јас ретко одам некаде, мајка ми врти тема за да не сум изгледала сосем некултурно, ама ако некој физички или со збор ми влегува во мојот простор и мојата интима па уште и се дрзнува да ми кажи, неповикан, како и што треба да правам - ми смета и не ми е грижа дали ќе ме перцепира како безобразна ама мора да си знај до кај можи да оди.
Искрено да ви кажам, али баш ме заболе кој што ми збори. Едноставно не се потресувам, и им одговарам саркастично, со хумор малце, па се смеат кутрите оти не се интелектуално способни да видат дека ги вртам. А оние кои ми продаваат му*а за бубрези, а нивниот живот е сто пати полош од мојот, а се удираат у гради, фино - лепо им кажувам првин они да постигнат нешто у животот, па после да ми мрчат. Фмп.
Ако дозволите, ќе си дадат за право да се мешаат во вашиот живот . Но ако поставите " граница" и ги "сечете" од прва , верувајте нема да пробаат пак. Се додека не им покажете каде им е местото и каде не смеат да чепкаат ќе се упорни Зошто тие и незнаат на друг начин да престанат , ако имале свест воопшто нема да си дадат за право да прашаат такво нешто. Секој нека си гледа во својата чинија , колку и да гледа во другата не е негова.
Коментарите од моите дома ми значат, знаат да допрат до мене, да ме натераат на некои компромиси и отстапки. Но ич не ми чуе што зборуваат роднини, комшии??? или колеги. Во основа ценам и примам мислење од луѓе кои ми значат, кои добро ме познаваат и кои дирекно се инволвирани во мојот живот. Не ми е јасно како комшиката би знаела што правам јас дома...
Воопшто не се замарам со такви луѓе. Тоа што некој си дозволува да дава мислења без да биде прашан или пак да поставува прашања чиј одговор не би требало да му биде битна информација не го сметам за мешање во мојот живот. Различни луѓе, различни карактери. Некои се љубопитни, некои сакаат да се прават паметни но како и да е, без оглед на тоа кој што ќе каже, не дозволувам тоа да допре до мене. Си имам свој став и свои размислувања.
Ако дојде некогаш до тоа да ми кажуваат како да го живеам животот, таа личност која се осудила на тоа веднаш ќе биде пратена во неповрат. Домашните знаат да ми дадат совети, но сепак на крај одлуката останува на мене. Мое право е како ќе си го живеам животот.