1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога да му се каже на партнерот/дечкото дека не сакате деца?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од littleflower, 7 јануари 2018.

  1. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Во кој период од врската е „најбезболно“ девојката да му каже на дечкото дека никогаш не сака да има деца? Знам дека голем дел од вас сте во брак, со деца, но би ми значеле повеќе мислења. Би ве замолила без осудувања....
     
    На Lolo5 и Амиго им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    Според мене нема безболен период, тогаш кога ќе сфатиш дека врската има иднина фер е да се поразговара за вакви животни одлуки за да знаете дали да останете заедно или не. Обично уште првиот месец два знаеш каков став има и дечкото по ова прашање низ муабети, примери, ситуации, па ако има став дека сака деца колку побргу разговарате на темата толку подобро.
     
    На Lolo5, Ava.84, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Ова јас не би го криела или држела во неизвесност. Би го кажала како секоја најнормална работа уште на почеток. Тоа е мој став и ако на некој не му одговара да си одлучи дали е спремен да продолжи со мене или не.
    Мислам дека што подоцна разбере понезгодно ќе биде.
     
    На Lolo5, Kaetana, vitamina и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас мислам дека мора да му се каже веднаш, на самиот старт од запознавањето, додека емотивно не се врзани двајцата. Мора да се каже искрено и директно.
    Сигурно ќе бара од вас и објаснување за таква одлука (Тука може и тој да се сложи да не сака деца, а може да ве направи и да сакате деца, никогаш не се знае што може да излезе).

    Јас не осудувам ако некој сака/не сака да има деца, само мислам дека е многу нефер ако не сакаш деца, а го врзиш емотивно за тебе, се заљубите, итн. па да му кажеш отпосле (пред се ќе покажиш дека си неискрена жена од самиот почеток, а потоа може и многу да го повредиш).
    Значи осуда нема - има критика само за неискреност. Замисли како би ти било тебе, го засакуваш, не ти кажува дека сака деца и намерно те остава трудна, како ќе ти е ?

    Иначе, еве да кажам неколку примери од реалноста на мои пријатели, во еден пар едниот сакаше деца, другиот не, ама “победи“ тоа да “прават“ деца и таа никако не може да остани трудна. Едниот партнер се радува, другиот жали.
    Во друг ваков ист пример, едниот сакаше, другиот не, со внимавање се случи таа да остане бремена. Пак едниот среќен, другиот несреќен.
    Трет ист ваков пар, сеуште се убедуваат и разубедуваат и никој никако да “победи“.
     
    На Lolo5, vitamina, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Амиго

    Амиго Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Машки
    Секако на почетокот со отворен маабет
     
    На Lolo5, cresa-jagoda и Dadusicka им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.726
    Пол:
    Женски
    Сам старт. Ич да не почнува да планира нешто посериозно ако не е истомисленик.
     
    На Lolo5, Kaetana, vitamina и 9 други им се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Па во секоја врска порано или подоцна доаѓа до тој муабет па дури и на шала. Уште тогаш на полушала ке си кажеш дека не сакаш деца. Нека биде прво како полушала " Види ме бе каква сум сама не знам да се пазам па дете ке пазам, јадно дете тоа што ке ми биде, подобро да не раѓам ". Пишував скоро во една тема нешто слично за мене. Јас деца многу сакам ама страв ми е за бебе да се грижам сама а и не знам зошто страв ми е да чувам бебе. Внук ми дома кај нас израсна, го сакам многу, ама дури беше бебе повеке од 10 минути не можев сама со него да останам, освен ако спие. Си го кажав тоа со типчето од старт. Што не значи дека ако имаме бебе некој ден јас нема да си го гледам ама ете, мислам дека тешко во таа улога ке се снајдам. Ке видиме како ке биде.

    Во нова врска ова да се соопшти е многу лесно и безболно. Ако е партнерот некој што не може да си го замисли животот без деца, ке си раскинете фино лепо и тоа е тоа.

    Во долгогодишна сериозна врска да се изјави дека не сакаш дете малку е потешко, но подобро порано отколку кога ке стапите во брак да има кавги и расправии.
     
    На Lolo5, crazylady, Asistentkа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    И јас се сложувам со членките погоре, најдобро би било уште на почетокот, низ муабет онака да му спомнеш, дека не сакаш деца.
    Не е фер да го чуваш тоа цело време во себе. Можеби е човек кој животот не може да си го замисли без деца и ако криеш долго време подоцна ќе биде тешко и за двајцата. Бидејки знаеме дека калку повеќе време поминуваме заедно, толку повеќе се приврзуваме еден за друг.
    И шок би било после толку време да дознаеш дека личноста со која си сакал да го поминеш животот, уствари не ги дели истите соништа со тебе.
    Затоа најбезболно би било кога врската е уште тазе и нема подлабоки чувства.
     
    На Lolo5, Asistentkа, littleflower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    52.598
    Пол:
    Женски
    На почеток, првиот месец додека не сте многу емоционално врзани. И тоа не мора одма од нигде никаде да речеш: "Знаеш што, јас не сакам да имам деца никогаш", туку низ муабет или кога ќе видите дете некое како си игра или кога некоја познаничка/пријателка се породила. Не е фер тој тоа да го дознае по месеци, па и години во врска. Ретко кога се погаѓа двајцата да не сакаат деца. Ќе признаам дека еден период и јас не сакав да имам деца, ама ете го запознав дечко ми кој ми е толку прекрасен што стана невозможно да не ја крунисаме нашата љубов некако во иднина. Сега знам дека тој е единствениот со кој сакам да имам деца. Тој многу сака деца и ете се премислив, и тоа може да се случи, зависи од карактерот.:)
     
    На vitamina, Victorian, Asistentkа и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Делам мислење со членките погоре. Таква работа уште на почеток се кажува. Тоа не е како "јас не слушам турбофолк" или "мразам црн хумор", туку е сериозна тема и битен фактор за тоа дали една врска оди понатаму или не.

    Најдобрата другарка минатата година раскина со еден дечко со кој многу се сакаа, баш заради тоа. Таа не сака деца, и така уз шала му го спомнуваше тоа. Тој се обидуваше да и го смени мислењето некое време па работата се одолговлечи. На крај ја седна, и кажа дека тој сака да има деца во животот и дека најдобро е повеќе да не си го трошат времето еден со друг. И после на двајцата им беше тешко, а посебно на другарка ми.
    Затоа најубаво е да си начисто со партнерот од сам старт, додека не се развиле подлабоки чувства оти после е многу поболно.
     
    На Lolo5, vitamina, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Па се разбира, пред првото сексање...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.070
    Да, ама па и не иде со некој ептен на почеток вакви муабети да разврзуваш, кога уште не знаете дали воопшто си се бендисувате. Мора малце доверба прво да имаш па да кажеш.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    34.194
    Одма. Уште и пред да се лапате. Ете толку е просто...
     
    На Lolo5, Avery, vitamina и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.973
    Пол:
    Женски
    Според мене во моментот кога ќе стане збор за темата заеднички живот, основање семејсто/брак. На самиот старт е прерано да се дискутира за такво нешто кога и онака не е сигурно дека воопшто двајцата ќе останат заедно. Нема потреба да му кажуваш на некој такви лични одлуки дека не сакаш деца уште на некоја од првите средби кога не си сигурна дека тој воопшто и сака деца со тебе.
     
    На Victorian, littleflower, Плавуша123 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    На сам почеток на врска се отвараат картите. Најбезболно е така.
     
    На Kaetana, vitamina, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    На почеток.
     
    На cresa-jagoda и Asistentkа им се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    50.029
    Пол:
    Женски
    Уште на самиот старт. Колку порано толку подобро.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Напротив, не мислам дека на старт. На почеток кога не се ни знаете и сте во фаза на запознавање одма со вакви премногу лични муабети сметсм дека не треба.
    Во основа, скоро секој та машко та женско потајно посакува потомци, од него го очекуваат тоа родителите и сл. Кога ќе сте доволно сериозни во врската и одите на чекор повеќе следува разговор за вакви сериозни одлуки. Што ако после две години со некого како резултат на тие години минати со него се премислиш и посакаш деца??
    Што ако тој е пример неплоден??
    Има примери кога љубовта меѓу партнерите е посилна од се па ете некој ќе направи и компромис да избере партнер пред деца!

    И секако, најважно е која возраст се партнерите исто така.
     
    На Stories, Avery, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Имаше една случка, каде женска( над 35 год) е во сериозна врска, кое вклучува и заедничко живеење....со лик кој позади себе има брак и две деца. Неговата одлука е дека не сака повторно склучување на брак и деца понатаму, затоа што ги имал и така.
    На девојката не и одговаше да нема потомци па прекинаа, иако врската беше зрела и убава колку што знам. Таа запозна друг, се омажи се убаво налик, ама излезе дека не е плодна и немаат деца.
    Судбина
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.070
    Абе како одма.
    Ај замислете обратно, се знаете со некој две недели, и тој ви кажува: јас сакам многудетно семејство, ништо помалку од 5 деца.

    Нема малце да ве збуни тој момент, некој што не го ни знаете толку лични работи да ви кажува?
     
    На Oxymoron, Sanjichka007, Avery и 7 други им се допаѓа ова.