Убаво ти рекла дека има сонце, ете наочари си ставила. Мене од утрово една фаца ми се прави мутава. Ме изнервира, и` викам исто како тебе: не ме лажи бе, доста лажиш бе!!!! Ама, фацата упорно ме ду*и во здрав мозок.
Таквите луѓе најмногу ме нервираат...па и ако не им се спротивставиш мислат дека им успеало..... а не им е јасно дека едноставно не се на мое ниво да се расправам со нив...едноставно ми е долност...Затоа кога ќе налетам на некој таков може само првиот пат да ми се направи мутав, втор пат нема...едноставно се дистанцирам и на сакам да имам работа со такви.....
Леле господе боже вакви луѓе не можам да ги трпам. Џабе да им збориш. објаснуваш, се караш со нив ништо не допира.
Кога некој ми се прави мутав..и јас се правам мутава хехехехеее па да видиме кој е помутав..(и покрај тоа што сум алергична на такви личности)
Си имам една мутава другарка. Спојлер (која некои ме советувавте да ја откачам, ама уште не сме расчистиле ) Требаше да излезиме вчера кун 15ч, и јас чекам ли чекам да ми се јави. (кога ќе станела ќе ми се јавела) Дури кун 18ч и` се јавив и ми се прави мутава, демек си седи дома, си гледа филм, допрва ќе вечерала, и ни И не спомна од излегувањето, а јас цел ден останав дома чекајќи ја. А, утре кога ќе и` треба нешто, нема ни да се јави, туку ќе ми се нацрта пред врата.
Обично сакам да им залепам некоја и да се свестат, али дека не сум за насилство, се контролирам некако, и со зборови пробувам да ги шутнам кај што треба ... Ако тоа не помогне, довиџења до следен живот!
јас сум таква повеќе сакам да се правам мутава незнам ни самата зашто. После си се смеам на таа ситуација
Не можам да се правам мутава, и дека не ме засега нешто кога добро знам дека јас сум баш таа што треба да ја засега. Една од цимерките беше таква. Кога ќе дојдеше ред за чистење ќе си излезеше ,ќе се вратеше и нормално до тогаш ние се сме исчистиле, и се прави наудрена. Најмногу ме изиритира еднаш кога (по стоти пат) алиштата си ги стави на мојот кревет, значи онака куп алишта. И и викам пред да одиш нашколо крени си ги алиштава. - Добро. Оди, и и викам а алиштава? И ми вика шо алиштава? Леле, толку не знам, у живот немам исчурено, фаќање тоа парталите, и сум ги шутирала, сум ги газела низ ходник, сум пцуела ко луда. Се и исфрлав и и викам : Сега гледаш ли кои алишта? Она мене... глупача.
Едноставно не поднесувам такви Иам една од основно одд и уше онака живееме и кога за нешто и зборам ако не и одговара нејзе или па не само ако не и одговара туку само за да ме изнервира ми ја врти главата и ко заладена си гледа нешо настрана и ја пошо неможам да истрпам и почнуам и се дерам алооо ме слушаш ли тебе ти зборам ова она и после само еден осмех ќе и даам ко демек на шала и се дерам леле е такви мн ме нервираат неможам едноставно да се справам со нив дефинитивно ми се иде да ја утепам -,-
Порано кога ми се правеше некој мутав ептен се нервирав ,но сега почнав да го вртам тркалото.Почнав да враќам мило за драго.Ако на некој сум му побарала нешто и тој ми рече немам,следниот пат кога тој мене ќе ми побара јас нема да му дам, ќе се правам дека ништо не знам и ќе си свиркам п нека се чуди тој после .Ме нервираат таквите луѓе кои што секогаш се прават на три и пол и гледат да се извлечат.Во било која ситуација подобро е да се кажи точно како што е работата отколку да се правиме на мутави.
Најлоша особина според мене (заедно со ароганцијата)! Знам една таква (другарка демек... како да ја наречам, нема везе) , многу ми се перчи нешто у последно време па што и да и позбориш се прави ко да не те слушнала, онака ке си сврти на др страна сосема кежуал, па ти чуди се после што и проблемот на типката. И имам кажано неколку пати ама џабе брате нема абер ко на ѕидов да му зборам Него си имам јас друга техника, кој се прави на 3 ипол, ти прави му се на 6 ипол.
Оваа карактеристика е специфична за сестра ми.. Сестра ми е најголемата мрзла што постои на светов. СЕРИОЗНО! Ај што собата и е во тотален хаос, хаосот сака да го прави и во сите други соби од куќата и некој обавезно мора да трчка позади нејзе и да собира. Најчесто јас сум моронот што го прави тоа. Еднаш најдов едно мече под креветот нејзин и се исплашив зошто помислив дека е мртва мачка. Стварно не би ме чудело еден ден и тоа да го видам. И колку и да ја критикуваме, џабе е.. Се прави МУТАВА со сила! Нема фајде ни од муабети, ни од казни.. од ништо.. Мутава си е од роџење..
Не се прават тие мутави туку се мутави. па не може секој да биде мутав хахаха ме нервираат таквите .. глумат невини некако ама како ми иде да ги топнам но се возджувам не пагам на нивно ниво