Кога почнавте да го седнувате вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од mama.23, 28 јуни 2012.

  1. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Од кога почнавте да ги седнувате вашите бебуши?
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    12.505
    Допаѓања:
    64.457
    Пол:
    Женски
    ОД КОГА ПОЧНАВТЕ ДА ГО СЕДНУВАТЕ ВАШЕТО БЕБЕ?

    Јас имам слушнато дека девојчињата треба покасно да се седнуваат од момчињата
    Мене педијатарот ми немаше речено ништо во врска со ова , но ќерка ми почнав да ја седнувам околу 7 месец. :)
     
  3. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    jas da vi kazam pravo sin mi ima 3 meseci i nekolku dena i postojano se diga da sedi...pa ako nemoze se nervira barem da izdrzime do 4 meseci pa da pocnm da go stavam vo polusedecka polozba a za sednuvanje ima vreme...
     
    На gavolica4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    276
    околу 6 месеци и моето дете се дигаше порано за седење но јас на 6 месеци го седнав што е сигурно сигурно е :)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.095
    Допаѓања:
    105.911
    Пол:
    Женски
    Сè што може детето само да прави, дозволено е. Значи и тоа што се подигнува, смее да го прави. Можеби ќе можеш да го ставаш во полулежечка положба под агол од 45 степени, ама рано ви е, со тоа се почнува некаде после 4 и пол, 5 месеци. Ама, зависи од детето.
    Инаку, обично се оди на ортопед и тој, врз основа на прегледот на колкчињата и јадренцата, кажува дали бебето може да седи или не.
     
    На Saricko и lolyta777 им се допаѓа ова.
  6. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    да бевме на ортопед и се беше супер со колкчињата и ни рече со полни 4 месеци во полулежачка позиција,ама неможеш да седиш и да го држиш одма сака да седи и ако не му дозволиш плаче па мораш да станеш...педијатарот вика да го ставам во полулежачка позиција но многу малку и сега незнам што да правам уште е мал?
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.801
    Пол:
    Женски
    Три месеци се многу малку за детето да седи, така мислам.
    Еее кој рекол дека е лесно да се биде мама....ќе станеш, ќе прошеташ :D , нема како ти сакаш туку како тоа сака ;) , а седнување после 6-от месец, што е сигурно сигурно е.
    Убаво ти кажа Анатх, почекајте да потпораснете. :)
     
  8. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    е да во право си дека како они сакаат а не ние...ајде ке почекам до 4 месеци па после ке го ставам во полулежачка положба шо е сигурно сигурно е. а педијатарот на минатата контрола го седна и вика види го бе ти него он е спремен да седи веке е цврст затоа ми рече по многу малку да го подигам.
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    394
    нашето има скоро два месеца, го однесовме кај Видоевски и он ни рече дека може уште сега да го седнуваме, секако под наш надзор.
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.725
    Пол:
    Женски
    Да го седнувате ???? Извини ама мислам дека не сте се разбрале баш најдобро. И јас мојата ја носам таму ,но нивната препорака не е да го седнуваш ,туку да го ставаш во количка,релаксатор наместени под агол од 45 степени ,а тоа не е седење,туку полуседечка положба.
     
    На Annath, vickyy90 и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Не си играјте со детето ,не го ставај да седи многу е малечко.... нешто погрешно сте разбрале,ја прв пат слушам дека дете од 2 месеци дека може да се става да седи :?:
     
    На AIT и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  12. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    А бе како да седи 2 месеци дете???Јас имам девојче 4 мес.го повивам широк повој од 3 тетра пелени.Остави ти тоа што се подига само и др работи.Порано баба ми да не ги гледала 7 деца според книга или да не ги носела на педијатар.Се знае кога само ко це се преврти ко че е способно да се крене,да му ојача половината,тоа е на 5 6 месеци или за девојчината се знае околу 7 или пред 7 месеци :?:
     
    На kika31 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    и јас мислам дека е сеуште мн мало за седнување...моето има 3,5 месеци и сам се дига и превртува и се бутка да стане па мене уште ми е страв да го седнувам. почекај барем до 4 месеци и ставај го во полулежачка позиција или па препрашај го ортопедот за секој случај.
     
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    394
    Убаво сме разбрале, зошто Видоевски убаво потенцираше а јас 100 пати го препрашав. Кој бил кај него, знаев каков глумец е и колку маестрално потенцира. Рече „Децата треба да се СТАВААТ да седат, а не да се ОСТАВААТ. Има голема разлика. Бабини деветини се дека бебињата се бали да се седнуваат“ Значи никако сами, бавезно под надзор, ама сигурна сум дека го правите тоа и со поголемите бебиња. Нашето е месец и пол и ни препорача да го седнуваме, а јас го сметам него за стручњак и специјалист во тоа што го работи, така да ги следиме неговите совети.
     
  15. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    394
    3 тетра и тоа на жешково??? Имате некој проблем или превентивно? Ние не и ставаме тетра затоа што нема потреба. Ортопедот и ги провери колкчињата на ехо и рече дека добро се развива и дека нема потреба од широк повој. Ако и вие сте добри, не го малтретирајте детето на жешково со широк повој. Не сакам премногу да се мешам, сепак ваша е одлуката, ама мислам дека широк повој таму каде што нема потреба е само малтретирање за бебето
     
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.725
    Пол:
    Женски
    Извини ама повторно и убедена сум дека не сте се разбрале. Значи нивната препорака е кога го креваш детето од легнато во раце ,најпрво влечејки го да го седнеш и потоа да го исправиш односно земеш во раце ,ако мислиш на ова седнување тогаш добро ,НО немојте да го седнувате и оставате да седи бебето ни со надзор ни без надзор ,тоа е сеуште премногу кревко за да седи. Мојата малечка има 7 месеци и кога бевме на контрола (кај Видоевски) рече дека ако самата седне може да седи и се што самата прави е дозволено,но присилно не смее ништо. Мислењево го пишувам најдобронамерно ,без притоа да те критикувам или нешто слично ,но како мајка која два пати ги поминала овие работи мислам дека е добро да ти кажам,а како ти ќе си правиш е твое право. Поздрав и се најдобро.
     
    На Annath и vickyy90 им се допаѓа ова.
  17. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    394
    Не е можно да не сме разбрале, затоа што човекот ни кажа и во која позиција да го наместиме релаксаторот, на колку степени и ни напомена само да се врзе за да не се лизга кога ќе се остави само. Кажа дека на бебињата им е досадно само да лежат на грб, затоа што немаат ништо интересно да гледаат (освен таванот) и затоа да се намести да седи или во транспортер или во релаксатор за поубаво да си разгледува околу него. Исто беше и со примерот, да кога ние лежиме со свиткани колена да го ставиме бебето на нашиот стомак и да се потпира на колената. Значи премногу примери се и како што кажав затоа што сум слушала и јас муабети за седењето, 100 пати го препрашав. Само акцентот постојано беше на тоа да не се ОСТАВА, туку да се СТАВА да седи, значи само под надзор. И дека на тој начин ќе си ги развива стомачните мускули.
    Малку разгледав по интернет и еве ви линк

    http://www.babycenter.com/0_development ... ng_6505.bc


    While you can prop your baby in a sitting position almost from day one, true independent sitting doesn't begin until he has head control. Значи „Бебето можете да го придржувате да седи почнувајки уште од првиот ден, но вистинското НЕЗАВИСНО седење почнува дури кога ќе има контрола над главата." Бебето е способно да седи САМО на возраст почнувајки од 4 до 7 месеци, а не дека тогаш треба да почнува да се става да седи.
     
  18. kika31

    kika31 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    се разбира после 6 месеци :)
     
  19. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    добро штом сте решиле да го седнувате седнувајте го ваше си е ,како што е и ваша одговорноста за последиците.....поззз
     
  20. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    168
    И јас кога бев на ортопед во Филип втори ми рекоа демек кога тој сам ке почне да се подига и да чучнува тогаш,значи се само кога прави а не ние со сила да го чучнуваме,така моето некаде 5 месец поцна сам да се исправа да си чучнува,но јас го исчекав некаде до кај 6 месец па со пернички околу него за да може да си легне па пак да се исправи и така сам почна да си чучнува ,сега веќе на 11 месеци немаме гајле ни за седење ни за одење,сам си станува од седење подига ножиња и станува ,така да кај секое дете е индивидуално,мислам дека не треба само со сла да се тера некој работи да се прават