Феминки, кажете како да си помогнам. Дома имаме финансиски проблеми кои долгорочно нема да се решат бидејќи никој од моите освен јас нема намера да поработи на случајот. Сите се нервозни и викаат. Ми пука главата. Спас ми е кога ќе излезам од дома. Јас можам да дадам од плата нешто да помогна, ама не сум крива што некој ич не му ја мисли и тоа ќе ни се удри од глава. Заради ваквите проблеми мки се чини животот ми е блокиран и не одма напред туку сатгнирам по туѓа вина. Толку сум собрала нервози, што да ви кажам. Мислам дека кај и да одма проблеми влечам со мене, така се осеќам, иако јас како човек не сум негативна, не сум мрзлива. Дајте совет.
кога проблемите ќе ве затрупаат... Кога велиш „дома“, мислиш на домот со твоите родители, или си мажена? Ако е првото, тогаш можеш да се иселиш/да одиш под кирија/да одиш надвор од државата (ако нешто не те држи тука), да да....имаш повеќе опции, поентата е дали ќе решиш да си помогнеш себе си, со тоа што ќе почнеш да ги „игнорираш“ тие кои на некој начин ти ги трупаат проблемите. Ако си мажена, тогаш мајката му е само РАЗГОВОР со мажот ти, за да се најде решение за заедничкиот дом, оти во брак не можеш сама да се бориш. Нормални се периоди на поголеми проблеми, во секој дом. Сите на некој начин го носиме „товарот“ од својот избор, директно или индиректно. Како и да е, проблеми има, и секогаш ќе има, секаде. Поентата е дали ќе направиш нешто околу тоа, или ќе дозволиш да те турка надолу, секојдневно....
кога проблемите ќе ве затрупаат... Сум имала и ја многу пати вакви периоди.И потполно те разбирам за се.Мислиш дека ништо во животот не иде како што треба,на секоја страна има само проблеми,и не гледаш ни една светла страна во твојот живот.Барем ја ова така сум го доживеала. Мислам дека треба да разговараш со твоите дома,веројатно знаат дека е сериозна ситуацијата и дека сите треба да вложат труд,да се надмине проблемот.Кажи им дека ваквата ситуација психички ти влијае и дека неможеш да продолжиш вака(би требало потполно да те разберат). Ако гледаш дека нема промени,тогаш гледај да си го направиш животот поинтересен,знам дека се неизбежни проблемите,ама барем имај и некоја друга занимација(дружи се со другарки,на интернет имаш милион работи кои ќе те насмеат,ќе ти го разубават денот)Смени си сама некои работи во твојот живот.На тој начин ќе си помогнеш сама на себе.
кога проблемите ќе ве затрупаат... Фала за оптимизмот. Вината на татко ми е што не му се работи, а мајка ми бесот на мене го истура со некои глупави коемнтари демек “ке те видам ако се омажиш некаде и ќе треба цела плата да им ја даавш“, замислете. Како да сака таква судбина да имам , па кој нормален родител така се однесува. Психички ме утепуваат. Главата ми е полна со црни мисли. Не можам да разговарам, занм дека само ќе ми се дерат. Да можам некаде да заминам надвор, ехеех супер би се осеќала, а не овде секое утро и секоја вечер мир да се нема од проблеми што друг ги стрпал. Ми влиаје овој стрес и на врски и на се. Станав многу ранлива и недоверлива иако не изгледам така.
кога проблемите ќе ве затрупаат... Како прво смирисе сите имаме проблеми ако ти е тоа мала утеха да знаеш,само кај сите не се исти проблемите тоа е разликата. Незнам што работиш и колку заработуваш и колку тоа се лоши финансиските проблеми но на ваков начин не се решават проблемите,секој секој ќе обвинува секој на секој ќе му се дери и на нервата настануваат уште поголеми проблеми,како финансиската ситуација ви е лоша прво треба да се заангажираат и да направат математика твоите родители па од страна децата да придонесат и сите ќе го решавате проблемот и секој ќе допринесува и пополека но сигурно парите ќе си ги враќате и долгот ќе се намалува,во оваа ситуација го наоѓам таткоти мн.крив како тоа не му се работи а има лоша финансиска состојба?неможам да сватам и нормално дека мајкати ќе биди нервозна таа во таква ситуација не одбира понашање и зборови и јас потполно ја разбирам значи таткоти нема никаква свест ни совест кога ве остава цело семејство на ваква мака сами извини ама така е таткото е темел за куќата,херој и пример на децата всушност 2та родители се пример за децата но за таткоти нема воопшто никаков коментар и оправдување во оваа ситуација,освен ако таткоти не може да работи од здраствени причини тоа е др.проблем и друга работа.Ти си работиш и си самостојна тогаш не му ќути кажиму све во лице ако треба скарајсе и докажиму дека на ваков начин не се решаваат проблемите и секој ден кавги викање тоа нема да види никаде.Друга опција на која јас би размислила ако сакаш да се отргнеш од целит хаос во куќата и сакаш да му помогнеш повеќе на твоите размиосли за работа некаде во странство еве на брод се заработуваат добри пари има убави услови и верувам дека убаво ќе си поминеш а и пари ќе донесеш или за на др.место да аплицираш ова онака е една моја идеа но како ти е ситуацијата ти си знаеш не е лесно но треба да имаш и трпение да помине овај лош период верувам дека све ќе биде во ред со тек на време...
кога проблемите ќе ве затрупаат... Малку се смирија работите по дома, но заради тие домашни проблеми многу трпи мојот приватен живот и тоа со години. Не е дека имаме долг, туку еден, двајца ќе работат а другиот ќе се одмара. И лошо е што јас работам многу, а на крај добивам дерење. Фала ви за советите.
кога проблемите ќе ве затрупаат... Како што растеме така сфаќаме дека животот станува суров.Навистина суров.Многу пати сум се нашла во ситуација кога сум морала самата за себе да мислам,затоа што секој ги гледа своите проблеми и веќе немаат време да се насочат на моите.А ти кога ќе се омажиш можеби ќе живееш богато и убаво,ќе бидеш среќна и нема да имаш вакви проблеми.Животот се менува. Верувам дека и твоите се оптеретени со други работи и проблеми,ама ова мора заеднички да го решите,затоа ова е ваш заеднички проблем. Ако веќе неможеш да го решиш,избегнувај да се нервираш.Затоа што со нервоза нема да имаш повеќе пари,туку ќе си наштетиш можеби на твоето здравје. Јас од вакви проблеми се тргам на тој начин што сум со другарки,праам некои глупи муабети само да не мислам на ситуацијата дома.Праам се што може да ми го одвлече вниманието од тој проблем,затоа што сум сигурна дека сум направила се што е до мене.И ми успева.Јас пак ќе се соочам со истиот проблем кога ќе се вратам дома,ама многу помалку време ќе ми помине во нервози. Така да,не се оптеретувај психички,си имаш свој живот кој можеш да го живееш како сакаш.Прифати ја ситуацијата каква што е и терај понатака,со позитивни мисли.
кога проблемите ќе ве затрупаат... Фала ти Green. Кога ми е полн денот со обврски немам време ни да мислам.
кога проблемите ќе ве затрупаат... Џабе што немаш време да мислиш кога денот ти е исполнет кога пак тебе те чекаат. Проблемите се решаваат не се трупаат. Спојлер Од ова меѓу редови сконтав дека ти и мајка ти работите а татко ти не работи. Мислиш лесно му е на него? Воопшто НЕ, верувај, само прави голема грешка што неговата нервоза и фрустрираност ја исфрла на тебе. Голема си, треба да ги седнеш на маса и разговараш со нив.
А она не сака да ги реши проблемите демек? Како се решава проблемот-кога немаш пари? Ако има некое решение и мене ќе ми биде добредојдено,искрено!
сега ќе се замешам во муабетот но неможам да се воздржам,да таа потенцира дека таа и мајкаму работат а таткому каде е во оваа ситуација,не истакна зошто таткому не работи и од која причина така се однесува така?се разбира дека сите проблеми не се решаваат с пари но овај не е еден од нив долговите се отплаќаат заеднички со слога секој ќе работи и ќе допринеси како што нагласив и пополека долгот ќе се намалува нормално губење на време е да се обвинуваат еден на друг да си ја префрлуваат вината и да се мисли дека ова ќе помини напротив несакам да ја плашам девојката но што ќе биде ако недај боже затропаат на врата извршители покани за по судови?кој ќе ги реши тогаш проблемите кој ќе плаќа извршители,камати,адвокати знам мн.вакви случаеви и Славица епотполно во право проблемите се решаваат веднаш а не се остава да се трупаат девојкава си е самостојна си зема плата и има право на глас дома и право на тоа да ги седне сите на маса и да се разговара со отворени карти
Абе јас ако добро прочитав е дека немаат долгови туку иритирачко е што само таа работи и изгледа мајка и а татко и НЕ. Ти читаш убаво или се правиш наудрена?!?! Еве ти подолу одговор... мислиш дека сите проблеми се решаваат со пари?
Сакав да кажам кога имам многу обврски немам време да мислам на семејни проблеми. Пари имам колку за мене, ама не да решам проблеми што некој друг ги создал. Во тоа е поентата, јас не правам проблеми, друг ги направил со тоа што бил неодговорен. А и кога имам повеќе работа, ќе заработам повеќе пари и помалку се грижам.
Не далеку од долгови, дури и сметки плаќаме редовно. Но реално ми пречи што татко ми е неодговорен. А тоа никој не може да му го докаже. Какви извршители, далеку сме од тоа. Сакав да кажам дека се правам сама во животот, сама се мачам без врски, немам ни морална , ни финансиска поддршка, а така оди тешко. Едносатвно психата си ја мачам, што би било кога би било. Кога јас би имала деца, а нема да можам да плаќам сметки редовно, можеби, немам ни кој пари да ми пзоајми, немам ни кој со збор да ме утеши. Во таква атмсофера пораснав акде што нон стоп се кукаше за пари, имаше карање. И тоа има оставено траги кај мене. Не е во ред, еден да работи, а друг да се прави удрен , демек нема среќа и никако да му појде. Абе може да не ти оди 1,2, 5 год,ама не цел живот, па згора некој неспособен да се дере , ууффф ужас.
Па така бе Тањамм нацртај им дека проблемот е татко ти кој не работи и целата фрустрираност ја истура на тебе, и НЕМАТЕ ДОЛГОВИ. Ако цел живот дозволил да биде издржувано лице од страна на мајка ти и родителите па еве сега и преку децата, што да кажам . Добра поука каков родител не треба ТИ да бидеш. Ти до сега си борец зошто мислиш дека ќе сплане ентузијазмот кај тебе?!?! Ќе си најдеш сродна душа и ќе го имаш богатството да си самостојна и никој нема да може да те зеза. Трпение - спасение. Гледај си го животот и кариерата а тие по дома очи нека си вадат. Знам дека психата повеќе боли од физичката болка ама и верувам дека твоите родители не го посакуваат тоа, туку мир и спокој. Ете и тие се некои си жртви на ова време. Гледај си го твојот пат во животот.
Тањамм значи според тебе ние сме неуки и незнајме добро да го прочитаме твојот пост така?те цитирам DOMA IMAME FINANSISKI PROBLEMI KOI DOLGOROCNO NEMA DA SE RESAT,ова не сакав да го потенцирам но на крај ние испаднавме глупи што го читавме твојот пост и што од срце сакавме да ти помогнеме со некаков совет посветувајќити време и на крај не напаѓаш дека не добро сме те сватиле секој нормален човек кој ќе го прочита твојот пост ќе ја свати суштината на муабетот и од сите доби одговор каде што треба да седнеш и разговараш со родителите несакам да навлегувам поќе во оваа тема но јас под долгорочни финансиски проблеми не сваќам сметки за плаќање бидејќи тоа е составен дел од животот и секој жив човек плаќа сметки незнам тука што е проблемот и жалењето ако ти беше тоа муабетот ги потенцирав законските мерки за да ги заплашеш малку твоите со таа цел ако е сериозна работата но изгледа ни ти не свати како што треба...
Јас се согласувам потполно со се што кажа. Мислев дека се работи за финансиски проблеми,а инаку сите имаат дома проблеми и затоа не знам како совет да дадам,освен да си ги решиш проблемите дома со твоите. Не верувам дека погрешно те разбрав,затоа што напиша дека се работи за финансиски проблем,и испаѓа дека ја за сосема нешто друго сум пишувала,ама ок. Славица види вака,јас многу убаво разбрав што сака да каже девојчето и кажав дека АКО ПРОБЛЕМОТ СЕ ПАРИ,МОЖЕШ ЦЕЛ ЖИВОТ ДА СЕ НЕРВИРАШ,АМА СО НЕРВОЗА НЕМА ДА СЕ ВРАТАТ ПАРИ. Ама сеа испадна дека пари не се проблем.
Парите се проблем, како во секое второ семејство, ама не се долгови во прашање . Не дај боже има луѓе со месеци струја на платиле. Проблемот е плус што немам поддршка, додека сме во развој ни треба совет, некој да не насочи во животот. Мене тоа ми фалеше.
па тогаш извини ова со ќе ти го речам ама ти очигледно не знајш што пишуваш едно пишуваш на почетокот кога ја отвори темата сега пишуваш сосема трето прочитајсиго постот уште еднаш мој совет,и кој проблеми те затрупале не сваќам што е тука кај тебе драмата кога си одиш на работа и кога дома ти се средени работите што е тогаш проблемот зошто пишуваше дека работите дома ти влијаат на твојот личен живот? па твоите ако живеат од плата и гледат да ги средат работите тоа е тоа како секое семејство ти си земаш плата и си имаш за себе твоите не се расположени секој дена да зборуваат за животот и да делат совети нормално луѓето имаат еден тон проблеми а ова твоето не е апсолутно ништо добри сме сите што ја отворивме темата да ја прочитаме
Спојлер Те читам од самиот почеток и тоа повеке пати ти ги прочитав постовите, ама не сватив. Не сватив што се обидуваш да кажеш... Или сум ја .. па добив впечаток на лошо исцениран филм од запад? Ако грешам и мислеш сум те нападнала јас ДЛАБОКО СЕ ИЗВИНУВАМ! не ми беше тоа намерата. Ако е сакам кажам - незнам речам тогаш извини уште еднаш и добронамерен совер разговарај со твоите родители. Кажи им дека треба да допринесувате сите во семејството како не би западнале во идни долгови, та не струја што нема да може да платите со месеци туку ке има и денови и кога лебче ке нема намаса, да да... Да знаеш дека и тоа го има.