Кога родителите од другарката ве обвинуваат...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од angel92, 31 август 2014.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Незнам дали постои ваква тема но...
    Дали сте се нашле во ситуација каде што родителите на вашата другарка ве обвинуваат вас за пороците што вашата другарка ги има? И баш напротив, вие не сте ни два пати полоша од неа во работите кои што ги прави... Едноставно дежурен кривец сте вие а искрено нема ни потреба да сте вие криви кога сте чисти како солза...
     
  2. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    А на другарката и одговара друг да го носи товарот? :^) Жити другарката таква.. А тие нејзините ако сакаат да се лажат, можеле и друг начин да си најдат. Незрели... |(
    Може и ти рекле тебе во лице дека ти си крива?? :o Којзнае од кај му се тие идеи... Да не случајно оваа „другаркава“ нешто подкажува... мм? :^)
    Од друга страна, па што ти е гајле што си мислат тие? Може твои се, па да му се секираш ;)
    Верувам дека ти е товар. Зборни со другарка ти и пробај проблемот да си остане меѓу нив, а не ти да се справуваш со последиците. Па ваљда и тие нејзините не се толку чакнати за да не сфатат како е работата после муабетот што треба да си го направи таа со нив.
    И на крај краева, ако не бива па лупни му се во лице! Другарка што не сака да те спаси од непотребна одговорност не е другарка. Јас сепак мислам дека ќе се погодите некако.. ;)
     
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.601
    Пол:
    Женски
    Сум била во ваква ситуација.
    Во 8 одделение девојчето што тогаш ми беше другарка на фб си пишела со еден што јас го знаев и му го дала бројот. Овој и вртел постојано оти не беше од тука и си збореле на телефон и овој ко снемал бесплатни оваа му ѕвонела и сметката и била малку повисока. И кога дошла сметката мајка и ја карала зошто оволку, зошто толку и ја прашала со кого зборуваше толку и таа кажала со кое дете и мајка и ја прашала од каде го најде пак тој и оваа рекла дека јас на тоа дете сум го дала нејзиниот број што нема врска. И мајка и ми се јави и ми рече која сум била јас да и местам дечковци и уште што не не реков ништо ама во иднина се случија и други работи што ептен се одалечивме со неа сега само ако се видиме на улица само 2 збора и толку. Сеедно таа постапка мене да ме намести не и чинеше. МОжела да си признае како што било, згрешила со сметката што направил толку ама кој признае половина му се простува.