Прочитав некој муабет за кога се болни малите и за нашата паника, па убаво би било да имаме посебна тема. Како се носите со ситуацијата? Дали сте од оние кои викаат, ех дете, ќе помине, или од оние кои одма трчаат на лекар? Некоја средина можеби, ако постои? Јас сум тотална паника, мразам кога е болна, имам лошо искуство и не можам а да не се нервирам. Се обидувам како знам и умеам да се смирам. Споделете и некој совет за што вам ви помага. Еве глава ме боли и немам мир откако се разболе, само слушам како дише.
Тоа што ослабувам неколку кгр.за неколку дена доволно кажува. Не јадам,не пијам,не спијам,бледа сум и за никаде. Се можам да поднесам ама кога се болни светот ми се руши.
Јас паничам,уствари многу се плашам дека ќе и се случи нешто. Ми се врти стеав дека ке завршиме во болница и бла,бла. П.с. Уште трудна дур бев,многу се плашев дека ке и биде нешто. Од слушани искуства од други мајки . Нај страв ми е од шлајм и опструкции. Плус дете инхалатор да не види . Кога е болна ,јас сум дежурна цел ден,цело време додека не оздрави..И тогаш ми е 24 часа во раце. Така спие Не трчам на лекар,до сега комунициравме по вибер. Докторката беше одлична,но сега ја затвори ординацијата. Одбравме друг матичен,и незнам како ке биде. Ме фаќа страв. Со докторкава осеќав сигурност. Се е до човекот и карактерот. Сите ги боли но сите различно реагираме. Стварно незнам како да се справиме.
На мое големо изненадување многу сум смирена. Паничам кога има потреба. Дали дека првото разболување откако е роден беше мачно со 40.5 температура, па сега секое наредно ми е 'полесно'. Секогаш кога ќе сфатам дека се разболува прво проверувам дали ги имам сите лекарства, варам супа, растварам електролити, го расоблекувам и си играме. Еве денеска качи температура и не паничам дека гледам 38.5 максимум иде, инаку нема да знам главата кај ми е. За помагање, ништо не помага. Стрес е, мачно е за сите дома. Најтешки ми се ноќите и страв од непознатото, нешто што го немаме поминато. А да, уште потешко ми е што не сака никаков сируп и мора на сила со плачки, не сака да јаде и пие, малаксува и срцето ми се крши кога лежи во мене со полузатворени очи.
Па паничам... ама ве читам нагоре, не сум скроз изгледа. Светот ми се руши кога е болна. Искуството со лежење на клиника и анестезии и операциони сали за мал зафат за ушињата ми е траума. Секое течење нос, прво на ушите ми иде паниката. Генерално, освен за ушите не паничам, нос, кашлица сме проаѓале без температури. Не и се тресам и не ја тинтрам многу зашто се случува често. Сипаниците скроз без паника ми беа, нормален дел. Стомачните вируси ми се гадни, ама и релативно послушна е за пиење течности. Грло до сега не сме имале црвено никогаш. Малите настинки, па и воспаление на увце, стомачни вируси... составен дел се, нека е на тоа некад си викам. Ама генерално сите се тресеме на тоа кај што имаме лошо искуство, како ја со ушите.
Не паничам. Знам кога е ургентно, а најчесто не е. Температура, шлајмови и слично се дел од детството од кои нема бегање. И да треба да лежи детето во болница не го доживувам стресно, само му треба поголема поддршка од болницата и затоа лежи, а не дека е нешто екстра опасно. И од температура да добие дури и напад, иако изгледа страшно, не предизвикува штета и знаејќи го тоа не паничам. Правам се што треба да се прави секогаш, ама без страв. А за течење нос одма спрејови, аспиратори, не, не. Или малку само црвено грло без ништо друго и да пие детето сега витамин д, па мултивитамин, па омега па што не, сирупчиња, апчиња разни врсти ко некој дедо Појачај исхрана, ќе помине. Мене мајка ми ме порасна како капка на дланка ме чуваше, се потресуваше премногу за се и сешто и долго време имав и како возрасна, чувство на некоја генерална слабост и болежливост иако перфектно здрава.
Не знам дали паничам... Ама не јадам, не спијам и после тоа и мене ми паѓа имунитет и се разболувам. Премногу исцрпувачки ми беше овој период кога тргна во градинка. Издржавме два месеци и го отпишавме. Не можевме повеќе... Не функционирав како човек, сеуште не можам да си дојдам при себе...
Многу лошо се справувам. Паничам уште пред да се случи нешто. Сега откако тргна в градинка, секој ден само го пратам дали е арен, дали диши убаво, страв ми е од ноќите кога ќе си легни, се плашам дека ќе стани на сред ноќ со повраќање како единствениот стомачен вирус кога го фати пред некој месец (а јас имам страшна фобија од повраќање), страв ми е да не почни да се дави во шлајм одеднаш на сред спиење како што се случувало до сега повеќе пати, па да повраќа и тогаш шлајм. Со еден збор и кога е арен и кога е настинат јас живеам во страв, животот во страв ми помина. Сега живеам и за бебето во страв после првата настинка што ја префати од брат му. И него го пратам ден и ноќ како диши. Не знам ни како да си помогнам, знам дека е претерано ова моето, ама посилно е од мене..
Јасно ми е, знам дека е така. Планираме здравје другата есен пак да пробаме да го пуштиме во градинка. Се надевам до тогаш барем ќе знае да каже што го боли и да си го издува носот. Не знам што да кажам... Ова разболувањето не беше нормално. Пон, вторник, среда во градинка и секоја среда вечер температура... Без исклучок, секоја недела болен.
Колкаво е? Мојата ја носевме во градинка само една година пред да почне на школо и тоа на пола време. Ама и тогаш и првите 2-3 години на школо, секој месец беше настината. Се отру од антибиотици. Два пати на болница завршивме... И после, бела косата... епа бела.
Не ме сфаќај погрешно, само така си правиме муабет. Ама ова вака да го прочиташ, а да не знаеш дека за во градинка одење се збори, ќе си помисли човек којзнае каква траума. Сакам да речам, дека викаш не можам уште да се опоравам, а детето отпишано. Не бива да не уживаш и ти, ете така ќе се разболуваш од стрес. Знам дека е лесно да се каже, ама стварно пробај, дај се од себе, сите дечиња исто растат.
Тоа што го напишала батерфлај сум јас пред 3 месеци. Буквално истото го поминав, исто се осеќав, истата градинка. Само што повеќе време помина од нашето и јас се смирив. А исто вака како тебе ми збореа, ми се чудеа како можам толкав стрес да си правам. Веројатно кога веќе ќе го поминеш ти станува составен дел од животот.
Страв од температура имам многу, во моментот сум трезна и реагирам што треба да се направи, ама потоа не можам да престанам да се тресам... имаше 4 пати конвулзии од 38.5 или 39 тт, знам дека не се штетни, бевме и на испитувања ... сè е во ред, нема ништо но сепак глетката е... Стравот ме следи и со второто бебе, уште не знам како ке реагира со тт, се надевам не ги наследил и он.
@WildMk на 14 месеци почна во градинка на 16 го отпишавме. @Mantub така е, и јас истото го викав, дека не заслужувам да се жалам зашто има деца и мајки кои се борат со многу пострашни работи... Сепак темата е за тоа... Можеби и ми беше пренапорно бидејќи работиме од дома. Ај што работиме од дома, јас водам голем проект исто и маж ми. Имаме рокови кои не можат да се пролонгираат. Ако ги оставам јас така на цедило, ќе се снајдат, не сум незаменлива ама сепак ги оставам на цедило... Така што преку ден се грижевме за синко, јадења, лекари, сирупи и се пропратно. Откако ќе заспиеше он трчавме да работиме. Во исто време и да се среди хаосот од денот. Останувавме до 5 сабајле да работиме, па спиеш до 8. Се буди детето и пак исто. Буквално функциониравме со по 3часа сон. Ќе поминат 3 дена ќе се оправи па нас ќе не фати истото. Уште не одморени, ајдеее глеј да се доведеш во ред да можеш да работиш. И таман малце си почнал да се опоравуваш ајде пак температура качува детето и пак исто. Во круг два месеци.
Не знам дали да се ставам во групата на паничарките. За се што и да се јави (температура, осип, хрчење, течење носе) консултирам матичен по телефон и ако каже донеси да ја видам носам дете. Како некој малер секогаш кога Антонија имаше температура јас бев сама дома а маж на работа трета смена. Полесно ми е кога знам од што и е (вакцина) отколку кога не знам. Приземна сум, мерам температура на секои два часа, и почесто ако ја сетам дека е топла или малаксана. Сирупи давам исклучиво над 38.5, инаку разладувам, соблекувам, оцет на чорапи и слично. Проблемот кај Антонија е што крева над 39.4-5 и мора да се следи постојано па цела ноќ и ден дежурам, следам дете, супи, сирупи, игри, туш, електролити и се по ред. Носам на крвна слика, дежурен, матичен се сама. Меѓутоа со коронава и јас со лежечка бременост се пореметив кога се разболе. Последниот пат кога качи температура го молев маж ми да се смени да не оди на работа зошто не можев да ја кревам во раце. Одеднаш од 38.2 крена 39 за 5 минути, ја однесовме на матичен не препрати Козле, во кола ми крена 39.7 па во кола давав сируп и со клима ладев, таму ни рекоа само позитивни дека има и на свој ризик влагаме на преглед, маж ме гледа као што да правиме, па оттаму ајде Авицена брз тест и крвна слика со црп, па по негативен тест одиме на детска клиника, таму чекавме саат време редот не се помрдна. Добив крвна слика на мејл, му пратив на матичниот порака да не чека да ми даде атб за детето дека нема да чекам ред на клиника. Земав атб од аптека, веќе знам кои аптеки се дежурни, и дома. Кога стигнавме почнав да си плачам онака да липам и маж ми прашува што ти е, ете падна температурата, а јас му викам не смеам да ја кревам во раце да си ја нишкам, се осеќам неспособна. Он ми вика јас се изгубив кога ми кажа во кола дека има 39.7 ништо друго не се сеќавам, кај ми кажа таму возев и само носев дете во раце, се осеќав како телохранител а не како родител. Ама па после тоа он беше смирен лога почна да се опоравува а јас да се тресам и да ме фаќа страв и за роденото и за нероденото. Налет оваа корона во два месеца три пати ја тестирав малата. Од кога појде во градинка за прв пат примаше антибиотик сируп, антибиотик капки, инхалации, три крвни слики со црп, брисеви од уво, нос и грло. Докторот ми вика многу паничиш ама па да ми крева температура над 39, да ја држи подолго од 24 часа и јас да не знам од што е, не ми е мирна душата.
На почетокот кога беше бебе не паничев воопшто, секоја настинка ја "гледав" како нормална. Ама од година и пол навака кога почна секоја настинка со нагло кревање температура од 37 на 40, секоја настинка завршувавме на болница од дехидрирана и со инфузии, едно помодрување најзино и почнување да се губи, секојдневно дружење со инхалаторот, посета до козле, не паничам но се плашам затоа што знам што ме чека. Многу сме поминале по болници, од анестезии, магнетно снимање емг, разни испитувања, разни болници, за се сум била трезвена, смирена, без паника, самата на себе сум си давала сила затоа што тоа што е за здравје мора да се направи, за разлика од мм кој паничи и за инфузија. Единствено се "тешам" тука дека не сум единствена што и се случува ова дека сите дечиња а поминуваат низ истите вируси и настинки затоа што се осеќам дека секој вирус нас ни се закачува
А што правите со деца кои не соработуваат? Андреа освен вода, други течности нема шанси да внесе. Електролити, сируп или супи никако. За тт само чеп, и тоа на сила, ја држам преку коленици кај мене . Секрет од нос и аспирирам на сила, седам врз нејзе додека она се треска. Тт со без контактен мерам во летање, ни за тоа не седи. Да соработува би ми било полесно.