Форумџика на годината 2020

Кога сопругот е на работа во друга земја

Дискусија во 'Брак' започната од causevsku777, 19 ноември 2010.

  1. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    11
    Го отворив овој сајт за баш да видам колку не има мене маж ми е во Авганистан и уште малце ке си дојде и тие месеци ми беа многу тешки за мене. Па сакам да видам како сте ги поминале месеците без нив. Позз
     
  2. m1lani

    m1lani Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    21
    Eee zlato moe koj ne pocustvuval toj neznae kako e! Jsa bev razdelena od mojot soprug 3 godini toj bese (a i sega e samo sega sme zaedno) na rabota vo Germanija a jas vo Makedonija se vrakase na sekoi 3-4 meseca. Sekoj den neznam ni jas kako sam go pominala od tezok potezok. Togas bevme vo vrska ne bevme zemeni no morase da se izdrzi posle tri godini toj dobi dokumenti se zedovme si dobiv vedns i jsa dokumenti i sega sme zaedno srekni i uste po zblizeni. Dalecinata boli nogu zatoa te razbiram mnogu dobro kako ti e, ni eden zbor sto ke ti kazam nemoze da ja zameni tvojata bolka iako toa bilo odamna pozdrav
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.669
    Има шанси мојот сопруг да замине и тоа многуууу далеку,дури Африка ;( Но најде работа која доста е платена ,па досега само одложувавме кога да отиде,чекавме да помине свадбата.На 3 месеци ќе си доаѓа и незнам како би издржала....Досега се противев многу,но трошоците се тие,а јас откако ја напуштив работата тешко за нова.Само на неговата плата ,иако е солидна сепак пола оди за кирии.Така да најверојатно често ќе пишувам на оваа тема ,ќе ми треба тешење.....Иако не е како порано,тука е Скајп,ФБ,сепак никогаш не сме биле разделени и знам дека премногууу ќе ми биде тешко :worried:
     
  4. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.481
    Мајка ми во Септември отиде во друга држава (читај-друг континент).
    Се вработи, оди во школо, пошто она треба да добие работна виза за медицинска сестра и сеа некои испити, курсеви, за да може сите да не земе.
    Еве поминаа 3 месеци и нешто, се гледам со неа на Скајп 1-2 неделно, а со татко ми се гледаат скоро секој ден.
    Се издржува де, не е до толку страшно :) сепак нели тоа за подобар живот се прави!
     
    На simonagj и maca99 им се допаѓа ова.
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    734
    AH FEMINKI I JAS SO ISTATA MAKA SE SPRAVUVAM.MAZ MI E NA RABOTA VO SKANDINAVSKITE ZEMJI I OSTANUVA TAMU PO 90 DENA ZNACI 3 MESECI IMAME DVE DECA I CESTO KONTAKTIRAME ILI PREKU SKAJP ILI SO PORAKI PONEKOGAS I NA FIKSEN TELEFON KOGA KE DOJDE VREMETO ZA ZAMINUVANJE UFFFFFF.NE MISLAM MNOGU ZA TOA KOGA KE ZAMINE POSTO OSTANUVA 2-3 NEDELI I PAK STRAFTAAA BIDEJKI NE ODAM NA RABOTA SE DOSADUVAM DOMA IMAM I UCENIK TAKA DA SI NAOGAM ZANIMACIJA STO DA SE PRAVI ZA PODOBAR ZIVOT NA DECATA I NA NAS SAMITE MORAME U POSLEDNO VREME SE MISLAM I JAS DA SE PRESELAM SO DECATA TAMU AMA NEKAKO DRUGA ZEMJA IC PAMET NE ME FAKA A BASKA AKO ODIME I NIE TAMU KEMORA I JAS DA RABOTAM I SITE PARI KE NI OTIDATZA KIRII SMETKI HRANA ITN NEZNAM KAKO DA SE RESAM

    [mod-kirilica:2l0yd1nz][/mod-kirilica:2l0yd1nz]
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.375
    Пол:
    Женски

    Ах таа работа што ја нема колку семејства унесреќила :@ ...Имаше еден период и јас и мм без работа. Значи приходи од никаде цели 3 месеци. Колку и да сакаа, свекор ми и свекрва ми тогаш стварно немаа можност да ни` помогнат, таков се погоди периодот... Среќа имавме останато пари од претходно (имавме заштедено некој денар за кирија, сметки и факултет ама тие пари беа ептен броени и од нив не чепкавме многу), ама тогаш како не скренав, мислам дека никогаш нема да скренам. Која беда беше тоа човече! Тој сабајлето ќе оди да бара работа, јас се мислам со тие пари шо останале кој црн ручек да го направам, значи морав да се снаоѓам, Робинзон Крусо не ми беше рамен. Да не праам муабет дека тој период последните испити ги спремав. Читај, читај, не можеш да се сконцентрираш бре, немаш јадено како човек, спиено па да не праиме муабет.

    На мм му се отвори прилика да оди во друга земја да заработи.Значи праиме муабет за убава пара, но за тешка работа во тешки услови, а пред се`, далеку. Кој сака нека верува, кој сака нека не верува, јас реков НЕ и готово. Е*ем ти и пара и све од таа работа ако после десет години истата му се одрази на здравје. Колку само имаше луѓе што сакаа да не` разделат, ние опстанавме, поминавме преку сито и решето. За што? За едни пари да го изгубам? Нема шанси. Вредниот човек гладен не останува. Кој бара, ќе најде, треба трпение, ама ќе се најде. Две недели после тој муабет мм најде работа, потоа јас завршив факултет и јас најдов, па имав еднаш шанса да работам две работи, ама сеа мм беше тој што не ми дозволуваше (ми рече „Е да бе, ти да се грижиш за моето здравје, а ја за твоето, не, а? Не може така. Ти колку вложуваш во оваа шо ја имаш, уште една таква ти фали и здравјето отиде.“) и така. Јас напредував во работата, си собрав за магистратура некој динар, тој си најде поубава и поплатена и солидно се опраивме. Оттогаш имало и подеми и падови, но никогаш веќе како тој период, да чукнам во дрво.

    Не викам ако нема некоја поголема шанса дека не треба да се зграби со двете раце, секој повеќе ќе се радува на поубаво отколку на средно убаво, но прво треба да се преиспита што еден брак добива а што губи со тоа. Да не биде ко во онаа Луѓето го трошат здравјето за да заработат пари, а потоа ги трошат парите да го вратат здравјето. Но, сепак ќе речам секој брак е приказна за себе, има многу бракови кои успешно поминале таков предизвик (со едниот партнер на работа во друга земја), па само ќе ви посакам многу среќа, сила и трпение. :)
     
    На Starlič, Anacid, do-re-mi и 6 други им се допаѓа ова.
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    734
    Дали ви се има случено или ви се случува да во бракот еден од партнерите да треба да оди да работи во странство??
    Како се справвате со ова да бидете разделени а и сега веке имате и деца??
    Еве јас лично го осекам ова на своја кожа 3 месеци на работа еден месец дома.
     
  8. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    128
    БРАК НА ДАЛЕЧИНА

    имав таков брак кој ете сега се разведува.....кај нас не беше само далечината во прашање но секако далечината си го прави своето.....

    сама одгледуваш деца, сама по доктори, сама се’.....плус мало дете не разбира па ајде всадувај му љубов према таткото за да не го заборави секој ден слики му покажував....тешко е

    а и кога ќе си дојдеше бетер гостин- јесте работел како коњ таму но и на жената овде сама не и е полесно и плус милион проблеми и душегижници...... а и плус овде нели сите загрижени роднини секој ден некој на гости па дур раскренеш нема време за ништо :lol: гости секој ден, во секое време секој сака да го види........па и ние сакавме да го гледаме, да биде со нас да ни посвети внимание....а не на пример на золвата тогаш и текнало да дојде на гости и да седи цел месец, а пред тоа да помогне со детето ја немаше.....а сега да ми помогнела :rofl:
    во секој случај тешко но се е индивидуално, зависи од целта која ќе си ја поставите, и секако финансиската ситуација......

    а за далечината знаете како велат- ја гасне малата, и ја засилува големата љубов ;)
     
    На macalavica и mira.mira им се допаѓа ова.
  9. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.270
    БРАК НА ДАЛЕЧИНА

    Јас лично знам за многу луѓе кои имаат вакви бракови.
    На пример возачите на камиони понекогаш и со месеци се на пат.
    Сите вакви бракови кои ги знам се стабилни. Имаат дури и големи деца. Не знам како им е дома, дали има конфликти или афери, но браковите се држат.
    Од друга страна моите имаат брак на далечина. До душа, не е тоа голема далечина и долг временски период, но татко ми работи во Скопје и пет дена во неделата е таму, два дома.
    Нема да лажам ако кажам дека бракот на моите им е совршен и далечината не ја нарушува хармонијата на нашиот дом. Имаат разбирање и иста професија. Кога се мора, се мора.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.158
    Може да успее! Како? Па прашајте ме мене :D :D, мала шала

    Ние така функциониравме 3-4 години (мислам дека имаше нешто слична ваква тема и пишував). Работеше 3 месеци во Ирак па 2 недели дома на одмор. Тоа беше уствари брза печалка (се знае, скоро цело Ку-во работеше по Ирак и Авганистан) за да создадеме нешто наше бидејќи почнавме од ништо. Не изигравав ,,ирачанка,, или ,,авганистанка,, (знаат кумановци што значи таа придавка) а најмалку очајна домаќинка која не висеше по салони, козметичари, шопинг тури, кафани и сл. Работев и јас, а во слободно време детето под мишка и се мававме по аеродроми по бел свет.
    Се додека не ги исполнивме нашите зацртани планови и му давав подршка да издржува во таа вукојебина тој остана.
    Имав моменти на кризи и кризирав, не дека не, ама во никој момент не покажав слабост. Верував во нас и сакав да успееме. Најголемата подршка ја добивав од татко ми и некои блиски пријатели. Додека други ме гледаа низ призмата на парите јас научив од кои да се пазам и да видам што луѓе се. Чудно е како се менуваат луѓето па дури и тие што ти се семејство или ти биле најблиски.
    Не, нас парата (тешки пари кои можете да ги претпоставите. Да не лупам цифри :$ ) не ни лупна во главата и не не` промени. Останавме исти.
    Далечината малку си го направи своето. Кога почувствував дека сум ,,сама са собом,, почнав да алармирам да се врати. И ден денес се зеза, се додека велеше дека ти фалам си ќутев ама кога престана да викаш по мене :) сватив дека ,,далечината,, си го чини своето.
    И нормално е. Ние успеавме да функциониравме тој период. Знаевме дека тоа нема да биде засекогаш.
    Полесно се функционира додека имаш некој план и визија за иднината и зацртани цели. Човечкото око незаситно и треба да пазиш да не те преземе лакомоста и парата. Ок е да се има љубов и се тоа ама полно луѓе забораваат дека љубовта ја насочуваат и гледаат кон парите. Ако се успее да се направи добар баланс меѓу целта и парите од една страна и кризирањата од друга страна тогаш се успева. Мораш нешто да жртвуваш за да успееш. Најлошото е кога незнаеш кога да дигнеш рака и ставиш крај на далечината - тогаш си изгубен во тој магичен круг и згаснува љубовта. Ако самите на себе не си давате подршка тогаш и не ја очекувајте од некој друг од страна.
    Јас пак ќе кажам ,,кога се сака се се` може,, ама најбитното е ,,што се сака,, и која цел сакаш да постигнеш ;)
     
    На Mom_3, Naturel, mira.mira и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    16.836
    Пол:
    Женски
    Не знам, јака ви душа како истрпувате. Јас сега пред брзо време имав таква прилика да бидам разделена од маж ми 5-6 дена и искрено криза почна да ме фаќа уште првата ноќ без него, а како што сум си емотивна и плачка може да замислите :rofl:
    Не сум јас за такви работи, па и за работа кога би се работело, повеќе би сакала заедно да си ја пробаме среќата, отколку да живеам со него преку интернет. За сега го имам ова мислење, не дека ни цвета нешто многу живот и кариера овде, не дај Боже да дојдат уште полоши времиња од овие кога би морала да прифатам да бидеме разделени.
     
    На heart.stealer и lolyta777 им се допаѓа ова.
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    734
    хахахха не викај два пати викај само бог да чува
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.158

    :!: и да брани ]:)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.371
    од сега натаму ќе ја посетувам и јас оваа тема..
    не можам да поверувам дека ќе си замине.. ич ама ич не сакам да одии.. ама што да се прави знам дека и нему не му е сеедно ама мора .. за да обезбедиме дома и иднина на нашето малечко.
    сеуште не можам да се соземам..
    ама па кај ја најде баш ИНДИЈААААААААААА........ оххх лелеее//
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    734
    unique.chick---на колку време ке си доага дома?
     
  16. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.371
    па нема да си доаѓа .. оди и за 6 месеци се враќа..
     
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    734
    уф кај тебе полошо е од кај мене ахаха ,ојот на 3-4 си доага :D :D :rofl: ке се навикнеш со тек на време ама дека си со бебче ке ти биде тешко додека се средиш одпочеток
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    1.161
    Се надевам имаш кој да ти помага од семејството. Инаку како што рече он оди за вашата подобра иднина така да мисли на убавиот живот што ќе го имате после неговото враќање. ;)
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.375
    Пол:
    Женски
    Јака ви душа на вас што се соочувате со вакви работи...особено зборувам за сопругите на оние кои периодов работат во оние опасните региони. Колку пати на вести го спомнаа тој Авганистан последниве месеци...не знам, пре би се задоволила со 300 евра месечно од двајцата заедно, а без страв и без таа болна разделба, отколку со месеци да стрепам дали е добар, дали јадел/пиел, дали се разболел и да чекам пред компјутерот за да го дознаам тоа...нешто како Абеја сум по тоа прашање, ако веќе си ја бараме среќата, двајцата да си ја бараме...бар во добро и во лошо ќе бидеме еден покрај друг, како што и си ветивме кога склучивме брак.
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.070
    Неколку месеци па и година дена не се ништо доколку се работи за поубава иднина за вас...Тешко е ама пак не е неиздржливо, знаеш дека разделбата е со некоја цел и тоа е мала жртва што треба да се направи...Освен ако не се работи за постојана работа во странство без можност да ве повлечи и вас барем во наредните неколку години :^) и да си доаѓа само на одмор, тоа е веќе друго...
     
    На Annath и Moira им се допаѓа ова.