Сакав одамна да отворам ваква тема, но на крај се решив. Ако не е во ред, канта. Ме интересира, кое е прашањето што често ви го поставуваат? Дали се срамете да го одговорете? Мислете дека не е во ред што толку често ве прашуваат за тоа? Мене на пример, моментално ме прашуваат како сум ослабнала толку и која е диетата што ја држам. Пред една година, ме прашуваа колку години имам и не му се веруваше дека имав 19, дури остануваа со отворена уста. Ајде, со нетрпение ги чекам вашите одговори.
Кога планираш да се омажиш и зошто не работиш, се двете прашања кои често ми ги поставуваат и ме вадат од такт па посебно кога ќе ме праша некој што има најмалку право , да го знае одговорот..арно рекле свој леб јади туѓо гајле бери , народски кажано!!
И мене најчесто ми го поставуваат тоа прашање- Кога ќе се мажиш, па кога ќе се мажиш? И мене исто ме иритира ама во никој случај не се срамам да дадам одговор.
Најчесто ми го поставуваат следново прашање: Како можеш да останеш толку нормален во овој ненормален свет? Јас на тоа одговарам, светот е сосема нормален каков што бил и пред милион години само ние лугето премногу се сменивме и отугивме едни од други, па така наместо да се гледаме во очи и разговараме ние разговараме преку друштвени мрежи. Наместо да си помагаме ние гледаме само како да си наштетиме едни на други..... Во секој од нас чучи човек, само треба да се обидеме да го разбудиме и да му помогнеме да го победи ѕверот во нас. Затоа мој апел до сите вас, обидете се да го разбудите човекот во другиот а не ѕверот, бидеки лесно е да се испровоцира човек за да го покажр ѕверот во себе, многу е потршко од човек да ја извлече онаа добра страна.
зошто не бараш работа? јас на твои години имав 5 год. стаж... Ееее сега е друго време и јас да најдев на 18год работа сега ќе имав пола стаж,ама ај кажи му на луѓево од времето на ТИТО.
Од соучениците најчесто: Имаш домашно математика? Зошто си таква намрштена? И после зошто сум била намрштена.
Мислам дека не ти требаше толку филозофирање за ништо Плус овие нешта веќе милион пати сме ги чуле сите верувам. Извини ако се умешав во ова без причина ама така искрено глупаво ми беше. Мене често ме прашуваат дали имам дечко, како во школо, каде на факс...
Сега веќе не работиш, нели? Проследено со најжалосната фаца која што можат да си ја намонтираат во тој момент.
Не е проблем што се замеша и сосема ми е разбирливо што не си ме разбрала со оглед на годините, инаку ова твоево воопшто не е глупаво гледам сите ѓи интересира дали ти имаш дечко. Во секој случај те разбирам и воопшто не ти замерувам. Па еве кога веќе сите ги интересира дали имаш дечко па не не држи и нас во неизвесност и откри ни го одговорот на тоа биѕно прашање.
Каде работиш? и Не го гледаме веќе тоа детето што те испраќаше, па кога ќе се мажиш? Да знаат они од кога „детето“ е далечно минато...
- До каде си со факултетот? До подготовката на магистерската (небаре толку сум малоумна, или завршувањето на факултет со дете е научна фантастика, па ми требаат 7 години да го завршам). - Оние малку подобро запознатите дека сум го завршила факултетот и сум запишана на постдипломски знаат да бидат уште подрски... Зарем уште не магистрираше? да бе плуки залепи. - Во последно време прашањето кое најчесто го слушам... Аууу се' послаба си, како толку ослабна, да не си нешто болна? А врв на дрскоста беше прашањето на една познаничка од што сум толку ослабнала дали поради тоа што сум имала мозочен удар