http://www.youtube.com/watch?v=PavJUoZNT7g&feature=fvsr Режија: Pedro Almodovar Улоги: Antonio Banderas, Blanca Suarez, Elena Anaya, Marisa Paredes Кратка содржина: Брилијантен пластичен хирург, обземен со минати трагедии, креира еден вид на синтетична кожа која е отпорна на секакво оштетување. Неговото заморче е мистериозна и непостојана жена што го држи клучот на неговата опсесија. Филмот е адаптација на романот "Тарантула" на Тиери Жонке, а Македонската публика имаше можност да го погледне на затварањето од фестивалот "Синедејс". Го гледал некој? Каков ви се чини? Искрено темава ја отварам за да прочитам некој впечаток и критики пред да го погледнам, иако приказнава изгледа добро.
Кожата во која живеам (The skin i live in 2011) Имам неколку филмови симнато,кога ќе ги изгледам овој е на ред, ми изглеа како интересен
Многу сакав да го гледам на CineDays, ама ете не успеав. Обавезно ќе го гледам, па ќе напишам импресии
Го немам сеуште гледано ни јас, иако ми е во план овие денови освен ако ме фати некоја желба за учење
Алмадовар...звер! секоја чест. повторно се претстави во најдобро светло Филмот е одличен. Јас го гледав пред некој ден и баш сакав да отворам тема за него, али Vitorija ме претица Обожавам филмови кои не се амерички бидејќи имаат подобра карактеризација на ликовите. Зачудувачки е до каде може да те одведе опсесијата и копнежот по она што некогаш си го имал. Неверојатен е начинот на кој режисерот ја доловува битката со внатрешните демони и сенките од минатото и на колку лесен начин можеш да ја изгубиш истата доколку не внимаваш. Едноставно, прекрасен филм...незнам што друго да кажам освен ова
Го гледав баш пред 2 дена и незнаев како да напишам критика еве се спрема, веќе два дена и не можам да оформам мислење финално, за прв пат за било кој филм Бријантен да, но за мене болно психопатски на моменти. Едно ќе признаам, ми го задржа вниманието до крај, а тоа не им успеало на многу. Незнам што оцена би му дала, но нема да знаете што се случува и дејствието се одвива до последните минути од филмот. Како и да е откскокнува од филмовите кој сум ги гледала. Гледај има доста сурова вистина во него, и ме замисли да искрено од тогаш го мислам и некоиработи по три четири пати ги размислувам и анализирам.
Сакам да го гледам филмов, веднаш ме привлече содржината уште од поодамна кога ја прочитав. Ми делува онака психолошки , и многу сакам таков жанр на филм.
Го гледав пред летото мислам, па некои работи ми се избледени. Но, во секој случај ми се допадна, се некои неочекувани сцени и постапки. Пораката ми се допадна дека телото не може да ти го зароби душата и телото, она што навистина си.
Еден од по добрите психолошки трилери. Улогата на Антонио Бандерас се сведува во текот на дејствието како освета со што тешко е да се знае за приказната ако не се догледа филмот до самиот крај. Колку и да изгледаат некои сцени мизерно како што некои од луѓето критикуваат сепак филмот вреди да се гледа https://www.youtube.com/watch?v=7aZyEThH__4