1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Козметика од Битпазар

Дискусија во 'Лице' започната од darkmoon186, 9 март 2017.

  1. darkmoon186

    darkmoon186 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Па девојки насловот кажува се.Сакам да прашам дали некој ги има пробано мат карминиве од Кајли по 150 ден. шо се случајно поминав од таму вчера и не можев да видам во какви бои има премногу гужва имало во секоја тезга.
     
  2. aceee99

    aceee99 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2017
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.150
    Пол:
    Женски
    Jas Neman probano
     
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    5.877
    Брaтучеткa ми купувa oд тaму се, oсвен пудрa. И зaдoвoлнa е
     
    На ludamaja10 и darkmoon186 им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.257
    Допаѓања:
    104.935
    Пол:
    Женски
    Во врска со козметика од пазар , било да е Кајли , Мак , Нејкед и незнам што друго , не ви препорачувам да купувате. Прво , не го знаете составот. Не знаеш што ставаш на твојата кожа и тоа кожата го апсорбира. Баш еднаш коментиравме на форумов кои се состојки ги содржи таа токсична козметика , мислам дека темата беше `Токсична козметика` , прочитајте. Второ , производите им стојат на тезгите на +40 ; -15 степени , изложени на сонце и со тоа производите се расипуваат.
    Истите производи се и тие на ebay и алиекспрес , ги набавуваат од таму и ги продаваат по пазарите. Јас разбирам дека секој не може да си дозволи да купува поскапа козметика , ама ако се додадат уште 100 денари , место Кајли со сомнителен состав , можеш да земеш Есенс , Аура , Голден Роуз итн.. :)
     
    На lawyermm, Annath, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. darkmoon186

    darkmoon186 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Тотално се согласувам само ме интересираше за нив зашто имам огромна желба да ги пробам а не ми се даваат 25 долари лол.
     
    На aceee99 и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.569
    Допаѓања:
    39.984
    Пол:
    Женски
    Зимам моливчиња за иста понекогаш, трепки, четки, светки лакови и сл. Креми, пудри и такви работи не.
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.485
    Допаѓања:
    78.334
    Пол:
    Женски
    Колку и да се евтини (а тоа ги привлекува купувачите) се сомневам дека се добри. Цената е одраз на квалитетот. Не знам, еве вие што купувате од таму најдобро знаете. Мене посигурно ми е од ДМ да се снабдувам со козметика. :D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    3.422
    Пол:
    Женски
    До сега никогаш не сум купувала козметика од битпазар (освен мат кармините на Малена), но последен пат кога поминав покрај тезгите ја видов истата палета за контурирање што ја купив од Космо 250 денари, значи буквално истата палета од истата фирма (MEIS) и цената и беше 150 денари. За другите работи не можам да коментирам, само можам да кажам дека имам купено и неколку четки за шминкање и сум задоволна од истите.
    [​IMG]
     
  9. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    898
    Јас купувам козметика од битпазар повремено и си има еден таму на кој му верува, ми кажува што да земам сто нема штети и е океј ко копија а што не би требала, и до сега не сум имала проблем. Сенки дали се коппија или некоја си таму фирма сум зимала многу пати и не сум имала никаков проблем , кармини истотака и хајлајтери (анастасија беверли хилс кои сјајат премногу) , контури камени итн. За пудра не сум се осмелила а и нема , радо би дала и тие 800 денари за една обична дерматолошки тестирана пудра по догерииве и да сум раат , него да се стегам и од битпазар непроверено за тоа да купам што ми е најважно. Пробајте си некад ,мислам дека секој треба да проба и да сподели мислење како и јас, истотака слободно ценкајте се , не ги мислете , мој предлог. Поздрав :*
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lara&Lana

    Lara&Lana Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Пудра никогаш не сум купила, а од сенките и моливчињата сум задоволна сум купича 3 4 пати, исто така и клепки од 30 денари. Иначе имам многу чуствителна кожа,купив сенки од Германија оргинал и добив алергија, а од овие од Битпазар немам ништо. И мислам дека ги купуват од Турција.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Никогаш не купувам од таму, шо знам, некако ми е страв од фејк производи.
     
    На Srekicka3, Недопирлива5, KuklickaMoja и 3 други им се допаѓа ова.