Сакам да ве прашам дали и вас истото ви се има случено, но кога замислувам некои работи во главата често се случуваат, дури во последно и ме заплашуваат. Што мислите вие? Дали постои некоја сила што ни ги чита мислите што ни се врткаат низ глава?
Се случува, да. Некогаш е коинциденција, некогаш има нека тајна веза. Кога е интуиција или претчуство, тука има нешто, ама во ваков случај повеќе личи на коинциденција. Е, кога е често, ќе се запрашаме каква е таа коинциденција, не сме пророци. Можеби се тоа пораки од универзумот кон нас.
Ми се има случено. Особено да помислам на некого и после одма нешто поврзано. Ама не обрнувам многу внимание. Единствено што ми остана во глава беше уште пред 7-8 години, гледав еден фустан, ама не го купив. И поминаа годините, оддеднаш лани од нигде никаде почнав да го мислам фустанов. И тоа немав повод. Туку така, сакав да одам да го шијам дури. Реков сега морам да го имам. Дури се опседнав И мајка ми ми вика еее ти купив фустан и заборавив да ти кажам, и го слика фустанов. И ја целата тоа беше некој знак од универзумот