Оваа тема конкретно се фокусира на работи кои можеби ќе бидат и контроверзни. Ме интересираат вашите лични стандарди кои апсолутно мора вашиот идеален партнер да ги поседува. Физички, психички, материјално и се друго што ви паѓа на памет.
Лично, јас не би сакала партнерот да е зацементиран гејмер, цел живот му се фокусира на колку непостоечки фигури ќе утепа во непостоечки свет, тањирите оставени да се разронат од смрдеа од толку што е опседнат со ПЦ-то. Кога животот му ротира само околу сите можни игри, што друго и не може да ти раскаже освен дека бил дечко на вештерка во замок. -Финансиски ситуиран, пренајбитно. Не знам како некои од овие преубави и преспособни жени одат со скржлиња или машки што зимаат минималец. Добро љубов да, ама кога го венчаш него, ги венчаш и парите негови и карактерот на целата фамилија што ја има дома. -Друго, мора да е креативен дух. Поет, уметник или генерално човек што нема еднонасочно гледиште во светот. -И најбитно, да е висок, повисок од мене, ниски мажи се надвор од мојата граница, сите другарки ми се ниски и едноставно ќе се осеќам како со другарка да одам по пат а не маж.
Сакам мажи повисоки од мене. И да не се екстремно дебели. Не мора да е богат. Нека биде скромен. Можеби звучи грубо, ама никогаш не сум сакала мажи што нема да можат кафе да ме почастат. Психички да е стабилен. Да не е љубоморен. Не можам да трпам некој да ме контролира. Да не биде наивен. Да размислува со своја глава, а не други да му кажуваат. Имав на почеток од брак проблеми околу ова, ама ги решивме. Да не е мрзлив. Коса ми се крева од мажи што си го прчат.
Наметнато ни е тоа дека ако сакаме маж што части или купува нешто, одма сме себични или голд дигери. Општествено ни е потфрлено тоа дека мора да сме задоволни со тоа што ќе го фатиме, ама не е така. Јас сакам маж што обрнува внимание на се што е мое, затоа што знам дека и ја истото го правам. Нема нешто поубаво одколку машко што редовно ти купува цвеќенца, подароци, пишува поезија за тебе, те носи на вечери..
Јас сум скромна. Не сум љубител на скапи подароци. Често се расправам со маж ми околу тоа. Пред некој ден сакаше да ми купи пантолони кои не беа баш евтини. Јас си одбрав поевтини. Не мора да е станбено и материјално ситуиран, ама да не е бедотија.
Јас тоа што го сакав од идниот сопруг отиде во заборав, како дечко ми беше ок по моја мерка, во брак се се менува
Не, партнерот се менува, животот се менува и цело време со тек на годините, на случувањата (Многу други обврски, деца, брак, дом) Дечко и маж не е исто. - Можеби е различно кај повеќе од 5години врска
Висок, црн, да знае да ме насмее, да сака да патува, да имаме сличнии ставови околу поважните работи во животецов да не е љубоморен Слично ко Самер погоре само ќе си дополнам ; и да го бива в кревет
И да е паметен. Не мора да има факултет и да е многу интелигентен. Ама да не е некој прост кој нема да знае да сврзе реченица, па да му ги вадам зборовите со клешти.
Кажи си. Не се плаши. Еве ти ветувам.. Јас ќе те поддржам А за сексот... Ако не ме задоволува, не ми треба. И тоа е битен дел од врската.
Од физички изглед обавезно е да е повисок од мене, no discussion there. Плавите секогаш ќе имаат предност пред другите иако не е побитно од првово. Се рачуна водење хигиена редовно, иако треба да е очигледно? Оти мислам дека нема побитно од ова за физички изглед. Од карактер ми е битно: да е добар човек општо (obviously), екстроверт, грижлив, лојален, да има смисла за хумор, да не е мрза и да се стреми да придонесува за домот, добар слушател, се препорачува да е романтичен ама и да не е многу покрај мене ќе стани , да сака животни (особено мачки) и деца, easy-going, спонтан (во смисла да не мора секој е*ан пат детален план да се прави за нешто, да знае да се опушти и да ужива во непланираното), приоритет во животот покрај себеси да сум му јас. Исто така сметам, барем за критериумите за карактерот, треба да го имаш и ти кај тебе она што го бараш од другиот. Спојлер Љубовта моја исполнува од ова горе долу Ако ми текни уште нешто ќе дополнам.
Е само тоа ќе кажам, многу ми е битно да има поголем. Да не се лажеме, малото не се осеќа. Иам оставено дечко поради тоа.
Високи стандарди у секоја смисла за кариера, по можност никогаш да не бара деца, да не бара да се откажам или да ја тргнам кариерата од прв план. Така да...
И тоа што викаш, ако твоето мислење е различно од другите следува напад. И јас не би коментирала во врска со темава, да си ги поштедам нервите.