1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои се полоши во љубовта? -Мажите или жените?

Дискусија во 'Врски' започната од sajmoni, 2 јануари 2013.

  1. sajmoni

    sajmoni Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    11
    Се трудам да направам некоја споредба од стилот на тоа кој кого повеќе го зезнува,кои се поневерни и понеискрени љубовни партнери,мажите или жените ?
    Што мислите вие ?
     
  2. slobodnacura

    slobodnacura Нов член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    Мислам дека тоа е скоро изедначено, но сепак за некоја нијанса, машките се порасипани од женските... навистина многу површен пристап... можеби поради тоа нивното, денес и девојчињата не им обрнуваат пажња како што било порано... тоа му доаѓа од стилот: Све што можеш ти могу и ја! и арно му прат, ич нека нема разлики.... не е некој будала да биди верен и посветен а другиот паметниот да прави будала од него!
     
    На Macushkaa и sajmoni им се допаѓа ова.
  3. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Let the стереотипи и генерализации begin! :)
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .... :D .....никој не е совршен...... однесувањето е вродено и се надоградува низ текот на годините,ама во ситуации зависи какво ќе биди од однесувањето на другата страна.......значи на љубов се враќа со љубов,на омраза со омраза,.....сепак постојат екстремни ситуации кога едниот партнер е толерантен но другиот не е......искрено горда сум што сум жена,и мислам дека ние сме тие што секогаш преминуваме преку глупостите на машките, не сме склони многу кон лаги,невери,насилство и сл.... :fubar:
    .. ]:) ..дефинитивно кај машките тоа е секојдневие....дали дека се посилен пол или суетата... ]:) ....
    ... :devil: .....МАШКИТЕ СЕ ПОЛОШИ ВО ЉУБОВТА::::: :envy:
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Се зависи од личноста а пристапот кон љубовните врски може и да се смени. Што мислите дали личност која била добра и посветена на врската а била изиграна на лош начин од страна на партнерот и во следната врска ќе вложи толку труд и ќе биде толку посветена?
    Чувствата се опасна работа посебно кој оние кои во минатото биле повредени. Болката ги менува луѓето. Всушност тоа е малку и човекова природа. Обично кога добиваме од некогу многу внимание и кога забележуваме дека сме сакани знаеме да станеме и егоистични, себични и сурови. Додека пак ако забележиме дека некој си игра топло-ладно, не се труди многу околу нас се чувствуваме запоставени, исфрустрирани и неважни.
    Како минуваат годините и како созреваме мислам дека сите стануваме помалку или повеќе лоши. Можеби не со цел да повредиме некогу туку со цел да се заштитиме себеси.
    И не би генерализирала дека мажите/жените се полоши. Познавам многу фини и момци и девојки кои заслужуваат да бидат сакани и ценете но не се. Познавам и идиоти/идиотки кои се сакани и добиваат внимание кое ни половина не е заслужено.
    Така да мој одговор би бил ИСТО.
    Толку сме слични а толку сме различни... :)
     
    На DELFIN-15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Жените дефинитивно. ]:)
    И јас сум жена но си признавам дека сум комплицирана. Добра да,мажите се по неискрени но ние жените сепак... :lol: Особено кога сме во ПМС!!!
    Ако мажите не ја почитуваат добрата страна на жените тогаш нека ја видат лошата...кога ќе летнеме на метла. :D
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    И мажите и жените. Зависи од ситуацијата.
     
  8. Princess.A

    Princess.A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    нема врска машки или женски. Многу е просто и едноставно - ако сакаш некого нема да го изневериш на пример. А искрено машко коа сака стварно сака силно и подолготрајно, а женските обично имаат тенденција да се заљубуваат во сите дечковци што ги имале :^) малце си летаме со паметот :D . Поентата ми беше дека кога некој искрено сака без разлика на пол, стварно сака. љубовта е незаменлива, е сега освен ако мислиш на било како однос врска или мување, кај што не мора да има љубов, тоа е друго веќе, ама нема правило, има расипани и жени и мажи и доста генерализирате секој од искуството, сепак се работи за индивидуални личности и искуства.
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека нема врска тоа дали е машкото полошо или женското. Зависи од карактерот на личноста а не од полот.