Пред да се разделите од некого терба да си размените некои мислења па би сакала да знам кои се честите изговори за разделба?
Епа или џа или бу. Има некои се апсурдни банални прости недозреани изговори од типот подобро ни е да сме другари ... некако веќе не можам со тебе ...Не ми враќаш на титки... многу гласно зборуваш .. не ми купи убав поклон и слично ... А има и реалистични така како .. Не те сакам повеќе, сакам друга(не дај Боже сакам друг ), веќе стварно не иде... едноставно не е тоа тоа во срцата и така ... Си има секакви луѓе. Ама во последно време причина за разделби(најголемиот број) е толку банална ... носи име ФејсБук.(не би требало секој да има профил)
Различни интереси и планови за иднината (некому му се лудува се' уште, а некој сака брак, семејство, дечиња). Неверство. Оладување кон партнерот и промена на чувствата. Различна финансиска подлога. Недоволно почитување, внимание и посветеност на врската и партнерот. А од тие научно-фантастичните, истите кои ги спомена Теди не ми титкаш загледуваш постојано други имаш многу другарки и бројот на бившата уште ти е мемориран во мобилен итн итн....
охх колку боли зборт Разделбаа кај мене изговорот за разделба со мазми се старите т.е. неговите родители и моите родители не ни дозволуват да бидеме срекни секогас се месат дури Мазми сака разведе од мене тоа мн ме Боли а во Брак сме 9 месеци.. ме боли дусата срцето мн го сакамa и тој ме сака ама због старите не не моземе да бидеме заедно уффффф
Кога ми раскина првиот дечко( он ми раскина) ми рече -Неможам да бидам повеќе со тебе, имам проблеми дома, сакам да се сменам. Еве сега планирам и тетоважи да ставам и да се шатирам, несакам никој да ме препознае. Јас па будалче 14 години старо, му поверував. Следниот петок у парк ме запозна со новата девојка. Тогаш ќе умрев, сега се згазив од смеење колку сум била глупава. хах
Не е до тебе, до мене е. Не си ти крив(а), ти си ОК, јас сум крив(а). Еднаш многу одамна некого оставив и му реков дека сакам друг. Забележливо беше дека многу го повредив и ми беше многу жал. По неколку години ми се случи истото, само овојпат мене некој ми кажа дека не ме сака. Навистина многу боли. Од тогаш никому не би му рекле дека не го сакам. Што и да е ќе речам, ама тоа не. Болно е.