Мачмало Мислиш на маршмелоу? Јас му го сакам вкусот, влече некои ноти на слатки колачиња што мене многу ми се допаѓа. А и овошните вкусови им се добри. Посебно оние од малина и јагода. Леле, готово, перверзии . Добар е во комбинација со топло чоколадо. Пробајте .
Мачмало Убави преубави, ама не сум јадела од којзнае кога Во сабота ќе барам едно, ден за јаглехидрати ќе ми е А ако сакате еве ви еден рецепт за мачмалоу торта, ја правам многу често, брза е, лесна, а пак вкусна само колку (ќе се расплачам сега ) Пандишпан: 6 жолчки 250 гр шеќер 250 гр масло(се додава по малце) 250 гр млеко 250 гр брашно 1 пециво 2 лажици какао Фил: 6 белки 18 лажици шеќер неколку капки лимон мармалад, околу 3 полни лажици потребно е и едно чоколадо за готвење и 5 лажици млеко за глазура Се добива ретко тесто, се тура во тепсија(мислам 32 ама не ме држете за збор, јас го ставам во една нормална средно голема а што број абер немам ) и се става да се печи. Не се допекува скрос, се вади пред да биде оделено од рабовите, значи не скрос печено. озгора се премачкува со мармалад(небитно каков, ама најубава е со мармалад од шипинки ) Најпосле врз сето убаво се распоредува шампата претходно изматена(додека ја печите тортата изматете цврст снег од белките и шеќерот) и повторно се става да се печи околу 25-30 минути, додека шампата одозгора не добие карамелеста светла боја(значи да се потсуши и испече). Најпосле се потура со глазура, растопена чоколада со малце млеко. Воала, десерт и пол, вкусен и украсен
Мачмало Да не знаете каде можам да си купам вакви малечки мачмалоу што се ставаат во кафе, топло чоколадо и сл?
Мачмало Да ви кажам јас сум во вечна дилема што е всушност манчмелоу. Едно време на телевизија нели бидејќи го има по филмови го преведуваа како сланина. Најсериозна сум за ова, да знаете која анализа ја правев за да сфатам кој би ставил сланина во топло чоколадо. Кога барав рецепт ми личеше на шам од белки. Во продавници, манчмелоу се и оние чоколадните убавите, на кои сите паѓаме ама и оние пенестите бомбони кои се убави ама чудни. Ај нека ми ја реши некој дилемата...
Мачмало Овакви има? Долги и вртени? Пред 10 минути поминав покрај Тинекс, да знаев ќе си купев. Ај утре.
Мачмало Сланина?! Па јас мислам дека тоа е баш блага пена, без разлика дали е дел од бонбона или од оние со чоколадо кои ние ги знаеме. Еве, ако брада лаже, википедија не лаже http://en.wikipedia.org/wiki/Marshmallow Секако мене највеќе ми боде очи името на темата - дај бре сменете го, какво мачмало?! Маршмелоу е кога веќе према англиското marshmallow. Дури ни Црвенка не е у право - не е манчмелоу
Мачмало Од овие има во Кам, поголемки се, беа околу 50тина денари, има доволно внатре, не знам точно што тежина беа јас во какао ги пикав Спојлер
Мачмало Ти викам јас, збунето зјапав во телевизор брцаат американциве покрај камин сланина во топло чоколадо. Кога си мало детуле ќе анализираш вакви работи...
Мачмало Кога прочитав Мачмало, викам ааа ова некое макало изгледа е, дај да видам рецепта да не има. Ни на крај памет за што станувало збор. Јас овие што ги зборите, вистинскиве да ги речам не сум ги пробала, а одамна сакам, само не знаев дека и тука ги имала, додека мачмало многу сакам. Секогаш кога јадам го делат тој полутопчестиот дел и уживам во пената, па после остатокот.