Колдплеј (Coldplay)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Phyramide, 23 јануари 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Coldplay се алтернативна рок група формирана во не толку далечната 1996. Другарите Chris Martin (главниот вокал) и Jonny Buckland (главниот гитарист) се среќаваат на University College London и ја основаат групата. Откако им се придружува подоцна и третиот член, Guy Berryman (бас гитара) групата го добива и своето прво име - Starfish. Подоцна им се придружува и четвртиот член Will Champion (тапанар, мулти-инструменталист и спореден вокал). Дури во 1998 го менуваат името и групата се вика онака како што ги знаеме и до ден денес - Coldplay.

    После неколку ЛП и синглови, во 2000 дебитираат со студискиот албум Parachutes со кој особено се афирмираат во Европа. Хит песните Shiver, Trouble или пак Yellow ќе навлезат длабоко во потсвеста на многу слушатели и обожаватели на свежите рок звуци кои оваа група несомнено ги внесе во музичката егзистенција.

    Две години подоцна, во 2002, излегува на виделина нивниот втор студиски албум A Rush of Blood to the Head, со кој предизвикуваат вистински "boom" насекаде. Албумот наидува на одлични критики и ако дотогаш ретко кој ги познавал овие британски, сосема едноставни момци - по издавањето на албумов, речиси да нема човек кој не ги пее или барем не ги слушнал нивните огромни хитови како In My Place, The Scientist, Clocks или пак God Put A Smile Upon Your Face.

    Во 2005та се афирмираат како одлични музичари со албумот X&Y. Песните кои се најмногу слушани се прекрасната Fix You, The Hardest Part, Speed of Sound и ред други.
    Следи релативно долга музичка пауза и потоа можеби најкритикуваниот албум Viva la Vida or Death and All His Friends кој излегува во 2008та. Критичарите врескаат дека тоа веќе не се оние Coldplay кои ги знаеме, на кои сме навикнати. Јас лично би им покажала едно прсте на критичарите затоа што за мене албумов е одличен ;)

    Одлични музичари, неверојатни storytellers, уникатни носачи на еден нов рок звук. Ги обожувам од моментот кога се појавија на музичката сцена и ги почитувам за она што го прават со мене а верувам и со ред други луѓе кога им ги слушам песните. Знаат да ве натераат да врескате од мотивација на преубав сончев ден, знаат да си ја исплачете душата кога ви е најтешко, знаат да ви прават друштво додека возите со часови и ги врескате нивните песни без престан, знаат да ве возвишат и да ве држат така високо повеќе време.
    Бев благословена, ќе речам, да се најдам на вистинското место во вистинско време и да присуствувам на еден од нивните концерти. До ден денес треперам кога ќе се сетам на атмосферата која ја направија. Едноставно дечкиве за мене се уметници со тапија кои знаат да ме инспирираат и со својата музика ми помогнале во најтешките моменти од мојот живот.

    Епа девојки, if you are true coldplayers too, бујрум на темава на троа муабет или пак постирање на некои од вашите омилени песни ;)

    Патем, моите омилени? Ги има премногу. Trouble, Yellow, The Scientist, Green Eyes...

    http://www.youtube.com/watch?v=64TDUvWF1xQ

    http://www.youtube.com/watch?v=73YjnOPM324&ob=av2el

    http://www.youtube.com/watch?v=eoyyr1SFPCY

    http://www.youtube.com/watch?v=Z0xfWCDLoCU
     
    На Hkikica, cupcake27a, AnaKarenina и 9 други им се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.683
    На LivingGlam, Phyramide, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.652
    Допаѓања:
    9.682
    Пол:
    Женски
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    :clap:
    Абе Пирамидо, да не беше ти, немаше да имаме вакви убави теми во Музика!!!
    Јас ги обожавам Колдплеј, и како еден од моите омилени бендови ми се секогаш на плејлистата.


    http://www.youtube.com/watch?v=_7OQSl4FdJE


    http://www.youtube.com/watch?v=jpei22c3SDM


    http://www.youtube.com/watch?v=ccsWumaqjkU

    http://www.youtube.com/watch?v=1bJMxhvVf0o
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Посебни се на некој начин, но мене не ми се допаѓаат :tmi: Незнам можеби Clock би ја издвоила ете ама други песни немам слушано, секогаш мењам канал кога ќе ги видам :$ А и пејачот не ми има убав глас, но сепак обожавателите си знаат зошто ги сакаат. :)
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.652
    Допаѓања:
    9.682
    Пол:
    Женски
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Офи да знаеш јас колку не го сакав Chris Martin. :tmi:
    Секогаш кога ќе го видев на тв,менував. Некако антипатичен ми е, како полжав....и до ден денес не сакам да го гледам...
    Ама затоа музиката јас сакам, и не морам да го гледам кога слушам :D
     
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Значи Пирамида, алал да ти е за темава.

    Просто е - Кога денот ти е појден, ајде да не се изразувам вулгарно, и кога ти е од се преку глава дојдено, си пушташ колдплеј, ги затвораш очите и само слушаш.

    http://www.youtube.com/watch?v=wB_I1qK2CO8

    Honey,
    it's been a long time coming,
    and i can't stop now
    such a long time running,
    and i can't stop now

    Kолдплеј ми се најчесто на плејлистата креирана за пред спиење. Заедно со песните од OneRepublic заспивам. Најмногу што ми се допаѓа е музиката, која е мелем за уши. И да, имаат прекрасни текстови, кои не се засноваат на лајтмотивите кои ги користат другите изведувачи за да направат хит.

    Поздрав до сите кои живеат со музиката на колдплеј, јас заминав да спијам
    http://www.youtube.com/watch?v=FdD6RMICpfg

    Every step that you take
    Could be your biggest mistake
    It could bend or it could break
    But that's the risk that you take
    What if you should decide
    That you don't want me there in your life.
    That you don't want me there by your side...
     
    На Annath, TeddyGrey, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    50.647
    Пол:
    Женски
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Ги обожавам! Текстовите се навистина мотивирачки и ги слушам кога не сум расположена, антистрес терапија ми се.
    А и на Guy Berryman знам да си исплакнам очи :tmi:
    [​IMG]
    И не можам да одберам омилена нивна песна. Можеби What if и Fix you, ама не можам бе, тука се и Till kingdom come, Viva la vida, сите, сите :)

    http://www.youtube.com/watch?v=H0VsvuvKT20
    http://www.youtube.com/watch?v=vGaNufCuvOs
    http://www.youtube.com/watch?v=FdD6RMICpfg
    http://www.youtube.com/watch?v=8ZFCeiVEEcc
    http://www.youtube.com/watch?v=ABpvdszxtbI
     
    На Annath, Phyramide и Sparks им се допаѓа ова.
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    LivingGlam и јас тоа сакав да го кажам, како антистрес терапија делуваат кога си нервозен.

    A Крис Мартин ми е убав со кратка коса. Кога ќе ја пушти не му стои ич.

    [​IMG]

    Харизматичен е, нема што.
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.295
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Иако во последно време се релаксирам со друг вид на музика, но сепак можам слободно да кажам дека Yellow, Cloks, Trouble би ги издвоила како песни кои ми се допаѓаат од оваа група :) Така ми се релаксирачки. Морам да признаам дека одамна ги немам чуено самоиницијативно, па еве ми мотивација :)
    Никогаш нема да им заборавам еден настап на MTV awards (ако не се лажам) со Cloks, беше фантастично.
    А Крис Мартин не го обожавам како единка :lol: во склоп со групава изгледа подобро :P
    ЕДИТ го најдов и настапот на MTV бил :)
    http://www.youtube.com/watch?v=DHrzj9DL1-I
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    50.647
    Пол:
    Женски
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Море сладок си е Крис. Голем талент е во секој случај.
    Спаркс еве за тебе специјален поздрав :)

    http://www.youtube.com/watch?v=-ug5yy96fUU
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Не ми го дирајте Крис Мартин! :D :inlove:

    Ах Ливинг а за Guy Berryman не ми збори, него го викаат мислам The Handsome :D На концертот двоглед како не си земав поубаво да го видам! Иако ни направија едно огромно изненадување. Ги снема на 5 минути и кога одеднаш ги гледам претрчуваат сите членови од групата покрај мене и ја пееја The Scientist на нецели 3 метри од мене ^_^ Се замешаа во публиката. Ќе се помочав од возбуда, жими се! :)

    Старфиш морам да ти кажам дека со изборот на Dont' Panic ме наежи, не сум ја чула одамна а преубава е!

    :*

    Освен музиката, ми се допаѓа нивниот класичен, британски смисол за хумор, кога даваат интервју не еднаш ме насмеале. Еднаш кажуваа случка од времето кога не биле сеуште многу познати во Америка и отишле на концерт. Влегле во хотелот каде што требале да бидат сместени и дечкото на рецепција ги прашал кои се, они му рекле Колдплеј, и типов ни две ни три ги измеркал и им рекол Ah, so you are the guys that came to repair the 15th floor - мислел дека се мајсторите кои требале да го реновираат хотелот :D
     
    На beached, Annath и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.775
    Допаѓања:
    64.350
    Пол:
    Женски
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Песните многу ме смируваат. Не можам да издвојам омилена песна, но имам добра плеј листа од нив. Ниту пак јас не сакам да ги гледам, сакам само да ги слушам. :D
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    50.647
    Пол:
    Женски
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Аххх Пирамитке сакам ;(

    А да, многу интелигентно се смешни, едно време редовно им ја следев страната и се смеев на интервјуата.
    Еве сега баш се сетив да ја отворам, многу е сменета :)

    http://www.coldplay.com/
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    А ти текнува Ливинг пред некое време кога беше актуелен блогот со марионетите нивни? Оние од спотов?

    http://www.youtube.com/watch?v=fXSovfzyx28&ob=av2em

    Беа сликани секаде каде што Колдплеј беа актуелно на концерт :) Тогаш правилно го следев сајтот.

    Остај тоа, па и спотов кога го видов прв пат се пресмеав! Одлично :D
     
    На LivingGlam и starfish им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    50.647
    Пол:
    Женски
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Ми текнува Пирамитке, баш во тоа време ги следев.
    Се молев да напишат некогаш Coldplay puppets are now in Macedonia. :lol:
    И да беа сликани со Шмизлата :rofl:
    [​IMG] [​IMG]

    ... не, јаки се.

    Едит... го гледам спотот на Life In Technicolor и пак се смеам :D
    А омилен спот ми е на What if :doh:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  16. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Можам да ги слушам по цел ден..одново и одново.Си имам спуштено цела дискографија :)..магични се! :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=F0_bYHZrw9A&ob=av2el
    http://www.youtube.com/watch?v=ZWcKB8tLrEs
    http://www.youtube.com/watch?v=bnjwG23ay2s
    http://www.youtube.com/watch?v=TjYjKNGt18k
    ја сакам и со Џеј Зи верзијата
    http://www.youtube.com/watch?v=isH1yy8I_dc
    и вака до ~
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Си ги сакам :nod:
    Не баш фанатично како што знам и умеам да се опседнам со нечија музика, ама сосем доволно да ми се на листа на омилени бендови.
    Ме опуштаат , ме релаксираат, ме носат во друг, поубав и посмирен свет.
    За Крис Мартин и немам некое мислење, имам за женичката му |( (смрдла!), но тоа е веќе друга тема. ;)

    Омилени песни -
    Don't panic :inlove:

    God Put a Smile Upon Your Face - со оваа се поистоветувам целосно, се пронаоѓам, се соживувам, Kрис Mартин мислел на мене кога ја правел ;) :P
    http://www.youtube.com/watch?v=NN-yU5UBeU0

    а оваа Green Eyes ми ја свири и пее дечко ми :$ и ми е блиска на срце.
    http://www.youtube.com/watch?v=QbAZiVRG6h0
     
    На MandyLane и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    50.647
    Пол:
    Женски
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Еееј како можев да ја заборавам God put a smile on your face?
    :clap: Трендафилке што ме потсети, и мене ме впива целосно кога ја слушам.
    И редно е веќе некој да напише песна за кафеави очи, не е фер вака |(
    Ја знам само кафеави кафеави очи се најубави :rofl:
     
    На sesilija и Trendafilka им се допаѓа ова.
  19. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    КОЛДПЛЕЈ (COLDPLAY)

    Мене па баш ми се допаѓа гласот на Крис Мартин. Најмногу уживам во такви гласови, специфичен, необичен...просто се ежам кога го слушам. Ги обожавам Coldplay. Специфични и оригинални!
     
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    4.901
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.