babylove кашички

Колку вашиот партнер /сопруг ви помага/издржува финансиски?

Дискусија во 'Врски' започната од newme, 19 август 2015.

  1. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Во денешно време , секој различно гледа на ова прашанје.
    женските се или сакаат луксуз ,или се феминистки или пак гледаат реално на нештото ,и очекуваат од идниот маж да се грижи за нив во секој поглед,како и финансиски.

    Конкретно темата е во врска со финансиите,кои за една реална жена претставуваат сигурност во таа особа да би создале фамилија.
    Не велам дека жената не треба да работи и да не очекува се од мажот...Само го коментирам тоа дека маж кој можи да има една просечна плата за нормален живот и дава сигурна иднина. И нормално како и секој човек денес,кој посакува се најдобро за себе и фамилијата му дава голема важност на тоа.

    Не сакам некој да ме сфати погрешно ,темата не е за една жена без љубов во врската ,барајки финанскиска сигурност..Се разбира првенствена е љубовта.И исто така темата не е за тоа дека не можиме да се заљубиме во некој кој е сиромашен.Темата е за тоа кога имате партнер кој има просечна плата(во периодот пред и после имање деца -пошто нели претежно со деца се нема пари за други работи).

    Ме интересира како вие гледате на тоа?
    Колку ви е важно?
    Колку вашиот партнер/сопруг се грижи за вас финансиски да ги задоволи вашите потреби? Дали се труди да бидите срекна,давајки внимание со некакви ситници ,или е себичен?
    Дали пред брак вашиот партнер платил нешто за вас,(организирал патување,платил факултет или стан или било што ..)
    Дали за време на брак(доколку сте беззапослена ) ви купува алишта ,или единствено што дава е храна и доктор,како и се што треба за деца ,а вас ве запоставува?
    Дали после некоја купена работа,ви пререкле(ви рекле дека направиле нешто за вас во минатото) ?...
     
    На kathy es му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Јас да кажам мојот дечко (иден маж) ми купил досега многу работи фустани часовници карти за турција,романија,шведска и аустрија и воопшто не се пожалил и не рекол дека напразно трошел пари и такви работи
    Јас и мојот дечко не сме се жалеле барем за трошење пари и мислам дека не е воопшто себичен ниту пак дека троши пари на глупости
    Тоа е моето мислење :)
     
    На kathy es му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    140.991
    :?::?::?:
    Никој ништо позначајно не ми купил од обични ситници...
    Изгледа се на погрешни налетував..
    Па затоа мислам дека како товар би ми било ако некој ми купи нешто поскапо, а не па да ме издржува..
    Ако сум невработена, со оглед на тоа на какви мажи налетувам, веројатно ќе просев за леб и основни женски потреби(facepalm)
     
    На kathy es, TutiFuti, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    39.089
    Пол:
    Женски
    Дечко ми никогаш не е штедил во врска со мене и јас за него. Ми има купувано доста скапи подароци, а и онака кога ми требале пари, а јас сум немала доволно ми понудувал пари и јас на него. Секогаш за се си помагаме :)
     
    На kathy es, Petar80 и Mr. Right им се допаѓа ова.
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.654
    Допаѓања:
    5.356
    Е кoгa ми рaскинa пaртнерoт сo кoј бев вo 5 гoдишнa врскa, ми кaжa декa се кaе зa сите кaфињa штo ме чaстел, нo не сaкaл дa му врaќaм пaри хaхaхa.
    Секoгaш имaв вo мене вaдев нa мaсa,се прaвеше јaс ќе плaтaм oстaј ти тoa, зa вaкa дa префрлa нa крaј.
    Oдмoри плaќaaње секoј зa себе, вечери сaкaше тoј реткo плaќaв јaс зaтoa штo тoa не билo свoјственo зa еден џентлaмен. :?:
    Тoлку беше се. И сo еден се гледaв двa месецa и тoa ме чaсти двa пaти сoк,и вели ми дoлжиш aмa aјде некa се oд мене ццц.

    Кo штo ми тргнaлo нa кaкви гaзaм, дo душa двaјцa се сегa, кaј ми е крaјoт не знaм.8):emo:
     
  6. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    19.633
    Пол:
    Женски
    Дечко ми никогаш не жали потрошени пари за мене па и јас за него. Некогаш кога сме излезени цело време плајкам јас а исто и тој ама повише пати тој. Некогаш не ми дозволува да го допрам новчаникот.
    Каде и да одиме се е на негов трошок што воопшто не ми се допаѓа ама не можам да се разберам со него.
     
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.584
    Допаѓања:
    24.229
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што сеуште живеам кај моите, трошоците за дома ги подмируваат тие. Јас сум вработена, имам солидни примања немам потреба никој ништо да ми плаќа меѓутоа досега повеќе пати партнерот ми има кажано дека тој нема да дозволи јас да го извадам новчаникот кога сум со него. Се шегува и ми вели, платата троши си ја на женски уживања, оди на фризер, купи си чанта или штикли...Иако и јас сакам понекогаш да платам тоа тешко ми успева бидејќи ми го зема од раце новчаникот, се противи и прави се за тој да победи. Исто така, вели дека за него е сосема нормално во брак мажот да придонесе повеќе финансиски затоа што жената пак има други обврски. Често пати се случува да си добијам од него убави подароци без некоја посебна прилика, викенд или патување. Финансиски тоа може да го поднесе, во спротивно никако не би дозволила да се троши ако знам дека потоа ќе треба да си скрати нешто од себе. Не дека ми значи многу ако некој троши незнам колку на мене но искрено сум била во врска и со циција и верувајте дека е многу грда сликата кога вработено машко ги брои парите до денар за да плати пола сметка или пак чека девојката да му ја плати цела.
     
    На kathy es му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EuHenIa

    EuHenIa Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    40.932
    Пол:
    Женски
    До пред три години мм земаше драстично повисока плата од мене сега сме скоро еднакви. Никогаш не ме "издржавал" секогаш парите биле на куп и најчесто јас сум располагала со нив. Никогаш не би се оставила без примања од аспект на самостојност, да се оставам без пари за улошки нема шанса
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    12.464
    Поради мојата финансиска состојба дечко ми, ми помога. Не сум ни јас таква да барам кој знае што, т е не барам освен ако не е нешто во функција на здравјето. Никогаш не сум побарала од него парче облека или накит, никогаш не ме привлекувало материјалното. Он знае често да не штеди на мене, ме опсипува со поклони кои секако ми мамат насмевка. Поклонот е и знак на внимание. И јас во тој поглед купувам кога ќе имам заштеда. Ме има однесено на платен викенд. Има многу работи направено за мене без да ги побарам од него.За во брак ке видиме, сакам и јас да го израдувам со некое патување. :$
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    947
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Уште сме во врска... Порано повеќе кога ќе ми згустеше, сега научив да штедам па нема потреба. Инаку, во глобала се зајмував! :)
    Заедно штедиме пари сега за стан! :inlove::inlove::inlove:
     
  11. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    6.574
    Бившиот беше многу ситуиран но мене ме нервираше искрено.. На почетокот постојано тој плаќаше а после тоа кога јас се пожалив дека ми е незгодно така наоѓавме баланс. знаеше ептен да ме понижува. Еднаш беше ми кажал дека треба да носам само брендирана облека и јас го прашав што е проблемот. Во тој момент носев adidas патики и некоја блуза ваљда bershka,zara такво нешто. И он ми одговори на тоа дека тие не се брендови од по 10-20 евра. неговата lacoste блуза коштала 100 евра а јас целата не сум била облечена за 100 евра. Ме понижи но добро измолчев. Одевме на патувања јас плаќав за себе тој за него. Кога се во прашање подароци јас секогаш му купував нешто од Feee shop. И тоа гледав секогаш да бидат брендови на негово ниво за да не се посрамотам. Купував парфеми Армани и се што ќе слушнев дека е добро.. Но џабе било.. Кога раскинавме ми вика ќе ми го врател бедниот Casio часовник од само 3000 денари.. Тоа ми беше првиот подарок кој му го имав купено и ептен се навредив..

    Сегашниот дечко не дозволува никогаш ништо да платам. Се имавме скарано затоа што му купив цигари и не сакав да земам пари. Ми е глупо. Тој секаде плаќа, и на кафе и во дискотеки и не сакам да му земам пари. Кога одиме кај него да седиме јас одејќи натаму обавезно купувам сок и нешто за грицкање и тој повторно замара и ме тера пари да земам. Еднашму кажав дека сакам и нешто од мене да биде и дека не мора секогаш тој да дава паро за се и дека можам и јас. Тогаш го прашав зошто така се однесува и ме тера од него да земам пари и замислете што ми кажа.... Неговата бивша била финансиски зависна од него. Никогаш се немала понудено да плати за кафе или да си ги плати нејзините пијачки во дискотека а згора на тоа со неа влечела и другарки кои пиеле на негова сметка. Кога ми го кажа тоа се запрепастив. Еднаш тој заборавил да купи сок и и кажал на бившата да купи кога ќе иде натака и таа после самата му побарала пари за тоа.. Мислам тоа е скроз неприфатливо.. Сигурмо и таа пиела од сокот....Не ми е сеедно кога постојано тој плаќа ... Незгодно ми е ама не можам да се карам.. Се има случено да му ги давам парите со сила и никогаш не ги земал..
     
    На kathy es и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.258
    Пол:
    Женски
    Помага. Греота е да се пожалам. И во врска кога бевме беше исто. Кога немав пари он ми даваше. А и обратно. Откако се земавме, додека бев невработена, секогаш ми даваше пари за што и да ми затребаат. Не сум захтевна личност. Не носам брендирана гардероба. Гледам да поминам што е можно поевтино. Сега работам па не сум веќе зависна од него. Нормално, не оди цела моја плата само за мене.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    53.824
    Пол:
    Женски
    Ич :!:
     
    На Herrera и Belgin1 им се допаѓа ова.
  14. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    На почетокот тој плаќаше повеќе на излегување и вечери, затоа што јас бев студент тој работеше. Сега кога и јас работам и живееме заедно, се` си делиме. Не дека секоја сметка ја делиме на пола, ама некогаш јас плаќам, некогаш тој и тн. Не зависам од него. Ни тој од мене. Таман ни е. :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    5.255
    Пол:
    Женски
    За мене тоа на дечко да му ги лапаш парите за патувања и бардероба ми е искористување искрено и глупо ми е секогаш ме частел на вечери, кафиња ама да го однесам на пример во Сити Мол и да си бирам он да плака нема шанси или да ми плате одмор ако маж го прае тоа е издржување и жената не е сабостојна ама дечко и девојка во оваа ситуација кога се во прашање девојката го очигледно користи.
     
  16. elenaeli22

    elenaeli22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    375
    Никогаш нема да дозволам да бидам зависна од сопруг, уште помалку од партнер.
    Никогаш не оставам тој да плаќа само, еднаш плаќа тој, еднаш јас, на почеток дури се карав, него му било чудно шо јас вадам пари за да платам, ако одиме некаде на патување било каде тој неговиот дел, јас мојот.
    Со бивши од шо не сакаше да земи пари од мене, дури одеше до тоалет често знаев да платам за тоа време.
     
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    6.187
    Допаѓања:
    129.533
    Пол:
    Женски
    Секогаш и секаде јас плаќам .
    Ама парите дома ги носи тој .
    Немам свој пари ,ама нема ниту тој свои .
    Тие се , едни - наши ,заеднички
     
    На Johndeer, TutiFuti, artemidis и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Poppins

    Poppins Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    3.865
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано , тоа е тоа :bow:
     
  19. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Машки
    Ако се сопруг и сопруга сосема е во ред да си ги делат финансиите.Ама дечко и девојка тоа ми е бесмислено,секој својот дел.
     
  20. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    šo e razlikata? za mene brakot e samo potpis vo matično , ništo drugo.
     
    На KeBideLi му/ѝ се допаѓа ова.