Поттикот за оваа тема ми беше едно несогласување со @Ketchup. Спејс Екс ги планираат првите мисии на Марс кои вклучуваат луѓе, нешто што досега не се случило. Јасно е дека постојат 1001 начин работите да тргнат наопаку. Секое патување надвор од Земјата носи големи ризици на кои астронаутите се согласуваат. Е сега, @Ketchup не разбира зошто некој воопшто би се согласил да се изложи на таков ризик. Мене ми беше чудно тоа, бидејќи отсекогаш сум им завидувала на астронаутите, а мислев дека тоа е генералното мислење меѓу луѓето. Имав професор кој велеше дека би се согласил да умре ако пред тоа помине само 5 минути гледајќи ја Земјата оддалку. И јас се согласив со тоа. Лично, мислам дека нема поголемо и поимресивно достигнување од тоа да излезеш надвор од Земјата, барем со сегашните технолошки можности. За жал, иако еден куп луѓе ја имаат таа желба, досега вкупно само околу 500 луѓе биле во вселената. Иако комерцијалниот спејсфлајт ќе стане реалност до крајот на овој век, нема да биде достапен за „смртници“. Единствениот начин да се стигне до вселената моментално е ако си го посветиш цел живот на тоа. И секако има еден куп волонтери кои со задоволство го прават тоа. Од друга страна, на поопшто ниво, сметам дека слетување на Марс е едно огромно достигнување за човештвото како целина. Иако ваквите достигнувања не се неопходни за преживување, сепак се олицетворение на љубопитниот дух на нашиот вид. Не само во врска со истражување на вселената, туку и истражување на океанот, освојување планински врвови, пештери и слично. Сето тоа носи ризик, ама има луѓе кои го прават од љубов. Да напоменам, зборувам конкретно за научни достигнувања што не се од есенцијална важност за човечкиот род. Тука не би ги вброила научните достигнувања како што се вакцини, лек за рак итн. За такви работи секако е оправдан ризикот и жртвите. Работава е, дали е оправдан ризикот за прошетки до Месечината и до дното на океанот и слично? Мислам на сите ни е јасно дека оние кои се целосно посветени на науката ги прифаќаат ризиците, но дали вие би прифатиле? Ако ви се понуди можност да се прошетате до интернационалната вселенска станица и да го гледате погледот од таму, би прифатиле ли? Или можеби не ги разбирате ни астронаутите и сметате дека е апсурдно што си го стават животот на танца само за да го искусат тој high?
Спојлер Ако можев да одберам на каков начин би умрела, тогаш тоа би било баш ова. Барем ќе успеам да ја видам Земјата од друга перспектива, ако не се урнеме веднаш по лансирањето нормално Ризиците се големи, самото патување сигурно нема да е удобно, треба да си подготвен и физички и психички. Замислувам колку е тешко да си облечен во астронаутски одела и да се движиш на места со мала или нула гравитација. А да не зборувам за храната, хигиената и основните човекови потреби. Дали го оправдувам ризикот? Секако дека да. Во самата природа ни е да истражуваме, да поставуваме навидум недостижни цели и да се стремиме кон нив. Да не беше нашата љубопитност можеби сè уште ќе живеевме во камено време. Според мене неопходно е да ги прошируваме нашите сознанија, уште колку многу работи чекаат да бидат откриени баш од луѓе за кои не постојат граници и кои не се плашат да ризикуваат. Би било штета да не дознаеме колку што е можно повеќе. Стапнувањето на луѓето на Марс ќе е огромен успех кој ќе сведочи за тоа колку сме напреднале на технолошко ниво и ќе биде мотивација да се "освојат" други планети и да ги тестираме нашите лимити. Секако, немаше вака да мислам доколку избраниците не беа волонтери кои знаат на што се согласуваат. Ги разбирам и другите за кои ова е апсурдно и не е вредно за ризикот. Еве, јас не ги сфаќам оние кои уживаат во екстремните спортови и никогаш не би пробала да се искачам на некој тешко достапен врв на пример Не ми треба ни адреналинот ни личната сатисфакција, им го оставам тоа на похрабрите од мене. Не би си го ризикувала животот на таков начин исто како што некој не би си го ризикувал животот на пат кон Марс
Интересна тема Ова многу зависи од тоа што сметаш дека те исполнува. Јас најискрено ќе паднам во несвест ако ја видам Земјата од далеку, дури и вака на слики кога ја гледам ми предизвикува лошо чувство, генерално имам некој чуден неоправдан страв од преголеми објекти Така што, да ја видам Земјата од далеку не е ни приближно нешто за кое би била спремна не само да се изложувам на ризикот од нешто да тргне наопаку, туку и сите пропратни ризици, како на пример изложеноста на космичка радијација и слично. Но сепак, сметам дека е сосема нормално сите да имаме различни желби, па така воопшто не би ми сметало ако некој друг возрасен човек е спремен на тие ризици. Јас лично не би прифатила, дел заради причините од погоре, за мене лично не вреди, ама и генерално го сакам животот и сакам да го живеам тука и сега. Може звучи простодушно, ама својот живот преферирам да го минам мирно и со сите они мали нешта кои ме прават среќна. Мислам дека повеќе би сакала многу мали среќни моменти, отколку еден многу голем. Но ете, тоа сум само јас, не сметам дека е апсурдно некој да волонтира во нешто што смета дека е достигнување и така да му даде поголемо значење на својот живот, ако може така да се каже. Инаку дури го пишував ова сфатив дека воопшто не сакам адреналински спортови, не сакам ролеркостери, ништо такво не сакам. Вака од страна веројатно делува досадно, ама едноставно не уживам во ништо такво Интересна тема стварно, чекам да читам и други мислења
Сметам дека е оправдан ризикот да се истражува надвор од нашата планета. А и сите кои се впуштаат во тоа свесни се за ризиците и дека можно е да не се вратат назад, но сепак сакаат да го направат тоа за нови достигнувања на човештвото. Исто така и пред да слетаат прв пат на месечината постоел ризикот да е им е патување само во еден правец, но направиле голем чекор за човештвото. Во иднина, за околу 5 милијарди години од сега сонцето ќе го потроши водородот и ќе стани црвен џин, така што ќе ја проголта и нашава планета. Ако сѐ уште постојат луѓе дотогаш ќе треба да имаат најдено начин да се преселат на друго место во вселената ако сакаат да преживеат. Секако тоа е огромен период во иднина, но секој чекор е битен. Ова да, го имам одамна размислувано и стварно се надевам во мојов животен век ќе можам како обичен смртник барем еднаш да ја видам земјата од таму горе, дури и на месечината би одела.
Никако не би прифатила и исто така не ги разбирам. Сметам дека е апсурдно да, особено зошто тие луѓе имаат фамилија. И штознам, не мислам дека било која од планетите коишто се моментално откриени би можела да понуди барем приближно услови за живот како земјата. Ова во склоп на научните истражувања, нели идејата на Маск за можност да се живее и на друга планета зошто нашата е пренаселена. А, и мислам дека е предосадно (и застрашувачки) таму горе, ама тоа е само мое мислење Имам(е) уште многу да истражуваме и видиме од нашата планета, би била и повеќе од задоволна со тоа. Наместо да бараме нови планети, подобро да си ја сакаме повеќе нашата и да си ја чуваме. Еве ние во Мкд можеме барем да рециклираме отпад, да не вози секоја фамилија 3 коли и да не го претвораме секое зеленило во бетон. Кога ќе размислам поубаво немам ништо против некој да оди и на Марс, еве пример нашиве политичари и профитери што не загушија во неплански градби би ги пратила таму.
Инаку, да се надополнам од горе, астрономијата ми е фасцинантна наука, отсекогаш сум сакала да знам повеќе за универзумот, ама повеќе во теорија отколку вака во пракса. Оттаму и тотално разбирам како некој кој навистина ја сака астрономијата би сакал да оди. И уште нешто сакав да дополнам, се сетив отпосле. Мислам дека испраќање на рандом човечко суштество надвор од земјата сега, со овие технолошки услови, нема да е од големо научно значење. Самите астронаути на вселенската станица се најчесто математичари, физичари или од некое сродно поле, плус што имаат одреден број часови летање. И самото слетување на одредена планета нема големо значење доколку самата планета не се истражува во смисла на примероци и слично, па така што мислам дека испраќање на сонди во моментов може да има поголема научна придобивка отколку испраќање на човечки суштества.
Да, да, да! Уште од мала се интересирам за астрономија, ги следам сите настани. Потполно ги разбирам луѓето што сакаат да учествуваат во мисиите, затоа што и јас сум меѓу нив.
Да. Уште денес. На Марс не би одела, оти ќе биде мисија која ќе трае долго... на страна ризикот од смрт. Смртта е моментална и конечна, ама да сум одделена од ќерка ми со години и свесна за тоа, не би сакала. Се воодешувувам на луѓето кои се нафаќаат на вакви подвизи. Знаење, никогаш не е доста. Искуства, никогаш не се доста.
Луѓето сакаат да истражуваат, да создаваат, да откриваат. Така и човештвото отишло напред. Го разбирам и го оправдувам ризикот. Јас лично можеби не би се нафатила на такви истражувања и вселенски посети од причина што едноставно не сум нешто многу заинтересирана да бидам дел од тоа, што не значи дека мислам дека е лудо некој друг да го направи, ако веќе така одлучи и сака. Мора некој и да преземе ризик и да истражи во име на науката и за човештвото. Нормално, прво добро се испитува терен пред човек самиот да се впушти во нешто. А дека ќе пронајдат услови за живот за нас луѓето на некоја друга планета, преголема амбиција е.
Кога би имала можност без размислување би прифатила, со сите ризици што следат, и вака и така еден ден ќе ни дојде крајот на животот. Баш утрово го даваа Армагедон филмот и го гледав па јас си се соживеав со филмот. Навистина е преголема авантура, возбудливо, самото тоа додека ги спремаа и обучуваа за полетувањето ми го крена адреналинот, и со душа го чекав моментот на полетување.
Да имам можност би прифатила. Ризично е,ама со ризици се соочуваме и на Земјава. Потребни се истражувања за да знаеме што го чека човештвото во иднина. Ама,сметам дека прво треба да се позанимаваме повеќе со нашава планета,па потоа со други планети.
Ова и не е баш само научно истражување, туку е и дел од човековиот поход и стремеж кон создавање на меѓупланетарно општество. Со тоа ќе имаме бенифити на сите, подобар живот, со тоа и поголем животен век, како и заштита на човековиот род од катастрофи и изумирање. Да не правеле нашите предци овакви походи во минатото, ние денес којзнае дали, и во каква форма ќе сме постоеле. Дали јас би се приклучил кон тој поход? Можеби би се приклучил, да можев, но, веројатно ова ќе остане за следните генерации, оние после нас, бидејќи јас не верувам да се случи пред 15-20 години од сега.
Се знае дека на Марс нема услови за живот. Сакаат да го тераформираат, а претходно да напрват затворена база, каде ќе бидат сместени научниците и персоналот, кои ќе се занимаваат со тераформирањето.
Знам за Марс, имам читано дека постои намера за испитување услови за живот на друга планета. Не се сеќавам баш подетално, а ниту на кој сајт читав, сега го најдов ова набрзина.
Имат откриено веќе стотици потенцијални кандидати. Ама немаме начин ни да ги анализираме 100%, ни да стигнеме до таму да видиме какви се навистина.... Колку сакам да можам да ѕирнам во иднината
Како сите кажавте дека ќе прифатите, мхм сигурно, да видам да не верувам. Астронаутите ги разбирам, професионално се занимаваат со истражувањава, си го знаат ризикот и свесно го прифатиле кога влегле во таа работа, тука веќе бенефитот го надминува ризикот. Јас лично не знам, најверојатно не би.
Јас па не верувам дека некој не би прифатил. Секако сите хипотетички збориме, јасно е дека никој од нас нема да има шанса да се најде во таква позиција и никој не би знаел како точно би изреагирал. Што значи дека секој може да се предомисли, и тие што викаат дека ќе одат, и тие што викаат дека нема да одат.
Оправданоста на ризикот зависи од потенцијалниот бенефит. Велат глупо било да не си иделист на 25 и глупо било да си идеалист по 25. Еве и 30 нека се. Се надевам исто им е пресметан ризикот како на волонтерите за вакцина. А може и не, харизма е битна ствар.
Астронаутите не си го ставаат животот на тацна за да доживеат некаков high moment. Астронаут е професија, овие луѓе имаат сериозно образовно минатото и во вселената изведуваат работи поврзани со истражувачки цели и тн. Не идат на ISS за да ја фоткаат земјата и да прават селфиња. Друго е ако збориме за вселенски туризам... Тоа е веќе личен ризик кој нема благе везе со научни достигнувања.